You are on page 1of 11

ЗАБОЛУВАЊА НА РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ

Дишењето е една од виталните функции на живиот организам. Преку дишењето се


обезбедува довод на кислород во белите дробови, каде што настанува размена на
гасовите. Тука хемоглобинот од крвта се ослободува од јаглендиоксидот, а врзува
на себе кислород. Заболувањата на респираторниот систем се мошне чести, а со
оглед на функцијата што ја има респираторниот систем се мошне важни. Една од
причините што во респираторниот систем често настануваат патолошки промени е
таа, што тој постојано и директно е изложен на штетните влијанија на
надворешната средина. Патологијата на респираторниот систем е групирана во 4
поглавја: заболувања на дишните патишта; заболувања на белодробниот
паренхим; заболувања на плеврата; тумори на бели дробови.
ЗАБОЛУВАЊА НА ДИШНИТЕ ПАТИШТА
Дишните патишта ги сочинуваат: носот, устата, фарингсот, ларингсот, трахеата,
бронхиите и бронхиолите. Овие органи служат за преку нив да мине воздухот до
белите дробови. Дишните патишта, покрај другите функции, имаат и важна
заштитна улога на респираторниот систем, во прв ред на белите дробови.
Лигавицата на респираторните патишта лачи слуз кој ги слепува бактериите и
частичките, а респираторниот епител со трепките ги исфрлува надвор. Во слузта
се наоѓаат хемиски материи и антитела, кои исто така придонесуваат за
уништување на микроорганизмите. Во носот се наоѓаат влакна кои го спречуваат
навлегувањето на поголеми частички и инсекти во дишните патишта.
Респираторните патишта го затоплуваат и навлажнуваат воздухот и таков се
вдишува во белите дробови. Кај заболувањата на дишните патишта во прв ред се
нарушуваат погоре споменатите функции. Воспаленијата се најчести заболувања
на дишните патишта.
Ринит (Rhinitis). Ринитот претставува воспаление на лигавицата на шуплините на
носот. Ринитот се предизвикува со заемно поврзано дејствување на вируси,
бактерии и алергени. Акутниот ринит речиси секогаш започнува предизвикан од
повеќе вида вируси, познати како аденовируси. Овие вируси го предизвикуваат
ринофарингитот (воспаление на носот и ждрелото), фаринготонзилитот
(воспаление на ждрелото и на тонзилите) и други воспаленија на горните
респираторни патишта познати како настинка.
Вирусите предизвикуваат обемна катарална секреција од носот (кијавица), што е
почеток на познатата и честа настинка. На друг начин акутното воспаление на
шуплините на носот почнува како алергичен акутен ринит. Овој настанува како
сензитивна реакција на многу алергени, како што е на пример, поленовиот прав.
Бактериската инфекција најчесто се надоврзува на вирусното и алергичното
воспаление. Катаралното воспаление предизвикано од вирусите и алергените ги
оштетува трепките на епителот. Се намалува заштитната улога на лигавицата, а
бактериите полесно предизвикуваат воспаление. Промените во температурата на
воздухот, вдишување на прав, хемиски надразнувачи и сувиот воздух исто така ги
оштетува трепките на епителот и го олеснува настанувањето на ринитот. Кај
ринитот предизвикан од вируси и алергија, лигавицата е задебелена, отечена, а
носните шуплини се стеснети. Жлездите лачат бистар Воденикав секрет. Подоцна
кога се накалеми бактериската инфекција, а тоа обично се случува, секрецијата
станува муко-пурулентна и пирулентна. На лигавицата има ерозии и улцерации.
Компликација од ринитот е можноста инфекцијата да мине во параназалните
синуси што комуницираат со носот.
Синузит (Sinuѕitis). Синузитот претставува воспаление на лигавиците на
шуплините (синусите) во черепните коски, кои се наоѓаат околу носот и се
отвораат во носните ходници. Ова воспаление најчесто се надоврзува на ринитот.
Во прво време поради отокот се затвораат отворите на синусите, синусите се
исполнуваат со серозен ексудат кој се заменува со гноен ексудат. Хроничниот
синузит доведува до атрофија, или до хиперплазија и метаплазија на епителот, кој
ги обложува синусните шуплини. Од синусите инфекцијата може да се пренесе и
во внатрешноста на черепот.
