You are on page 1of 12

Полн назив на субјектот

ПРОГРАМА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ


ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА
ТЕРОРИЗАМ

______________________, година

СОДРЖИНА

1. Вовед

1
2. Процедура за прифаќање на клиенти

3. Процедура за анализа на клиенти

3.1. Идентификување и потврдување на идентитетот на клиентот


3.2. Идентификување и потврдување на идентитетот на ополномоштувачот
3.3. Потврдување на идентитетот на клиентот, вистинскиот сопственик и ополномоштувачот
3.4. Засилена анализа на клиентот

4. Процедура за анализа на ризик и индикатори за анализа на ризик

5. Процедура за проценка на ризикот на носител на јавна функција

6. Процедура за препознавање на невообичаени трансакции и сомневање на перење пари и


финансирање на тероризам

7. Процедура за чување на податоците и документите и за доставување на извештаи до Управата

8. План за постојана обука на вработените

9. Назначување на овластено лице

10. Процедура за начинот на соработка со Управата

11. Процедура и план на вршење на внатрешна контрола и ревизија на спроведување на мерките и


дејствија

2
1. Вовед
Врз основа на член 34 од Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Сл. весник на РМ
бр. 130/14, 192/15 и 27/16) субјектот ___________________________________________________ со седиште на ул.
___________________________________________________, на ден _________________.година ја донесе следната:

Програмата ги вклучува следните процедури:

• Процедура за прифаќање на клиенти


• Процедура за анализа на клиенти
• Процедура за анализа на ризик и индикатори за анализа на ризик
• Процедура за проценка на ризикот на носител на јавна функција
• Процедура за препознавање на невообичаени трансакции и сомневање на перење пари и финансирање
на тероризам
• Процедура за чување на податоците и документите и за доставување на извештаи до Управата
• План за постојана обука на вработените од областа на спречување на перење пари и финансирање на
тероризам
• Назначување на овластено лице
• Процедура за начинот на соработка со Управата и
• Процедура и план на вршење на внатрешна контрола и ревизија на спроведување на мерките и дејствија

Овластено лице за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во (Назив на субјектот) е лицето
____________________________на функција ____________. Овластеното лице е одговорно за спроведување на
оваа програма, како и за комуницирање со Управата за финансиско разузнавање на редовна основа.

2. Процедура за прифаќање на клиенти

Процедурата за прифаќање на клиентите утврдува кои видови клиенти можат да го изложат субјектот на ризик
од перење пари и финансирање на тероризмот.
Следните податоци и информации се користат како основа на кои ќе може да утврди кои клиенти може да ја
изложат (Назив на субјектот) на ризик од перење пари и финансирање на тероризмот:

• историја на клиентот;
• вид на дејноста што ја извршува;
• географска локација на клиентот и неговите најзначајни деловни партнери;
• поврзаност со носители на јавни функции;
• цел и намера на деловниот однос;
• извор на парични средства.

3
Согласно претходниот став, помало ниво на ризик за перење пари и финансирање на тероризам има клиентот
доколку е:
• реномирана локална или интернационална компанија
• со подолга историја на деловен однос со (Назив на субјектот)
• кој според видот на дејноста не е изложен на можност за мито и корупција, продажба и производство на
нелегални производи и услуги
• клиентот кој нема поврзаност со носители на јавни функции
• кој остварува приход од редовен работен однос и редовни деловни активности

Критериуми за неприфаќање на клиенти

Врз основа на податоците и информациите со кои располага и согласно Индикаторите за анализа на ризик и за
препознавање на сомнителни активности, како неприфатливи клиенти се сметаат следните:

• лица чиј идентитет не може да се утврди, односно клиенти кај кои не може да се утврди
вистинскиот корисник, односно сопственичката и управувачката структура;
• клиенти поврзани со лица кои извршиле незаконски дејствија, членови на криминални или
терористички организации и др.;
• клиенти поврани со лица со криминално досие или против кои се водат кривични постапки
(особено за кривични дела од областа на финансискиот криминал)
• клиенти поврзани со лица кои се наоѓаат на листите на терористи и терористички организации
дефинирани од ООН, ЕУ и од Амбасадата на САД.

