You are on page 1of 21

Универзитет “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”- ШТИП

Факултер за туризам и бизнис логистика


Туризам

СЕМИНАРСКА РАБОТА
По предметот Основи на туризмот

РЕЦЕПТИВНИТЕ ФАКТОРИ КАКО ЕЛЕМЕНТ ЗА РАЗВОЈ


НА ТУРИЗМОТ ВО КРУШЕВО

Ментор Кандидат
Ред. Проф. Д-р Златко Јаковлев Кристијан Стоилевски

Штип/Скопје Декември 2020

1
Содржина

1. Вовед......................................................................................................................5-6

2. Атрактивни фактори..............................................................................................7

3. Природни туристички вредности.........................................................................8-11

4. Антропогени туристички вредности...................................................................12-15

5. Туристички локалитети....................................................................................... 16

5.1 Туристички локалитет Крушево........................................................................ 17

5.2 Туристички локалитет Демирова Корија.......................................................... 18

5.3 Туристики локалитет Ман Св Спас................................................................... 18

5.4 Туристички локалитет Мечкин Камен................................................................ 19

5.5 Туристички локалитет Партизанска база.......................................................... 19

5.6 Туристички локалитет Слива................................................................................19

5.7 Туристички локалитет Бушева чешма.................................................................20

2
Краток извадок

Трудот „Рецептивните фактори како елемент за развој на туризмот во Крушево” е


прикажан низ призмата на класичната методологија која се употребува за ваквите
локалитети. Овде се презентирани следните методолошки единици: туристичко-
географската положба, атрактивните фактори, сместувачките капацитети како
фактор за развој на туризмот, поважните туристички локалитети, приказ на
историскиот развој, како и развојот и денешните карактеристики на туристичкиот
промет и ефектите од туристичкото стопанство.

Клучни зборови: Рецептивни фактори,Крушево,Туризам

3
Abstract

The scientific work „The reception factors as element for development on tourism in
Krusevo” is shown through the prism of classical methodology, which is useful for these
kinds of localities. Here is presentation the following methodological parties: touristic-
geographical situation, attractivity factors, the garters capacity as factor for touristic
development, much interesting touristic locations, representation about historical
development and the development and todays characteristics on touristic financial
transaction and the resultants from touristic economy.

Key Words: Reception factors,Krusevo,Tourism

4
Вовед

Општината Крушево со нејзиниот главен град, по кој истата е и наречена се наоѓа


во југозападниот дел од Република Македонија, сместена помеѓу Демир-Хисарско,
Поречието и Прилепското Поле. Таа претставува посебнапросторна целина
расположена помеѓу Демирхисарско, Поречието и Прилепското Поле. Таа
претставува посебна просторна целина расположена помеѓу 21° и 10’ и 21° и 18’
и.г.д. и 41° 18’ и 41°25’ с.г.ш. според Гринич. Територијата на општината зафаќа
површина од 239km2 и е сместена на височина помеѓу 600и 1800m на огранците
од Бушева планина која се протега на запад од Пелагониска Котлина. Подрачјето
на овој простор се граничи со пет општини и тоа: од север со Македонски Брод, од
југ со Битола, од исток со Прилеп и од запад со Демирхисарската и Кичевската
општина. Според тоа, оваа Општина има.централна положба помеѓу останатите
општини наведени нешто понапред. Со оглед на фактот дека градот Крушево, сам
за себе, претставува како што ќе видиме подоцна, туристички мотив со мошне
висока вредност, кратката анализа на туристичко- географската положба ќе ја
проследиме само низ призмата на неговата положба во однос на поглавните
комуникациски правци во просторот и градски населби со поголема населеност.
Денес може да се констатира дека комуникациските правци се поволни. Оваа
поволност се согледува во тоа што Крушево е поврзано со двa регионални патни
правци кои се надоврзуваат на магистралните патишта кои водат кон Охрид и
Скопје. Иако понастрана од магистралниот пат сепак Крушево има поволна
геотуристичка положба, бидејќи одвојувајќи се од магистралниот пат во Прилеп, а
продолжувајќи кон Демир Хисар и Кичево овој туристички тек води за Охрид. Исти
дури и поголеми ефекти се создаваат преку туристичките текови во обратна
насока. Меѓутоа, со изградба на пат кон Македонски Брод и Скопје по долината на
Треска значително би се унапредил транзитнит туризам. Сепак позначајни се
постоечките комуникации кои го поврзуваат градот со останатите простори и
овозможуваат прилив на туристи кои поради дадените потенцијали се
стационирани во Крушево и тоа како во зима така и во лето.

