You are on page 1of 16

Универзитет МИТ- Факултетзабезбедноснинауки

Смер - Безбедносни науки

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПОНАСТАВНИОТПРЕДМЕТ:


ПЕНОЛОГИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА НА ТЕМА:


ОБЛИЦИ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Смер: КРИМИНОЛОГИЈА

Скопје, јуни 2023


СОДРЖИНА

ВОВЕД.............................................................................................................................3

ОБЛИЦИ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА...............................................................................................4

1. Дефиниција на организиран криминал...............................................................4

2. Облици и карактеристики на организиран криминал.........................................7

3. Актуелната состојба во нашата земја...............................................................10

ЗАКЛУЧОК.....................................................................................................................14

Користена литература................................................................................................. 16

ВОВЕД

2
Поимот криминал е латински збор што во превод значи злосторство.
Активностите проследени со криминалитет се дејства што се забранети со закон.
Тоа се дејства што го загрозуваат имотот, интегритетот на личноста и вредностите
во општествената заедница. Тоа се дејствија чие ширење може да го загрози
функционирањето на општеството. Криминални дејствија се: имотни деликти,
сообраќајни прекршоци, крвни деликти, морални престапи, економски прекршоци,
политички престапи. Облиците на криминалот, практично го ограничуваат опсегот
на оние активности кои што им штетат и на општата популација и на државата,
вклучувајќи некои коишто предизвикуваат сериозна загуба или штета за поединци.

Во склоп на современото живеење денес, како и поради процесот на


глобализација, криминалот во нашата земја бележи тенденција на пораст, па
поради тоа, како и моето понатамошно дообразование, мојот избор на тема е
токму оваа. Целта како и предметот на овој труд е да се дефинира и објасни
терминот организиран криминал, а исто така и неговите облици на територијата
на нашата земја. Притоа, по самото дефинирање на овој поим, за негово подобро
разбирање би се осврнале и на неговите карактеристики кои го разликуваат од
другите видови на криминал кој постои кај нас и во светот. Понатаму, ќе се
обидам да ги набројам и одредените облици на организиран криминал кои се
опфатени во домашното законодавство, за на крај да можам да ги наведам и
мерките кои се превземаат на ова ниво за сузбивање на организираниот
криминал.

Генерално, денес е многу тешко земјите и државниот апарат да воспостават


контрола над криминалот. Одредени држави преземаат засилување на мерките за
намалување на овој ризик. Една од мерките е и зголемувањето на државните
институции, меѓутоа разликата е во тоа што тие дејствуваат врз последиците, но
не врз сузбивањето на причините. Речиси во сите општества постојат сигурни
зони односно места каде што луѓето се чувствуваат сигурно поради контролата
која таму владее.

3
ОБЛИЦИ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НА ТЕРИТОРИЈАТА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1. Дефиниција на организиран криминал

Во определувањето на поимот на организираниот криминалитет во


социолошката литература егзистираат два пристапи. Според првиот, поширок
пристап, овде станува збор за дејност на криминалните организации. Според
вториот потесен пристап за постоењето на овој криминалитет не е доволно само
постоењето на криминална организација (организациона димензија), туку и низа
други услови како што се: да се работи за организирана дејност од стопански вид
(криминална корпорација); да постои употреба на насилство за зачувување на
позицијата на приоритет или монопол, поради ширење на профитот, но и за
финансирање на убиства со цел за спречување на примената на правото или
донесување на политички одлуки кои ги загрозуваат и корупција на полициската,
судската и политичко-извршната власт. Заклучокот што се извлекува е дека
организираниот криминал се разликува од традиционалните форми на групниот
криминалитет, како што се бандите и криминалните здруженија според
постоењето на повеќе од три од наброените обележја. Организираниот
криминалитет не познава никакви граници.