3. Процедура за анализа на клиенти

Согласно член 6 од Законот (Назив на субјектот) ја спроведува процедурата за анализа на клиентот во следниве
случаи:

• кога се воспоставува деловен однос;


• кога се извршуваат една или неколку поврзани трансакции во износ од 15.000 евра во денарска
противвредност или повеќе;
• кога постои сомневање за перење пари или финансирање на тероризам, без оглед на каков било исклучок
или износ на средства и
• кога постои сомневање за вистинитоста или адекватноста на претходно добиените податоци за
идентитетот на клиентот.

Процедурата за анализа на клиенти ги вклучува следниве активности:

• идентификација на клиентот и потврдување на неговиот идентитет;


• идентификација на ополномоштувачот и потврдување на неговиот идентитет и идентификација на
вистинскиот сопственик, неговата сопственичка и управувачка структура и потврдување на неговиот
идентитет;
• обезбедување на информации за целта и намерата на деловниот однос и
• постојано следење на деловниот однос.

Согласно член 7 став 3 од Законот, оваа процедура се применува за оние клиенти за кои при оценката на ризици
се установува дека постои севкупен висок ризик за перење пари и финансирање тероризам.
(Назив на субјектот) редовно ќе ги ажурираат документите и податоците за клиентот со севкупен висок ризик,
прибавени при спроведување на овие активности.

3.1. Идентификување и потврдување на идентитетот на клиентот

Клиенти на (Назив на субјектот) се само правни лица.


Кога клиентот е домашно правно лице се идентификува и се потврдува неговиот идентитет со поднесување на
оригинал или копија на регистрација од Централен регистар заверена кај нотар. Од овој документ се утврдува
4
називот, седиштето, даночниот број на правното лице, основачот/ите и законскиот застапник. Од
приложениот документ ЗАДОЛЖИТЕЛНО се задржува копија во хартиена и/или
електронска форма.
Кога клиентот е странско правно лице се идентификува и се потврдува неговиот идентитет со документ за
регистрација издаден од надлежен орган, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција
во домицилната држава. Доколку клиентот не подлежи на регистрација од надлежен орган за регистрација,
утврдувањето на идентитетот се врши со обезбедување на оригинал или копија заверена кај нотар или овластена
институција во домицилната држава од документот за негово основање донесен од органот на управување или
упис на името, односно називот, адресата или седиштето и дејноста. Од приложениот документ
ЗАДОЛЖИТЕЛНО се задржува копија во хартиена и/или електронска форма.
Органот на управување и претставниците на клиентот ополномоштени за влегување во деловен однос во име
на трето лице треба да ги приложат претходно наведени документите, како и документите кои го потврдуваат
идентитетот и адресата на ополномоштувачот или вистинскиот сопственик.
(Назив на субјектот) ќе чува копија од приложените документи.

3.2. Идентификување и потврдување на идентитетот на ополномоштувачот

Доколку трансакцијата се врши во име и за сметка на трето лице, во случаите во кои законот пропишува таква
обврска, (Назив на субјектот) ќе го идентификува и ќе го потврди идентитетот на лицето кое ја врши
трансакцијата (ополномоштеник), носителот на правата (ополномоштувачот) и полномошното.
Доколку не е сигурно дали клиентот дејствува во свое име и сметка или во име и сметка на трето лице, (Назив
на субјектот) ќе побара од него информација за утврдување на идентитетот на носителот на правата
(ополномоштувачот) и полномошното, односно заверениот договор помеѓу ополномоштувачот и
ополномоштеникот.

3.3. Потврдување на идентитетот на клиентот, вистинскиот сопственик и ополномоштувачот

(Назив на субјектот) ќе изврши потврдување на идентитетот на клиентот, вистинскиот сопственик или


ополномоштувачот пред да воспостави деловен однос за клиенти со кои нема воспоставено деловен однос. Ова
може да се реализира и во текот на воспоставување на деловниот однос кога постои помал ризик од перење
пари и финансирање на тероризам, со цел да не се наруши водењето на деловниот однос.

3.4. Засилена анализа на клиентот

(Назив на субјектот) ќе врши засилена анализа на клиентот која се однесува на следниве видови клиенти:
• клиенти - носители на јавни функции или клиенти кои се поврзани со носители на јавната функција
• клиенти (ополномоштувачи) кои не се физички присутни при секоја од следниве фази: договарањето,
склучувањето или одвивањето на деловниот однос.

Кога клиентот е носител на јавна функција се спроведува дефинираната процедура за проценка на ризикот на
носител на јавна функција.