5
Комуникативната патна мрежа внатре во Општината како што е веќе констатирано
е прилично поволна, меѓутоа, имајќи ја во предивд нивната функција и значење за
туризмот на неа и престои неминовно натамошнo реновирање и доизградување.
Така, на пример, покрај локалната патна мрежа на патишта која ќе го покрива
целиот простор и ќе ги поврзува најважните туристички пунктови. Ваквата мрежа
на патиштата ќе обезбеди непречена циркулација и можност за неколкучасовна
или целодневна сценариска организација на туристичките движења.
Оддалеченоста на Крушево во однос на градовите со поголема концентрација на
население е, исто така, мошне поволна. Имено во најнепосредната негова
околина се наоѓаат големите градски населби Битола (124003) и Прилеп (98589)
жители. Тоа претставува голема погодност за што поголема посетеност на ова
туристичко место. Меѓутоа, како што видовме понапред, со оглед на поволноста
на комуникациските правци, овој простор е непречено поврзан и со најголемата
градска агломерација во Република Македонија, градот Скопје (800102 жители)
што е, исто така мошне битно за развој на туризмот на овој локалитет.

6
Атрактивни Фактори

Како што наведовме понапред, градот Крушево, со сите негови одлики,


претставува туристички локалитет во кој се присутни бројни и разновидни
атрактивности, како од природен, така и од антропоген карактер. Заради тоа
истите ќе ги определиме во две посебни поглавја. Тоа, впрочем, го наложува и
туристичката методологија кога станува збор за вакви, и слични локалитетити со
мошне голема туристичка атрактивност.Падините на Бушевата планина
заобиколен со густата крушевска корија (локален израз за шума).Тука исто така
има многу цркви и многу манастири.Тука се наоѓа музејот на НОБ,Мечкин
камен,спомен куќата на Тоше Проески,патеките за алпско и нордиско
скијање,специјалните патеки за биатлон,жичарницата што тргнува од центарот во
градот и исто така спортскиот центар Гумење.

7
Природни туристички вредности

Природните туристички вредности, во просторот за кој станува збор, како што ќе


проследиме низ детерминираат туристичкиот карактер на овој извонредно
погоден, во таа смисла, локалитет. Сите тие овозможуваат развој, пред се на
зимскиот и зимско-спортскиот туризам, на летниот стационарен, како и на скоро
сите останати видови од оваа, за нас, мошне значајна стопанска гранка.Од
геоморфолошките туристички ресурси кои се сретнуваат во крушевското планиско
туристичко подрачје посебно значење за туризмот имаат планинските масиви и
длабоките клисурести речни долини. Планинските масиви претставуваат
комплексни планински туристички мотиви кои ги задоволуваат барањата на
туристите од повеќе аспекти, поради што се често нивна цел. Во нив најистакнато
значење имаат врвовите. Такви врвови на Бушава Планина (на чии падини лежи
градот Крушево) се Стара Мусица 1791m, Мусица 1773m, Козјак 1762m, Ручало
1616m, Голоманица 1664m, Кула 1595m, Глаушов Рид 1524m, Црни Врв 1434m,
Мечкин камен 1454m и др.Покрај нив планинскиот венец Љубено врвовите Кавчал
1762m и Кискати Мерис 1646m а како посебно се издвојува Баба Сач чиј највисок
врв изнесува 1697m. Од сите врвови а особено од Бушева Планина како
најживописен туристички простор со пространи пасишни и шумски површини се
протегаат мошне пространи видици на сите страни. Најширок поглед се пружа кон
пространата Пелагониска Котлина, така што погледот кон југоисток завршува кај
Селечка Планина е на исток до планината Бабуна. Не се помали ни видиците кон
Поречието на север кои завршуваат на Јакупица со врвот Солунска Глава 2540m,
а исто така добри видици се пружаат по долината на Треска во правец на
Кичевска Котлина и планината Бистра кои особено широко се отворени на
врвовите од планината Баба Сач. За разлика од врвовите нешто помало е
значењето на клисурестите долини на реките. Како најживописна е клисурестата
долина на реката Жаба. Таа се наоѓа западно од Крушево и го одвојува масивот
на Бушева Планина од подрачјето Железник. Бидејќи се протега понастрана од
главните сообраќајници нејзината атрактивност не е доволно искористена. Покрај

