You are on page 1of 13

Општинско средно училиште

"Ацо Русковски" - Берово

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Предмет: Практична настава

Тема: Туристички аранжман ,,Малдиви,,

Ментор, Кандидат,

Весна Ралповска Христина Манчевска, IV -7 клас.

Берово, март 2020 година.


Туристички аранжман - Малдиви

СОДРЖИНА

1. Вовед.....................................................................................................................2

1.1. Стационарни туристички аранжмани.......................................................2

2. Главен дел............................................................................................................3

2.1. Профил на туристичка агенција ,,Joungle


Travel,,........................................................................................................3

2.2. Туристички аранжман – Малдиви............................................................5

2.3. Цена на туристицки аранжман.................................................................8

2.4. Останати услови........................................................................................9

3. Завршен дел.......................................................................................................11

3.1. Заклучок...................................................................................................11

3.2. Користена литература.............................................................................12

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

1. ВОВЕД

1. 1 Стационарни туристички аранжмани

Иницијативното работење во туристичката агенција ги опфаќа сите активности кои се


однесуваат на иницирање (поттикнување) на домашното население да патува во земјата
или странство. Суштината на иницијативното работење се состои во купување на
туристички услуги од непосредните даватели и нивното комбинирање во сопствен
туристички производ кој се пласира на пазарот. Туристичкиот производ може да биде
креиран во различна форма, првенствено како стационарно, акционо, кружно, специјално
и слично патување.

Најчесто сите туристички патувања кои ги организира туристичката агенција може да


се поделат во две групи: стационарни или престојни и акциони или тури.

Стационарните патувања опфаќаат туристички услуги кои ги задоволуваат


туристичките потреби на определено место и време. Сместувањето на туристите најчесто
е во еден сместувачки објект и поради тоа потребно е за време на туристичкиот престој да
се организираат разни анимациски содржини, посета на културно – историски
знаменитости, кратки излети и слично, со што престојот содржински ќе се збогати.

Цената на стационарните патувања е пониска во однос на акционите, поради


поголемата ангажираност на сместувачките капацитети и можноста за намалување на
набавната цена на услугите, како и поради максималната искористеност на превозните
средства.

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

2. ГЛАВЕН ДЕЛ
2. 1 ПРОФИЛ НА ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА „JOUNGLE TRAVEL“

ИМЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ


Друштво за туризам, промет и застапување “Joungle Travel“ - ДООЕЛ
Заштитно име “Joungle Travel“ - ДООЕЛ Берово

АДРЕСА
Ул. “Маршал Тито,, бр. 21 , Берово
Email : joungletravel@info.com
Тел: 00 389 033 038
Факс: 00 389 033 018

ПРАВЕН СУБЈЕКТ

Друштво со ограничена одговорност на едно лице – ДООЕЛ

ИСТОРИЈА

Агенцијата “Joungle Travel“ е основана во 2004 година . Уште од самиот почеток се


одликува со сериозен пристап во полето на туризмот, одлика по која оваа туристичка
агенција се разликува од останатите и одлика врз основа на која “Joungle Travel,, ја стекна
довербата на огромен број клиенти во Македонија .

„Joungle Travel“ прва почна со промовирање на иницијативен туризам , склучувајќи


договори со голем број на светски познати туристички оператори од различни земји во
светот . Во последните неколку години “Joungle Travel“ ја прошири својата работа на
полето на рецептивен, incoming туризам. На тој план се преземаат активности преку

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

интернационалните партнери на агенцијата за анимирање на странските гости и посета на


нашата земја од истите.

ЦЕЛИ И АКТИВНОСТИ

Политиката на работење на “Joungle Travel,, е фокусирана на креирање на експлузивни


аранжмани , акциони аранжмани , продажба на авио билети , организирање на чартер
летови за најатрактивните летни дестинации , креирање и продажба на аранжмани за сите
празници на атрактивни локации , егзотични патувања , крстарења , далечни патувања .

“Joungle Travel,, се стреми кон привлекување на поголем број клиенти , остварување на


профит , задоволување на желбите и барањата на своите клиенти , но исто така и на
потенцијалните клиенти .

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

2.2 ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН - МАЛДИВИ

Необично патување низ џунгли, посета на бројни будистички храмови,


локалитети под заштита на УНЕСКО, собирање и дегустација на чај, хранење
на слонови, масажи на плажа, зајдисонца, сурфање... Чист хедонизам и
одмор!

Ден 1 – Состанок на групата и поаѓање. Состанок на групата на


аеродромот „Меѓународен Аеродром Скопје“ три часа пред летот. Летаме од
Белград до Коломбо со преседнување.

Ден 2 – Пристигнување во Шри Ланка и трансфер до Кенди.


Факултатива – обиколка на ,, Tooth temple,,. Пристигнување на аеродромот
во Коломбо.  Добрeјдовте на островот на вкусови - Шри Ланка. Овој
остров порано бил познат под името Цејлон – земја препознатлива по
проиводство на чај,  драгоцени камења, насмеани луѓе и свила... Трансфер до
Кенди (Kandy), во централниот дел на Шри Ланка. Слободно време до
сместување во собите. Сместување. Факултативен излет –  посета на
најсветото и најпознатото место во
Шри Ланка – Храмот на забот на Буда
(Tooth temple). Огромен комплекс кој се
состои од 4 “Devàla”, 4 храмови посветени
на божества кои “го чуваат градот”.
Ослободување од стрес и собирање на
енергија.

