You are on page 1of 6

07.04.2021 год.

Општина

Локална заедница и локална самоуправа

1. Општините се организирани како локални заедници, а во нив се спроведува локална


самоуправа.

2. Тоа значи дека самите граѓани одлучуваат за сите значајни прашања во својата локална
заедница.

3. Според населеното место (град или село) локалната самоуправа може да биде градска
или селска самоуправа.

4. Општината е единица на локалната самоуправа.Таа е заедница на жители на одредено


подрачје.

5. Граѓаните кои имаат постојано живеалиште на подрачјето на една општина се жители


на таа општина.

6. Општината е должна да ги известува граѓаните за својата работа.

7. Секоја општина има свое подрачје, име, свој грб и знаме.

Знамето на нашата општина Битола

Општини во Р. Македонија

1. Во Македонија има 80 општини од кои 10 општини му припаѓаат на градот Скопје.

2. Град Скопје има 10 општини и тоа:

- Аеродром - Бутел - Гази Баба - Ѓорче Петров

- Карпош - Кисела вода - Сарај

- Центар - Чаир - Шуто Оризари


14.04.2021 год.

Граѓанин

1. Граѓанин е секој жител на една држава, а со тоа и секој жител на една општина или
населено место.

2. За да можат успешно да функционираат и да го подобрат својот живот граѓаните


формираат здруженија.

3. Своите проблеми ги изнесуваат преку:

- давање предлози и идеи

- преку собири на граѓани

- преку гласање (референдум)

4. Право на глас има секој граѓанин кој наполнил 18 години.


05.05.2021 год.

Економскиот живот во општината

1. Економскиот живот во општината директно зависи од стопанските и нестопанските


дејности во истата.

2. Нестопански дејности се:

· просвета,

· трговија,

· здравство,

· туризам,

· угостителство,

· сообраќај.

3. Стопански дејности се:

1. Индустрија

2. Рударство

3. Земјоделство

· овоштарство · полјоделство · сточарство · шумарство

· лов и риболов · лозарство · пчеларство


10.05.2021 год.

Фирми и претпријатија

Фирми и претпријатија се:

1. Институции во општината ( болници, училишта, градинки, пошти...)

2. Фабрики за преработка на земјоделските производи (се врши преработка на овошје,


зеленчук, се замрзнуваат, се конзервираат, се прави слатко, ајвари...,се преработува месо и
млеко)

3. Рудници во нив се преработува извадената руда и фабриките за преработка на руда се


наоѓаат блиску до рудниците (рудници за јаглен – се прави струја, рудници за железо – се
прават топилници за железо...)

4. Занаетчиски работилници во нив се изведуваат различни занаети: чевлар, бравар,


златар, фризер, кројач...

5. Продавници во нив се продаваат производи за исхрана, за облека, за мебел, за


електрични апарати, за автомобили...

6. Туризам значи патување за рекреација и посета на природни убавини, туристички места


(езера, мориња...)

7. Сообраќај се одвива на патишта за пренесување на стока и разни производи и за


туризам
17.05.2021 год.

Работа, вработување, денари, трговија

1. Луѓето извршуваат различна работа.

2. Фирмите и претпријатијата им овозможуваат вработување.

3. Парите се средство за плаќање. Постојат монети (ковани пари) и банкноти (хартиени


пари).

4. Трговија е нестопанска дејност која се состои во купување и продавање стока.

Малку занимливости:

Банкнотите ги измислиле Кинезите во X век. Парите биле правени на кожа од бел елен и имале посебна
шарка. Набрзо ваквите банкноти пропаднале, бидејќи белите елени биле ретки животни. Кинезите
повторно почнале да изработуваат хартиени пари пред околу 800 години пред нашата ера, кои ги викале
летечки пари, поради тоа што можело да дувне ветер и да летнат. Парите што биле печатени во 1023
година имале и рок на траење од три години. Во Европа најраните хартиени пари се печатени во Шведска
во 1601.

Банкоматите им овозможуваат на луѓето од своите сметки да вадат пари во готово 24 часа на ден.
19.05.2021 год.

Комунални дејности

1. Општините се грижат за сметот со посебна служба за комунални дејности.

2. Собраниот смет од контејнерите го носат до одредено место наречено депонија.

3. Оваа служба се грижи за:

- Чистотата на улиците, парковите, пазарите

- Одржување на речните корита

- Расчистување на снегот од улиците во зимскиот период

- Уредување на парковите со засадување на цвеќиња

4. Оваа служба во нашиот град се вика „Комуналец“ – Битола.


26.05.2021

Културниот живот во општината

1. Под поимот култура се подразбира начин на живот на одреден народ кој живее на
одредена територија.

2. Културата е начин на живеење.

3. Под култура се подразбира и:

- начин на облекување; - обичаи при разни празници; - семејниот живот; - религиозната


определеност; - начинот на однесување;

4. Поради сето ова постојат и разлики меѓу луѓето.

5. За да се надминат овие разлики, потребна е поголема комуникација, поголемо


почитување и толеранција.
1. Како локална заедница – општината во неа се спроведува

2. Што значи локална самоуправа?

3. Според населеното место општината може да биде:

4. Ако граѓаните имаат постојано живеалиште на подрачјето на една општина, тие се:

5. За што е должна општината?

6. Секоја општина има свое:

7. Колку општини има во нашата држава?

8. Наброј неколку градски општини?

9. Наброј неколку селски општини?

10. Колку општини има градот Скопје?

11. Наброј ги општините во градот Скопје!

12. Што треба да прави секој граѓанин на секоја општина за да допринесе за поубава општина?

13. Што прават граѓаните, како се организираат за да функционираат подобро?Што


формираат?

14. Кој граѓанин има право на глас?

15. Своите проблеми граѓаните ги изнесуваат преку:

16. Кои се органи на општините?

17. Како функционира советот на општината?

18. На колку години се избира градоначалникот?

19. Од што зависи економскиот живот во општината?

20. Кои се стопански гранки?

21. Кои се нестопански гранки?

22. Наброј неколку фирми и претпријатија?

23. Кои се средства за плаќање и како се вика кај нас?

24. За што се грижат службите за комунални дејности?

25. Како се вика кај нас службата што се грижи за чистотата на градот?

26. Што се подразбира под култура?

You might also like