You are on page 1of 2

Перење пари

Перењето пари претставува криминална активност преку која се настојува да се прикрие


вистинското потекло на средствата и да им се даде легитимитет. Криминалците тоа го
прават преку прикривање на изворите, формата и видот на средствата или нивни трансфер
во средини каде што не можат да привлечат внимание. Постојат бројни дефиниции на
„перењето пари“. На пример, Претседателската комисија на САД за организиран
криминал, перењето на пари го дефинира како процес каде што секој го прикрива
постоењето на илегалното потекло или илегалната употреба на приходите, со цел да биде
прикажан на таков начин кој го прави да изгледа како легален. ФАТВ го дефинира поимот
за перење пари како „процес преку кој добивките за кои основано се верува дека
потекнуваат од криминална активност се транспортираат, трансферираат, трансформираат,
претворат или се вградуваат во легалните фондови, со цел да се прикрие нивното потекло,
изворот, движењето или сопственоста.
Според Кривичниот законик на Македонија, во член 273, под поимот перење на пари се
подразбира:

 пуштање во оптек, примање, преземање, заменување или раситнување пари од


поголема вредност што се добиени со казниво дело или за кои се знае дека се
прибавени со казниво дело.
 продажба, подарување или пуштање во друг вид промет имот или предмети од
поголема вредност прибавени со казниво дело, или купување, примање во залог
имот или предмети за кои се знае дека се прибавени со извршување на казниво
дело.

Постојат неколку причини зошто криминалците перат пари:

 Криење на богатството – криминалите можат да кријат нелегално стекнато


богатство за да се избегне запленување од страна на државните органи;
 Избегнување на кривичното гонење – криминалците избегнуваат кривично
гонење од страна на властите со ограничување или дистанцирање на себеси од
нелегалние средства;
 Избегнување на даноците – криминалците можат да избегнат плаќање
на даноците на приходите на средствата;
 Зголемување на добивката – криминалците може да го зголемат профитот од
реинвестирање на илегалните фондови во бизниси;
 Легитимност – криминалците можат да ги користат легализираните средства да
започнат бизнис и да обезбедат негов легитимитет.

Перењето пари е процес кој поминува низ три фази:


1. Фаза на пласман – во оваа фаза се врши првото воведување на нелегално
стекнатите средства од криминалните активности во легалната економија.
Целта на ова е да се прикрие криминалното потекло на парите. Перачите на
пари се користат со различни техники со цел да се обезбедат од
разоткривање од властите, а истовремено да ја исполнат својата задача во
успешно пласирање на „валканите“ пари и нивно „прочистување“. Ова се
постигнува по пат на купување на добра или депонирање на парите во
финансиски институции.
2. Фаза на прикривање – во оваа фаза се настојува да се прикрие потеклото на
нелегалните средства и да се прекине документациската врска која се
создала во првата фаза со изворот на средствата. Со многубројни
трансакции и префрлање на парите од една на друга сметка од една во друга
банка се настојува парите што повеќе да се оддалечат од изворот на
средствата и да се обезбеди анонимност на сопственикот на средствата
односно корисникот.
3. Фаза на интеграција – ова е последна фаза од процесот на перење на пари во
која веќе испраните пари се влеваат во легалната економија и може
слободно да се користат од страна на сопственикот без ризик. Без разлика
на своето нелегално потекло откако ќе се инвестираат во легални бизниси и
валканите пари добиваат третман на чисти пари. Најпопуларни
се инвестициите во недвижности, купување деловни згради или станбени од
кои подоцна се остварува приход кој е сосема легален.

You might also like