Организираниот криминал, во јавноста, привлекувал секогаш најголемо


внимание од сите можни видови криминал. Како сторители на крвичните дела кои
спаѓаат во областа на организираниот криминал, се јавуваат припадниците на
злосторнички здруженија (организирани криминални групи) кои секогаш
настојуваат да остварат што поголем профит и моќ. Злосторничкото здружение е
реална појава, a не вештачка творба напишана во законите. Неговото
организирање, значи создавање на опасен човечки потенцијал, криминален
ентитет чиишто капацитети за криминална активност се значително повисоки од
збирот на поединечните капацитети на неговите членови. Организираниот
криминал практично го ограничува опсегот на оние активности кои што им штетат
и на општата популација и на државата, вклучувајќи некои коишто предизвикуваат

4
сериозна загуба или штета за поединци. Со ваквата терминологија јасно се
прецизира хегемонијата на една доминантна популација. Организираниот
криминал е една од главните закани за човековата безбедност. Тој е закана за
државната безбедност, но исто така прави и попречување на социјалниот,
економскиот, политичкиот и културниот развој, ги напаѓа јавните, финансиските и
безбедносните институции и прави ерозија на основната обврска на државата да
се заштитат мирот, редот и правдата.

Советот на Европа (2002), го дефинира Организираниот криминал како


незаконски активности извршени од структурирана група од три или повеќе лица
која постои за подолг временски период со цел за извршување на сериозен
криминал преку заеднички активности со користење на заплашување, насилство,
корупција и други средства со цел директно или индиректно да се добие
1
финансиска или друга материјална корист. Оваа дефиниција не случајно ја
одбрав, бидејќи истата не потекнува од закон на некоја држава, но можеби
многумина ќе истакнат дека истата недоволно прецизно објаснува што е
организиран криминал. Поради тоа што организираниот криминал има свои
специфики во секоја држава посебно, така и дефинирањето е различно во
националните закони, а дефинициите се менувани со тек на годините како што се
менувал и еволуирал и овој вид на криминалитет. За целите на овој труд е важно
да се објасни зошто дефинирањето на поимот „организиран криминал“ е предмет
на постојани контраверзни тврдења и што тоа значи за создавањето на законите и
нивното спроведување.

„Организираниот криминал“ генерално, е многу значаен термин кој стана дел од


речникот на многу политичари, а исто така и на пошироката јавност. Тој често се
применува без јасна референтна точка и всушност е многу неодреден и нејасен.
Овој недостаток на јасност, исто така, влијае на релевантните академски дебати.
Од една страна, терминот може да се користи за означување на одделни видови
на пософистицирани криминални активности вградени во една или друга форма,
во сложени недозволени пазари.

1
КамбовскиВладо, (2005). “Организиранкриминал”, 2-ри Август С, Штип.

5
Дефинирањето на поимот организиран криминал, денес има особено
значајна криминално политичка функција: поставување на казненоправна рамка
за пропорционален одговор на сè потешките и поорганизирани облици на
криминал со подигање на ефикасноста на мерките на превенција, на откривање и
на гонење. Без таквата димензија, нема да постои ни потребата, организираниот
криминал да се издвојува како посебен, специфичен казненоправен поим, зашто
во казненоправна смисла, овој поим е синоним за која било, макар и
најелементарна форма на заедничко учество на повеќе лица во извршувањето на
казнено дело.

Сл.1. Приказ на организиран криминал

Во казнените законодавства, до неодамна мошне ретко меѓу одредбите за


учество на повеќе лица во казнено дело (соизвршителство и соучесништво) се
среќаваше законска дефиниција на криминално здружение.2Резервираниот став
на современите казнени законодавства кон издвојувањето на поимот на
злосторничко здружение во последнава декада забрзано се напушта, во голема
мера и под влијание на меѓународните инструменти за борба против
организираниот криминал.

2
КамбовскиВладо, (2005). “Организиранкриминал”, 2-ри Август С, Штип.

6
2. Облици и карактеристики на организиран криминал

Во најширока смисла поимот организиран криминал значи заедничко


извршување на некое кривично дело од страна на повеќе лица. Клучен елемент е
заедничката координирана акција помеѓу повеќе лица.

Во потесна смисла го покрива извршувањето на казнени дела од страна на


злосторничка организација (банда, група, друго злосторничко здружение),
организирана според определени принципи на внатрешни односи и статусна
хиерархија во заедничките криминални активности што ги остваруваат
организаторот и најмалку двајца членови на злосторничкото здружение.

