You are on page 1of 2

1.

Изведување на туристички аранжмани

Во овој дел од работењето туристичката агенција мора добро да внимава на своите


активности, доколку сака квалитетна реализација на туристичкиот аранжман и давање на
ветените услуги кој предходно биле ветени и договорени со клиентот.
Во оваа фаза најважно е комуникацијата помеѓу клиентите, вработените,
претставниците, туристичкиот водич.На пазарот се појавуваат повеќе видови аранжмани
кој зависат од повеќе фактори: видот на превозно средство, потрошувачот, видот на
аранжман.Реализацијата на туристичкиот аранжман опфаќа две фази:
- Права фаза: Подготовка за изведување на аранжманот
- Втора фаза: Изведување на аранжманот

1.Подготовка за изведување на туристички аранжман


Оваа фаза започнува кога ќе биде завршено букирањето, а опфаќа неколку активности
тоа.

- Одредување на изведувачот на патувањето


Како изведувач на патувањето се смета лицето вработено во агенцијата или стручно лице
кое го ангажирала агенцијата.Тоа е најчесто туристички водич.

- Составување попис на патниците


Обично овој попис се прави за групни патувања врз основа на букинг листа и содржи име
презиме на патникот и услуги кој ги ќе ги користи и посебни желби.Оваа листа по потреба
се приложува на гранична полиција и царина при влез на некоја држава ако е се како што
треба полицијата или цариниците го заверуваат овој лист.
Агенцијата однапред ја доставува оваа листа до сите која се вклучени во организирање на
туристичкиот аранжман или даваат некоја услуга.Ако патувањето се врши со авион тогаш
се изготвува ,, Flight-list,, во кој покрај имињата на патниците се запишува и бројот на авио
билет.
- Составување на руминг листа
Оваа е листа според која ќе бидат сместени гостите во хотелот, според однапрен број на
соби.Со оваа листа агенцијата всушност му ја потврдува резервацијата на гостинот во
хотел.Исто така оваа листа се е многу важна за да се знае каква соба сака гостинот, многу
пати самата соба има голема важнос при избор на аранжман.

- Осигурување на патни документи


Веднаш по фазата на продажба на аранжман клиентот се известува за потребните
докумени за патување – Здравствените книшки , вадење виза и сл.
Доколку клиентот сака агенцијата може да ги среди потребните документи но под
одредени услови.

- Осигурување на превозни документи


Агенцијата издава билети за реализација на превозот во аранжманите и притоа обично
постојат два начини на издавање.Кај првиот начин агенцијата со останатите документи му
ги дава на клиентот на рака.Вториот начин е кога се работи за групи и агенцијата му ги
дава на водичот.Доколку станува за авионски билет ,по правило е запишан и бројот на
седиштето.Кај автобускиот превоз агенциите не издаваат билети освен ако не се работи за
група кој е составена од индивидуалци кои билетите ги купиле поединечно.

1.1 Давање на конечни информации на патниците

Обично клиентите се информираат ако дојде до промена во содржината на аранжман


или во начинот на изведување на истиот.Промени може да има и во датумите времето на
поаѓање или пак на местото на поаѓање.Ваквите информации агенцијата треба на
гостинот да му ги пренесе навремено во спротивно ке треба да му ја надомести
направената штета.

Вежба:
Наброј ги активностите од фазата на подготовка за изведување на аранжман?

You might also like