You are on page 1of 2

Градски населби

Од 2004 година, во Република Македонија како градови се сметаат 34 населби: Скопје,


Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Струмица, Гостивар,
Кавадарци, Кочани, Кичево, Струга, Радовиш, Гевгелија, Дебар, Свети Николе,
Неготино, Крива Паланка, Пробиштип, Делчево, Виница, Ресен, Берово, Кратово,
Крушево, Валандово, Пехчево, Македонски Брод, Демир Хисар, Македонска
Каменица, Богданци и Демир Капија.

Според големината, односно според бројот на населението, нашите градови можат да


се групираат во 3 групи: големи, средни и мали. За големи градови, според наши
величини, се сметаат оние во кои живеат повеќе од 50.000 жители. Има 5 такви градови
и тоа: Скопје ,Битола, Куманово ,Прилеп и Тетово.

Во средните градови има од 10.000 до 50.000 жители. Во Република Македонија има 18


вакви градови. Тоа се: Велес, Штип, Охрид, Струмица, Гостивар, Кавадарци, Кочани,
Кичево, Струга, Радовиш, Гевгелија, Дебар, Свети Николе, Неготино, Крива Паланка,
Делчево, Пробиштип и Виница.

Мали градови се оние во кои има помалку од 10.000 жители. Такви се 11 градови во
Република Македонија, и тоа: Ресен, Берово, Кратово, Крушево, Валандово, Пехчево,
Македонски Брод, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија и Демир
Хисар(најмал град со 2.593 жители).

Територијалната, односно просторната разместеност на градовите во Република


Македонија, е: 9 градови се наоѓаат во Повардарието, односно непосредно во близина
на реката Вардар, 12 градови се наоѓаат во западниот дел на Македонија, а 13 градови
во источниот дел на Република Македонија. Во котлините се сместени 23 градски
населби, на ридско-долинскиот релјеф се сместени 8 градски населби (Штип, Велес,
Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Македонски Брод, Македонска Каменица и
Демир Капија), има една планинско-градска населба - Крушево(1,250м. надморска
височина), додека Охрид и Струга се крај-езерски градови. Во некои од котлините има
и по 2 градски населби, односно во 7 котлини се сместени вкупно 14 градски населби,
и тоа: Битола и Прилеп во Пелагонија, Тетово и Гостивар во Полог, Неготино и
Кавадарци во Тиквешка Котлина, Струмица и Радовиш во Струмичкорадовишка
Котлина, Гевгелија и Валандово во Гевгелиско-валандовска Котлина, Кочани и Виница
во Кочанска Котлина и Берово и Пехчево во Малешевска Котлина.

Како резултат на историско-културните и општествено-економските настани и


промени, градовите во Република Македонија физиономски и функционално биле
подложени на големи промени. Познато е дека уште во античко време. во неделива
етничка Македонија постоеле околу 70 помали и поголеми градови, од кои најпознати
биле Стоби, Хераклеја, Скупи, Стибера, Лихнид, Пела, Филипи и други, чии
археолошки остатоци и денес добро се зачувани.
Од предсловенскиот период, особено во времето на Римјаните, датираат пет градови, и
тоа: Скопје, Охрид, Велес, Штип и Кратово. Од средниот век во Македонија датираат
10 градови: Битола, Прилеп, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Струга, Тетово,
Гостивар и Кочани. Во повеќето од овие градови нивни главни составни делови од
градот биле: ѕидот, вратата, храмот, плоштадот и улиците.

Во турскиот период градските населби прераснале или како такви се формирале 12


градови: Куманово, Крива Паланка, Делчево, Пехчево, Берово, Свети Николе,
Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Крушево и Ресен. На градовите од тоа
време основните обележја им ги давале исламската религија и воените власти. Посебна
карактеристична физиономија на тогашните градови им давала чаршијата, маалските
станбени комплекси, а особено покриените делови или безистените. Вакви безистени
имало во Скопје, Штип, Битола и во други градови. Според својата физиономија
градовите во Република Македонија спаѓаат во групата ориентално-византиски тип.
Од втората, светска војна наваму, во сите наши градови се извршени големи
физиономски промени. Во сите градски населби се изградени современи станбени
комплекси, со повеќекатни згради и со целата неопходна инфраструктура, додека, пак
старите делови на градовите исчезнуваат со тоа што се ревитализираат со нови
современи содржини.

You might also like