8
неа свое значење има и долината на реката Журешница по која води
сообраќајницата Крушево-Демир Хисар и кписурестите делови на Селечка Река.
Овие релјефни форми ја чинат основата на туристичкиот профил во просторот.
Бушева Планина станува уште поатрактивна и попривлечна со тоа што на
нејзините источни падини се наоѓа градот Крушево на н.в. 1200-1300m. Во
зависност од геолошкиот состав, морфолошкиот изглед на помалите просторни
целини е различен. Нејзините источни страни се благо наведнати а врвовите
заоблени за разлика од западниот дел кој се одликува со карстни облици и стрмни
страни. Благите падини од спортски, летен излетнички, ловен и други видови
туризам. Овие услови особено се погодни во непосредна близина на градот и во
повисоките делови на Бушева Планина. На 1400m н.в. се наоѓа највисоката точка
на смучиштето а најниската на 1200m што значи висинската разлика изнесува
200m. Ваквата морфолошка поставеност дава можности за клиентела која ја
сочинуваат скијачи почетници. Изнесените релјефно морфолошки особености на
крушевското планинско подрачје даваат потенцијални можности за изградба на
туристички објекти и тоа како во градот и во неговата непосредна околина така и
подалеку од него. Вредностите на климата во овој планински простор, иако тие
овде се разликуваат од оние во повисоките планински подрачја како што се
Пелистер, Шар Планина и други, сепак од анализата на нејзините климатски
елементи се заклучува дека овде преовладува претежно планинска клима.
Средногодишната температура изнесува 8,3°С. Притоа средната температура во
зима изнесува -0,2°С а во лето 17,4°С. Тоа зборува дека зимските температури
овозможуваат развој на зимско-спортски, а летните развој на летен излетнички
туризам, бидејќи наведените температури овозможуваат свежа клима што е
мошне пријатна за одмор и рекреација. Присутна е прилична рамномерна честина
на ветерот со доволно големи тишини што е во склад со температурите и на свој
начин влијае врз формирањето на климатските прилики. Годишно ова подрачје
добива околу 847mm врнежи кои по месеци се исто така добро распоредени и не
пречат во распоредувањето на туристичките активности. Температурните прилики
овозможуваат

