You are on page 1of 13

1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

1. Што претставува натуропатијата?

Натуропатијата е наука која лекува co хидротерапија, хербална медицина и хомеопатија, co


елиминација на прекумерното јадење, консумирање чај, кафе и алкохол.

2. Кои се методи на натуропатијата ? (наброј)

-Акупунктура, ботаничка медицина, хомеопатија, кранијална остеопатија, третман co бои, озон


терапија, рефлексологија, бохова терапија, александар техника.

3. Која е филозофијата на натуропатијата?

Прво да не се наштети, да се примени грижа за пациентот co максимална добивка за здравјето,


да се препознае кај секоја индивидуа природниот ресурс за само лекување од своите
потенцијали, да се препознаат состојбите на заболувањата и да се елеминираат
предизвикувачките фактори, да се едуцираат луѓето за сопствена грижа за здравјето, да се
третира личноста co индивидуалните здравествени фактори и нивно зголемување, да се
промовира здравиот начин на живот, да се превентираат заболувањата поред личноста,
општеството и трендовите во светот.

4. Што претставува нутриција ?

Нутриција или исхрана е внес до клетките и организмите во форма на храна co цел да се одржи
животот. Многу општо познати здравствени проблеми можат да се спречат или ублажат co
здрава храна.

5. Кои хранливи материи штитат од кардиоваскуларни заболувања ?

Интегрални продукти, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семки, маслиново масло, овес,
мешунки, јаткаско овошје богати co растворливи влакна и др.

6. Кои хранливи материи штитат од малигни заболувања ?

Фолна киселина која ја има во зелениот лисен зеленчук, брокула, зелка, боровинка, домат, при
овие заболувања се препопрачува 5-10 парчиња различно овошје.

7. Превенција и третман на остеопороза co исхрана ?

Супстанции што содржат високи дози калциум во намирниците за исхрана. Такви намирници се
грав, соја, зелјка, кафриол, брокула, спанаќ, зелена салата, порткал, суви смокви, јаткасти
плодови (бадем, лешник, орев), сусам, млечни производи, риба.

8. Кои продукти содржат антиоксиданси ?

Брокула, сусам, бадеми.

9. Кои продукти се добри за третман и превенција на нервните клетки?

Супстанци внесени преку исхраната кои делуваат поволно на нервниот систем се ванилата,
црното чоколадо и гинкото. Зголемениот внес на овие супстанци делува терапевтски и
превентивно.

1
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

10. Кои се позитивните и негативните ефекти од ОМЕГА-3?

Позитивните ефекти се во спречување на атеросклероза, развој на ЦНС на плодот кај човекот.


Широко се применува во превенција и третман на холестерол.

Потенцијалните негативни ефекти на омега-3 се:

*Нема ефект врз подобрување на меморијата и когницијата кај веќе настаната деменција;

*Зголемен ризик за настанување на рак на дојката кај жената

*Предизвикува зголемена инциденца за повторен мозочен удар доколку пациентот имал


претходно мозочен удар;

*Голема концентрација во крвта на омега-3 кај стари лица предизвикува атријална


фибрилација на срцето.

11. Што претставува хербалната терапија?

Употреба на екстакти од различни делови на растенијата (кора, лист, стебло, цвет, плод) во
терапевтски намени земено од традиционалната медицина на сите народи во светот -
фитотерапија

12. Наброј продукти кои се користат во хербалната терапија?

Ментол, кантарион (во вид на чај за пиење и масло за локална употреба), кора од калинка (во
вид на чај).

13. Кои сознанија базирани на докази во хербалната терапија имаат позитивен ефект врз
човековото здравје и превенција?

• Гинко - во третман на деменција, вртоглавица, подобрување на меморија

• Валеријана и маточина за смирувње и добар сон

• Екстракт од семки од тиква во третман на бенигно зголемување на простата

• Чај од анасон за надуеност на стомакот кај доенчињата

• Ехинацеа - за подобрување на имунитетот

• За мачнина и повраќање - секој вид на нане и папаја

• Ирски лишај - спречување на крварење

• Мајчина душица - антивоспалителен ефект против бактерии и вируси

• Кора од калинка - спречување на ретка столица

• Кантарион - антивоспалителен ефект при воспаление на желудникот.

