You are on page 1of 10

6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

1. Животна средина е се ona што не опкружува i e podelena na:

 vodna sredina (reki, ezera, moriwa, bari, okeani...)


 kopneno-vozdu{na sredina (planini, {umi, grad, nivi, pustina...)

2. Живеалиште е pomal del od жivotnata sredina vo koe живеат одредени


растенија и животни.

Живеалиште може да биде една ледина(на која живеат разни видови


животни и вегетираат разни растителни видови),една бара,едно
езеро,еден парк,една грмушка,шума итн.)

3. Влијанието на човекот врз животната средина може да биде:

 позитивно
 негативно

4. Позитивно влијание на луѓето врз животната средина:

 Не ја троши водата залудно!


 Не го загадувај воздухот!
 Не фрлај отпадоци!
 Не ги сечи или пали дрвјата!
 Засади нови дрвја исти како локалните!
 Не ги уништувај природните живеалишта на животните!
 Направи природни резервати!
 Да се рециклира!
 Прогласување национани паркови!
 Заштитување на загрозениот вид!
 Користи обновливи извори на енергија!

5. Негативно влијание на луѓето врз животната средина Луѓето со цел да ги


задоволат своите потреби преку своите активности делумно или целосно
уништуваат некои живеалишта или ги променуваат условите во нив.

 Сечење на шумите за огрев или граѓа.


 Косење на ливадите или обработка на земјиштето и негово
претворање во обработлива површина.
 Сушење на мочуришта со цел создавање на плодна и обработлива
површина.
 Градење на свои живеалишта , патишта, фабрики кои дополнително
ја загадуваат околината.
 Градење на пристаништа и фрлање на пластичен отпад на сред океани.
 Испупуштање на претходно непрочистени отпадни индустриски води во
реките ,езерата ,морињата.
 Фрлање на отпад и создавање на депонии и др.

1
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

 Загадувањето на водите се врши преку исфрлање на отпадни води во


реките, нафта во океаните, како и разни отпадоци во водите со што може
да се предизвика помор на рибите.

6. Постојат организации кои работат на заштита на животната средина.Една од


најпознатите е " Светски фонд за природа" или WWF

7. Загрозени видови на живи организми- се видови кои се малубројни и чиј


опстанок и постоење се доведени во прашање најчесто заради негативното
влијание и невнимание при некои човечки активности со кои директно се
уништуваат овие живи организми(лов) или индиректно преку уништување на
нивните живеалишта или менување на условите во тие живеалишта)

Бенгалскиот тигар е загрозен вид на животно.Светскиот фонд за заштита на


природата ги има преброено овие тигри и нивниот број е 1850. Неговото
природно живеалиште се намалува просторно зради луѓето кои го сакаат тој
простор за свои потреби. Исто така тој е загрозен заради ловот.

8. Како секој од нас може да помогне во заштита на животната средина?

9.Треба да знаеш како ти би можел да истражиш некое живеалиште!


Кога истражуваш некое живеалиште внимание треба да се обрати на тоа
-кои растенија и животни ги има таму
-колку растнија и животни има
-како да ги идентификуваш(откриеш) видовите на живи организми
-кои показатели треба да ги евидентираме(под показатели се подразбираат
податоци кои зборуваат за бројот на живи организми,податоци за условите на
живеење во тоа живеалиште/температура,вода,влажност итн.)
-кои се можни закани за тоа живеалиште
-како може да се заштии тоа живеалиште

10. Загадувањето од фабриките, автомобилите и домовите го прави дождот


кисел. Всушност кога фосилните горива како јаглен и нафта горат во

2
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

термоцентрали, фабрики, институции или нашите домови, при согорувањето се


ослободуваат штетни гасови како јаглероден диоксид и сулфурдиоксид. Овие
гасови се мешаат со воздухот- одат во облаците. Тие предизвикуваат создавање
на кисели дождови со pH вредност помала од 5.

