You are on page 1of 2

Природни науки V одд-I тема-Агрегатни состојби на материјата

Материјата може да биде во 3 агрегатни состојби:


1.цврста(метал, дрво,стакло,пластика)се состојат од честички што се цврсто
поврзани,една до друга,вибрираат но не се движат, ја задржуваат формата
2.течна(вода, бензин, масло, киселина)не се цврсто поврзани како во
цврстата, може да се движат лесно, добиваат форма според садот во кој се
ставени
3.гасовита(воздух, хелиум, кислород)честитките се широко распостранети, се
движат слободно, лесно се шират и го исполнуваат просторот во кој се
наоѓаат, немаат постојана форма или волумен

Цврста течна гасовита


Материјата со загревање или ладење можат да преминат од една во друга
агрегатна состојба, од цврсти материи во течни, од течни во гасовити и
обратно, тоа се нарекува менување на состојбата.
Водата во природата испарува под влијание на сончевата енергија и
преминува во водена пареа. При брзо загревање водата врие и испарува.
Точка на вриење на водата-100°С, точка на топење-0°С
Испарување-процес при кој течноста се претвора во гас
Примена на водената пареа: *готвење на пареа, *чистење на пареа
(дезинфекција, пеглање), *добивање на електрична енергија.
Кондензација-процес при кој гасот преминува во течност, тоа е обратен
процес од испарувањето.
Со ладењето на водната пара настанува течна вода.
Водната пара е гас кој се добива кога водата испарува.
Примери за кондензација-магла, снег, облак
Кондензацијата и испарувањето се дел од водниот циклус и обновувањето на
водата на Земјата
Кога врне дожд водата паѓа на земјата и се слева во реките, езерата или
морињата. Таа вода сонцето ја загрева иду до испарување во воздухот како
водена пара каде се лади, ова предизвикува водната пара да кондензира во
течна вода.Како што се лади водната пара така се формираат облаци. Кога
обблаците уште повеќе се оладат, водата почнува да паѓа како дожд. Овој
процес се повторува и се нарекува воден циклус.
Кружењето на водата се состои од:
1. Испарување(океани,мориња,растенија,почва)
2. Кондензација (во атмосферата)
3. Врнежи (дожд, град или снег)
Раствор се прави така што се раствора цврста материја во течност.
Ако супстанцата добро се раствора во вода-растворлива:сол, шеќер,
цедевита, лимонов сок. Ако супстанцата не се раствора во вода, таа е
нерастворлива: железо, песок, ориз, пластика, стакло, дрво, креда
Цврстите нерастворливи материи можат да се одделат со:
1. Со претурвање ( одлевање)
2. Со сито (цедалка)
3. Со филтерна хартија (филтрација)

филтерната хартија има мали дупчиња, водата минува низ нив а


нерастворливите материи се задржуваат во инката за филтрирање, овој
метод се нарекува филтрација
Цврстите растворливи материи се одделуваат со:
1. Со испарување
2. Со кристализација

You might also like