9
снежниот покрив да трае околу 76 денови во годината што е во прилог на
условите за развој на зимско-спортсиот туризам. Средногодишната влажност
изнесува 76%. Годишно Крушево располага 2099 сончеви часови или просечно
секој ден по 5,8 часа се сончеви. Годишната облачност изнесува 5,3 десеттини и
годишно има по 90,5 облачни и по 68,1 ведри денови.Маглите во ова подрачје се
мошне ретка појава.Најзначајни хидрографски објекти на просторот од општината
Крушево се изворите, реките и вештачкото езеро кое се наоѓа во непосредна
близина на градот. Познато е дека крушевскотоподрачје е прилично сиромашно со
вода, меѓутоа, и покрај тоа во него се наоѓаат голем број извори и чешми покрај
кои минуваат повеќе главни и споредни шумски патишта. Тие со својата студена и
слатка планинска вода се посебно примамливи за туристите излетници. Најмногу
се разместени по падините на Бушева Планина северно од Крушево. Присутни се
и два минерални извори во атарите на селата Арилево и Житоше. Реките во
туристичкиот профил се вклопуваат со своите убави клисурести долински страни
и со чистата планинска вода. Таква атрактивност имаат реката Жаба и
Журешница, а нешто помалку Селечка Река. Како позначаен хидрографски објект
може да се одвои Вештачкото Езеро кое се наоѓа во непосредна близина на
градот. Со оглед на фактот дека тоа е богато со најразновидни слатководни риби,
како речната пастрмка, крапот, кленот, кркушката и белвицата истото претставува
извонредно погоден хидрографски мотив за развој на риболовниот туризам. Во
еден краток временски период, езерото служи за капење и веслање односно за
рекреација а во зима како природно лизгалиште бидејќки поради ниските
темепратури целосно замрзнува. Тоа значи дека хидрографските објекти во
крушевското туристичко подрачје имаат посебна атрактивност и придонес за
развој на туризмот. Растителниот и животинскиот свет на просторот му даваат,
исто така, одлика на предел со голема туристичка вредност. Во подрачјето на
општината е развиена разновидна шумска и приземна вегетација. Скоро
половината од општинскиот простор е покриен со шуми. Непошумени површини
особено преовладуваат во најниските и највисоките делови од Бушева планина
како и од непосредна близина на градот Крушево. Овие површини порано биле
значително поголеми но денес, поради заштитата од ерозија и поради туристички

10
и други стопански цели, се пошумени поголеми просторни целини со четинарски
шуми кои битно го менуваат туристичкиот пејзаж на просторот. Главно се застпени
буковата, дабовата и боровата шума, а се присутни и брезата, леската и други
растенија. Буката е најзастапена во северозападните и западните делови, дабот
во јужните и југозапдните делови, а борот пред се е застапен во непосредна
близина на Крушево и во источниот дел од општината. Посебно доаѓа до израз
убавината и привлечноста на шумите околу некои од туристичките локалитети
како што е, на пример, манастирот Св. Спас. Градското зеленило внатре во
Крушево е мошне неуредено за разлика од шумите кои како венец го обиколуваат
градот. Присуството на шумите овозможило во овој простор и развиток на
разновиден животински свет. Застапен е разновиден дивеч, а најмногу се
среќаваат лисици, зајаци, срни, диви свињи, диви мачки, волци и мечки. Од
птиците најактрактивни за туризмот (посебно за ловниот туризам) се еребиците,
орлите и соколите. Има услови за одгледување на фазани во локалитетот кај
манастирот Св. Спас, а се присутни и риби во Крушевското Езеро. Присуството на
вака разновидниот дивеч условил можност за развој и на ловниот туризам.
Ловните терени засега најмногу се користат од месното население, нешто
помалку од страна на ловците од Прилеп и Битола, а сосема се ретки ловџиите
туристи. Постои ловечко друштво “Елен” со околу 350 членови. Ловното подрачје,
иако преставува една целина, во него се издвоени неколку ловни зони и тоа:
Бушева Планина, Г. Дивјаци, Бачилишта, Мечкин Камен и низинската ловна зона.