Генерално, за разлика од претходните заеднички квантитативни елементи,


организираниот криминал го дефинираме како заедничко извршување на казниви
дела заради остварување на економска или политичка моќ.3 Организираниот
криминал како криминална појава постојано се развива, ги менува облиците, и се
шири и навлегува во многу подрачја во општеството. Затоа се бара постојано
следење и проучување на оваа појава и се поставува прашањето дали казнено
правните одредби се доволни и дали истите на соодветен начин ја покриваат
криминалната зона на организираниот криминал за успешно справување и
спречување на истата? Одговорот на ова прашање е нагативен и упатува на тоа
да се создаде систем на казнено-правни норми и прописи кои ќе овозможат
успешно покривање на сите области од животот каде што се појавува
органзираниот криминал. Тој систем подразбира збир од специфични мерки и
постапки, јасно дефинирани и прецизни, за секој орган што учествува во казнено-
правното спречување на организираниот криминал од полицијата и другите
органи на откривање, преку јавното обвинителство до судството. Организираниот
криминал поради неговите карактеристики наложува потреба од негово постојано
следење и проучување со соодветни научни методи.

3
Мајкл Д. Лајман и Гари В. Потер, (2009). Организиранкриминал, Магор, Скопје.

7
Според критериумот на криминалното поле на делување на организираните
криминални групи може да се зборува за облици на организираниот криминал.

Под облици на организиран криминал се подразбира криминалното поле на


делување на организираните криминални групи, банди, здруженија (криминални
организации), односно кон кои кривични дела или групи кривични дела е насочена
нивната криминална активност.

Според овој критериум најчести облици на организиран криминал се:

 Организирани облици на трговија со дрога,


 Организирани облици на трговија со оружје,
 Организирани облици на трговија со луѓе (во сите варијанти),
 Организирани облици на илегална трговија со човечки органи,
 Организиран економско-финансиски криминал.
Најчести облици на организиран економско-финансиски криминал се:
даночни измами (затајувања) вршени преку давање на фиктивни фактури,
позајмици, хипотеки и правење на други фиктивни финансиски трансакции;
перење пари; криумчарење; царински измами; недозволено производство и
недозволена трговија со разни акцизни стоки; фалсификување и уништување
деловни книги; издавање на чек и акцептен налог без покритие; повластување и
оштетување доверители; предизвикување лажни стечаји; криминал со високи
технологии итн.

Организирани облици на корупциски кривични дела, најчесто се:


злоупотреба на службена положба и овластување, примање и давање поткуп;
противзаконито посредување, проневера во службата и други облици,
Организирани облици на еколошки криминал се: организирано пренесување и
депонирање на нуклеарен односно радиоактивен отпад, како и медицински отпад
преку државни граници; Загадување на животната средина и природата (воздух,
вода, почва) од страна на правни лица (големи производствени капацитети) со
непоставување на соодветни филтри, при што таквиот криминал може да
предизвика опасност по животот или здравјето на луѓето или уништуивање на

8
животинскиот или растителниот свет во поголеми размери. Континуираното
вршење на овој криминал во подолг временски период не може да се прави без
инволвираност на определени државни структури, Организирани облици на
недозволено производство на порнографски филмови и други материјали,
дистрибуција и продажба, Организирани облици на изнуда (рекет), Организирани
облици на “зеленаштво” комбинирани со “рекет” или самовластие (со поддршка од
државни структури при насилна наплата на енормно високи камати, кои што
најчесто се многукратно повисоки од основниот долг), Организирани облици на
измами (класични, осигурителни, банкарски, берзански и сите други видови
измами), Организирани облици на кражби и илегална трговија со уметнички дела,
антиквитети, артефакти итн. Овде практино, важно е да се истакне дека при
вршењето на разните облици на организиран криминал како помошен или
придружен криминал мошне често се јавува фалсификувањето.
Фалсификувањето може да се однесува на пари, јавни исправи, службени
исправи, фалсификување и уништување деловни книги и сл.

Други облици на организиран криминал во зависност од конјуктурноста на


пазарот, општествено-политичките и економски состојби, процеси и односи во
различни земји, криминалното поле на делување (облиците на организиран
криминал) можат да бидат различни во одредени временски периоди во една
земја, или, за различни земји во ист временски период, итн. Криминалните
организации по природа се насилни.