Кога клиентот не е физички присутен за целите на идентификација, ќе се преземат една или повеќе од следните
мерки:
• идентитетот на клиентот ќе се утврди со дополнителни документи, податоци или информации;
• дополнителни мерки со кои ги потврдуваат обезбедените документи или да бараат документите да ги
потврди друга финансиска институција од Република Македонија, од земја членка на Европската унија
или од земја во која прописите предвидуваат приближно исти критериуми и стандарди за спречување
на перење пари и финансирање на тероризам, како барањата предвидени со овој закон и
• првото плаќање ќе се изврши преку сметка на клиентот во банка во Република Македонија.

4. Процедура за анализа на ризик и индикатори за анализа на ризик

Во рамките на интерните процедури за управување со ризици, (Назив на субјектот) ќе врши и анализа на


ризиците поврзани со перење на пари и финансирање на тероризам опишана подолу.

5
Анализата на ризик вклучува формирање на профил на ризик и споредување на карактеристиките на клиентите,
деловниот однос и трансакциите со Индикаторите за анализа на ризик и препознавање на сомнителни
трансакции. Кога постои повисоко ниво на ризик од перење пари или финансирање на тероризам, (Назив на
субјектот) ќе врши засилена анализа на клиентот.

Категории на ризици од перење пари и финансирање на тероризам кои (Назив на субјектот) ги зема предвид се:

• ризик од земја на потекло,


• ризик од профил на клиент и
• ризик на продукт или услуга.

Овие ризици (Назив на субјектот) ги класифицира во три нивоа: низок, среден и висок ризик.
Според горенаведените категории на ризици и трите дефинирани нивоа на ризик (Назив на субјектот) го
евалуира севкупното ниво на ризик на клиентот и според тоа ги групира клиентите на:

• Клиенти со севкупен висок ризик за перење пари и финансирање на тероризам


• Клиенти со севкупен низок ризик за перење пари и финансирање на тероризам

Ризик од земја на потекло

Како посебна категорија за проценка на ризикот е утврден географскиот ризик, односно ризик од земја на
потекло. Оценувањето на ризикот од земја на потекло се врши според земјата на живеење за физички лица и
земјата во која се наоѓа седиштето на правното лице за правни лица, живеалиштето/седиштето на основачите и
вистинските корисници, земјите од каде потекнува финансирањето, инвестициите, каде се извршуваат
деловните активности, каде се наоѓаат деловните партнери.

Земји со низок ризик од аспект на перење на пари и финансирање на тероризам се оние земји кои имаат високо
развиени и транспарентни правни системи, со ниско ниво на корупција и стабилен, независен финансиски пазар,
како и земји кои ги исполнуваат меѓународните стандарди за спречување на перење пари и финансирање на
тероризам.
Земји со среден ризик од аспект на перење на пари и финансирање на тероризам се оние земји кои не се
стриктно класифицирани како земји со висок ризик или земји со низок ризик. На пример, во овие земји може
да има многу строги закони за заштита на податоци (што значи помала транспарентност во однос на клиентите).
Земји со висок ризик од гледна точка на перење на пари и финансирање на тероризам се оние земји со висок
индекс на корупција, несигурни економски или политички системи, неефикасен правен систем или пак малку
барања на потребна документација за отворање на бизниси, земји познати по производство, преработка,
трговија на дрога и оружје, држави под санкции, ембарга или слични мерки издадени, на пример од
Обединетите Нации, држави идентификувани, од страна на кредибилитетни извори (FATF, IMF и др.) како
држави кои имаат неусогласена регулатива за превенција од перење пари и финансирање на тероризам со
меѓународната регулатива од оваа област, држави идентификувани, од страна на кредибилитетни извори, како
земји кои финансираат и поддржуваат тероризам.

Ризик од профил на клиент

Во зависност од степенот на ризик од гледна точка на перење на пари и финансирање на тероризам, клиентите
може да ги категоризираме како:

Клиенти со низок ризик се: јавните органи кои се одговорни за вршење на јавни функции, компании кои
тргуваат на регулирани пазар и правни лица за кои податоци и информации за неговиот вистински сопственик
се јавно достапни, транспарентни и можат да се потврдат, банкарските сметки на физички лица каде движењата
на средствата се економски и логично оправдани и транспарентни.
Клиенти со среден ризик се мали и средни домашни фирми чии парични средства јасно ги оправдуваат
банкарските трансакции, со што истите спаѓаат во категоријата на средено ризични.
Клиенти со висок ризик се клиенти чии активности можат да предизвикаат повисок ризик, односно кај кои
може да се сретне некој од следните критериуми:

6
- користење на посредници во рамките на деловниот однос
- кои не подлежат на регулативата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам и не се
супервизирани;
- клиенти кои се политички експонирани личности и др.

