You are on page 1of 3

Дефиниција: Епидемичниот менингитис е акутна инфективна и контагиозна болест, предизвикана

од менингокок, која се карактеризира со гнојно воспаление на мозочните обвивки и мозокот,


висока температура, менингеални знаци, нарушување на кранијалните нерви и интоксикација.

Етиологија. Причинител на болеста е Neiseria meningitidis, наречена „менингокок",


идентификувана од Вајкселбаум во 1887 година. Менингококот е Грам (-) диплокок кој во
леукоцитите се гледа како две зрнца од кафе но може да се сретне и екстрацелуларно.
Бактеријата е мошне слабо отпорнa во надворешната средина. Најдобри хранилишта ѝ се крвниот
и асцитниот агар, на кои расте во колонии како капки од роса. Менингококот има ендотоксин,
важен за патогенеза на болеста. Серолошки се разликуваат 4 типа менингококи /А.B.C.D/. Типот
„В" предизвикува најтешка форма на болеста.

Епидемиологија. Менингококната инфекција е раширена низ целиот свет. Болеста има ендемски
карактер, a се јавува и спорадично или во епидемиски форми. Почесто се јавува во зимско
пролетни месеци. Инфекцијата се шири по воздушно-капков пат преку носногрлениот секрет од
болниот или здравиот заразоносител. Најчесто на директен начин. На инфекција се изложени
луѓето во пренатрупани живеалишта, касарни, училишта, интернати, детски јасли и др. Кон
заразата најосетливи се доенчињата, малите деца и децата до 10-годишна возраст, но може да
заболат и млади и возрасни лица. Индекс на контагиозноста е 0,5%.

Патогенеза. Развојот на болеста поминува низ 3 фази:

а/ Во назофарингеалната фаза менингококот се населува на лигавицата на устата носот и горните


дишни патишта и предизвикува катарални воспаленија или инапарентна ннфекција.

б/ Во инвазионата, или септична фаза, причинителот преминува во крвта и создава


менингококцемија со метастази во зглобовите, ендо и миокардот, плеврата, окото и
надбубрежната жлезда, или пак минува под сликата на септично заболување со пурпура и херпес.

в/ Менингеална фаза. Во третата фаза менингококот ја преминува хематоенцефалната бариера и


се населува на меките мозочни обвивки и на мозокот и предизвикува гнојно воспаление,
зголемување на интракранијалниот притисок и карактернстични клинички симптоми.

Патологиja. Bo почетокот на болеста воспалителниот процес ги зафаќа менингите на големиот и


'рбетниот мозок со серозногноен ексудат и се шири кон цистерните на базата на мозокот и ги
зафаќа кранијалните и спиналните нерви. Воспалителниот процес може да се пренесе на
епендимот на мозочните комори и плексус хориоидеус. При фиброзна организација на ексудатот
на обвивките на базата се развива опструкција и хидроцефалус. Фулминантните случаи на
менингококна инфекција (Watterhouse- Friederichsen syndrom) често се без забележливи промени
на менингите а смртта настапува поради крвавење во кората на надбубрежната жлезда и
нарушување на коагулацијата со хеморагична дијатеза.

Клиничката слика, текот и прогнозата на болеста зависат од возраста на болниот.


Менингитис кај деца и адолесценти Инкубацијата на епидемичниот менингитис, најчесто,
изнесува 1 - 3 максимално до 7 дена. Болеста започнува одеднаш со висока температура до 40 - 41
С0 . со силно дифузно главоболие студ и треска, незапирливо повраќање, изнемоштеност болки
по целата снага, прострација и брза измена на општата состојба. Уште од првите часови доаѓа до
измена на свеста од сомноленција преку вознемиреност, збунетост, делириум, навлегува набрзо
во сопорозно-коматозна состојба. Понекогаш болните може да се мирни, адинамични и
безизразни. Поради силните мускулни и зглобни болки, болниот зазема менингеална положба,
вратот се затегнува сè повеќе и има ограничена подвижност. Тогаш се присутни менингеалните
знаци: на Керниг, горниот и долниот знак на Бруџински, феноменот на Вујиќ, а неколку дена
подоцна и знакот на Бабински. Тетивните рефлекси се ослабнати или угаснати. Кај некои болни се
забележуваат конвулзии, коишто личат на епилептиформен напад. Кај 30% од болните уште 2 - 3
дена на усните, носот, лицето или телото избива херпес фебрилис. Поради дразби на задните
нервни корени, изразена е хиперестезија со силни болки и на најмал допир. Болниот тешко ги
поднесува светлосните (фотофобија) и звучни (хиперакузија) дразби. Понекој пат по кожата на
трупот и екстремитетите се јавува како точки, или полиморфен петехијален исип. Вратните
лимфни јазли слезенката и црниот дроб се зголемени. Абдоменот е вовлечен и болен на
притискање. Постои опстипација, а проливот е мошне редок. Од невровегетативните симптоми
присутни: релативно брадикардична срцева работа, вазомоторни промени на бојата на лицето,
профузно потење, дермографизам и др. Кај потешкнте форми, текот на болеста е придружен со
нарушувања на кранијалните нерви (птоза на очните капачиња, парализа на н.фациалис.
нистагмус, страбизам) нарушување на видот и слухот како и хеми-и параплегни од спастичен тип.
Исходот на болеста е зависен од раното откривање и од соодветната терапија, којашто доведува
до прелом на клиничката слика. Подобрувањето настапува релативно брзо во текот на 8-17 дена,
а конечното излекување за 6 - 10 седмици. При напреднат тек на болеста со нарушена свест,
дишење и конвулзии настапува смрт.

