You are on page 1of 2

Алфа-хемолитички стрептококи

Стрептококус пневномија(Streptococcus pneumonia)


Овој вид стрептококи до неодамна спаѓаше во посебен род и се викаше Diplococcus pneumonia.Според
најновата номенклатура се вика Streptococcus pneumonia.Најчесто се вика Pneumococcus.

Морфологија-Пневмококот има форма на врв од копје или пламен од свеќа.Редовно се наоѓаат по две
заедно во вид на диплокок споен со својот проширен дел. Понекогаш може да формираат кратки
синџири.Околу диплококот како и околу кратките синџири се наоѓа капсула.Пневмококот не формира
спори.По грам се бојосува позитивно.

Културелни особини-Пневмококот е аеробна и факултативно анаеробна бактерија.Може да се


култивира само на подлоги кои се збогатени со нативни белточини.Многу добро расте на крвен агар-
плочка.Врз неа со инкубацијата од 24-48 часа се формираат ситни, проѕирни, мазни и сјајни колонии кои
имаат изглед на капки од роса.Околу колониите овој стрептокок формира тесни зони на алфа хемолиза.

Отпорност и чувствителност-Пневмококите спаѓаат во чувствителни бактерии.Пневмококот е


чувствителен спрема многу антибиотици и сулфонамиди.Најчувствителен е на
пеницилините.Пневмококот не може долго да живее на вештачки хранилишта бидејќи лесно и бргу
подлегнува на автолиза.Чивствителен е на оптохии.

Токсичност-Пневмококот не лачи вистински егзотоксини.Продуцира пневмолизин, леукоцидини и


хијалуронидаза.Покрај тоа го продуцира и пурпур-факторот.Капсуларната сунстанција на пневмококот
не е токсин но има мошне значајна улога во неговата патогеност и вируленција.

Антигенска структура-Пневмококот содржи пневматски и капсуларен антиген.Овој антиген има особина


да предизвикува бабрење на капсулата во хомологниот серум.Тој феномен се вика Нојфелдов феномен.

Поделба-Врз основа на капсуларните антигени, пневмококите се поделени во над 80 типови.

Патогеност за човекот-Пневмококот пред се предизвикува заболување на респираторниот


тракт.Најчесто предизвикува лобарна пневмонија.Поретко презивикува бронхопневмонија.Над 80% од
сите пневмонии се предизвикани од пневмококи.Таквите пневмонии неретко доведуваат до
компликации.Меѓу нив најчести се:септикемијата, емпиемот, миокардитисот, ендокардитисот и
артритисите.Покрај тоа предизвикува воспалителни промени на параназалните синуси и на средното
уво, менингитис и перитонитис.

Имунитет-Пневмококусот во организмот го стимулира слабиот и несолиден типски специфичен


имунитет.

Микробиолошка дијагноза-Се поставува само бактериолошки.Материјалот најчесто се зема во


зависност од местото на заболување.Најчесто е исплувка.Покрај тоа може да биде и гној, ликвор и
пукнатини од паранзалните синуси и торакалната шуплина.Од земениот материјал се подготвува
препарат обоен по Грам и се врши засејување на крвна агар-плочка и во серумски или асцитен бујон.

Специфична терапија- Изборот на лекот е пеницилинот, а за болните осетливи на пеницилинот е


еритромицин.

Епидемиологија-Резервоар на зараза е човекот и тоа најчесто самиот болен. Извор на зараза е


назофарингеалниот секрет, поретко гнојот.Поретко се пренесува со директен и индиректен констакт, а
почесто со нозофарингеалниот секрет од болниот или бациноносителот.Мошне често се пренесува со
воздухот. Пневмококните заболувања најчесто се јавуваат во зимските месеци.Најчувствителни се
малите деца и старите лица.

Специфична профилакса-Имунизацијата со типско-специфичните антигени ретко се користи. За


профилакса најчесто се користи сулфонамиди и пеницилини.

You might also like