Во случај кога по извршената проценка на ризик ќе се утврди висок ризик ќе се имплементираат соодветни
мерки и контроли за да се намали потенцијалниот ризик. Дел од мерките кои може да се преземат во вакви
случаи се:

• засилување на мерките за познавање на клиентот и засилена анализа на клиентот,


• зголемен мониторинг и анализа на деловните активности на клиентот,
• зголемено ниво на континуирана контрола на деловниот однос со клиентот

Ризик од продукти/услуги

Целосната проценка на ризикот треба да содржи и проценка направена според третата категорија на ризик,
односно според ризиците од перење на пари и финансирање на тероризам кои можат да се појават од
користењето на определени продукти или услуги кои ги нудат субјектите.
При утврдување на ризиците од перење на пари и финансирање на тероризам, од производи и услуги
категоризирани по ризичност од аспект на перење на пари или финансирање на тероризам треба да ги земе во
предвид следниве фактори:

производи со низок ризик:


производи со висок ризик од гледна точка на перење на пари и/или финансирање на тероризам се:
Во случај кога по извршената проценка на ризик ќе се утврди висок ризик ќе се имплементираат соодветни
мерки и контроли за да се намали потенцијалниот ризик.
Дел од мерките кои што може да се преземат се следните:

• зголемување на свеста за сопствените високо ризичните клиенти и трансакции,


• засилување на мерките за познавање на клиентот и засилена анализа на клиентот,
• заострување на барањата за одобрување на сметка и воспоставување на деловен однос со
клиентот,
• зголемен мониторинг и анализа на деловните активности на клиентот,
• зголемено ниво на континуирана контрола на деловниот однос со клиентот и др.

5. Процедура за проценка на ризикот на носител на јавна функција

Носители на јавни функции се физички лица кои не се државјани на Република Македонија, а на кои им е или
им била доверена јавна функција во РМ или во друга држава како: претседатели на држави и влади, министри
и заменици или помошници министри; членови на парламент (пратеници); избрани и именувани јавни
обвинители и судии во судовите; членови на државна ревизорска институција и членови на одбор на централна
банка; амбасадори; офицери од висок ранг во вооружените сили (чинови повисоки од полковник); други
избрани и именувани лица согласно закон и членовите на органите на управување на претпријатијата во
државна сопственост и лица со функции во политички партии (членови на органите на политичките партии).

Претходно наведените лица се сметаат за носители на јавни функции најмалку една година по престанокот на
извршувањето на јавната функција.

Поимот носители на јавни функции вклучува и: блиски членови на семејството со кои носителот на јавната
функција живее во семејна заедница на иста адреса, деловни партнери и лица кои основале правно лице во
корист на носителите на јавни функции.

Оваа процедура се спроведува за носители на јавни функции кои се јавуваат како клиенти и кога истите се
јавуваат како основачи, вистински корисници, управители на клиенти –правни лица.
Кога (Назив на субјектот) ќе врши трансакции или ќе стапува во деловен однос со носители на јавни функции:
7
- ќе утврди дали клиентот е носител на јавна функција, односно дали основачите, вистинските корисници,
управителите на клиентите –правни лица се носители на јавна функција, врз база на претходно утврдената
процедура за проценка на ризикот или доколку тоа не е можно, ќе се обезбеди изјава од соодветното лице
- ќе преземе соодветни мерки за да се утврди изворот на средствата на клиентот (основачите, вистинските
корисници, управителите на клиентите –правни лица) којшто е носител на јавна функција и
- ќе врши засилено следење на деловниот однос со клиентот кој што е или има блиска поврзаност со носител на
јавна функција.

6. Процедура за препознавање на невообичаени трансакции и сомневање на перење пари и финансирање


на тероризам

Заради ефикасно идентификување на сомнителните трансакции, вработените во (Назив на субјектот) се


должни да ги идентификуваат невообичаените трансакции. Како невообичаени трансакции се сметаат сите
трансакции коишто се невообичаено големи, имаат карактер кој не одговара на видот на активностите кои ги
врши клиентот, а клиентот не дава прифатливо образложение за причината поради која ја врши таа трансакција.

