You are on page 1of 4

Прашања од темата „Коски мускули во човековото тело“

1. Што го сочинува скелетот на човековото тело?

Скелетот на човековото тело го сочинуваат коските

2. Наброј ги функциите на скелетот!

1.да ги штити органите 2.да го држи телото исправено 3.да му помага на телото во движење

3. Дали коските се цврсти или кршливи?

Тие се цврсти но се и кршливи

3. Ако се случи кршење на коската каде треба да одиме?

На лекар да се снима на рендген снимка

4. Во што е сличен скелетот на човекот со животните?

Череп, рбет, ребра и карлица

5. Со кои животни има разлики во скелетот со човекот?

Со птиците-имаат крилја, со жабите-имаат долги нозе

6. Како се викаат животните кои немаат рбет?

безрбетници

7. Колку коски имаат бебињата и зошто не е ист со бројот на коски со човекот?

300 коски, бидејќи нив ги чека долг период на раст и развој и некои коски им се поделени на
составни делчиња, со тек на време се спојуваат и сраснуваат во една голема коска

8. Во кој дел од телото се наоѓаат поголемиот број на коски кај човекот?

Во рацете и стапалата

9. Што треба да примаме за да се развиваат и зацврстуваат коските?

Доволно количество на калциум

10. Во кои производи го има калциумот ?

Во млечните производи како млекото, сирењето и јогуртот

11. Каква форма имаат коските?

Секоја коска има определена форма( долги, сплоснати, заоблени, куси, ситни, мали)
12. Која е функцијата на черепот?

Го штити од повреди мозокот и сетилните органи

13. Која е функцијата на рбетот?

го држи черепот, ни овозможува да седиме и стоиме исправено, го штити рбетниот мозок

14. Која е функцијата на градниот кош?

Го штити срцето и белите дробови

15. Која е функцијата на коските на стапалото?

Ја одржуваат рамнотежата на телото

16. Каде се наоѓаат мускулите на човековото тело?

Тие се прикачени за коските

17. Зошто служат мускулите на вилицата?

За јадење, зборување, дишење

18. Зошто служат мускулите на рацете и нозете?

За одење, трчање, пливање, кревање молив

19. Сите мускули и коски го....

Прават системот за движење

20. За да може скелетот да се движи потребни се...

мускули

21. Како функционираат коските и мускулите?

се издолжуваат и собираат

22. Што е важно да правиме за да бидеме здрави?

Да бидеме физички активни е многу важно за сите органи посебно за коските и мускулите

23. Коските кај човекот се групираат во три групи, тие се:

1.коски на главата 2.коски на трупот 3.коски на рацете и нозете

25. За што ни помагаат вакцините?

Да се заштитиме од многу болести


26. Какви болести спречуваат вакцините?

Сипаници, беснило, тетанус, детска парализа, туберколоза, грип и сл.

27. Доктор Едвард Џенер ја пронашол вакцината за...

Големи сипаници кон крајот на 18 век

28. Францускиот научник ЛујПастер ја пронашол вакцината против...

Беснило во 19 век

29. Александар Флеминг го открил...

Пеницилинот кој се користи за лечење на болести предизвикани од бактерии и е антибиотик

30. Кога имаме воспаление на грлото, на увото или на градите тогаш неопходно е ...

Да земиме антибиотик

31. Што убиваат антибиотиците?

Ги уништуваат микроорганизмите и бактериите, го спречува нивното развивање во организмот

32. Зошто земаме лекови, во што помагаат тие?

Му помагаат на организмот да оздрави и да се излечиме, а некогаш ги ублажуваат болките

33. Каде ги купуваме лековите и кој ги препишува?

Ги земаме од аптека а ги препишува лекар, ни дава рецепт

34. Како се лечи човекот со природни лекови?

Некои видови тревки се користат во вид на чај, некои се приготвуваат служат за лечење на рани

35. Што треба да јаде човекот за да не се разболува?

Почесто да јаде овошје и зеленчук бидејќи тие се богати со витамини

You might also like