Presentation 12

You might also like

You are on page 1of 9

Презентација по прaктична настава

Продажба на аранжмани во
претприемништвата
Ментор:Гоце Бошкоски
Изработиле:
1.Синиша Трајаноски
2.Марјан Цветаноски
Поим и значење на
туристичките аранжмани
Вршејќи ја својата
организациона
функција,патничката
агенција создава и
свој производ-
туристички
аранжман.
Формирање на туристичкиот
аранжман
Формирањето на туристичкиот аранжман не е ни
малку едноставна активност.Обично тоа е еден
долг и континуиран процес на работа кој бара
голем број информации кои се битен предуслов и
без кој што е невозможно да се отпочне со
процесот на создавање на аранжманот.
Од тие причини агенцијата е приморана да
набавува најразлични видови на туристички
информации односно на некој начин да го
истражува туристичкиот пазар и тоа во двата
дела и во делот на туристичката понуда и во
делот на туристичката побарувачка.
Време на изведување на
аранжманот
O Еден од основните фактори при формирањето на
туристичкиот аранжман е времето бо кое ќе се
изведува аранжманот.Тоа време треба да го
разгледуваме како:
O Годишно време во кое ќе се организира некое
патување
O Датум во месецот кога започнува и завршува
користењето на туристичкиот аранжман
O Ден во неделата на кој почнува или завршува
патувањето
O Дел од денот или час во кој се поаѓа на или се
пристигнува од патување и
O Времетраење на самиот туристички аранжман.
Секој од набројаните фактори на свој начин
може да влијае на успешноста на
аранжманот,а од туристичката пракса се
познати случаите кога патничката агенција
користејќи се токму со овие елементи
успеала да извлече поголема ефикасност во
реализација на аранжманот.
Цена на аранжманот
Цената како и кај секој друг вид
на производ така и кај
туристичкиот аранжман
честопати е пресуден фактор во
носењето на одлука на
потенцијалниот клиент за тоа
дали да сепријави за одреден
вид на патување или не.За
туристите цената на
аранжманот е лимитирана од
нивниот расположлив фонд на
слободни парични средства и
тука нема многу да помогне ниту
атрактивноста на
аранжманот,ниту добро
избраниот итинерер,ниту пак
поголема желба на туристот.
Поделба на туристичките
аранжмани
O Аранжманите можат да се поделат на
домашни и странски туристички аранжмани.
O Домашните туристички аранжмани го
опфаќаат задоволувањето на туристичките
потреби на домашните туристи во сопствената
држава или во странство.
O Странските туристички аранжмани се сите
оние аранжмани на патничката агенција кои
ги користат странските туристи без разлика на
тоа дали истите се реализирани во
Македонија или во друга држава.

You might also like