11
Антропогени туристички вредности

Крушевското планинско туристичко подрачје покрај природните погодности е


богато и со многу антропогени атрактивни творби. Тие се изразени низ развојот на
населбите, поточно развојот на градчето Крушево, неговиот тип и неговата
архитектура, потоа културно историските знаменитости кои сведочат за
историските настани одиграни на овој простор, традиционалните етносоцијални
творби, навики и обичаи и други елементи. Покрај своето историско и културно
етнографско значење тие денес во склоп на природните атракции имаат и мошне
нагласено туристичко значење. Основањето и развојот на Крушево се одвивале
етапно, односно во него се издвојуваат мали кои се разликуваат според времето
на нивниот постанок, а не и физиономски. Бидејќи развојот на Крушево бил често
пати прекинуван (поради одредени временски и општествено политички услови)
денешната просторна населеност не отстапува многу од поранешната. Во таа
смисла и физиономскиот изглед на градот и куќите ги задржале, речиси, сите
типски особини од минатиот век во поглед на уличната поставеност која се
одликува со поголем наклон, тесни и криви улици, денес поплочени со коцка или
делкан камен. Меѓутоа иако нивната поставеност останува иста денес се прават
напори за нивно модерно поплочување со што градот добива мошне привлечен
атрактивен изглед. Посебно се атрактивни старите куќи (типични за Крушево) кои
се карактеристични според својот тип и градба. Ѕидани се со камен, а покриени со
сивкасти шкрилесто-филитични плочи. Поради забрзаната изградба на градот која
започна од половината на шеесеттите години наваму тие се поретко се
забележуваат, со што нивната атрактивност уште повеќе се зголемува. За разлика
од нив новите куќи во Крушево се исто така големи, со убави тераси од кои поради
конфигурацијата на просторот се протегаат убави глетки спрема градот и
пошироките простори. Некои од нив претставуваат и имитација на старите куќи, со
поголем број помали прозорци, во вид на кули и сл. Од старите куќи денес околу
90 се заштитени со закон.

12
Хармонијата на просторниот распоред на куќите ја надополнуваат бројните
останати културно-историски споменици како што се црквите, уметничката
гелерија, историскиот музеј, бистите на илинденците и на народните херои и т.н.
Во Општината Крушево има повеќе цркви но најзначајни се оние во Крушево.
Црквата Св. Никола се наоѓа во центарот на градот непосредно до чаршијата. За
време на Илинденското востание била изгорена, а потоа повторно обновена, но
со значително помали димензии и атрактивност. Но и таква каква што е таа е
мошне атрактивна. Изобилува со бројни икони кои имаат голема културно-
уметничка вредност. Покрај надворешниот изглед за посетителите е мошне
атрактивна и јавната чешма која е до црквата и секогаш има убава студена вода.
Црквата Св. Јован исто така е близу до чаршијата. Долга е 25m, широка 20m, а
висока до 25m со кубињата. Располага со три куполи, а прозорците се градени од
делкан камен. Таа има мошне интересни и атрактивни икони и дрворези од кои
посебно е значаен иконостасот кој иако недовршен претставува дело од посебна
уметничка вредност. Во неа се сместени и конзервираните остатоци од фрески
кои се донесени од манастирот Св. Атанас Локвенски кој датира од XVII век.
Нивната карактеристика е што се изработени на каллива основа што кај нас е
реткост за другите фрески од ова време. Во неа се изложени и бројни икони кои
датираат од XIX век и порано, а кои ги изработувале Крушевски зографи. Во неа е
сочуван и нивниот прибор за работа. Црквата Св. Тројца се наоѓа во јужниот дел
од градот испод хотелот Монтана. Таа не располага со никаков уметнички фонд
но значајна е поради тоа што потекнува од Илинденското востание кога била
изгорена и до ден денес не е обновена. Црквата Св. Богородица е најголема во
Крушево. Изградена е од делкан камен во 1967 година. Има две куполи и бројни
икони од кои една е од 1869 година и се смета за настара. Според надворешниот
и внатрешниот изглед таа е мошне значаен и карактеристичен културно-
историски спомеик и важен туристички објект. Во целото крушевско подрачје се
среќаваат уште 17 цркви кои на свој начин се атрактивни. Историскиот музеј е
сместен во горниот дел од градот на т.н. место Рамништа во куќата каде што е
прогласена Крушевската Република за време на Илинденското востание.
Во работа е пуштен во 1952 година. Во музејот има две одделенија во кои