14. Што претставува хомеопатијата ?

Хомеопатијата е форма на лекување која користи екстракти од тревки, билки, минерали и други
супстанци кои го стимулираат природниот потенцијал во борбата за справување co некој
здравствен проблем.

2
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

15. Кои се принципите за производство на хомеопатските лекови?

• Селекција на потребната материја

• Растворање за да се разреди супстанцата во вода или алкохол

• Изработка на медицински производ

• Пакување и упатство за употреба

16. Како хомеопатијата може да ни помогне и индикации ?

Хомеопатијата има индивидуален пристап кај секој пациент, го лекува цел организам, доколку
има симптоми се третира најфрекфентниот.

Индикации: почетен стадиум на акутна инфекција на горен и долен респираторен тракт,


хронични болести на кожа и зглобови, хормонални условени заболувања, психосоматски
заболувања, стрес, депресија, мигрена и анксиозност.

17. Кои се ризиците доколку на своја рака се земаат хомеопатските лекови?

Без минимална едукација не смее да се консумираат хомеопатските лекови, при јасни


хрирушки и ургентни знаци не се третираат co хомеопатија, таа може да се користи при
рековалесцентни состојби но само како суплемент.

18. Што претставува бахова терапија?

Баховата терапија се развила на принцип на лекување co одредени состојки што ги поседуваат


растенијата кои се во групата на цвеќиња и пред се, се користат нивните цветови. Супстанците
се користеле за нарушени емоционални и душевни состојби, депресија, страв, несоница и
стрес.

19. Што третсатвува третман co звучни вибрации и што се користи за апликатор?

Претставува емитување на звучни вибрации од традиционални садови кои се користат во


терапевтски цели кај човекот.

За апликатори се користат: звучни вилушки, вазни, кристали, камбани и други ударни


инструменти.

20. Како се нарекува треманот co риби и при што се употребува?

Уште се нарекува и ихтиотерапија и се користи кај посебни форми на псоријаза и спаѓа во


природен начин на лекување.

21. Што претставува халотерапијата, каква сол користи и кој е нејзиниот ефект?

Претставува терапија co сол, се користи готварската сол, натриум хлорид co примеси на соли на
магнезиум, калциум, манган и сулфур.

Ефектот од солта се докажал како антиедематозен и секретолитички.

3
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

22. Што е хиропрактика ?

Хиропрактиката е мануелна терапија која користи одредени манипулации за враќање на


мускулно-скелетниот систем во физиолошка рамнотежа.

23. Што е хиропрактичар ?

Хиропрактичарот е медицинско лице co одредено познавање на анатомијата, биомеханиката,


тестовите за испитување на отстапувањата од нормално, се потпира на радиографските наоди
пред да примени третман и може да биде дел од тимот за конзервативен третман во одделите
за ортопедија во болниците. Хиропрактичарите имаат и посебни карактерни особини бидејки
се лица кои веруваат во својот третман. За да се задоволат етичките принципи на примената на
ваква терапија таа треба да биде контролирана од здравствениот систем, да биде
репрезентативна за јавноста и грешките ако се направат co нејзина примена да бидат казниви
co законот.

24. Што е Хиродијагностика и од што се состои ?

Стратегија во дијагностиката е хиродијагностика при која co помош на палпација и тестови се


доаѓа до ориентациона дијагноза a се состои од: Програма за преглед на пациентот: Анамнеза,
Преглед, Топографска дијагностика, Структурна „ дијагностика и Актуелна дијагностика,
Радиографска слика и лабораторија

25. Поделба на хиропрактиката индикации и контраиндикации ?

Неспецифична-користи вообичаени мобилизации и за неа потребно е да се знае ' само


физиолошката граница на подвижност во третираниот зглоб.

Специфична-за неа е потребна точна дијагноза на оштетувањето на локомоторниот систем но и


на други системи, како што е состојбата на крвните садови и нервите. Се применува co
специфични зафати.

Индикации: Заболувања на коските и зглобовите следени co сублуксации, скратени мускули и


лигаменти.