Назофарингит (Nasopharyngitis). Воспалението што се јавува во носот и
синусите, може да го зафати и назофаринксот, т.е. горниот дел на ждрелото.
Акутниот назофарингит настанува во текот на ринитот, заедно со воспалението на
ждрелото или заедно со воспалението на тонзилите-Тонзилит. Хроничното
воспаление се јавува при долготрајно вдишување на прав. Кај децата, при чести
воспаленија на ждрелото, можат да се зголемат лимфните јазли на фаринксот
(аденоидни вегетации). Тоа доведува до затнување на носот. Поради тоа овие
деца често боледуваат од заболувања на респираторниот систем.
Ларинготрахеобронхит(Laryngotracheobronchitis). Ларингитот, трахеитот и
бронхитот поединечно означуваат воспаление на соодветните делови на
респираторните патишта. Ларинготрахеобронхитот може да се јави кај сите
возрасти. Кај децата е почест, особено во склопот на системните заболувања, како
што е големата кашлица, дифтеријата и други. Ларинготрахеобронхитот го
предизвикуваат инфективните агенси, алергијата и надразнувачките материи. Ова
воспаление го предизвикуваат повеќе вида бактерии. Како вирусно воспаление
најчесто се јавува во склолот на настинката. Алергичното воспаление настанува
со директно дејство на алергените врз лигавицата, или како реакција на општата
алергична состојба во организмот. Вдишувањето на многу материи може да
предизвика воспаление на респираторните патишта. Така, на пример, кај
пушачите се јавува хроничен бронхит и друго.
Вирусните, алергичните бронхити и бронхитите, кои настануваат со вдишување на
надразнувачки материи, ја олеснуваат бактериската инфекција. Воспалението на
респираторните патишта може да се јави во вид на ларинготрахеобронхит или
како изолирано воспаление, т.е. ларингит, трахеит и бронхит што е поретко.
Патолошко-анатомски промени. Кај акутниот вид на воспаление лигавицата е
хиперемична, отечена е и препокриена со обемен лигав, или лигаво гноен секрет.
Воспалението е поизразено во бронхиите и трахеата, а може да биде зафатен и
ларинксот, при што настанува стеснување на отворот и отежнато дишење. Тоа кај
децата може да биде сериозна компликација. Според ексудатот и воспалителните
промени што настануваат, ларинготрахеобронхитот може да биде катарален, при
што излачениот ексудат е сиромашен со леукоцити; гноен со многу леукоцити;
улцеративен со некроҙа на лигавицата и псеудомембранозен, при што се формира
мембрана врз лигавицата составена од фибрин, леукоцити и изумрени епителни
клетки. Псеудомембранозниот ларингит, трахеит и бронхит настануваат при
дифтерија.
Кај хроничните бронхити промените се слични. Секрецијата може да биде
зголемена. Можат да настанат улцерации на лигавицата. Хроничниот бронхит
може да биде и атрофичен, при што лигавицата станува мазна и не се лачи слуз.
Компликација на хроничниот бронхит е проширување на бронхиите-
бронхиектазиите.
Последици. Трахеобронхитот доведува до кашлица и предиспозиција за
добивање на настинка. Ако инфекцијата е потешка, се јавуваат општи знаци на
воспаление. Ако воспалението на ларинксот е поизразено, доаѓа до зарипнатост
на гласот. Кај децата, поради малиот ларинкс, отокот го стеснува ларинксот, што
доведува до отежнато дишење. Ако настане поизразен оток на глотисот и ако брзо
не се лекува, може да дојде до задушување.
Бронхиектазии (Bronchieсtasiae). Бронхиектазиите претставуваат проширување
на бронхиите, што клинички се манифестира со кашлица, повремени фебрилни
состојби и исплукување на големи количества гнојав и смрдлив спутум.
Етиопатогенеза на бронхиектазиите. Проширувањето на бронхиите може да
биде здобиено или вродено. Вродените бронхиектазии се ретки. Тие настануваат
поради неправилен развој на бронхиите, што се изразува во слабост на ѕидот.
