You are on page 1of 15

Американски Универзитет на Европа-ФОН

Факултет за детективи и безбедност

Семинарска работа на
Тема: Криминал и перење пари

по предметот Криминологија

Ментор: Кандидат:
Проф д-р Насер Етеми Ана Јордановска
бр. на индекс:17605

Скопје,2020

Содржина
1
Вовед.................................................................................................................................. 3

1Што претставуваат парите?........................................................................................... 4

1.1Дефинирање на поимот перење пари. ...................................................................... 4

2Фази на перење пари ...................................................................................................... 5

2.1 Пласман. ...................................................................................................................... 5

2.2Прикривање................................................................................................................. 6

2.3Интеграција..................................................................................................................7

2.4 Останати техники....................................................................................................... 7

3. Улогата на банките во процесот на перење пари......................................................9

Заклучок............................................................................................................................13

Користена литература......................................................................................................14

2
Вовед
Со развојот на општеството човекот е исправен пред предизвикот да се справи со
придобивките кои ги носи новото време.Во едно такво време се појавуваат различни
девијанти појави меѓу кои и криминалот.Криминал претставува дело од страна на физичко
или правно лице кое свесно постапува(постапило) во спротивност со законите и Уставот на
територијата на која се наоѓа,и кое ја продолжува таа активност во сопствена полза.Едни
од најпознатите и најзастапените форми на криминал се:организираниот
криминал,професионалниот криминал,концептот криминал на,,белите јаки",перење
пари,трговија со луѓе,трговија со дрога.Сите овие видови на криминал ги загрозуваат
основните вредности во едно општество и претставуваат општествена опасност. Водена од
желбата еден ден да се занимавам со професија која ќе се бори против криминалот и
другите девијантни појави,се одлучив да истражам малку повеќе за овие нешта кои се
случуваат насекаде околу нас,па дури и во нашата држава.Моја главна цел во оваа
семинарска работа е дефинирање на овие поими,истражување и објаснување на фазите
низ кои поминува процесот на перење пари,како и институциите кои се надлежни за
спречување на криминалот и перењето на пари.
Системот на вредности во една земја се чува и и брани само со начинот и постапките на
луѓето односно општиот образец на култура . Културата како општествена појава за жал
поголем дел од населението не ја разбира како концепт за градење на ментален склоп и
развивање на ставови и мислења кое ке возврати како концепт и стратегија за развој и
напредок на самата земја ,туку алчноста и желбата за брзо богатење е репер за создавање
на девијации и поточно криминали .

3
1.Што претставуваат парите?
Парите претставуваат концепт.Идејата дека на еден предмет може да му се додели
вредност и дека тој истиот предмет потоа може да се искористи за трговија е универзална
и стара.Таа започнува од времето на размената-трампата,користењето на
златото,среброто,бакарот и другите скапоцени материјали како пари,кованите пари
направени од метал ,па се до конечното откривање на хартијата и хартиените пари со кои
започнува и активната улога на институциите-пред се на банките во унапредувањето на
трговијата ,а со тоа почнуваат и првите почетоци на формирање на ,,стратегии" за што
поголемо богатење.

1.1 Дефинирање на поимот перење пари


Поимот перење пари е термин од постар датум и претставува комплексен процес,но и
прикриена,софистицирана и профитабилна активност со чија ,,помош" успешно се
остварува богатство,односно се стекнува директна или индиректна финансиска или некој
друг вид материјална корист.Во литературата овој термин се појавува во 30-тите години од
поседувањето синџири на работилници за перење алишта од страна на мафијата и води
потекло од англискиот збор ,,money laundering" што значи легализирање на капиталот
стекнат на криминален начин како и прикривањето на вистинското потекло на парите.Прв
кој ја искористил оваа идеја е Мајер Ленски кој парите ги префрлувал преку брег, со цел
да ги заштити од дофатот на полицијата и даночните служби.Оттогаш па се до денес
поимите криминал и перење на пари масовно одекнаа низ целиот свет и се создадени
бројни институции и тела надлежни за спречување на криминалот и перењето на
пари.Основната карактеристика на перењето пари е неговата тесна поврзаност со
одбегнувањето на плаќање данок кон државата,а со тоа се оштетува и државата и
нејзиниот буџет,како и граѓаните кои се соочуваат со ограничена јавна
потрошувачка.Имено,криминалците настојуваат по пат на перење пари да го прикријат
вистинското потекло на своите средства и да им дадат легитимитет.Ова им овозможува