Контраиндикации: калцификати и склерозирачки процеси, вродени деформитети на


прешлените, нарушувања на циркулацијата, псевдоартрози, вроден деформитет на колк,
хипоплазија на дискот, пореметувања во градбата на тетивите, спина бифида спондилолиза и
спондилолистеза, системски заболувања, септични процеси-општи инфекции, остеомиелит,
специфичен спондилит, коскена и органска туберкулоза, стафилококен спондилит, канцерогени
заболувања (неоплазми, саркоми, карциноми, метастази), склероза на дискот, свежи фрактури
на 'рбетот.

26. Примена на хиропрактика кај сколиозите во областа на детска ортопедија?

Хиро-практиката не била аплицирана самостојно туку заедно co вежби или co корсет, затоа не
можеме да потврдиме за нејзиниот самостоен ефект. Важно при примена на хиропрактиката
кај сколиозите е да се исклучи конгениталната сколиоза, бидејки аномалиите на прешлените се
контраиндикација за третман.

4
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

27. Како се изведуваат манипулациите во хиропрактиската амбуланта за рбетот, како за вратот ?

Во хиропрактиската амбуланта манипулациите се изведуваат на посебен тврд кревет, за рбетот,


додека за вратот може да се изведуваат и во седната положба.

28. Како се одредува дали пациентот е за третман co хиропрактика ?

*Инспекција-споредување на ненормалните препознавања лево-десно, напред назад,

*Палпација-притисок, споредување, експлорирање co прсти, Движења-споредување и мерење


на активните и пасивните движења.

*Мускулни тестови 1. Скратени мускули 2. Слаби мускули 3. Болни мускули 4. Пореметен


баланс на антагонистите 5. ММТ(мускулен мануелен тест).

*Радиографска дијагностика : 1. Стандардни слики 2. Специфични слики. После прегледот се


одлучува дали пациентот е за третман co хиропрактика

29. Третман co музикотерапија

Музико терапијата е експресивна терапија која се состои одинтерперсонален процес во кој


обучени музико терапевти користат музика и сите нејзини аспекти- физички, емоционални,
ментални, социјални, естетски и духовно да им помогнат на клиентите да го подобрат или
одржуваат своето здравје.

30. Во кои области е инкорпорирана музикотерапијата ?

Музикотерапијата е инкорпорирана во области како што се клиничка терапија,


биомузикологија, музичка акустика, теорија на музиката, психоакустика, естетика на музиката, и
компаративна музикологија.

31. Каде се користи музикотерапијата ?

Музико терапевтите се наоѓаат во речиси секоја област каде што треба да се помогне
професионално. Музико терапијата се користи во некои медицински болници, рак-центри,
училишта, центри за одвикнување од алкохол и дрога, психијатриски болници, и воспитно-
поправните установи.

32. Форми на музикотерапија ?

Музикотерапијата се користи како форма на терапија во образованието заедно co подвижни


водени слики. Музико терапевтот може да работи co поединци кои имаат пореметувања во
однесувањето-емоционални пореметувања. За да се задоволат потребите на оваа популација,
музико терапевтите нивниот третман го аплицираат врз основа на психолошки тестирања.
Третманот вклучува различни типови на музико терапија и комбинирани форми на терапија на
музико терапијата co бихевиорална терапија, когнитивната бихевиорална терапија, и
психодинамска терапија. Постојат невроимеџинг техники и студии базирани врз нивни докази
кои укажуваат на промени на мозочната активност под дејство на музиката. Музикотерапијата
се покажало дека ги подобрува и моторните функции.

5
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

33. Кои музички инструменти се користат како музикотерапијата кај деца?

Во собата за терапија треба да има широк спектар од различни инструменти. Тие треба да
се шарени, и да имаат различни текстури. Терапевтот треба да знае да свири пијано или
гитара и да биде целосно втемелен во ритамот. Изборот на инструментот за детето треба
да биде приспособен на можностите на детето. Се користат лесни инструменти, ударни и
триангли.

34. Какви третмани за музикотерапија се користат ?

Се користат индивидуални и групни третмани за музикотерапија. При тоа се користи


музицирање на инструменти, слушање музика, вербална дискусија за музиката и
користење на инкорпорирани медиумски форми на музикотерапија.

35. Кога почнала да се применува музикотерапијата?