Здобиените бронхиектазии настануваат како последица на патолошки збиднувања
во бронхиите и белите дробови, кои во крајна линија доведуваат до слабост на
ѕидот на бронхиите. Ѕидот на бронхиите, така оштетен, не е во состојба да му се
спротивставува на притисокот на воздухот и бронхиите се шират. Бронхиектазиите
се јавуваат кај сите возрасти. Најчеста причина за нивно настанување е
хроничниот бронхит, при што инфекцијата се шири во ѕидот на бронхиите и ги
разорува еластичните влакна, 'рскавицата и мускулите. Кај децата
бронхиектазиите најчесто се компликација на големата кашлица и малите
сипаници. Следната причина за настанување на бронхиектазиите е затнувањето
на бронхиите со туѓо тело или тумор. Притоа, белодробното ткиво останува без
воздух (ателектаза). Сега изостанува отпорот на белодробното ткиво на ѕидот на
бронхиите и тие се шират.
Проширувањето на бронхиите може да настане и по воспаление на белите
дробови, при што во процесите на организацијата се исклучуваат од функција
делови од белите дробови. Ѕидот на бронхиите останува без потпора од околното
ткиво. Настанувањето на бронхиектазиите при фиброзирање на белите дробови
(пнеумокониози, туберкулоза), при постоење на сраслини на плеврата, се
објаснува со влечење на ѕидот на бронхиите од страна на врзувачкото ткиво при
неговото скарчување.
Патолошко-анатомски промени. Проширувањето на бронхиите може да биде
цилиндрично, вретеновидно и топчесто. Лигавицата на проширените бронхии во
почетокот е задебелена, потечена и хиперемична. Подоцна настанува атрофија на
лигавицата со појава на улцерации. Луменот е исполнет со серозен, лигаво-гноен
или гноен ексудат. Ѕидот на бронхиите е со белези на хронично воспаление
(фиброзирање, присуство на лимфоцити, плазма клетки и ретки леукоцити).
Околното белодробно ткиво е Исто така со знаци на хронично воспаление.
Последици и компликации на бронхиектазиите. Гнојното воспаление на
проширените бронхии може да се шири во белите дробови и во плеврата во вид
на бронхопнеумонија, апсцеси и емпием. Може да се развие пиемија, а по
хематоген пат и апсцеси во мозокот. Патолошко-анатомските промени во белите
дробови можат да бидат такви, што доведувајќи до намалување бројот на
капиларите, да се оптовари десната комора со развивање на белодробно срце:
Хроничното гнојно воспаление кај бронхиектазиите може да доведе до секундарна
амилоидоза.
ЗАБОЛУВАЊА НА БЕЛОДРОБНИОТ ПАРЕНХИМ
Белите дробови се органи кои се мошне сложено градени. Впрочем, и нивната
функција е сложена. Бронхиите во белите дробови се разгрануваат повеќе пати,
се до бронхиолите. Десното белодробно крило има 3, а левото 2 лобуса. Лобусите
се делат на бронхопулмонални сегменти. Тие претставуваат една белодробна
функционална и анатомска единица. Сегментот има свое заедничко стебло од
бронх, артерија и вена. Белодробното ткиво се дели на лобулуси. Лобулусите се
одделени меѓу себе со танки врзувачки прегради. Секој лобулус е составен од
грозд на 5 ацинуса. Ацинус е дел од белодробното ткиво, составено од околу 2 000
алвеоли, а добива воздух од една крајна бронхиола. Во белите дробови има околу
300 милиони алвеоли. Површината на овие мали меурчиња, каде што се одвива
размената на гасовите, изнесува околу 100 квадратни метри. Алвеолите се
обложени со два вида епителни клетки (пнеумоцити), кои лежат на базална
мембрана. Преградите на алвеолите се богати со капиларна мрежа. Белите
дробови имаат двоен крвотек. Функционалниот крвотек го сочинуваат
пулмоналната артерија, која тргнува од десната комора и носи венска крв и
пулмоналните вени, кои ја прифаќаат пречистената крв од белите дробови.
Носејќи артериска крв, пулмоналните вени се влеваат во левата преткомора.
Другиот крвотек е нутритивниот крвотек, што го сочинуваат бронхијалните артерии
и вени и, како што самото име кажува, го исхранува ткивото на белите дробови.