Препознавањето на ваквите трансакции и сомневањето за перење на пари и финансирање на тероризам,


вработените во (Назив на субјектот) го вршат врз основа на непосредни сознанија, Листата на индикатори за
препознавање на сомнителни трансакции утврдена од Управата субјектите и надзорните органи и меѓународни
листи на терористи и терористички организации. Исто така, потребно е посебно внимание да се обрне на
деловните односи и трансакциите со физички и правни лица од држави кои не ги имплементирале или
недоволно ги имплементирале мерките за СППиФТ.

(Назив на субјектот) при утврдувањето на фактот на сомневање за перење на пари и финансирање на тероризам,
ќе ги користи следните индикатори:

1. Клиентот се занимава со дејност која вклучува голем број на готовински трансакции;


2. Клиентот често ги менува сметководителите;
3. Клиентот во сметководствената евиденција внесува непостоечки или веќе платени долгови;
4. Потеклото на средствата на клиентот не може да се утврди или е тешко да се утврди;
5. Прикажаните приходи во даночната евиденција не одговараат на готовинската евиденција пријавена од
клиентот;
6. Клиентот нема вработени што е невообичаено за неговата дејност;
7. Клиентот има отворено голем број на сметки во различни банки за кои реално не постои потреба со
оглед на неговиот обем на работа;
8. Клиентот врши трансакции кои не соодветствуваат со дејноста за која е основано правното лице;
9. Клиентот нуди пари, подароци или други услуги како возврат за извршување на работи кои не се во
согласност со законските прописи;
10. Клиентот го убедува сметководителот дека не е потребно да потполни или приложи некои потребни
документи;
11. Клиентот бара во завршната сметка да се искаже загуба иако за тоа не постојат реални оправдани
причини;
12. Согласно печатените и електронските медиуми, за клиентот постојат податоци во врска со претходни
апсења поради неплаќање на данок, перење пари, трговија со дрога или други кривични дела;
13. Даночен службеник повеќе пати врши контрола во канцеларијата на клиентот, и притоа констатира
невообичаено или сомнително работење;
14. Клиентот има големи приливи на сметката и дава налог на банката парите да бидат префрлени на сметки
на повеќе лица во поголеми заокружени износи;
15. Клиентот врши трансакции за кои не постојат рационални објаснувања или економска оправданост;
16. Поголем број на физички лица помеѓу кои не постои поврзаност уплаќаат средства на сметка на
клиентот и истите клиентот веднаш ги повлекува или дава налог на банката за префрлање на средствата
на други свои сметки или на сметки на други лица, особено кога ќе се утврди дека за трансакциите нема
никакви рационални објаснувања или економска оправданост;

8
17. Клиентот често пати врши трансакции по основ авансни плаќања или враќање на аванс поради
нереализирани комерцијални договори;
18. Клиентот врши готовински уплати по основ „позајмица од основачот” во поголеми износи;
19. Клиентот врши голем број на готовински уплати, а според природата на дејноста која ја обавува таквите
трансакции не се својствени;
20. Клиентот повлекува голема сума на пари од сметка на која се префрлени средства по основ на одобрен
кредит во странство;
21. Клиентот врши трансакции со физички или правни лица регистрирани во држави кои се познати по
трговија со дрога или преку чии територии се врши прометот со наркотици или во кои се воведени и
стапени на сила строги закони за доверливи банкарски и деловни податоци;
22. Клиентот исплаќа невообичаени хонорари за советување на компании со седиште во земји познати како
даночни раеви;
23. Клиентот избегнува да одговори на прашања во врска со трансакциите, полномошното,
идентификацијата и слично, или презентира лажни документи или дава неточни податоци;
24. Клиентот располага со имот и средства од големи размери (луксузни автомобили, апартмани, луксузни
куќи и др.) кои не одговараат на приходите кои ги остварува неговата компанија;
25. Клиентот добро ја познава законската регулатива во врска со пријавување на сомнителни трансакции,
брзо потврдува дека паричните средства се „чисти”, без причина ја објаснува трансакцијата и тн;
26. Клиентот - правно лице поднесува барање за кредит, и покрај фактот што економските и финансиските
показатели не укажуваат дека клиентот има потреба од кредит. Потоа средствата од одобрениот кредит
се префрлаат на сметки во off –shore банки, или во корист на трети лица или се користат ненаменски;
27. Повеќе правни лица се регистрирани на една иста адреса при тоа сопственик на истите е едно или повеќе
фамилијарно поврзани лица;