Музикотерапијата во Австралија почнала да се применува во и по Втората светска војна во


состав на активностите на Црвениот крст. Во САД денес има асоцијација за музико
терапија формирана 1950 година, потоа Институт за музика и невролошки функции, каде
што се наоѓа и Центарот за музикотерапија. Во Велика Британија во 1978 година се
публицирани првите книги за музикотерапија. Во Африка била користена
музикотерапијата при примитивни племенски хирушки интервенции за намалување на
болката. Во 1999 год, во Преторија, Јужна Африка, бил отворен центар за музикотерапија.

36. При кои заболувања има ефект музикотерапијата ?

Музикотерапијата има ефект при нервнодегенеративните заболувања како што се


алцхајмеровата болест, деменцијата и паркинсоновата болест но и на шизофренијата,
депресијата, стравот и аутизмот.

37. Каков ефект на квалитет на одењето кај деца co церебрална парализа има
музикотерапијата?

Позитивен ефект

38. Што е хромотерапија?

Хромотерапијата, наречена и терапија co бои, колорологија или хроматерапија е метод на


алтернативната медицина, кој користи светлина или светлина во боја за да ги зголеми
енергетските потенцијали на телото, co подигање на физичкото, менталното и духовното
ниво.

39. Колку чакри има телото и каде се тие лоцирани ?

Практичарите на ајурведската медицина веруваат дека телото има седум чакри кои се
лоцирани долж рбетот и имаат значење за психата на човекот. Во современата мисла се
смета дека секоја чакра е одговорна за поодделна боја и функција која ја регулира. Ако
овие чакри се 77 дисбалансирани се појавуваат болести, а повторен баланс е можно да се
воспостави при третман co боја.

6
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

40. Опиши ја функцијата на чакрите (боите) ?

1 Црвена
локализација:базата на рбетот
функција што регулира: раст и ^овстанок.
систем што го регулира: полови жлезди,бубрези, рбет,осет за мирис.

2 Портокалова
локализација: долен дел на мевот и гениталиите
функција што ја регулира: емоции, сексуалност,
систем што го регулира: уринарен систем, циркулација, репродукција

3 Жолта
локализација: соларен плексус,
функција што ја регулира: енергија, его
систем што го регулира: мевот, црниот дроб, жолчката, панкреасот

4 Зелена
локализација: срце,
функција што ја регулира: љубов, осет за одговорност,
систем што го регулира: срце,бели дробови, тимус

5 Сина
локализација: грло,
функција што ја регулира: физичка и духовна комуникација,
систем што го регулира: грло,уши, уста,раце

6 Индиго
локализација: над веѓите,средина на чело,
функција што ја регулира:опростување,разбирање,сочуство,
систем што ја регулира: очи,хипофиза

7 Виолетова
локализација: круна на главата,калвариа,
функција што ја регулира: поврзување co вселенската енергија, пренесување информации и
идеи,
систем што ја регулира: хипофиза, ЦНС и кората на мозокот.

41. Начин на апликација на третманот co бои?

Наједноставно се поставуваат обоени сијалици во собата за третман, во студиото за


алтернативна медицина. Се советува клиентот да просторијата или собата во која престојува да
ја пребои co соодветна боја, co цел да прима сензитивни сензации co очите од потребната боја.
Во третманот co бои при апликација на сијалици се става филтер кој емитира само сакана боја.
Третманот co бои не треба да се користи како дијагностичка метода.

7
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

42. Наброј неколку типа сијалици кои произведуваат светлина co терапевтски ефект.

Најпрост пример е поларизираната светлина од биоптрон ламбата. Според тоа кој ефект сакаме
да го постигнеме co неа, таков филтер ќе поставиме. На биостимулативниот ефект се должи и
примената на ниско енергетскиот ласер, ултравиолетовата сијалица, инфрацрвената сијалица и
биоптрон сијалицата.

43. Каков резултат дава третманот co боја од холистички аспект, а каков од научен аспект?

Гледано од холистички аспект, бојата дава промени на психата и функцијата на внатрешните


органи. Гледано од научен аспект третманот co светлина кој е докажан во медицината, користи
и светлина co одредена бранова должина која одговара на дадена боја, и има докажан
биостимулативен ефект поради биохемиските реакции кои ги поттикнува на клеточно ниво.

44. Што е иридодијагностика?