Плеврата е серозна обвивка која ги препокрива белите дробови-висцерална
плевра и внатрешност на градната шуплина – париетална плевра. Плеврата е
препокриена со еден ред на ниски мезотелни клетки. Под нив има малку врзувачко
ткиво со крвни садови. Заболувањата на белите дробови заземаат важно место во
патологијата на човекот. Најчестите заболувања на белите дробови можат да се
поделат на 4 групи: заболувања поради нарушувања на крвната циркулација,
нарушување на количеството на воздух во белите дробови, воспаленија на белите
дробови и тумори на белите дробови. Најчести нарушувања на крвната
циркулација во белите дробови се белодробниот оток и белодробниот
тромбемболизам. Патолошките состојби во белите дробови, кои се предизвикани
со нарушување на крвната циркулација, се опишани во општата патологија.
НАРУШУВАЊА НА КОЛИЧЕСТВОТО НА ВОЗДУХ ВО БЕЛИТЕ ДРОБови
Воздушноста, т.е. количество на воздух во белите дробови може да биде
намалено, што се вика ателектаза и колапс, или да биде зголемено, што се
означува како емфизем.
АТЕЛЕКТАЗА (Atelectasis)
Ателектазата претставува намалување на количеството на воздух во дел од
белите дробови. Таа може да биде неонатална и здобиена.
Неонатална ателектаза може да се јави во две форми. Ако новороденото не
почнало да дише, во белите дробови нема воопшто воздух. Тие се мали и темно
црвени. Се разбира, овие деца се раѓаат мртви или умираат непосредно по
раѓањето. Вториот облик на неонаталната ателектаза настанува кај новородените
со породилни трауми или со други компликации при породувањето. Овие деца
живеат повеќе дена. Белите дробови се шарени. Безводушните делови се
вовлечени и темноцрвени. Другото ткиво има нормална, светло-розова боја.
Здобиени ателектази настануваат на два начина. Едниот начин на настанувањето
на ателектазите е притисок врз белите дробови и истиснување на воздухот од нив.
Тоа се случува при хидроторакс, навлегување на воздух во торакалната шуплина-
пнеумоторакс, подигање на дијафрагмата (асцит), или поради притисок на тумор.
Здобиените ателектази можат да настанат и со затнување на бронхиите и
бронхиолите со секрет, ексудат, вдишени туѓи тела или тумори на бронхиите. По
затнувањето на бронхот за неколку дена воздухот се ресорбира, а алвеолите
спласнуваат. Здобиените ателектази можат да зафатат и помал дел од
белодробието или да бидат раширени на еден или повеќе лобуса. Ако со
ателектаза е зафатен дел од лобус и повеќе од тоа, тогаш се употребува терминот
колапс. Ателектатичниот дел на белите дробови на површината е вовлечен, а по
боја е темно црвен.
Последица од ателектазата и колапсот. Последиците од ателектазата и колапсот
на белите дробови зависат од нивната раширеност. Масовниот колапс доведува
до цијаноза и смрт. Ако ателектазата е помалку раширена, настанува нарушување
во дишењето. Здобиените ателектази се реверзибилни, ако навреме се отстрани
причината што довела до нив. Ако белодробниот паренхим остане ателектатичен,
тоа претставува место каде што често и лесно настануваат воспаленија,
бронхиектазии и белодробен апсцес.
БЕЛОДРОБЕН ЕМФИЗЕМ (Emphysema pulmonum)
Eмфиземот претставува надувување на белите дробови со воздух. Ако со воздух
примарно се надувуваат и прошируваат алвеолите, таквиот емфизем се вика
алвеоларен, или везикуларен емфизем. Ако воздухот навлезе во врзувачкото
ткиво на белите дробовиинтерстициумот, настанува интерстицијален емфизем.
Има повеке видови на везикуларен (алвеоларен) емфизем. Од нив ке бидат
споменати само најчестите и клинички најважните везикуларни емфиземи.
Дифузниот везикуларен (панлобуларен, оnструктивен, хипертрофичен,
хроничен) емфизем е најчестиот вид на емфизем. Почесто се јавува кај мажите
мегy 40 и 60 годишна возраст.
Патогенеза. Настанувањето на овој вид емфизем не е сосем разјаснето. Секако
дека делумно затнување на дишните патишта е основната причина за
настанувањето. Според тоа, хроничните бронхити и воспалението на најмалите
дишни патишта (бронхиолит), кои доведуваат до нивно стеснување, се најчестиот
повод за настанување на емфиземот. Според оваа претпоставка кај инспириумот
стеснетите бронхи се шират и во алвеолите навлегува доволно воздух, но при
експириумот тој не може целиот да cе истисне низ стеснетите бронхии. Поради
тоа, алвеолите се шират и прскаат низните прегради. Од повеке алвеоли се
формираат неправилни облачести шуплини.