Платените убиства се извршуваат за отстранување конкуренти и пречки во


криминалниот бизнис, како и обвинители и судии. Криминалното насилство е
фронтален напад на законот и создава повисоки нивоа на насилство во
општеството. Примената на насилство или закана е начин на кој организираните
криминални групи ја зачувуваат доминантната, монополска положба на пазарот на
криминални услуги, а насилството е најчесто насочено кон конкурентните групи,
кон сведоците или кон полицијата и другите служби чијашто функција е
спречување на организираните криминални активности.4

4
КамбовскиВладо, (1996 ).“Правнадржава и организиранкриминал”, Правенфакултет, Скопје.

9
3. Актуелната состојба во нашата земја

Во Република Северна Македонија покрај неоткриениот криминал, и кај


голем број дела што влегуваат во „познатиот" криминал, останува непознато
нивното (не)организирано извршување, зашто статистиката едноставно не ги
регистрира податоците за заедничко извршување на казнените дела. Без
познавање на специфичните форми и облици на организираниот криминал, нема
негово успешно откривање и спречување. Како што е важно за органите на
прогон, за поуспешно извршување на нивните надлежности, да го знаат профилот
на сторителот (како поединец) на казнени дела, така се наметнува и нужна
потреба од профилирање на организираните криминални групи за поуспешна
борба против организираниот криминал.

Организираниот криминал е неодамнешна појава во нашата земја. Во т.н.


поранешна Југославија, до почетокот на деведесеттите од минатиот век, оваа
појава во суштина и не постои. И покрај некоја либерализација, социјалистичка
Југославија до крајот, била еднопартиска држава и полуполициска. Затворената
социјалистичка економија, контролирањето на пазарот, според добро
контролирани граници, мали комерцијални и други односи со странство не
овозможило да се појави организиран криминал. Литературните познавачи,
истакнуват дека покрај причините кои се однесуваат за сите земји во светот,
факторите и условите за организираниот криминал и корупцијата во
транзиционите земји, зборувајќи конкретно за Република Северна Македонија од
нејзиното осамостојување како независна држава до денес, може да се наведат
следниве услови за појавата на организираниот криминал и корупцијата:

 Неетаблираната етичка елита, којашто е conditiosinequanon на политичката


елита во демократско-правната држава, е основната причина од којашто
произлегуваат сите други причини за организираниот криминал и
корупцијата во Македонија;
 Неконзистентното изведеното начело на поделба на власта во
неединствениот систем на државната власт, при што отсуствува систем на

10
правни механизми и процедури за заемна контрола и рамнотежа меѓу
надлежните институции за спроведување на законот. Последиците се
невладеењето на правото манифестирано преку неспроведување или
селективно спроведување на законите, нефункционирање на институциите
на правната држава, политички неодговорна и со ништо неограничена
влада и парламент.
 Непостоење на оптимално независни институции (независни од владата, но
не и од широкиот спектар механизми на општествена контрола) надлежни
за откривање, докажување, гонење и судење на кривични дела од областа
на корупцијата и организираниот криминал, особено за највисоките
носители на државно-политички функции во Република Северна
Македонија;
 Неквалитетната правна рамка, особено изразена во непостоењето на еден
сеопфатен, кохерентен и комплементарен правен систем против
организираниот криминал и корупцијата;
 Нетранспарентните и неконзистентни системи на: процесот на
приватизацијата; јавните набавки, владините концесии; финансиското
управување и контрола врз буџетот и јавните фондови; финансирањето на
политичките партии; несинхронизираните процеси на заштита на
домашното призводство со процесите на либерализација и дерегулација,
при што сеуште се присутни дискреционите овластувања на бирократските
фактори за издавање разни дозволи за увоз на контингенти на определени
стоки и сл;
 Преголемиот број на законски и подзаконски прописи (преку 600 прописи)
коишто неконзистентно и контрадикторно ја уредуваат управноправната
материја, овозможуваат премногу дискрециони овластувања при
одлучувањето на државните службеници. На тој начин се придонесува за
создавање можност - и луѓе чесни по природа, да дојдат во искушение за
корупција;
 Слабо платените државни службеници и незаштитените овластени
службени лица надлежни за откривање и докажување на високата корупција

11
и организиран криминал, под притисок на непрофесионалните стандарди за
неоснованото стрмоглаво деградирање и отпуштање од државната управа,
наметнати од цикличните удари на партократијата, државната служба,
особено во нејзиното централно државно јадро, ја претворија во место
коешто не е сигурно и секој гледа само да грабне колку што може повеќе.

