You are on page 1of 11

Мала сипаница

MORBILLI
Morbilli е акутно инфективно заболување од групата исипни трески,
предизвикано од РНК вирус од групата на Парамиксовириде.
Епидемиологија – извор на зараза се болни лица, се пренесува по
аерокапков пат, влезна врата е назофаринксот, заболуваат
претежно деца од претшколска и школска возраст.
Патогенеза – вирусот навлегува преку назофаринксот и се
локализира на слузницата на горните дишни патишта и
регионалните лимфни жлезди. Тука се размножува. Потоа
навлоегува во крвта, прави виремија, потоа во органите на РЕС
продолжува да се размножува и пак во крвта каде прави втора
витремија. Вирусот има дермотропно дејство, но покажува
афинитет и кон внатрешните органи, респираторниот систем и
мозокот.
Слузница на горни
дишни патишта и
регионални РЕС и внатрешни органи
I ( се размножува)
лимфни жлезди виремија
( се размножува)

II виремија
Клиничка слика – инкубација од 10 – 12 на.
1. Катарален стадиум – висока фебрилност,
катарални знаци, малаксаност, главоболка, кивање,
кашлица, болки во грлото, зацрвенети очи,
натечено лице и натечени очни капаци ( facies
morbilica). На букалната лигавица и гингивите се
јавуваат Копликови пеги – бели ефлоресценции со
големина на зрно гриз, расфрлани на хиперемична
слузница. Се одржуваат 2 до 3 дена.
2. Исипен стадиум – се јавуваат макули и папули,
прво позади ушите, потоа кон челото и лицето,
вратот, рацете, табаните и дланките. Кожата е
црвена, топла и мека како кадифе. Овој стадиум трае
3 – 5 дена.
3. Реконвалесцентен стадиум – трае околу 1 недела
Компликации можни се компликации на
респираторен систем(бронхит,бронхопневмонија),
тонзилит,отит, и компликации на нервниот систем(
менингит, енцефалит).
Facies morbilica – израз на ,,плачна маска’’ :насолзени
очи, зацрвенети коњуктиви, натечено лице, натечени
очни капаци, слузав нос
Макулопапулите се со црвена боја, исипот е местимичен,
кожата е црвена, топла, влажна и мека како кадифе.
Исипот на лицето може да биде
конфлуентен ( слиен )
Копликови пеги
Патогномични симптоми се:макулопапулозен исип,
катарални знаци, копликови пеги и facies morbilica.
Дијагноза – клиничка слика, епидемиолошка
анкета и лабораториски испитувања.
Терапија – симптоматско лоекување со
антипиретици, антитусици, витамини, при појава
на секундарни бактериски инфекции се даваат
антибиотици
Превенција – имунизација со МПР вакцина, кај
нас е задолжителна , се дава на 1 година и на 6
годишна возраст ревакцина.

You might also like