11. Штетни гасови се:

 сулфурен оксид
 азотен оксид
 јаглероден диоксид

12. Последици од киселите дождови се:

*загадување на почвата и водите

*уништување на нежните листови и сушење на растенијата

*нагризување на фасадите и спомениците

3
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

13. Ефект на стаклена градина е природнен процес на Земјата на задржување


на дел од топлината од Сонцето со помош на гасовите водена пареа, јаглероден
диоксид, азотни оксиди и метан кои уште и ги нарекуваме стакленички гасови.
Таквото задржување на толина овозможува оптимални температури на Земјата
за живот.

14. Главни гасови на стаклената градина се стакленичките гасови:

 водена пареа
 јаглеродиоксид
 метан
 азотни оксиди

15. ЗАСИЛЕН ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА ГРАДИНА е зголемено количество на


стакленички гасови во атмосферата како резултат на човековите активности кои
придонесуваат тие да се создаваат. Посебно е зголемено количеството на
јаглероден диоксид. Зголемената концентрација на штетни гасови формира
подебел топлотен штит кој не дозволува преминување на топлината во
атмосферата и целосно се задржува на површината на Земјата.

ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ е последица на ЗАСИЛЕНИОТ ЕФЕКТ НА СТАКЛЕН


ГРАДИНА и се подразбира како золемување на просечната темпратура на
планетата Земја . ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ доведува до КЛИМАТСКИ
ПРОМЕНИ на Земјата.

16. Гасови за кои научниците се загрижени за засилениот ефект на стаклената


градина се:

*јаглероден диоксид-потекнува од горење на фосилни горива и сечења на дрвја

*метан-потекнува од оризови полиња и од животни како што се кравите

4
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

17. Активности кои го засилуваат ефектот на стаклена градина и


предизвикуваат глобално затоплување:

 Одлагање на депонија- ослободување на метан.


 Горење на фосилни горива- зголемено количество јаглеродендиоксид.
 Сечење на шумите- намалување на количеството кислород.
 Интензивно работење на фабрики- ослободување на метан, јаглероден
диоксид, азотни оксиди.
 Автомобили- јаглерод диоксид, азотни оксиди.

18. Како да се намалат ефектите на стаклена градина?

 Претворање на органскиот отпад во компост, наместо негово согорување.


 Ефикасна употреба на енергијата во домовите.
 Масовно пошумување- со што би се намалил вишокот јаглероден
диоксид.
 Поставување филтри на оџаците од фабриките.
 Разумно користење на автомобилите и давање предност на велосипедите
и јавниот превоз.

Последици од ефектот на стаклена градина (ако глобалното затоплување


продолжи и понатаму):

 Топење на санти мраз на половите


 Подигнување на водното ниво на океаните и поплави
 Уништување на живеалиштето во поларните области

Штетни ефекти на глобалното затоплување

Врз здравјето:

 Размножување на комарци кои пренесуваат заразни болести.


 Покачени летни температури кои доведуваат до поголема смртност.
 Во сушните предели- неисхранетост и глад.

Врз животната средина:

 Промена на условите- промена во растителниот свет- исчезнување на


видови.
 Топење на глечерите- зголемување на морското ниво- загуба на плажи.
 Суши-исушување на реките- загрозување на вода за пиење.

5
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Штедење на енергија

1. Енергијата е потребна за сите активности на човекот.

2. Има повеќе видови на енергија:

 топлинска енерија
 светлинска енергија
 механичка енергија
 хемиска енергија
 звучна енерија
 електрична енергија

3. Секоја од горенаведените форми на енегија ја добиваме од различни


апарати кои пак работат на електрична енерија.
Пример
-Телевизор,компјутер-.работат на електрична енергија и ја претвора
електричната енерија во светлинска, звучна ,топлинска енергија
-шпорет-работи на електричн енергија и ја претвора во топлинска енергија
-фен-работи на електрична енергија и ја претвора во топлинска,звучна и и
механичка енергија

4. Постојат два основни вида извори на енергија

 Необновливи извори: Фосилни горива (јаглен, природен гас, нафта)


 Обновливи извори (вода, ветер, сонце, термални извори, биомаса и.т.н.)