4
уживање во остварениот профит без било какви последици.Како резултат на желбата на
криминалните групи да го зголемат својот профит,тие настојуваат своите финансиски
средства да ги насочат кон средините кои се познати како ,,даночен рај".Тоа е резултат и
на фактот што криминалната активност генерира огромни суми пари,кои поединецот или
групата мора да најде начин да ги контролира овие средства,без притоа да предизвика
сомнение околу легалноста на нивното потекло.Криминалците го прават тоа преку
прикривање на изворите,на формата или видот на средствата и нивен трансфер во
средини каде што нема да привлечат внимание.Перењето пари се разликува од држава во
држава ,зависно од законите кои владеат во таа држава и можноста за избегнување на
плаќање на данок.

2.Фази во процесот на перење пари


Постојат три фази од кои се состои процесот на перење пари. Секоја од нив е различна, и
секоја си има свое значење .

2.1.Пласман
Првата фаза е пласман.Со оглед на тоа што перењето пари е активност која што се темели
врз готовите средства,тоа генерира голема сума готови пари кои потекнуваат од нелегални
активности,на пример улична продажба на дрога при што плаќањето се врши во готови
пари.Овие пари потоа се внесуваат во системот на финансиски институции или во малото
стопанство,или пак се криумчарат надвор од земјата.Целта на оние кои перат пари е да ја
пренесат готовината подалеку од местото на извршување на криминалните активности за
да не бидат откриени од властите.При тоа се користат различни техники и методи
почнувајќи од купување стоки и услуги па се до депонирање пари во банкарскиот и
финансискиот систем преку повеќе трансакции кои го маскираат вистинскиот депонент.Со
цел да биде намален ризикот во оваа фаза најчесто се користи операцијата ,,smufring"
односно разложување,на тој начин што сумата наменета за перење пари се дели на
помали износи,најчесто меѓу разни поединци или фирми и потоа се внесува во
легитимниот бизнис.Откако главната сума ќе биде поделена на помали износи,понатаму

5
може да се користи како депозит во банките или во легитимните дејности како што се
клубови, ресторани и казина.

2.2 Прикривање
Втората фаза е прикривање.Во оваа фаза се врши прикривање на изворот на средствата
по пат на креирање на цел систем од финансиски трансакции кои што имаат за цел да го
оневозможат следењето на трагата на сомнителните пари.Всушност главната цел на
криминалците е да се прикрие трагата на нелегитимните средства преку прекинување на
документационата трага која се создала во фазата на пласманот како и да се одвојат
нелегалните пари од нивниот криминален извор.Најчесто прикривањето се врши по пат
на пренос на средствата на сметки на прекуморски банки или вложување на средствата во
акции на доносител од т.н. компании-школки.Преносот на парите се врши по пат на
електронски трансфер.Имајќи во предвид дека дневно во светот се вршат преку 500.000
трансакции во вредност од неколку милијарди,многу е тешко да се утврди дали еден
таков трансфер е дел од процесот на перење пари или не.Исто како и во претходната
фаза,и овде се користат различни техники и методи за прикривање на изорот на
средствата и тоа преку оформување на фиктивни правни лица во оф-шор јурисдикции
преку повеќеслоен пренос и враќање на средствата,преку лажни трансакции и фиктивни
фактури или едноставно преку вложување на парите во меѓународни финансиски
пазари.Во оваа фаза покрај електронскиот трансфер на пари,криминалците се занимаваат
и со трансакции на хартии од вредност.Па,поради огромниот број на трансакции на
дневно ниво,на криминалците анонимноста најчесто им е загарантирана и е мала
веројатноста дека случајот со перење пари ќе биде лесно разоткриен.