13
хронолошки се претставени револуционерните настани од времето на
Илинденското востание и од НОБ. Присутни се и некои лични предмети на
истакнати револуционери и бројни историски документи. Со овие попатно
споменати одлики историскиот музеј е еден од најинтересните културно-историски
споменици кои го привлекуваат вниманието на посетителите и туристите.
Уметничката галерија е отворена од 1968 година и се наоѓа во долниот дел од
градот. Во неа се изложени сликите-експонати на познатиот академски сликар
Никола Мартиноски (1903-1973) кој е роден во Крушево. Самата галерија како
архитектонско дело претстаувва убава голема староградска куќа која сама за себе
е мошне атрактивна. Споменикот Илинден претставува еден од најновите но по
својата содржина највреден културно-историски споменик во Крушево. Се наоѓа
на местото Гумења, а свечено е откриен на 02.08.1974 година. Неговиот изглед и
просторните интервенции на авторите се услвоени од природната конфигураија
на теренот. Ова грандиозно културно и историско уметничко дело во својата
композиција се состои од четири платформи во кои е прикажан еден мошне
функционален, содржински и ликовен континуитет. Првата платформа
претставува раскинати прангии која ја симболизира непокорноста на
македонскиот народ, крајот на ропството, патилата и пробивот кон слободен
живот. Втората платформа е наречена Крипта и во неа се прикажани значајни
имиња на личностите, настаните и датумите од националната историја на
Македонија, испишани на конусни конзоли од левата и десната страна. Третата
платформа е наречена Сцена и се состои од две концентрични структури и тоа:
внатрешна во која се наоѓаат седишта и надворешна која се состои од две рампи
и два сегментни ѕидови изработени, со тродимензионална керамика со строга
геометриска апстракција, со остро изразени бои и испакнатини е мошне
привлечна за окото на посетителот. Четвртата платформа ја чини споменикот со
своите отвори и облик на Боздоган со што го импресионира окото на
набљудувачот. Првиот ред на отвори го претставува хронолошкиот пат на
раѓањето, страдањето, борбата и победата. Тие ја вршат главната комуникација
меѓу надворешниот и внатрешниот простор. На нив во циклуси на четири отвори е
претставена Преродбата, Илинден, НОБ и Слободата. Вториот ред на отвори се

14
мозаици од разнобојни стакла кои ја разбиваат светлината во внатрешноста и го
симболизираат македонскиот фолклор. Третите отвори се широко отворени кон
небескиот свод. Во централниот дел од споменикот се наоѓа постојана светлина
која ја симболизира виталноста на егзистенцијата на човекот. Со овие одлики
споменикот претставува најатрактивно и најинтересно дело во градот. Поради тоа
тој е афирмиран и познат во целата наша земја и надвор од неа. Со тоа тој дава
исклучителни потенцијали за привлекување на туристите во овој историски град.
Мошне значајни се и бистите на борците Илинденци, народни херои од НОБ и
куќите заштитени со закон кои исто така го свртуваат вниманието на туристите.
Културно и историските споменици во Крушево се разместени низ целиот град и
се достапни до туристите во секое време. На крајот да споменеме дека овде,
секоја година, на втори август, а во чест на нашиот најголем национален празник
Илинден, се одржува голем народен собир како една од најголемите туристички
манифестации во земјава. Оваа манифестација е во најтесна врска со големиот
македонски настан „12 дена Крушевска Република.” Тогаш овде доаѓаат бројни
посетители, како од земјата така и од странство.

15
Tуристички локалитети

Според досега изнесените фактори на туристичкиот развој во крушевското


планинско туристичко подрачје може да се издвојат повеќе простори кои според
своите природни и создадени потенцијали може да се екипираат како самостојни
туристички локалитети. На тој начин тие играат и улога на центри во поширокиот
туристички простор. По својата содржина имаа различен карактет, што е во тесна
зависност од критериумите под кои тие се формирани односно систематизирани.
Како најважни критериуми за издвојување на овие простори се земени главно
присуството и искористувањето на природните потенцијали, нивната композиција,
активирање на одделни запуштени просторни единици, формирање на соодветна
туристичка понуда и друго.