5. Многу држави произведуваат енергија со употреба на обновливи ивори на


енергија-извори кои не можат да се потрошат. Такви се:

 Соларната енергија (од Сонцето)


 Хидроелектричната енергија (од водата)
 Геотермалната енергија (од топлината од внатрешноста на Земјата)
 Ветерната енергија

6
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

6. Какво влијание има начинот на производството на електрична енергија врз


околината!
Која е разликата во користење необновливи и обновливи извори на енергија
во однос на заштитат на природата?

 Електроцентралите кои работат на необновливи извори на енергија


(фосилни горива ) ја загадуваат околината.Согорувањето на фосилните
горива(нафта , јаглен, гас ) е придружено со ослободување на гасови кои
предизвикуваат создавање на кисели дождови,прашина и други
загадувачки материи.
Рударските активности потребни за да се дојде до фосилните горива исто
така влијаат на уништување на природните предели. .

 Наспроти електроцентралите кои работат на необновливи извори на


енергија ,електроцентралите кои работоат на обновливи извори на енергија
не ја загадувааат околината.Затоа велиме дека тие имаат чисто
производство, односно еколошко проиводство на електрична енергија.

7. Зошто треба да штетиме електрична енергија?

Штедејќи енергија , штедиме пари , но и се грижиме за животната средина .


Покрај тоа што необновливите извори штетат, се смета дека и за скоро време ќе
се потрошат.
Со штедење на електричната енергија се намалува потрошувачката на горивата
(необновливите извори) што служат за нејзино производство ,а со тоа се
намалува и загадувањето,т.е гасовите кои се ослободуваат при согорување на
тие горива , а придонесуваат за зголемување на ефектот на стаклена градина

8. Како можеме да штедиме електрична енергија?

 Преку исклучување на светилките или апаратите кои работат на


електрична енерија кога не ни се потребни
 Преку замена на обичните светилки со штедливи
 Со штедливо користење на топла вода ја намалуваме потрошувачката на
електрична енергија
 Со добра термоизолација на домовите ја намалуваме потребата од
дополнително загревање на домот трошејќи електрична енергија
 Носење потопла облека во зима наместо додатно затоплување на
просториите

Во Р. Македонија 69% од електричната енергија која ја користиме е произведена од


термоцентрали, а останатите 31% се произведени од хидроцентрали и само мал дел е
произведена од ветерници.
-Познати термоцентрали во Македонија се: РЕК Битола, Осломеј Кичево;
-хидроцентрали: Тиквеш, Вруток, Врбен;
-ветерен парк е Богданци со 22 ветерни турбини.

7
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Расфрлање отпад

Сите производи кои ги користи човекот после нивното искористување стануваат


отпад.
Големата количина на отпад која се создава природата не може да ја разложи,
па затоа основна цел е да се создава колку што може помалку отпад, како и од
отпадот да се искористи и употреби колку што може поголем дел.

Во цврст отпад спаѓа: хартија, најлон, пластика, гума, бела техника, мебел и др.

Доколку отпадот не се преработи, се расфрла насекаде и ја загадува околината


се нарекува ѓубре.

Селектирање е одделување на отпадот според видот.

Видови отпад:

 Пластика-жолта боја
 Стакло-зелена боја
 Хартија-сина боја
 Орргански остатоци-кафеава
 Електронски отпад

Управувањето со отпадот опфаќа три основни чекори што треба да се поминат


пред некој предмет да се исфрли како отпад.

1.Намалување
Сите треба да ја намалиме употребата на производи, а со тоа ќе ги намалиме
отпадните продукти во корпата за отпад. Затоа е подобро да се купува
во поголеми пакувања. Да не се купуваат производи кои содржат непотребна
амбалажа. Да се пазари во платнена торба, а не во пластични кеси.
2.Реупотреба е употребување на еден ист предмет повеќе пати
Некои производи можат повторно да се употребат за одредена намена и да не
се фрлаат веднаш во корпата. Затоа треба да се размисли пред да се исфрли
нешто: дали можам повторно да го искористам ова? Треба да бидеме
креативни и да смислиме многу нови начини на повторна употреба на
искористени предмети.

