You are on page 1of 2

Македонија

Македонија, службено позната под новото спорно уставно име


Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна
Македонија[8] — држава сместена на Балканскиот Полуостров
во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките
држави на поранешна СФРЈ, од која прогласила независност во
1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на
регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија на
север, Косово на северозапад, Бугарија на исток, Грција на југ и
Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински.
Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и
шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена[9], самостојна[10][11], демократска[9]


[12] и социјална држава[10][13]. Главен град на државата е
Скопје со население од 506.926 жители (проц. 2004). Други
поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес,
Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Кочани и Кичево.
Македонија има вкупно 25.713 км2 во кои живеат околу
2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се
Македонци. Службен јазик во државата е македонскиот,
додека службена валута е денарот.

Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите


нации, но поради Спорот со името што го водела со Република
Грција, таа била примена под привремената референца
Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е
членка и на советот на Европа и НАТО. Од декември 2005
година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон
Европската Унија.

Потекло на поимот
Името „Македонија“ е од старомакедонско потекло, и според
преданијата доаѓа од митскиот предок Македон. Како
државно име почнало да се користи во VIII век пр. н. е за
Кралството Македонија, Македонската Империја, па потоа на
римската покраина Македонија, византиската тема
Македонија и денес за регионот Македонија и државата
Македонија. Денес се верува дека името значи „планинци“ или
„висока земја“ или „високи луѓе“.[14] Во 2018 година е склучен
Преспанскиот договор помеѓу македонската влада, предводена
од претседателот Зоран Заев и Грчката влада, предводена од
претседателот Алексис Ципрас, со кој се утврдило името на
државата за внатрешна и надворешна употреба да биде
„Северна Македонија“. Новото име стапило во службена
употреба на 11 февруари 2019 година. Сепак, и покрај
промената на името, народот и медиумите сè уште ја
именуваат државата едноставно како Македонија.

You might also like