2.3 Интеграција
Третата фаза е интеграцијата каде што парите се интегрирани во легитимниот економски и
финансиски систем и претставуваат составен дел од вкупните средства во тој
систем.Интеграцијата на "испраните" пари се постигнува на тој начин што криминалната
група или индивидуа тврди дека парите се стекнати на легален начин.Целта на

6
интеграцијата е повторно враќање на испраните пари кај сопственикот кој ги користи за
свои потреби.При што во оваа фаза е невозможно да се направи разлика меѓу легалниот и
нелегалниот имот.
При анализа на сите овие фази на перење пари дојдов до заклучок дека првата фаза
односно фазата на пласман е најризична за перачите на пари и тука постои најголема
можност за откривање на процесот на перење пари.Во фазата на пласман се вршат низа
на контроверзии и манипулации се со цел да се одалечат од изворот на валканите
пари.Доколку криминалците се доволно вешти и успеат успешно да ја поминат првата
фаза и парите успеат да влезат во системот на финансиски институции,тогаш гонењето на
овој вид на криминал станува се потешко,па дури и невозможно,со што тие си
обезбедуваат легитимитет и потоа можат да користат чисти пари за инвестиции и разни
зделки.

2.4 Останати техники


Освен овие постојат уште неколку техники за перење на пари кои се користат најчесто од
страна на правните лица,кои не генерираат милионски суми на пари,но свесно или не се
вкучуваат во криминалот познат како перње на пари.Такви се:
Cash-intensive businesses – фирми од кои се очекува да генерираат високи приходи.Често
кон редовниот приход ги приклучуваат и нелегално стекнатите средства и заедно ги
пласираат, а подоцна тврдат дека целата сума е стекната од легалното и редовното
работење на фирмата. Најпогодни за ваквиот начин на перење на пари се фирми кои се
занимаваат со давање услуги за кои е тешко да се провери обемот на работа и да се
раздели сумата од легалниот бизнис и од криминалните активности. Примери за вакви
бизниси се: стриптиз-клубови, паркинг-објекти, салони за перење автомобили и сл.
Перење со купопродажба – ова метода подразбира фактурирање на производи и услуги
со преценување или потценување на нивната вредност со цел да се прикрие движењето
на парите

7
Shell companies и фондови – Ваквите компании и фондови го прикриваат вистинскиот
сопственик. Зависно од законодавството фондовите не мораат да го откријат идентитетот
на сопственикот.
Bank capture – во овој случај перачите на пари купуваат мнозински пакет од акции на
некоја банка во земја со слаба контрола над перење пари од страна на властите и потоа ја
користат таа банка за трнсфер на пари без да им се врши надзор.
Казино – перачот на пари ги користи парите да купи чипови во казино, а после кратко
време на коцкање повторно ги заменува чиповите во готовина со потврда дека истите се
приход од коцкање, или пак ги заменува за чек.
Обложувања – перачот на пари ги користи парите за обложување и тоа по можност на
резултати со високи коефициенти. Ризикот од губење на сите пари го елиминра
обложувајќи се на сите можни настани. Така обложувачот ја губи само провизијата што ја
платил за облогот, а парите што ќе ги добие од добитните облози може лесно да ги
оправда како добивка од обложување.
Недвижен имот – со нелегалнте пари се купува недвижен имот кој подоцна се издава
под закуп и приходот од закупнина се прикажува како легален. На ист начин стекнатиот
имот може подоцна да се продаде и пак приходот од продажбата да се пријави како
легален. Алтернативно, продавачот на имотот може да се согласи да го продаде имотот по
пониска вредност од вистинската, а разликата да ја наплати во готовина и да прими
нелегални пари.
Црни плати – компанијата може да ангажира работници без договор и без да ги пријави
а истите да ги плаќа во готовина. Исплатата на плати на ваквите работници може да биде
од нелегални пари,а и самото не пријавување на работниците е криминално дело
Даночна амнестија – оваа техника подразбира легализирање на нелегално стекнатите
средства и готовина во т.н. даночни раеви
Приватна потрошувачка – „валканите“ пари може да се искористат за плаќање во
готовина за набавка на производи наменети за крајна потрошувачка.