Како резултат на овие критериуми и анализи за присуството на туристичките


мотиви во планинскиот туристички простор во Крушево се издвојуваат седум
поважни туристички локалитети и тоа:

1. Туристички локалитет „Крушево”

2. Туристички локалитет „Демирова Корија”

3. Туристички локалитет „Манастир Св. Спас”

4. Туристички локалитет „Мечкин Камен”

5. Туристички локалитет „Партизанска база”

6. Туристички локалитет „Слива”

7. Туристички локалитет „Бушева Чешма”

16
А. Туристички локалитет Крушево - претставува главен доминантен локалитет
чии вредности и убавини се гледаат “...уште кога се покажуваат првите свиоци од
последните километри, пред Крушево, се почувствуваат пријатните изненадувања
што се очекуваат како тајна зад зелените ридови. А кога со последниот чекор од
патот градот се отвора како школка, чувството што се носи по целиот пат
впечатливо ќе се потврди. Има нешто топло и пријатно, како во сказна во изгледот
на овој град во неговата архитектура, неговата полазеност по сртот, во коријата
тоа зелено како зелен здив на градот, во онаа чудесна игра на перспективата што
уште почудесно се прекршува во кристалот на планинското небо”. Овој цитат на
авторот претставува мошне убаво искажана мисла за вредностите на Крушево,
но, сепак, треба да се потенцираат уште некои факти.

- Крушево претставува еден од највисоките градови на Балканскиот Полуостров


кој располага со многу пријатни климатски услови во кој било период од годината.
Летата се свежи, зимите остри, богати со снег и со многу сонце, а преодните
периоди како да не се забележуваат.

- Крушево е град со мошне светла историска традиција како од времето на


Илинденското востание така и од времето на НОБ.

- Крушево располага со многу културно-историски споменици меѓу кои и


националниот монументален споменик „Илинден”.

- Крушево се одликува со своевиден архитектонски амбиент кој се содржи во


самата поставеност на градот, распоредот и изгледот на куќите, терасите,
стрмните и криви улици и друго кои како такви се привлечни за посетителите.

- Овие и други вредности Крушево го прават погодно за одржување на разни


туристички и културни манифестации,

- Со сите свои и други вредности Крушево претставува прва излетничка зона за


граѓаните од Прилепско и Битолско. Тоа го овозможува и постоечката сообраќајна
поставеност.

17
Б. Туристичкиот локалитет Демирова Корија - претставува посебна атракција
бидејќи него го чинат повеќе објекти кои самите за себе се посебно привлечни. Во
него на работ на прекрасната букова шума е сместено детското летувалиште
Шула Мина. Покрај него од значење е и чешмата која се наоѓа покрај самиот пат
кој води низ коријата. Оваа чешма треба соодветно да се реновира и
урбанистички уреди и опреми со што би станала значително попривлечна. Тоа и
затоа што се наоѓа на само 1-2 километри од Крушево. Значајно за овој локалитет
е и тоа што тој влегува во зоната на терените за скијање што овозможува за
децата во одморалиштето да се организираат курсеви по скијање. На излетот од
коријата се протега поглед кон шумата Везенково каде што се наоѓаат доста голи
површини. Тука се наоѓа уште една чешма со историско значење, што значи
постои комбинација на историски настан и извонредни природни услови кои
недвосмислено го привлекуваат вниманието на туристите.