Во настанувањето на оваа промена се претпоставува дека се вклучува уште една
појава. При ширеньето на алвеолите се врши притисок над алвеоларните крвни
садови, од што настанува недоволна исхранетост на ткивото. Поради тоа страдаат
еластичните влакна во алвеоларните прегради, а тоа го олеснува прекумерното
ширење на алвеолите и нивното прскање. Има и други претпоставки за
настанување на емфиземот. Сите тие, како и претходните, докрај и кај сите случаи
не ги објаснува причините за настанување на везикуларниот емфизем.
Патолошко-анатомски промени. Белите дробови се зголемени. Го исполнуваат
градниот кош. Со предните рабови го препокриваат срцето. Белодробното ткиво е
бледо-розово. Промената на бојата на белите дробови е резултат на намалената
капиларна мрежа, која настанува со раскинување на алвеоларните прегради. По
рабовите на белите дробови има големи меури полни со воздух.
Бронхиите и бронхиолите се со знаци на хронично воспаление. Микроскопски се
гледа проширување на алвеоларните простори. Има раскинати мегуалвеоларни
прегради. Зачуваните меѓуалвеоларни прегради се истанчени, а кај напреднатите
случаи се фиброзирани без крвни садови.
Последици. Градниот кош кај хроничниот емфизем добива бачвест изглед.
Ребрата се хоризонтално поставени. Натклучните јами се издигнати. Настанува
намалување на виталниот капацитет на белите дробови, а со тоа е нарушена
размената на гасовите. Во напреднатиот стадиум на болеста настанува отежнато
дишење (диспнеа) и цијаноза. Намалената капиларна мрежа во белите дробови
дава отпор на истиснување на крвта од страна на десното срце. Тоа доведува до
хипертрофија, подоцна до дилатација и слабост на десното срце (белодробно
срце).
Следната компликација е раскинувае на булите и навлегување на воздух во
интерстициумот или во градната шуплина. Така настанува пнеуматоракс и колапс
на белите дробови.
Акутен дифузен емфизем. Акутната надуеност на белите дробовикако што уште
се вика овој емфизем, настанува при пречки во издишувањето. Тој најчесто
настанува при вдишување на туѓи тела, давење и задушување, при голема
кашлица, бронхиолит и бронхијалната астма. Иако кај овој емфизем се можни
раскинувања на алвеолите, други промени во структурата на белите дробови не
настануваат. Овој емфизем е реверзибилен и по отстранувањето на причината,
белите дробови брзо се вракаат во нормална положба.
Ирегуларен (компензаторен) емфизем. Овој вид на емфизем се јавува во
ограничени зони на белите дробови. Компензаторен емфизем настанува околу
фиброзирани делови на белите дробови и околу ателектатични зони. Со други
зборови, компензаторниот емфизем настанува по губењето на дел од
белодробниот паренхим.
Старечки емфизем (сенилен) емфизем настанува во склопот на сенилната
атрофија. Овој вид емфизем не го придружуваат други промени во белите дробови
и не доведува до последици. Интерстицијалниот емфизем настанува тогаш кога
воздухот ќе продре во врзувачкото ткиво на белите дробови. Воздухот доаѓа во
интерстициумот при раскинуванње на алвеолите. Тоа може да се случи кај
новородените при многу силно давање на вештачко дишење. Потоа при силно
кашлање, акутен брнхит, воздушен удар, механичко оштетување на белите
дробови (кршење на ребра) и др.
Интерстицијален емфизем може да настане и како компликација на другите
видови на емфизем. Меурчињата на воздухот при интерстицијалниот емфизем
најналред се гледаат под висцералната плевра. Ако има повеке воздух тој се
собира во хилусот на белите дробови, потоа во медијастинумот. Воздухот може да
продре и под кожата на вратот, лицето и други места (поткожен емфизем).
Меурчињата од воздух, ако се многубројни, вршат притисок врз крвните садови и
доведуваат до функционални нарушувања. Воздухот од меурчињата почесто се
ресорбира без да настанат последици.
ВОСПАЛЕНИЈА НА БЕЛИ ДРОБОВИ
Пнеумониите се најчестите воспаленија на белите дробови. Воспаленијата на
белите дробови ги предизвикуваат различни агенси: бактерии, вируси, габички,
паразити, физички и хемиски агенси и друго. По својот тек пнеумониите можат да
бидат акутни и хронични.