Слика бр. 1 – Храмот на забор Буба

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

Ден 3 – Факултативен излет – Адамов Врв. Утрински факултативен


излет – пешачиме до 2500м надморска висина. До врвот до кој се качуваме,
има 5500 скали, а оваа планината се смета за свето место на хиндусите,
будистите, муслиманите и христијаните. Искачување до  “Адамов Врв” и
уживање во нереално убавата природа и погледот од височините.  Враќање
назад во Кенди. Ноќевање.

Ден 4 – Напуштање на хотелот, трансфер до аеродромот и лет за


Малдиви. Пристигнување во Мале. Го напуштаме сместувањето. Трансфер
до аеродромот во Коломбо и лет за Мале. Пристигнување на Малдиви, каде ќе
уживаме и ќе се одмораме во наредните денови. Трансфер до сместувањето
во Мале.

Слика бр. 2 – Мале

Ден 5 – Трансфер до островот Мафуши. Го напуштаме сместувањето.


Трансфер од Мале до островот Мафуши во претпладневните часови.
Сместување и слободно време за одмор и запознавање на еден од најубавите
острови на Малдиви.

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

Ден 6 – Слободен ден - уживање во тропскиот рај и капење во


трикизното море. Сончање, капење и уживање во зраците на сонцето на
тропскиот остров и неговите бели песочни плажи. Слободно време.

Слика бр. 3 – Тиркизното море на Малдиви

Ден 7 – Слободен ден, морски специјалитети и зајдисонце. Уште


еден ден за истражување на Мафуши. Дегустација на морски специјалитети и
неверојатни зајдисонца.

Слика бр. 4 – Зајдисонце на Мафуши

Ден 8 – Напуштање на сместувањето и слободно време до поаѓање.


Напуштање на сместувањето во претпладневните часови и слободно време
до трансферот за Мале и аеродромот. Лет од Мале за Скопје со

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

преседнување. Пристигнување во Скопје. Ја планираме нашата следна


авантура. 

2.3. ЦЕНА НА ТУРИСТИЧКИОТ АРАНЖМАН

ЦЕНАТА НА ТУРИСТИЧКИОТ АРАНЖМАН ИЗНЕСУВА 1.650 € (EUR) ПО


ЛИЦЕ.

Во цената на аранжманот е вклучено:

 Сместување во хотели со 3*;

 10 континентални појадоци;

 Авионски билет со сите такси на релација Скопје - Коломбо, во


економска класа;

 Трансфер од аеродромот во Коломбо до сместувањето во Кенди;

 Трансфер од сместувањето во Кенди до аеродромот во Коломбо;

 Авионски билет на релација Коломбо - Мале со сите такси, во


економска класа;

 Трансфер од аеродромот до сместувањето во Мале;

 Трансфер од Мале до островот Мафуши;

 Трансфер од островот Мафуши до аеродромот во Мале;

 Авионски билет со сите такси на релација Мале - Скопје, во


економска класа;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

 Меѓународно здраствено осигурување (може да се уплати во


агенцијата);

 Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот;

 Факултативни излети и влезници за културно – историските


споменици;

 Виза за Шри Ланка и услуга за визирање;

 Виза за Малдиви (се издава на пристигнување);

2.4. ОСТАНАТИ УСЛОВИ

Напомени и услови:

 При пријавување, потребно е да доставите копија од


пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото
патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и
исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни
страници потребни за патувањето;

 Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена


(6 месеци) од датумот на враќање во земјата;

 Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат


точното време и место на поаѓање на групата;

 Во случај на недоволен број на патници за реализација на


аранжманот или други објективни околности, организаторот на
патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан
– најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања
и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања;

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

 Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот


објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање
од страна на персоналот на сместувачкиот објект;

 Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и


за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на
гаранција за патувањето;

 Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата


до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како
ни стручноста на локалните водичи;

 Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да


се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за
факултативниот излет;

 Патниците се должни да ги достават документите за визирање,


најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во
наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за
патување;

 Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на


виза;

 Цените се дадени во евра, уплатата се врши во денарска


противредност 1 евро=62 денари;

 За овој аранжман важат Општите услови за патување на “Jungle


Travel“

10

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

3. ЗАВРШЕН ДЕЛ

3.1. Заклучок

Кога ќе речете ,,Сакам одмор од рајот,, се мисли на патување во Малдиви.


Идеална убавина, кристално чисти лагуни, плажи со ситен бел песок во
комбинација со величествен поглед на океанот и природата. Оваа островкса
земја е вистински рај и најпривлечна дестинација.

Малдивите се познати посвоите природни убавини - син океан, бели плажи и


умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот
на целата година.Главнииндустрии се туризмот и рибарството.Природните
убавини се магнет затуристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради
прекрасните подводни коралнипејсажи, Малдивите се рангирани како една од
најдобрите дестинации за нуркачите восветот.Еден типичен туристички комплекс
на Малдивите се состои од ексклузивен хотелна сопствен остров, населен
исклучиво со туристи и хотелските работници, без друголокално население.

Повеќе од милион туристи ги посетуваат


Малдивите годишно, проверете и вие сами зошто!

ПАТУВАЊЕТО ГО ОБНОВУВА ДУХОТ!

11

Практична настава
Туристички аранжман - Малдиви

3.2. Користена литература

1. Агенциско работење, Бранко Бизоев;

2. Разни интернет страни и портали:

 https://www.savanaonline.com/show.cfm?id=758;

 http://www.pet.com.mk/maj/maldivi;

 http://vispoj.com.mk/mak/rajskiot-arhipelag-maldivi;

 https://www.jungletribe.mk/destinacii/azija/sri-lanka/sri-lanka-i-maldivi ;

 http://www.inex.com.mk/patuvanja/azija_i_bliskiot_istok/maldivi/default.htm?lId=1 ;

12

Практична настава

You might also like