В. Туристичкиот локалитет Ман. Св. Спас. - Понекогаш спомениците како што се


манастирот Св. Спас се одликуваат со мошне интересни содржини и вредности
поради тоа што во нив се одиграл некој значаен настан, или пак нивната вредност
се зголемува ако датираат многу одамна. Меѓутоа не е таков случајот со Ман. Св.
Спас кој се наоѓа на надморска височина од 900m и кој е подигнат во втората
половина на XIX век. Неговата вредност не заостанува бидејќи неговата
местоположба и околина како и оддалеченоста од три километри од Крушево го
прават еден од најквалитетните и денес најискористуван локалитет во подрачјето.
До манастирот патот е трасиран и се оди пешки или со товарен добиток, меѓутоа
денес е изграден асфалтен пат кој се одделува од главната траса на патот
Крушево-Прилеп со што се остварува можноста за пристап на коли во близина на
локалитетот. Должината на овој пат од Крушево изнесува 8,5km. Локацијата на
објектот е извонредна, бидејќи овозможува добра панорама кон просторот испред
него. Опколен е со богата и густа шума од сите страни, што создава мошне
пријатен шумски амбиент.

18
Г. Туристичкиот локалитет Мечкин Камен - Посебно е значаен поради
историскиот настан од Илинденското востание во август 1903 година. Во знак на
негување на револуционерната традиција секоја година на втори август овде се
одржува традиционален собир на кој присуствуваат по неколку илјади туристи и
посетители од градот и целатата држава. Меѓутоа неговата вредност не е само
историска туку таа е голема и поради убавината и привлечноста на шумските
комплекси кои се протегаат по самиот срт се протегаат извонредни видици на сите
страни, кон Пелагонија.Пелистер, Солунска Глава и кон Љубен и Баба Сач на
запад. Во такви услови на втори август овде има целосно нарушување на
шумскиот мир и тишина кои и инаку на посетителите им даваат големо
задоволство.

Д. Туристичкиот локалитет „Партизанска база” - Се наоѓа помеѓу локалитетите


Св. Спас и Мечкин Камен. За разлика од претходниот овој локалитет е значаен
заради настаните од НОБ во 1942 год. каде што е основана базата на
партизанскиот одред од Крушево. Покрај овие тој располага и со природни
убавини, има мошне убава и густа шума и таму се наоѓаат и чешмите „Синдахма”,
„Студена Вода” и „Камберија” кои располагаат со мошне студена вода и овој
локалитет го прават попријатен за туристите излетници од Крушево и пошироко.
До него водат само пешачки трасирани во многу стрмни терени и како такви
самите претставуваат своевидна атракција (58,-). Од овде се протегаат добри
видици но кон северниот дел од Пелагониската Котлина.

Ѓ. Туристички локалитет „Слива” - Особено е значаен поради споменикот кој е


подигнат во чест на 40-те загинати илинденци. Се наоѓа на 3km од Крушево.
Оттука има пријатни глетки по површините кон југозапад и кон Пелагонија на
исток. До него води модернизираниот асфалтен пат кој врви низ локалитетот
Демирова Корија. Кон овој локалитет се вклучува чешмата Бела Вода која има
мошне поволна местоположба бидејќи од таму се протегаат мошне атрактивни
видици кон просторните шумски предели од јужна и југозападна страна што на
туристот му дава чувство на задоволство.

19
Е. Туристичкиот локалите „Бушова Чешма” - За разлика од претходните, овој
локалитет се наоѓа нешто подалеку од Крушево во планинарски предел со
надморска височина од 1700m.Некогаш овде постоел планински дом кој денес е
потполно разурнат. Се наоѓа на границата со Општината Мак. Брод во северниот
дел од Општината. Располага со густи шуми од сите страни и пространи зелени
пасишта кои се простираат по сртовите, така што е мошне атрактивен. Неговото
значење се зголемува со тоа што овој простор издвоен како посебна ловна зона
располага со голем фонд на крупен дивеч како што се диви свињи, волци, мечки и
др. Што создава услови за развој на ловен туризам. На овој простор како што е
спомнато поради височината, траењето на снежниот покрив, денивелацијата,
експозицијата и големината на просторот се наоѓаат добри терени за развој на
белиот спорт кој во догледна перспектива би требало да се активира.

20
Користена литература

1. http://krusevo.gov.mk/

2. http://www.istrazijamakedonija.com.mk/

3. https://forum.femina.mk/

4. http://tourismmacedonia.gov.mk/

5. https://krusevo.mk/

21

You might also like