Во последниве неколку години се појави зголемена интернационализација


на активностите на организираниот криминал на Балканскиот Полуостров.
Поврзаноста на организираниот криминал со бунтовите, етнонационалните
конфликти и тероризмот се чини е многу пораширена отколку што беше пред
неколку години. Поврзувањето произлегува од сé поагресивното и софистицирано
финансирање или можеби промена на мотивациите на организираните
криминални групи во мотивации кои се многу потесно поврзани со политички цели
и стекнува.

Во Република Македонија, најчесто откриван облик на организиран


криминал, за кој е водено постапка и е донесено осудителна пресуда, е трговијата
со луѓе. Потоа злосторничкото здружување, па неовластено производство и
трговија со наркотици.

Истражувањата на феноменологијата и на етиологијата на организираниот


криминал не може да се потпре ниту на официјални финансиски и други
показатели, кои може да се земат како варијабли што може во вкрстени
истражувања да се анализираат како важни индикатори за состојбите на
организираниот криминал. Доволно е да се спомене само проблемот на 'сивата
економија" во која цути организираниот криминал и која не се намалува (според
различни процени на економистите покрива простор од 50% од еконономскиот
живот). Појавните облици на сивата економија создаваат услови за афирмација на
корупцијата, шверцот и измамите.

Сивата економија станува системско прашање, но и прашање на системот.


Последица е создавање на нова елита која својата егзистенција ја должи на
сивата економија и корупцијата.

12
Економската основа на организираниот криминал е засилена со два
фактори-високата стапка на невработеност и огромниот удел на 'сивата
економија". 'Сивата економија" генерира околу 40 и 50% од националниот приход
на земјите од Балканот.5

Главните економски криминални активности се измами во јавни набавки,


предизвикување стечај, измами при приватизации и затајување на ДДВ. Во
моментов не постојат детални проценки за штетата причинета од овој вид на
криминал по јавните приходи која би можела да се изрази во стотици милиони
евра. Измамите при јавните набавки често се вршат откако ќе биде избрана
најповолната понуда преку менување на договорот при што се зголемува цената
на првичната понуда. Забележани се и измами на банки при што се одобруваат
грантови и кредити врз основа на фалсификувани документи. Фалсификувањето
на званични и административни документи најчесто се користи за здобивање со
имот на нелегален начин, добивање на дозволи за увоз на стоки под повластени
услови и др. Затајувањето на ДДВ и фалсификувањето на легална стока се исто
така посочени како проблем, при што фалсификувањето опаѓа, додека
затајувањето се чини дека е во пораст.

Во однос на пиратеријата и фалсификувањето на легални производи,


властите имаат евидентирано производство, дистрибуција, продажба и
изнајмување на порнографија, филмови и компјутерски производи.
Неодамнешните акции против овој вид криминал резултираа со растурање на
криминална група за производство на овој вид производи и запленување на
опремата и снимениот материјал. Постојат исто така случаи на фалсификување
на прехрамбени производи, безалкохолни и алкохолни пијалоци и други
производи за потрошувачка наменети за домашниот пазар. Неодамнешните
напори за спроведување на законот беа успешно усмерени кон овој вид на
криминал. Имено, покрај ефикасното прикривање на нелегалните активности,
формирањето или користењето на таква структура-со основање ново трговско

5
КамбовскиВладо, (2005). “Организиранкриминал”, 2-ри Август С, Штип.

13
друштво, купување акции или преземање на некое постојно, што, патем, во
Република Северна Македонија масовно се практикуваше, а се практикува и
денес поради слабата законска регулатива, е исклучително погодно за
обезбедување на формална логистичка поддршка на нелегалните активности,
овозможување на перење пари, лесна комуникација со државните структури,
учество во јавни набавки и тендери, развивање на дополнителни економски и
други активности и контрола на пазарот.