Менингитис кај доенчињата е често атипична и тешка болест со компликации и секвели како и со
поголема смртност одошто на друга возраст. Клиничката слика на болеста е некарактеристична и е
испреплетена со симптоми од други органи. Започнува постепено со желудочно-цревни
нарушувања (пролив, повраќање, слабеење и дехидратација), треперење или грчеви на лицето и
мускулите на рацете и нозете, и висока температура. Детето е плачливо, одбива да цица,
вознемирено е, со повремени болни крикови. Менингеалните знаци се слабо изразени или
отсутни, па постои хипотонија на вратот, а главата е зафрлена на назад. Најважен симптом е
подување на големата фонтанела, поради зголемен интракранијален притисок. Другпат детето
може да биде мирно, апатично, сомнолентно и со подлабоко заматена свест и конвулзии.
Дијагнозата се поставува само со лумбална пункција. Менингококната сепса претставува тешка
инфекција и интоксикација, во која доминираат симптомите на септичната состојба, а
менингеалните симптоми се отсутни или мошне слабо изразени, почеста е кај малите деца.
Фулминантната (перакутна) менингококна сепса е позната под името „Вотерхауз-Фридрихсенов“
синдром. Болеста започнува бурно со висока температура, главоболие, сомноленција, болки и
оток на зглобовите, брз кардиоваскуларен колапс и хеморагичен синдром кој се манифестира со
пурпурични или петехијални крвавења на кожата, лигавиците и внатрешните органи особено во
надбубрежната жлезда. Завршува со смрт во тек на првите 5 - 24 часа.

Компликациите денес се многу поретки и се јавуваат кај малите деца и доенчињата. Како
резултат на нарушување на циркулацијата на ликворот се јавуваат следните компликации:
пиоиефалусот којшто завршува со смрт и хидроцефалус интернус којшто доведува до психичка
алтерација, идиотија и тешкотии во говорот. Ретки компликации се апсцес на мозокот,
епилептиформни напади, амауроза (слепило), сурдитас (глувост), хемиплегија од спастичен тип и
периферни парализи. Дијагнозата на епидемичниот менингитис се поставува врз основа на
карактеристичните симптоми на болеста, како и врз анализа на ликворот, добиен со правење на
лумбална, субокципитална или вентрикуларна пункција кај доенчињата со отворена голема
фонтанела. Прегледот на ликворот открива дека тој е матен, а потоа следи микробиолошката и
цитохемиската анализа. Голема дијагностичка важност има микроскопскиот преглед на ликворот
преку размачкување на предметно стакло и бојадисување по Грам, или со метиленско синило. За
бактериолошка анализа, потребно е ликворот, уште свеж и топол, да се засее на соодветна
подлога.

Цитолошката анализа на ликворот се врши со микроскопски преглед и броење на елементите во


Фукс-Розенталова (FucksRosenthal) или Нагеотовата (Nageotte) комора. Цитолошката анализа
открива плеоцитоза од неколку стотини до неколку илјади елементи во 1 mm и тоа полинуклеари
до 100%. Хемиската анализа на ликворот потврдува дека поради албуминорахија, реакциите на
Панди (Pandy), Ноне-Апелт (NonneAppelt) и Павлович се позитивни. Количестото на белковините е
зголемено над 0,04-0,5 g/L, шеќерот е намален под 2,5 mmol/l. Хлоридите се, исто така, намалени
под нормалните вредности. Крвната слика покажува леукоиитоза (10-40.000) со полинуклеоза,
лимфопенија и анеозинофнлија. Седиментацијата на крвта е забрзана. Кај сите гнојни
менингитиси треба рутински да се зема хемокултура и брис од грлото или петехијална кожна
промена, и тоа пред започнување на терапијата.

Диференцијалната дијагноза на епидемичниот менингитис се прави со сите гнојни менингитиси


од различна етиологија, коишто имаат слични симптоми и изглед на ликворот. Таквите
менингитиси, почесто, се од секундарен карактер и се резултат на септикемија од примарно
огниште во уво, синуси, кожа, коски, дишни патишта, или се јавиле по траума на главата или
постоечката ликвореа. Во диференцијална дијагноза на епидемичниот менингитис и
менингеалниот синдром се споредуваат голема група на серозни менингитиси од вирусно
потекло, ТВС менингитис, гнојни менингитиси, мозочни крвавења и др.

You might also like