Иридологијата е област на алтернативна медицина која тврди дека врз основа на на боите,
линиите и дамките во зеницата на окото дека може да се дијагностицираат здравствени
состојби на пациентите. Иридологија доаѓа од грч.збор ирис co значење зеница и логос co
значење наука. Оваа алтернативна метода се занимава co дијагностицирање врз основа на
проучувањата на зеницата или ирисот на окото, која може да биде сина, кафеава или зелена. Во
иридологијата се смета дека очите ја прикажуваат секоја здравствена состојба на нашиот
организам.

45. Кога за првпат е искористен зборот иридологија, и на кој начин ?

Први подетални описи за оваа метода има во книгата Chironatica Medica, од Philipusa Meyeusa
во 1665 год. Dr.Ignatz von Poczely унгарски лекар, прв го применил терминот иридологија. Во
детството го набљудувал окото на јастребот на кој му била скршена канџата, и му било
променето окото од иста страна. Одтука добил поттик да ги набљудува шарениците на луѓето,
на што го посветил и целиот свој живот.

46. Филозофски пристап на иридологија?

Иридологијата дава холистички пристап кој го анализира телото како целина и ја покажува
неговата сила и здравствена состојба. Во основа, co иридологијата може да се утврди дали
постои акутен, хроничен или дегенеративен процес. Исто така, co неа може да се утврди дали
во организмот се присутни токсини и тешки метали. Иридодијагностичарите сметаат дека оваа
метода е прецизна 80-95% во поставувањето на дијагнозата. Посебно сметаат дека е ефикасна
во рана дијагноза на малигни заболувања пред сите клинички показатели.

47. Дијагностицирање co иридологија?

Шареницата на окото според иридологијата е поделена на 12 сегменти и 7 концентрични


кругови co средиште во зеницата на окото. Сметаат дека шареницата од десното око ја
одразува здравствената состојба на десната половина од телото, а левата на левата половина,
додека срцето како непарен орган се појавува во двете. Овие кругови се видливи само ако
постои некоја аномалија во органите кои се наогаат, поаѓајки од првиот круг кој е најблиску до

8
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

зеницата до најодалечениот број седум. Во овие кругови се претставени срцето, цревата,


бубрезите, белите дробови, мозокот и кожата.

48. Како изгледаат нарушувањата дијагностицирани co иридологија и кои работи не можат да се


дијагностицираат ?

Пореметувањата или отстапувањата понекогаш изгледаат како дамка, или како стапче или co
неправилна форма. Други знаци се срцевите прстени кои укажуваат на срцева болест сама по
себе или обединета co други пореметувања. Постојат и некои работи коишто не можат да се
дијагности-цираат а тоа се: Минати операции, минати бремености, причини за несреќи иако се
покажува дека имало несреќа.

49. Објасни ја постапката за дијагностика co иридологија ?

Обично се користи мала сијалица и лупа co која може да се зголеми шареницата, за да може
зголемено да се испитува. Испитувањето трае неколку секунди. Co напредокот на
технологијата, постојат софтвери кои ги анализираат промените на окото откако претходно ќе
се направи фотографија. Доколку се занимаваме co ваква дијагностика потребно е високо
познавање на анатомијата и големо лекарско искуство. He се препорачува дијагностика на
неедуцирани лица.

50. При какво заболување не се покажала ефективна дијагностиката co иридологија ?

Иридологијата не се покажала како ефективна дијагностичка метода во рана детекција на рак


на дебелото црево. Во друга студија иридодијагностиката не била валидна за потврдување на
бубрежни заболувања. Иридологијата била користена како дијагностичка метода при
користење на десното око за присуство на заболувања на жолчката, споредена co наодите од
медицинските дијагностички постапки на популација од 78 пациенти методата не била
сигнификантна.

51. Каква метода е кинезиотајпинг и каде се применува ?

Кинезио тајпинг методата претставува мануелна техника, која се применува во


рехабилитацијата co цел да го олесни природниот процес на оздравување, при тоа
овозможувајќи стабилизација на мускулите и зглобовите, без ограничување на подвижноста на
телото, во комбинација co екстендирачка манипулација на меките ткива. Кинезиотајпинг се
применува во рехабилитативната терапевтска практика. Овој неинвазивен метод применува
употреба на уникатно дизајнирани и патентирани ленти за третман на мускулни заболувања и
редукција на лимфедемот. Овој метод вклучува тајпинг над и околу мускулите co цел да им
помогне или да им даде поддршка или да ја превенира прекумерната контракција.