Како посебно атрактивни се појавуваат секторите на производство и услуги


што носат високи профити, како што е градежништвото, прометот со недвижности,
осигурувањето, банките, транспортот, трговијата и преработката на нафта и на
деривати, увозот-извозот, итн. Меѓу другото, оваа форма на дејствување
овозможува остварување огромни профити со мултиплицирање на криминалните
приноси вложени како основачки капитал во компаниите. Сложеноста и
чувствителноста на ваквите случаи ги отежнува истрагите и покренувањето на
обвиненија, додека социјалните и економските последици за општеството
придонесуваат кон тоа јавноста во Република Македонија да биде особено
чувствителна на исходот и на резултатите кои се очекуваат од овие случаи.
Организираните криминални групи се разликуваат по нивното потекло, големина,
област на специјалност и некој други параметри, создаваат многу флексибилни,
комплексни меѓународни односи и се повеќе се чини дека ги мешаат активностите
со мал ризик, со оние со голем ризик.

Генерално, може да се каже дека организираниот криминал останува


синоним за наднационална организираност и концентрација на огромна
финансиска моќ. Таквото сознание го потврди и нашето сопствено искуство со
преструктуирањето на целиот економски систем во услови на непостоење на
никакви заштитни или контролни механизми во перидот на трансформација на
општествениот капитал, намерно пролонгиран за да се етаблира новата социјална
структура заснована врз политичка моќ и влијание.

14
ЗАКЛУЧОК

Секоја економска и политичка криза во земјата создава поволни услови за


развој на нови облици на криминал, појавување на постојните низ нови форми и
за нивно прераснување во организиран, односно меѓународен организиран
криминал.

За ова посебно придонесува фактот што во таквите услови државата во


правна смисла не функционира потполно, а во економски домен не е во можност
да го контролира и насочува пазарот, што создава поволни услови за
функционирање на организираниот криминал и на воспоставување врска со
државните и други органи, поради негово понатамошно егзистирање и ефикасна
сопствена заштита од активностите на надлежните државни органи и примена на
репресивни мерки. Организираниот криминал претставува нов облик на закана и
предизвик на безбедноста. Поради тоа е потребно да се пронајде нова
дефиниција на моделот на безбедноста и нови механизми на решавање на
проблемите на безбедноста, со цел на овие предизвици биде соодветно
одговорено, на најсовремен правен начин.

Правната рамка на Република Северна Македонија, заедно со Кривичниот


законик6 и Законот за кривична постапка7 се поставени така, за да ги подобрат
капацитетите за справување со случаите на организиран криминал и корупција.
Се зајакнува улогата на јавното обвинителство, се создава судска полиција, со
насочување на истражната постапка и се воведуваат нови техники, со кои би се
подобрила борбата против организираниот криминалитет. Принципите на
практично работење и одвивање на постапката за прогон на сторителите на
секаков организиран криминалитет, се вметнати во Законот за кривична постапка
на Република Северна Македонија.

6
КривиченЗаконик „СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија" број 80/99, број 4/2002 година, број 43/2003,
број 19/2004, број 81/2005, број 60/06, број 73/06, број 7/08, број 139/08, број 114/09, број 51/11, број
135/11 , 185/11, број 142/12, број 166/12, број 55/13, број 82/13, број 14/14, број 27/14, број 28/14, број
115/14, број 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/17).
7
ЗаконзакривичнапостапкаСлужбенвесникнаРепубликаМакедонија” бр.150/2010; бр. 100/12 и бр.198/18),

15
Користена литература

1. Камбовски Владо, (2005). “Организиран криминал”, 2-ри Август С, Штип.


2. Камбовски Владо, (1996 ).“Правна држава и организиран криминал”, Правен
факултет, Скопје.
3. Бакрески, O. (2003).'Нов меѓународен поредок", списание 'Одбрана", вол.XII,
бр.91.
4. Мајкл Д. Лајман и Гари В. Потер, (2009). Организиран криминал, Магор,
Скопје.
5. Милутиновиќ М. (1967). ,,Криминологија,, Београд.
6. Кривичен Законик, СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија” бр.150/2010; бр.
100/12 и бр.198/18).
7. КривиченЗаконик „СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија" број 80/99, број
4/2002 година, број 43/2003, број 19/2004, број 81/2005, број 60/06, број
73/06, број 7/08, број 139/08, број 114/09, број 51/11, број 135/11 , 185/11,
број 142/12, број 166/12, број 55/13, број 82/13, број 14/14, број 27/14, број
28/14, број 115/14, број 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/17).

16

You might also like