Бактериска пнеумонија. Има голем број на патолошко-анатомски и клинички
форми на бактериска пнеумонија, што зависи од особеностите на aгенсот
(вируленцијата) и отпорноста на организмот. Според тоа, пнеумонијата може да
биде ограничена на дел од лобус, со мало воспалително огниште, или
воспалението да зафати дел од лобус, цел лобус или повеке лобуси.
Воспалителниот ексудат при пнеумониите може да биде фибринозен, гноен,
хеморагичен и мешан. Бактериските пнеумонии се класифицираат и според
етиолошките aгенси како: пнеумококни, стафилококни, стрептококни или по
анатомската раширеност како фокална (лобуларна) и лобарна (крупозна)
пнеумонија. Според видот на ексудатот, пнеумониите можат уште да бидат:
гнојни, фибринозни и др. Најголемо практично значење има проширеноста на
воспалителниот процес, а за лекувањето откривање на етиолошкиот агенс.
БРОНХОПНЕУМОНИЈА (Bronchopneumonia)
Бронхопнеумонијата претставува инфекција на помал дел од белодробниот
паренхим, Воспалението обично започнува со бронхит или бронхиолит со ширење
на воспалителниот процес во алвеолите. Бронхопнеумонијата е често заболување,
особено кај децата и старите. Во овие возрасти отпорноста е најмала и затоа овој
вид на воспаление на белите дробови се јавува како примарно заболуваье или
исто така мошне често во текот на други заболувања.
Eтиологија, Многу бактерии можат да ја причинат бактериската
бронхопнеумонија. Најчести агенси се стафилококите, стрептококите,
пнеумококите, коли бактериите и др.
Патогенеза. Бронхопнеумонијата се јавува како примарно заболување, мегутоа
често пати се надоврзува на претходните заболувања, или во текот на заболувања
кои ја ослабуваат општата отпорност на организмот. Според тоа, на
бронхопнеумонијата често и претходат инфекции на горните респираторни
патишта, детски инфективни заболуванња, малигни тумори, настинка, вдишување
на материи кои дразнат, срцеви заболувања, бубрежни заболувања, операции и
друго. Ако бронхопнеумонијата се jави кај срцеви болни, кај кои има застој на крв
во белите дробови, таквата бронхопнеумонија се вика хипостатична
бронхопнеумонија.
Како компликација на тешки, ссобено абдоминални операции може да се jави
таканаречената постоперативна бронхопнеумонија. Таа настанува од неколку
причини. Кај потешките операции ослабува отпорноста. Поради болката, болните
плитко дишат, што доведува до влошена вентилација и забавена крвна
циркулација на долните делови на белите дробови, каде што овој вид на
бронхопнеумонија најчесто настанува. Бактериските бронхопнеумонии најчесто
настануваат со навлегува- њето на бактериите низ дишните патишта. На
бронхопнеумонијата обично и претходи всспаление на бронхиите (бронхит), или
бронхиолите (бронхиолит). Затоа овој вид на воспаление се вика
бронхопнеумонија. Бронхопнеумонијата може да настане со здишување на
течности (аспирација) и храна по повракање. Вака предизвиканото воспаление од
бактериите што се наогаат во вдишаните материи се вика аспирациона
бронхопнеумонија.
Патолошко-анатомски промени. Бронхопнеумоничното огниште доведува до
зацврстување на белодробното ткиво. Бронхопнеумоничното огниште се јавува во
еден или повеке лобуси, на едната или на двете страни на белите дробови. На
пресек всспалителното место е издигнато со зрнеста површина и со сиво-црвена
до жолта боја. По големина бронхопнеумоничните огништа можат да Сидат многу
ситни, видливи со микроскоп, или од 3 до 4 ст во пречник. Ако повеке
всспалителни огништа се соединат, со воспаление може да биде зафатен цел
лобус. Воспалителните процеси, кои се близу до плеврата, се компликуваат со
фибринозно, или гнојно воспаление на плеврата (плеврит). Присуството на
неутрофилни леукоцити во алвеолите и соодветните бронхиоли и бронхии е
доминантна хистолошка промена. Алвеоларните прегради се проширени со
хиперемични капилари. Kaj стафилококните бронхопнеумонии настанува некроза
на меѓyалвеоларните прегради со развиванње на алсцеси. Во подоцнежните
стадиуми на бронхопнеумонијата, настанува резолуција на ексудатот со целосно
заздравување на ткивото. Ако се развие алсцес, не настанува резолуција, туку
заздравувањето настанува со фиброзирање и лузна. Ако во ексудатот има многу
фибрин, во алвеолите враснува врзувачко ткиво.
