You are on page 1of 2

СЕТИЛО ЗА ВКУС

Како нашиот мозок знае дека јадеме чоколадо, а не морков? Одговорот на ова
прашање го има сетилото за вкус.
Сетилото за вкус ги прима вкусовите преку нервни клетки, наречени телца за
вкус, кои се наоѓаат на самата површина на јазикот. Ако го погледнеме нашиот јазик, ќе
забележиме дека на него има многу испакнати делови. Јазикот може да разликува
четири главни вкусови – горчливо, кисело, солено и благо. Секој од овие вкусови е
распореден на различна страна на јазикот.

Сетилото за вкус ни кажува кои хранливи материи да ги јадеме, но исто така, не


предупредува и ни кажува ако нешто е опасно и штетно со чувствување на горчлив вкус.
Човекот преку сетилото за вкус го прави изборот на храна која ја внесува. Поради
тоа, факт е дека сетилото за вкус ни помага да уживаме во храната што ја јадеме.
СЕТИЛО ЗА МИРИС

Сетилото за вкус и сетилото за мирис функционираат заедно. Сетило за мирис е


носот. Носот е составен од две ноздри, преку кои ние дишеме и ги чувствуваме
мирисите.

Во носот се наоѓаат клетки за мирис, таканаречени рецептори, кои ни откриваат


различни мириси. Носот е од животна важност за човекот. Преку него, ние можеме да
почуствуваме добри и лоши мириси. Носот е тој кој ја мириса храната додека ја јадеме
и му испраќа порака на мозокот. Кога имаме кивавица, нашиот осет за мирис не
функционира многу добро и во тој случај вкусувањето на храната е тешко.
Мирисот активира сеќавања и емоции поврзани со некои настани, влијае на
нашето расположение, па дури може да не натера и да купиме нешто. Од сите сетила,
ова сетило е најмногу поврзано со меморијата.

You might also like