8
3.Улогата на банките во процесот на перење пари
И покрај многубројните техники кои ги преземаат криминалците за да ги прикријат своите
кривични дела,сепак постојат институции надлежни за спречување на криминалот и
особено за спречување на перењето на пари.Меѓу најважните институции се врбројуваат
банките.Веќе знаеме дека процесот на спречување на перење пари мора да започне уште
при воспоставувањето на првиот контакт на банката со нејзините клиенти. Ако се знае
дека првата фаза од перењето пари -пласманот обично се врши преку банки,станува јасно
колкава е потребата од постоење адекватни процедури и политики кои ќе се залагаат за
спречување на перење пари. Поради тоа се донесени меѓународните стандарди од страна
на Базелскиот комитет за банкарска супервизија со што секоја земја мора да обезбеди
услови за применување соодветни процедури за идентификација и испитување на на
нејзините финансиски институции (вклучувајќи ги банките). Овие процедури се однесуваат
и на правните и на физичките лица кои се јавуваат како потенцијални или постојни
комитенти на една финансиска институција. Целта на оваа процедури е да им овозможи
разумна сигурност на банките дека ги познаваат своите комитенти и нивните деловни
активности.
Со оглед на комплексноста на проблемот и последиците што ги носи, банките се должни
дав оспостават соодветни политики, процеси и процедури за управување со ризиците
поврзани со перењето пари кај меѓународните трансфери. За извршување на меѓународни
трансфери потребно е посредување на најмалку две банки(банка на налогодавачот и
банка на корисникот), а некогаш во овој процес се вклучени и банки посредници, тие
имаат одредени обврски и одговорности во поглед на спречувањето на перењето пари.
Клучна улога во овој процес има банката на налогодавачот. Со оглед на тоа што перењето
пари најчесто започнува преку пласман на средствата, банката на налогодавачот е првата
институција која е должна да му застане на патот на оваа криминална активност. Многу е
битно банката на налогодавачот да има воспоставено соодветни системи на
идентификација на налогодавачот, како и испитување на неговиот бонитет и интегритет.
Банката не смее да дозволи налогодавачот да остане анонимен или да ја изврши
трансакцијата со некомплетна или неверодостојна документација. Поконкретно, банката е

9
должна од налогодавачот да ги побара следните податоци:
-неговото име и адреса;
-износот на средства што треба да се префрли;
-датумот на плаќање;
-инструкциите за плаќање;
- број на сметка,
други специфични информации потребни за идентификација на корисникот.
Доколку налогодавачот во минатото не бил комитент на банката, туку за прв пат
воспоставува деловен однос со неа, освен горенаведените податоци, треба да побара и
други со цел правилно да го идентификува налогодавачот и да го испита неговиот бонитет
и интегритет. Идентификацијата се врши по пат на увид во регистрацијата на
налогодавачот во соодветниот трговски регистар, додека испитување на бонитетот може
да се изврши по пат на увид во цертификат и од даночните власти, финансиски или
ревизорски извештаи итн.
Банката на налогодавачот е должна да ги чува податоците за извршените трансакции
најмалку пет години. Тие во секое време мора да им бидат достапни на државните,
супервизорските или истражните органи. Податоците мора да бидат целосни,
веродостојни и да овозможат следење на трагата на трансакциите и нивнитеизвршители.
Банките мора да обратат посебно внимание на трансакциите во кои се инволвирани
нерезиденти-правни и физичкилица. Без оглед дали нерезидентот се јавува во својство на
налогодавач или корисник, секоја банка при воспоставувањето на деловен однос со тој
комитент мора да се запраша зошто нерезидентот одбрал да работи токму со таа
банка.Банката мора да ја согледа економската и правната оправданост од која поаѓа
нерезидентот при воспоставувањето на деловниот однос. Не се ретки случаите кога
нерезидентите уплаќаат пари во готовина на сметката, а потоа ги трансферираат во својата
или трета земја. Исто така, банката мора да обрати внимание и на географските локации
од каде што доаѓаат или кон кои се насочени трансакциите. При воспоставувањето на
деловен однос со нерезидент банката мора да ги преземе следните чекори:
-добивање сознанија за причините поради кои нерезидентот ја извршува трансакцијата;