8
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

3.Рециклирање е процес при кој искористените предмети (стаклени шишиња,


весници и друга хартија, лименки, пластични шишиња, метални предмети,
текстил) се носат во фабрики, се преработуваат, со цел повторно да се добијат
нови производи што можат да се употребуваат.
Со ова се овозможува заштеда на природните богатства и намалување на
отпадоците во депониите.
Знакот за рециклирање има три стрелки од кои едната значи собирање,другата
преработкa, а третата повторна употреба н матеијалите

Која е придобивката од рециклирањето?


1.Се намалуваат депониите
2.Се намалува потрошувачката на енергија
3.Се намалува потрошувачката на нови суровини
4.Се намалува загадувањето на природата

Каде одат отпадоците?

Отпадоците од домаќинствата, од корпите за отпадоци, преку контејнери, со


помош на службите за комунална хигиена одат до депонија. Депонија е голема
област наменета за прифаќање на отпадот.

Дали е важно дали расфрламе ѓубре наоколу? Зошто е важно?


• Личи валкано.
• Расчистувањето на отпадот чини пари.
• Привлекува муви и комарци.
• Може да е опасно за луѓето и животните.
• Скршено стакло може да предизвика сериозни повреди.
• Пластичните кеси може да ги задушат домашните животни или
миленичињата.

 Депонијата го уништува живеалиштето на растенијата и животните кои живееле


на таа локација.
 Депониите каде што само се истоварува ѓубрето шират непријатна миризба
 Ваквите депонии привлекуваат инсекти, птици, глувци, кучиња и мачки
скитници.
 Течностите што се ослободуваат при овој процес ја загадуваат почвата и
подземните води.
 Депонијата лесно може да се самозапали и представува опасност за заедницата.

9
6 4 ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Национални паркови

1.Национални паркови се региони каде што живеат РЕТКИ ВИДОВИ како и


видови кои по својата старост од врмето кога се појавиле се посебно значајни за
природата и разновидноста на живиот свет(биодивезитет).Сите национални
пакови се ЗАШТИТЕНИ ПРИРОДНИ ЖИВЕАЛИШТА СО ЗАКОН.

2.Oвие НАЦИНАЛНИ ПАРКОВИ постојат како заштитени области за да се


заштитат живеалиштата во нив и да се спречи исчезнувањо на дивите животни и
природните растителни видови.

3.Националните паркови се одржуваат со почитување на законските прописи и


правила со кои се нагласуваат кои активности се строго забранети за
поситетлите ,со кои се регулира ловот и риболовот и сечата на дрва и
користење на други растителни видови.

4.Во РМ постојат три национални паркови


Пелистер
Маврово
Галичица

5.Карактеристични видови оргнизми за националните паркови во РМ

-За нациналниот парк Пелистер најкарактеристична е МОЛИКАТА како


единствен вид на бор во околината.

-Во националниот парк Маврово по течението на Мавровска Река има многу


загрозени видови растенија и диви животни како ,македонскиот рис, а во
реката Радика кафеава пастрмка и др.видови на риби Рибите е дозволено е да
се ловат од почетокот на февруари до крајот на септември затоа што во
другите месеци е време кога тие се мрестат- размножуваат

-Во националниот парк Галичица исто така иа повеќе растителни и животински


видови кои се карактеристични за таа област.Дивата коза, рисот и мечката на
Галичица од цицачите кои се реткост во останатите делови на Европа и
големиот и малиот корморан и пеликанот од птиците кои природно го
населуваат Преспанското Езеро и островот Голем Град.

6. Флора е РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ


Фауна е ЖИВОТИНСКИОТ СВЕТ
БИОДИВЕРЗИТЕТ се вика разновидноста на растителниот и животинскиот свет

8.Судбината на човештвото е тесно поврзана со биодиверзитетот –


разновидноста на животот на Земјата. Биодиверзитетот е од суштинско
значење за одржливиот развој и човековата благосостојба.Човекот директно
зависи од постоењето на тој биодиверзитет пред се заради неговата прехрана.
Тој е од клучно значење за намалување на сиромаштијата .

10

You might also like