Кога постојат основи на сомневање дека трансакцијата, клиентот или вистинскиот сопственик се поврзани со
перење пари или финансирање на тероризам, (Назив на субјектот) ќе спроведе засилена анализа, односно ќе
обезбеди подетални информации и податоци за клиентот или вистинскиот сопственик, за текот на
трансакцијата, нејзината цел, крајната дестинација на парите и за сите учесници во трансакцијата и за тоа ќе ја
извести Управата.
Врз основа на утврдените наоди, овластеното лице одлучува дали станува збор за сомнителна трансакција
односно дали клиентот, трансакцијата или вистинскиот сопственик се поврзани со перење на пари и
финансирање на тероризам и дали треба да се пријават до Управата за финансиско разузнавање.

7. Процедура за чување на податоците и документите и за доставување на извештаи до Управата

(Назив на субјектот) копиите од документите со кои го потврдуваат идентитет на клиентот или вистинскиот
сопственик, за спроведените процедури за анализа на клиентот или вистинскиот сопственик и за реализираните
трансакции или трансакциите во обид, од клиентското досие и деловната кореспонденција ќе ги чува најмалку
5 години по извршената трансакција, сметано од последната трансакција кога се работи за повеќе трансакции
кои сочинуваат една целина.
Обврската за чување опфаќа и профил на ризик, сите податоци и информации добиени при следењето на
клиентот и трансакциите кои ги врши и сите писмени извештаи изработени согласно Законот за СППиФТ.
(Назив на субјектот) ќе чува и копии од извршената анализа на целта и намерата на сложените невообичаено
големи трансакции или трансакции кои се извршени на невообичаен начин кои немаат правна и економска
логичност и цел и на деловните односи и трансакции со клиенти од држави кои не ги имплементирале или
недоволно ги имплементирале мерките за спречување перење пари и финансирање на тероризам, најмалку во
обем и на начин предвиден со Законот.

Податоците за клиентот со кој е воспоставен подолготраен деловен однос, ќе се чуваат најмалку пет години од
денот на престанокот на деловниот однос.

Податоците ќе се чуваат во (се наведува организациониот дел од субјектот каде ќе се чуваат) и во каква форма
и лицето кое ќе биде задолжено за извршување на оваа обврска).

9
Во случај на престанок на постоењето на (Назив на субјектот), обврската за чување на податоците во
определениот рокот се пренесува врз правните наследници на субјектот т.е. на неговите основачи доколку нема
правни наследници.

Податоците обезбедени врз основа на Законот за СППиФТ се доверливи и можат да се користат единствено за
откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризмот.
Не се cмета за оддавање на деловна тајна доставувањето на податоците до Управата и до органите на надзор
или надлежни органи за спроведување на законите.
Вработените во (Назив на субјектот) не смеат да ги користат личните податоци од досиејата на клиентите за
други цели, освен за спроведување на активностите наменети за откривање и спречување на перење пари.

Вработените во (Назив на субјектот) не смеат да го известат клиентот или трето лице за доставување на
податоците до Управата или за други мерки и дејствија превземени врз основа на Законот за СППиФТ.

Во случај на постоење на сомневање или основи на сомневање дека било или е извршено перење пари или
финансирање на тероризам или е направен обид или се прави обид за перење пари или финансирање на
тероризам, (Назив на субјектот), веднаш ќе ја извести Управата и ќе ги достави собраните податоци,
информации и документи до Управата најдоцна во рок од 24 часа од известувањето на Управата во форма на
извештај.

Извештаите за сомнителни активности ќе се доставуваат до Управата на соодветниот образец, по писмен пат.

Доколку Управата побара податоци и документација од (Назив на субјектот), тие ќе бидат доставени во рок од
десет работни дена од денот на приемот на барањето, по електронски пат (или на друг начин). Доколку Управата
итно бара дополнителни податоци (Назив на фирмата) во рок од 4 часа ќе одговори на барањето и ќе ги достави
побараните податоци доколку истите ги поседува.

8. План за постојана обука на вработените

(Назив на субјектот) еднаш годишно ќе прави план за обука за сите вработените во кој ќе биде земена предвид
и обуката за спречување на перење пари. (Назив на субјектот) ќе води евиденција за спроведените обуки.
Планот за обука го изготвува (се наведува лицето- на која функција, во кој организационен дел).
Со обуките ќе бидат опфатени вработените во (Назив на субјектот) кои извршуваат активности (се наведуваат
кои активности), како и новите вработени на соодветните позиции задолжително веднаш по нивното
вработување.