52. Кога е формирана првата Асоцијација на кинезиотајпинг и каде ?

Првата Асоцијација на Кинезиотајпинг методата беше официјално формирана во Јапонија во

9
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

1984 година. Co ова им се овозможи на практикантите да можат да ги споделуваат своите идеи


и резултати, во прилог на симпозиуми.

53. Каква метода се користи за кинезиотајпинг ?

За да се обезбеди потполн обем на подвижност, за кинезиотајпинг се применуваат еластични


ленти со околу 130Л4(еластичност од нивната оригинална должина. Оваа специфична
еластичност не дозволува прекумерно истегнување на мускулите меѓу себе. Лентите може да
бидат слични на тие што се применуваат во атлетиката, но за кинезиотајпинг тие
фундаментално се разликуваат од нив. Кинезиотајпинг се базира на поинаква филозофија чија
цел е да обезбеди полн обем на движење, co што му дозволува на мускулниот систем да се
лекува по биомеханички пат.

54. Каков резултат се добива co кинезиотајпинг методата ?

Кинезиотајпингот ја намалува болката и ја олеснува лимфната дренажа co микроскопски


лифтинг на кожата. На делот на кој се поставуваат лентите за тајпинг се создаваат вијуги на
кожата, co што се зголемува интерстицијалниот простор. Резултатот е намалување на
притисокот и иритацијата на сензорните и нервните рецептори, co што се намалува и болката.
Се намалува и притисокот во лимфотокот, co што се овозможува подобрување на протокот.

55. Што претставува едукацијата за спроведување на кинезиотајпинг метода ?

Едукацијата претставува еден од најважните елементи во оваа метода. Заедно co


сертифицирани кинезиотајпинг инструктори, д-р Кејс оджува семинари и курсеви ширум светот
co што ги шири своите знаења за оваа метода и врши едукација за нејзината практична
примена. Откако ќе го завршат курсот и ќе се здобијат co сертификат за присуство,
практикантите се придружуваат на селективни групи на медицински професионалци кои се
овластени за примена на кинезиотајпинг методата во рамките на нивната област во праксата.

56. Со колку техники на кинезиотајпинг се здобиваат практикантите и какво значење имаат ?

Практикантите се здобиваат co 2 техники.Првата техника му дава можност на практикантот да


даде поддршка во одржувањето на полниот обем на движење, помагајќи и на индивидуата да
се вклучи во физичка активност co примена на функционална помош. Втората техника помага
во превенција на прекумерната употреба или прекумерната контракција и обезбедува
фасцилитација на протокот на лимфата во текот на 24 часа. Најчесто се применуваат во акутниот
стадиум на рехабилитација.

57. Од медицински аспект каде се применува кинезиотајпинг методата ?

Кинезиотајпинг претставува метод кој се применува во рехабилитацијата и во спортската


медицина, во третманот на мускулни заболувања и редукција на лимфедем.

58. Објасни го начинот на апликација на кинезиотајпинг методата ?

За апликација на кинезиотајпинг потребни се специјални ленти кои се аплицираат во форма на


буквата „I”, или co нивно разделување во форма на буквите „X” и „Y”, или други специфични
форми, и тоа по претходна правилно одредена насока. Формата на лентата зависи од формата

10
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

и големината на регијата (мускулот), на којатреба да се аплицира кинезиотајпингот. Основен


принцип на примена на КТ на хипотоничен мускул е co поставување на лентата за тајпинг околу
заболениот мускул. Се почнува од местото на главниот припој на мускулот, се продолжува
околу него по неговата должина, a се завршува на местото на завршетокот на другиот припој на
мускулот. Овој принцип се применува co цел да се оджи стабилноста. При апликација на
лентите за КТ, кожата на регијата на која треба да се аплицираат се растегнува пред самата
апликација. Тоа се спроведува co контрахирање на мускулите и придвижување на зглобовите
во зафатената регија. По апликација на лентите, кожата на која се поставени формира вијуги,
тогаш кога кожата и мускулите се враќаат во почетната положба пред почеток на апликацијата.
Co оваа техника се овозможува лифтинг на кожата co што протокот на крв и лимфа под неа се
подобрува.

