You are on page 1of 9

ПЕЛАГОНИЈА

Изработила:
Анастасија Стаменковска IV-г
 Пелагонија — најголемата
котлина во Македонија, која
самата по себе образува и
посебна релјефна целина во
рамките на родопската група
на релјеф. Сместена е во
југозападниот дел на
Република Македонија и
северозападниот дел од
Егејска Македонија. Опфаќа
површина од околу 4.000 км2
и нејзиниот правец на
протегање е меридијански,
север - југ, зафаќајќи
должина од 80 километри и
продолжувајќи кон Егејска
Македонија.
 Планините и котлините од западно-
вардарската група планини и котлини
(Пелагониди или Пелагониска област) се
протегаат западно од Ниска Македонија -
Повардарие. Пелагониската област почнува на
север од Сува Гора, а на југ продолжува до
Грција. На исток е одделена од Ниска
Македонија, а на запад од Шарската област е
одделена со котлините: Преспанска Котлина,
Кичевска Котлина, Полошка Котлина, и
Баба Планина планините Баба, Бигла, Плакенска Планина,
Илинска Планина, Бушева Планина, Песјак,
Челоица, Сува Гора и Жеден.
 Пелагониската Котлина и долината на реката
Треска ја делат Западновардарската група на
источен и западен дел. Источниот дел почнува
од македонско-грчката граница со планината
Ниџе, преку Селечка Планина, Мариовска
Котлина, се надоврзува на планината Дрен,
Бабуна, Јакупица со Даутица и Караџица.
Западниот дел започнува со планината Баба, а
северно од неа се надоврзуваат: Бигла,
Плакенска Планина, Илинска Планина, Бушева
Ниџе Планина Планина, Песјак, Чеолица и завршува со Сува
Гора, меѓу долината на реката Треска и
котлината Полог.
Баба Планина
 Баба или Баба Планина е планина
што се наоѓа во југозападниот
дел на Република Македонија,
сместена неколку километри
западно од Битола. Често се
нарекува и Пелистер
(старомакедонски: πελιστερα?•и
- гулаб), иако тоа е само името
на нејзиниот највисок врв.
Според површината која ја Молика на Пелистер
зафаќа (436 км²) таа e
тринаесетта, а според височината Во 1948 година, поради
(Пелистер, 2.601 м) трета особените природни убавини,
планина во Република историското и научното
Македонија. значење на шумите и шумските
предели на планината Баба,
еден нејзин дел со површина од
12 500 хектари, е прогласен за
национален парк.
Општини
Пелагонискиот регион опфаќа 9 општини, и тоа:
Површина Население
Општина HASC[1] Центар на општината
(km2)[2] (2002)

Битола MK.TL Битола 790 95 385


Демир Хисар MK.DM Демир Хисар 480 9 497
MK.KG Кривогаштани 88 6 150
Кривогаштани

Крушево MK.KS Крушево 190 9 684

Могила MK.MG Могила 255 6 710

MK.PP Прилеп 1 198 76 768


Прилеп

Ресен MK.RE Ресен 549 16 825

Новаци MK.NV Новаци 755 3 549

MK.DE Долнени 418 13 568


Долнени
Население
 Во Пелагонија живеат повеќе од 200.000 жители, од кои
доминантно мнозинство се Македонците со претежна
застапеност во населените места од над 90%. Најголеми
градови во котлината се Битола и Прилеп, а во грчкиот дел
Лерин. На подрачјето на Пелагонија целосно влегуваат
општините Могила, Долнени, Кривогаштани и во поголем дел
општините Битола (без Цапарско Поле и потпелистерските
села), Прилеп (без Мариово) и Новаци (без Мариово), а во
помал дел и територијата на Општина Крушево. Освен
населението кое потекнува оттука има и голем број на
доселеници од областите Мариово, Железник (Демир Хисар) и
Преспа. Во поглед на населеноста според густината на
населението се издвојуваат два предели: рамничарското
котлинско дно со над 100 жители и котлинскиот раб кој има
до 30 жители[5]. Особено слабо населен е источниот раб на
котлината кон областа Мариово. Разликата во густината на
населеноста е последица на стопанските прилики[5].

 Според податоците од пописот од 2002 година, во рамки на


општините кои се наоѓаат исклучиво во географското подрачје
на котлината Пелагонија живеат 203.639 жители од кои:
Земјоделство и стопанство
Битолско поле - средишен дел на
Пелагонија
Пелагониската Котлина, која претставува
најголема рамница во Република
Македонија, Преспанскиот езерски басен,
како и специфичните климатски услови и
поволната хидрографска мрежа се основни
предуслови за развој на земјоделството во
Битолско поле - Пелагонија овој регион. Токму од овие причини, овој
регион е житница на Република Македонија
и најголем производител на тутун, јаболка,
но и најголем млекопроизводител.
Пелагонија претставува најголема житница
во Македонија[6]. Во Пелагонија се
остваруваат најголемите приноси на
пченица и пченка во државата, а покрај нив
од житните култури во значаен обем се
одгледуваат и јачменот, овесот и 'ржта.
Узреана житарица Пелагонија е исто така и најголем
производител на индустриските култури
како тутун, сончоглед, шеќерна репка во
Македонија
 Целата котлина, а особено Прилепското Поле,
претставува најголем производител на тутун
во Македонија и на Балканот. Од другите
индустриски култури најзастапени се
шеќерната репка, сончогледот и фуражните
култури за сточна храна како детелина,
луцерка, крмната пченка итн. Во повлажните
предели со повеќе вода, по течението на
Црна Река, особено во западните предели на
Прилепското и Битолското Поле во селата
Бучин, Обршани, Бела Црква, Кукуречани, Прилепско поле - Пелагонија
Могила во големи количества се одгледуваат
кромид и пиперки (црвени-ајварки и зелени).
Во западниот дел на Битолското Поле во
подножјето на планината Баба во селата
Буково, Бистрица, Лажец, Породин се
одгледуваат многу пиперки, особено од
позната сорта на црвена пиперка со тенка
лушпа која ситно се меле и се -прави
познатиот зачин буковец. Овоштарството и
лозарството се застапени во помала мера, а
претежно околу Битола и западниот дел на
Битолското Поле.
Одгледување на тутун во Прилепско
 Сточарството во Пелагонија е исто така доста
развиено. Најразвиена гранка е краварството,
особено во рамничарскиот дел на Битолското Поле
и по течението на Црна Река каде што има голем
број на тревнати ливади-утрини погодни за
напасување на кравите. Покрај краварството се
одгледуваат и голем број на овци, претежно во
источните и северните предели кон Даутица,
Селечка Планина и Мариово. Козарството е
застапено во најмала мера во крајниот северен дел
на Прилепското Поле во подножјето на Даутица и
Бабуна. Поради големиот број на крави и овци, во
Пелагонија се произведува и најголемиот дел од
млекото во Македонија. Млекарството е застапено
со повеќето млекарници „ИМБ Битола“, „Идеал
Шипка“ кои се најголемите производители на млеко
и млечни производи во Македонија како и бројни
други помали приватни млекарници итн. Поради
одличните услови, во Пелагонија во голема мерка е
застапено и свињарството при што голем број на
домаќинства одгледуваат свињи, а во селото
Породин се наоѓа и една од најголемите свињарски
фарма во државата во сопственост на ЗИК
„Пелагонија“.

You might also like