Содржината и времетраењето, како и начинот на реализацијата на обуката, ќе бидат детално наведени во


Годишниот план за обука.
Планот за обука на вработените редовно ќе се ажурира за да ги опфати сите внатрешни и надворешни промени
(деловна стратегија, прописи и сл.), како и за да ги вклучи сите засегнати ново вработени во (Назив на
субјектот).
Во секој случај планот за обука предвидува најмалку две обуки во тековната година на вработените, а врз
основа на проценка на овластеното лице, се дефинираат таргетни групи и тематиката на обуките.
Вообичаениот материјал за обука која ќе се спроведува во (Назив на субјектот) треба да биде подготвена во
форма на публикација, а исто така може да вклучи и визуелна презентација. Доколку е потребно, обуката може
да вклучи и повремено тестирање на лицата на кои е извршена обука преку пополнување на тест со кратки
прашања, зависно од предметот на работење на организациониот дел на кој му припаѓа работникот кој се
тестира.
9. Назначување на овластено лице

Согласно одредбите на ЗСППиФТ, (Назив на субјектот) именува овластено лица кое ќе се грижи за
спроведување на законската регулатива за спречување на перење пари и на програмата за спречување на перење
пари и финансирање на тероризам.

Овластеното лице ќе ги врши следните активности:


- анализа на ризиците од перење на пари и финансирање на тероризам;
10
- прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од вработените, анализирање на истите,
подготвување на писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна
трансакција, односно дали истите да се пријават или не во Управата;
- обезбедување на документација и информации за сите трансакции пријавени во Управата, како и за
сите трансакции за кои било одлучено да не се пријават во Управата, вклучувајќи ги и причините за истото;
- дава препораки за измени, ревидирање и унапредување на Програмата на друштвото, преку оцена на
нејзината усогласеност со регулативата;
- известување на месечна основа до раководството на друштвото со содржина согласно регулативата;
- советување на органите на управата за мерките кои што треба да се преземат заради почитување на
прописите од областа на СППиФТ, вклучувајќи и следење на сите измени и дополнување на прописите, како и
во меѓународната регулатива;
- организира обука за вработените за СППиФТ;
- изготвува годишен план за обука и
- одржува редовни контакти со други органи и институции вклучени во процесот на СППиФТ.
За овластено лице се именува лицето (име и презиме), (се наведува соодветната позиција во друштвото – пр.
управител и сл.), со следните контакт податоци:
- седиште на субјектот:
- тел.;
- факс: и
- е-маил:.

10. Процедура за начинот на соработка со Управата

(Назив на субјектот) соработува со Управата за финансиско разузнавање согласно Законот за СППиФТ и


соработката се остварува преку овластеното лице.

Соработката со Управата се остварува преку:

• доставување на извештаи за сомнителни трансакции


• доставување на податоци на барање на Управата
• консултации со за законската регулатива, консултации во случај на сомнителни активности (налог за
следење на деловен однос, привремени мерки)
• одржување на заеднички состаноци , работни средби и преку вклучување на вработените од Управата
во интерните обуки.

11. Процедура и план на вршење на внатрешна контрола и ревизија на спроведување на мерките и


дејствија

Во рамките на годишната процедура (план) за спроведување на редовна интерна ревизија на работењето на


(Назив на субјектот), во редовната интерна ревизија ќе бидат земени предвид и мерките и дејствијата за
спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Врз основа на член 36 од законот, (Назив на субјектот) врши внатрешна контрола над спроведувањето на
мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам најмалку еднаш годишно и
изготвува документација за констатираните наоди од спроведената контрола.

Лицата вклучени во вршењето на внатрешната контрола на спроведувањето на програмата и на мерките и


дејствијата за спречување на перење пари и финансирање тероризам ќе бидат задолжително вклучени во
редовните обуки од областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам.

При вршењето на контролата на спроведувањето на програмата и на мерките и дејствијата за спречување на


перење пари и финансирање тероризам, лицата задолжени за истата ќе применуваат соодветни процедури и
етички принципи.

Програмата и измените и дополнувањата на програмата се доставуваат на увид и мислење до Управата.

Програмата влегува во сила со денот на нејзино донесување.


11
(Се наведува органот кој ја донел програмата)

Датум:

Потпис:

Печат.

12

You might also like