10
-утврдување на идентитетот корисник во случај кога нерезидентот настапува како
посредник;
-следење на т.н. структурирани трансакции, односно трансакци кои за мал износ се под
лимитот за пријавување;
-трансакции кон или од високоризични географски зони;
-следење на нерезидентни сметки кои имаат голем обем на промет, а мало салдо.
Едни од најважните знаци кои укажуваат дека станува збор за перење на пари се:
-комитентот не покажува интерес или загриженост за големината на ризиците, како и
висината на провизијата и другите трошоци;
-трансакциите се однесуваат на високоризични активности;
-трансакциите се изразени во заокружени износи(пример: 500.000 САД-долари)
-корпоративно прикривање(трансфери помеѓу сметки на поврзани претпријатија без јасни
или оправдани причини);
-трансакциите не се конзистенти со депонирањата и повлекувањата од таа сметка во
минатото;
-структурирани трансакции под лимитот за пријавување;
-донации од хумантирани друштва без јасна оправданост;
-трансакции кои се вршат од страна на политички изложени лица;
-трансакции кои немаат логична економска оправданост;
-чести трансфери кон трети лица со кои не постои деловна поврзаност;
Ова се само дел од знаците кои укажуваат на можни обиди за перење пари.Секако лицата
вработени во банките и лицата должни за спречување на перење пари се должни
постојано да ги контролираат трансакциите кои се вршат во нивната банка,но и постојано
да бидат во контакт со надлежните органи во државата задолжени за спречување на
криминал и перење пари.Како што криминалците изработуваат стратегија за полесно
богатење и криење од законот,така надлежните секојдневно изнаоѓаат нови методи за
полесно откривање на истите.
Самата финансиска истрага претставува збир на анализи, податоци и настани кои земени
во една целина ќе го дадат одговорот дали одредена активност или трансакција е

11
сомнителна или не. Лицата коишто ја водат таа истрага треба да бидат обучени како да
вршат анализа на одредени настани, како да направат разлика помеѓу битното и
небитното, како да го искористат искуството стекнато низ нивниот работен век, како да
направат споредба со слични активности или трансакции, и на крајот, како да донесат
соодветен заклучок и да го поткрепат со потребните докази, односно документи. Само
преку извршување поголем број финансиски истраги, вработениот може да стекне
искуство во поглед на прашањата,како што се структурирањето на трансакциите,
користењето на системите за брз трансфер на пари во функција на перење пари итн. И
секако, не смее да изостане редовната и квалитетна обука, зашто единствено на тој начин
лицата задолжени за борба против перењето пари ќе можат да ги следат најновите
трендови во оваа проблематика.И покрај напредокот на технологијата и пронаоѓањето
современи софтверски решенија, иднината во борбата против перењето пари, сепак им
припаѓа на луѓето.

12
Заклучок
Перење на пари е чин кој има долга историја.Со самото појавување на човекот и
зголемување на неговите потреби,се појавила и желбата за богатење на ,,брз"начин.И
како што овие појави завземале се поголем замав,така се зголемувал и бројот на
институции надлежни за спречување на криминалот и перењето пари.Истражувајќи
заклучив дека шансите да се открие и спречи оваа појава се многу мали,но со соодветни
кадри и успешна соработка меѓу министерството за внатрешни работи и банките,се
намалува можноста за пренесување на овие пари надвор од границите на
државата.Криминалот и перењето пари претставуваат кривично дело кое го прават
криминалните групи за да го легитимираат нелегално стекнатиот имот,но на глобално
ниво овој проблем станува се посериозен.Процесот на перење пари е особено штетен за
економијата на една држава поради тоа што ги намалува даночните приходи,негативно
влијае врз трговскиот развој,предизвикува губење на ресурси и го оневозможува
пренасочувањето на ресурсите од секторите со висока продуктивност кон
непродуктивните(стерилни) сектор.Oвој процес е особено штетен за земјите во развој
поради тоа што ја намалува профитабилноста на домашните компании и предизвикува
пад на производството. Работејќи на оваа семинарска работа дојдов до заклучок дека
една од најлошите последици е тоа што криминалот и процесот на перење пари,како и
неможноста за нивно лесно откривање предизвикуваат недоверба на граѓаните во
институциите, зголемување на сиромаштијата ,а успешната соработка меѓу државата во
целина и нејзините граѓани е од круцијано значење и за двете страни.Нарушените
државни,економски и политички функции се одлична причина за настанување на
криминал од сите видови но, најопасен е државниот криминал каде се инволвирани
функционери, политичари .

13
Користена литература:
д-р Стеван Алексоски - Криминална Психологија 1997г. Кочани : Младост
д-р Митко Котовчевски – Облици на криминално дејствување на транснационалниот
криминал 2003 г Скопје
д-р Аце Илевски – Социологија
д-р Зоран Матески -Социологија на правото

14
15

You might also like