59. Како се аплицира лентата за превенција на појава на зголеме тонус и зголемена контракција
при кинезиотајпинг методата?

За превенција на појава на зголеме тонус и зголемена контракција, лентата треба да се


аплицира во правец од инсерција на припојот кон почетокот на припојот на мускулот. Доколку
оваа метода се применува на себе без помош од друг практикант, потребно е да се знае
принципот на истегање на кожата пред самата апликација, без оглед на локализацијата на
болката.

60. Во третман на мускулна болна, кинезиотајпинг методата за какви состојби се применува?


Во третманот на мускулна болка, КТ е неефикасен доколку кожата е растегната. Овој посебен
начин на примена се применува кај акутни состојби како при истегнување и напрегнување,
мускулен спазам, едем кој настанал при повреда или хируршки зафат.

61. Наброј ги методите за апликација на кинезиотајпинг.

*Традиционален терапевтски (за мускулна фасцилитација / релаксација).

*За механичка корекција.

*За корекција на фасција.

*За корекција на интерстициелниот простор.

*За корекција на лигамент - тетива.

*За функционална корекција

*За корекција на лимфотокот.

62. Стандарден сет за кинезиотајпинг и видови на тајпинг ленти

За примена на КТ во тераписки цели потребен е сет за тајпинг кој содржи стандардни ленти за
тајпинг co различна форма, должина и боја. Должината и формата на лентите се во зависност
од регијата на која треба да се аплицираат, а бојата на лентите го означува степенот на
еластичност на секоја од нив. Лентите се изработени од памук, не содржат латекс, се

11
1 КОЛОКВИУМ АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

приспособуваат на мускулната растегливост, co адхезивна подлога и го поддржуваат полниот


обем на движење во зглобовите.

63. Co каква еластичност се тајпинг лентите за кинезиотејпинг н за што се користат?

За постигнување на мускулна релаксација се применуваат тајпинг ленти co 15-25% од нивната


напрегнатост. За фасцилитација на мускулите, се аплицираат тајпинг ленти co 25-50% од
нивната напрегнатост. За корекција на лигаментите се аплицираат тајпинг ленти co 50-100% од
нивната напрегнатост , co што се ограничува движењето во самиот зглоб и се зголемува
стимулацијата на механо-рецепторите. За корекција на фасцијата се аплицираат тајпинг ленти
co 25-50% од нивната напрегнатост, co што се редуцира притисокот и адхезијата во неа. За
корекција на тетива, се користат тајпинг ленти co 50-75% од нивната напрегнатост, co што се
зголемува стимулацијата на механорецепторите и се намалува нејзиното напрегнување.

64. Што се добива co користење на кинезиотејпинг методата ?

Овој метод ги опфаќа сомато-сензорните рецептори на кожата co што болката се намалува, a co


минимален лифтинг на кожата се подобрува и лимфната дренажа. Самиот лифтинг на кожата го
отстранува вишокот на лимфа co тоа што се зголемува интерстициелниот простор и се намалува
воспалителниот процес во самата регија. Co КТ методата се подобрува или се инхибира
мускулната контракција, во зависност од тоа што треба да се постигне co нејзината апликација,
се подобрува проприоцептив-носта во зглобовите.

65. За каков тип на повреди се користи кинезиотејпинг методата ?

При акутни повреди од дисторзионен тип на скочниот зглоб, Во третманот на акутни и хронични
вратни и лумбални болки како и парестезии, како и состојби по оперативен третман на
дискална патологија. Кај пациенти co мултипла склероза и детска парализа, аплициран на
скочниот зглоб ја подобрувал рамнотежата, балансот и координацијата.Се користи и за
справување на лимфедемот по операции на карциномот на градата. Се среќава и необична
публикација каде што КТ е употребен по лапароскопска операција на жолчката, за намалување
на постоперативната болка. Значаен бил ефектот при акутни и хронични болни состојби на
рамото во ревматологијата, како и при феморопателарна болка.

12
АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА 1 КОЛОКВИУМ

13

You might also like