You are on page 1of 4

Текстил

1. За што се користи текстилот?

За изработка на облека, постелнини, завеси, килими, во изработка на мебел

2. Од кои суровини се добива текстилот?

Памук, конор, лен, свила, волна, синтетички влакна

3. Според тоа од која суровина се изработува текстилот, каков текстил


разликуваме?

Природен и вештачки

4. Како се произведува текстилот?

со ткаење на разбој и со плетење

5. Кои се работните постапки при обработка на текстилот?

Мерење и обележување според димензиите, кроење и сечење, составување и украсување

6. Кои се особините на текстилот?

Впивање на вода, растегливост и мекост

7. Наброј неколку готови производи од текстил!

Фармерки, ташни, фустани, сукњи, блузи

Хартија

1. За што ја користиме хартијата?

За цртање, пишување, печатење, пакување, амбалажа

2. Од кои суровини се добива хартијата?

Дрво, слама, трева, стари крпи, стари хартии, коноп, иситнети стебла од пченка

3. Каде се произведува хартијата?

Во фабрики кои се опремени со специјални машини

1
4. Кои се особините на хартијата?

Тврдост, еластичност и жилавост

5. Што значи особината тврдост на хартијата?

Тврдост е отпор што го дава хартијата на алатот при обработка, сечење

6. Што значи жилавост на хартијата?

Жилавост е поврзаноста на влакната на хартијата што ја забележуваме при кинење

7. Што значи еластичност на хартијата?

Еластичност е отпорот што го дава хартијата при свиткување и превиткување

8. Кои работни постапки се применуваат при изработка на модели и макети од


хартија?

Мерење и обележување, превиткување, составување, лепење, боење

9. Што треба да направиш откако ќе завршиш со работа на твојата макета?

Работното место да се остави чисто, непотребната хартија да се фрли на место кое е


означено за отпад од хартија

10. Што е рециклирање?

Преработка на користени материјали за добивање нови производи

11. Низ кои три фази поминува процесот на рециклирање?

Собирање, преработка и повторна употреба

12. Која боја е кантата за селектирање на хартија?

сина

13. Зошто е битно и корисно рециклирањето на хартија?

За да ја зачуваме планетата чиста и да имаме здрава иднина

14. Што е оригами?

Традиционална јапонска вештина за правење фигури од хартија

2
Дрво
1. Каде се наоѓа дрвото?

го има во шумите, парковите, планините

2. Зошто се користи дрвото?

Во градежната индустрија и за греење

3. Каде се наоѓа примена дрвото во градежната индустрија?

Во секој дом, деловен простор, училишта во облик на греди, летви, даски, врати,
прозорци, маси, столови, скали, клупи, мебел

4. Кои се постапките при првичната обработка на дрвото?

1.Сечење и отстранување на гранките 2.со пили се сечи и се добиваат трупци

5. Кои полупроизводи се добиваат од дрвото?

Фурнир, шпер плоча, панел плоча, лесонит, иверица, греди, даски, летви

6. Објасни за фурнирот како се добива!

Се добива од листопадни дрва со кружно и вертикално лупење на трупците

7. Објасни го процесот за добивање на шпер плоча!

Се добива со накрсно лепење на повеќе листови фурнир со лепило под прав агол

8. Од какво дрво се добива панел плоча и објасни го начинот како се


изработува?

Се изработува од меко дрво, се добива од тенки летвички наредени и залапени една до


друга и одозгора и одоздола залепени со фурнир

9. Објасни како се прави лесонитот!

Се изработува од дрвни отпадоци кои се ставаат во специјални котли, се мешаат со


лепило и се варат на пареа и се пренесуваат во специјални машини-преси

10. Објасни го начинот како се прави иверица!

Се изработува од дрвни струганици измешани со лепило и пресувани

11. Каде се прават греди, летви и даски?

3
Во пиланите со бичење

12. Наброј ги постапките при обработка на дрвото!

Обележување, сечење, брусење, турпирање, дупчење, длабење, составување

13. Со каков алат се изведува постапката длабење и што може да се изработи со


таа постапка?

Се изведува со длето, а на дрвото можат да се изработуваат најразлични фигури

14. Која е последната постапка при обработка на дрвото?

составувањето

15. Од што зависи квалитетот на дрвото?

Од растот на дрвото, распоредот на клетките, нивната меѓусебна поврзаност и збиеност,


количеството и квалитетот на течноста чшто ја содржи дрвото

16. Какво треба да биде дрвото при неговата техничка обработка?

Треба да биде суво

17. Со какво средство се премачкува дрвото и од што го штити премачканото


дрво?

На неколку години да се премачкува со “лесол” кој го штити од штеточини, сончеви


зраци и од вода

You might also like