Компликации. Една од компликациите на бронхопнеумонијата е апсцесот, а со
ширење на инфекцијата во плеврата и развивање на епием(гнојно воспаление на
плеврата). Следната компликација е
ширење на воспалението со развивање на перикардит. Уште потешка
компликација е бактериемијата со настанување на апсцеси во мозокот, бубрезите
и срцето. Кај бактериемијата може да настане воспаление на одделни зглобови,
на ендокардот, менингите и др.
Компликациите почесто настануваат кај неотпорните деца и кај старите луѓе.
Инаку, бронхопнеумонијата се залечува за 1 до 2 недели.

ЛОБАРНА ПНЕУМОНЈА(Pneumonia lobaris, Pneumonia cruposa)


Лобарната пнеумонија претставува акутна инфекција на поголем дел од лобус, на
цел лобус или на повеќе лобуси на белите дробови. Болеста се јавува во сите
возрсти, меѓутоа релативно поретко кај децата и постарите.
Етиопатогенеза. Најчест предизвикувач (90-95%) на лобарната пнеумонија е
пнеумококот, а поретко стрептококите, стафилококите и другите бактерии. За
настанување на лобарната пнеумонија придонесува настинката и хроничниот
алкохолизам. Инфективниот агенс навлегува низ дишните патишта, а масивното
ширење на бактериите низ белите дробови се објаснува со нивната вируленција.
Патолошко анатомски промени. Основниот патолошко-анатомски белег е
исполнувањето на алвеолите со фибрино-леукоцитарен ексудат, што доведува до
безводушност и зацврстување на белодробното ткиво. Според патолошко-
анатомските промени, лобарната пнеумонија минува низ 4 стадиуми.
Првиот стадиум е стадиум на конгестија. Во овој стадиум настанува серозен
ексудат во алвеолите, а крвните садови се проширени и преполнети со крв
(хиперемија - конгестија).
Вториот стадиум е стадиум на црвена хепатизација. Алвеолите се исполнети со
неутрофилни леукоцити, макрофаги. Покрај хиперемијата има и крварења кои на
воспалениот дел на белите дробови му даваат црвена боја (слично на ткивото, на
црниот дроб – хепатизација). Во овој стадиум на плеврата се развива фибрино-
пурулентен плеврит.
Третиот стадиум е стадиум на сива хепатизација. Овој стадиум се разликува од
претходниот по тоа што во алвеолите се намалува бројот на воспалителните
клетки и еритроцитите. Бидејќи исчезнуваат еритроцитите, воспаленото ткиво има
сива боја. Ткивото е цврсто. Овој стадиум се вика стадиум на сива хепатизација.
Плевритот е побогат со фибрин и леукоцити, а може да настане и емпием.
Следниот стадиум е стадиум на резолуција. Во овој стадиум воспалителниот
ексудат ензиматски се разградува и така разграден се искашлува и ресорбира
преку крвните садови. На крајот, од алвеолите исчезнува ексудатот и
белодробното ткиво добива нормален изглед. Истиот процес се одигрува и во
воспалената плевра.
Надворешниот изглед на воспаленото ткиво при лобарната пнеумонија одговара
на микроскопските промени. Во стадиумот на конгестијата ткивото е црвено и со
намалена воздушност, а со зголемена тежина. Во стадиумот на хепатизацијата
ткивото е цврсто, сосем без воздух, а по боја од црвено до сиво. Во стадиумот на
резолуција воспалителниот лобус станува помал, помек, полесен и содржи мало
количество на воздух како и во првиот стадиум.
Компликации. Ако предизвикувачите се вирулентни пнеумококи, или
стафилококи, настануваат мали апсцеси. Следната можна компликација е
организацијата на ексудатот. Наместо резолуција, во алвеолите враснува
врзувачко ткиво кое тој дел на белите дробови го прави цврст, безвоздушен и без
функција. Слично може да настане и со плевритот, особено ако се развие емпием.
Во тој случај остануваат постојани сраснувања меѓу висцералната и париеталната
плевра. Поретка компликација претставува настанувањето на метастатични
инфекции по крвен пат во: ендокардот, перикардот, перитонеумот, бубрезите,
мозокот и зглобовите. Сите овие комкпликации, со примена на антибиотската
терапија, се многу поретки.

ЗАБОЛУВАЊЕ НА ПЛЕВРАТА
Заболувањата на плеврата многу ретко се примарни. Тие најчесто се
компликација на заболувањата на белите дробови. Најчести заболувања на
плеврата се воспаленија – плеврити, пнеумоторакс, хидроторакс и др.
Плеврит (Pleuritis). Воспалението на плеврата се наречува плеврит.Според видот
на ексудатот, плевритите може да бидат: серозни, фибринозни, серофибринозни,
гнојни (емпием) и хеморагични.
Серофибринозниот, серозниот и фибринозниот плеврит претставуваат
различен степен на развојот на ист воспалител процес. Овој вид на плеврит
настанува со ширењето на воспалителниот процес од белите дробови
(пнеумонија, апсцеси, туберкулоза и др.). Серофибринозниот плеврит може да
настане и при други инфекции во организмот. Причинител на плевритот е и
уремијата. Во
зависност од количеството на фибринот во ексудатот може да настане резолуција
или организација на ексудатот. При повеќе фибрин во ексудатот, тој се заменува
со врзувачко ткиво и настануваат сраснувања меѓу двата листа на плеврата. Друга
можна последица на серозниот плеврит настанува при обемна ексудација, која
врши притисок на белите дробови и доведува до нивен колапс.
Гноен плеврит (Empyema). Гнојниот плеврит го предизвикуваат гнојни бактерии.
Инфицирањето настанува најчесто од белите дробови, потоа преку дијафрагмата
од абдоменот, по отворени трауми на градниот кош, или многу поретко по лимфен
и крвен пат од пооддалечени органи. Ексудатот е богат со леукоцити и ваквиот
ексудат поретко се ресорбира, а почесто се организира т.е. надоместува со
врзувачко ткиво во вид на дебела и цврста обвивка. Оваа последица, а особено
ако во врзувачкото ткиво се наталожат калциумови соли, доведува до отежната
функција на белите дробови.
Хеморагичен плеврит. Хеморагичниот плеврит најчесто настанува при
зафатеност на плеврата со метастатски карцином.
Најчести невоспалителни промени во плеврата се пнеумотораксот, хидротораксот
и хематотораксот.
Пнеумотораксот (Pneumothorax) претставува навлегување на воздух во
плевралната шуплина. Пнеумотораксот може да биде спонтан, трауматски и
тераписки.
Спонтаниот пнеумоторакс најчесто настанува како компликација на белодробните
заболувања, кои доведуваат до раскинување на алвеолите,а тоа се: апсцесот,
емфиземот, астмата и туберкулозата.
Трауматскиот пнеумоторакс настанува со траума на градниот кош и белите
дробови.
Терапискиот пнеумоторакс се применуваше во лекувањето на туберкулозата. Со
уфрлување на воздух во плевралниот простор се намалува движењето на
заболеното белодробно ткиво и се забрзува заздравувањето.
Пнеумотораксот доведува до колапс на белите дробови со нарушување на
дишењето. Колапсот е особено тежок кога ефектот низ кој поминува воздухот во
плевралната шуплина се однесува како вентилна клапа,така што при вдишување
навлегува воздух во тораксот, а при експириум не излегува. Ваквиот пнеумоторакс
се вика вентилен пнеумоторакс. Често пати пнеумотораксот е придружен со
хидроторакс, или излив на гноен ексудат. Таквите состојби се нарекуваат
хидропнеумоторакс и пиопнеумоторакс.
Хидротораксот претставува собирање на течност во плевралната шуплина. За
тоа воспалението не е причина. Хидротораксот настанува кога настануваат и
генерализираните отоци, а најчеста причина за тоа е слабост на срцето. При
собирање на поголемо количество течност во градната шуплина, доаѓа до
притисок на белите дробови и до последици кои настануваат од тоа.
Хемотораксот претставува излевање на крв во плевралната шуплина. Тоа се
случува при раскинување на крвните садови од траума, туморен раст и др.

You might also like