You are on page 1of 5

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРАВОТО

Правото е тоа што ги воспоставува правилата и нормите во сите сфери


на животот без исклучок почнувајќи од политика, економија, техника,
култура и.т.н. според ова како се воспоставени тие правила земјите се
делат на: демократски и недемократски земји. Според тоа политичкиот
систем на една земја да е воспоставен врз демоктарски правила таа
држава има демократски политички систем и обратно. Секоја земја
според степенот на својата демократија го оценува и мери според тоа
колку е прогресивно т.е напредно правото во таа земја или регресивно
т.е уназадено правото во таа земја. Освен што правото е општествена
категорија тое е и историска категорија, тоа значи дека правото не
постоело одамна туку нрговата појава е поврзана со создавање на
определени историски услови за неговото појавување т.е инволвирање
во сите сфери на животот. Освен што правото има општествено
историски карактер, тоа се карактеризира со белегот дека неговото
непочитување повлекува определени санкции. Пример: непочитување на
правилата и законите од областа на сообраќајот повлекува определени
санкции изразени преку земање на возачка дозвола, парична казна,
затвор и др. Освен правните норми како посебен вид на норми се
издвојуваат: технички и морални. Техничките норми во основа се
општествени затоа што исто како и правните норми произлегуваат од
општеството и од општествените односи и се разликуваат од правот о и
правните норми кои се израз на дејствување на природни законитости.
Моралот и моралните норми се еден вид на општествени норми.
Нивното настанување е резултат од постојано повторување на
поведенијата на луѓето во едно општество со тоа што моралот и
моралните норми може да се набљудуваат како општествена
индивидуална и интенационална категорија. Вака набљудувано овие три
категории на норми го сочинуваат правниот поредок што владее во една
земја. Секоја земја си има свој правен поредок граден врз основа на
правото. Сообраќаен правен поредок во Р.М е израз на правните норми
кои што постојат во областа на сообраќајот, но тука се јавуваат и
определени разлики меѓу една и друга земја.
ПРАВНИ НОРМИ
Правната норма во основа го регулира поведението на луѓето и
нејзиното непочитување создава правна основа за примена на санкции
или казни. Санкција е последица за субјектот кој што не се придржѕва на
нормата утврдена во законот. Правната норма содржи и други елементи:
1. хипотеза – е таков елемент на правна норма во која се содржани
условите од чие постоење или непостоење зависи примената на
правната норма.
2. диспозиција – е најважен елемент на правната норма бидејќи со неа
се осмислува политиката коа што едновладеечка елита ја применува во
определена држава т.е во областа на сообраќајот т.н сообраќајна
политика во една земја.
Во Р.М законите ги носи парламентот, а нивната примена спаѓа во
доменот на надлежноста на органите на државната управа. Самата
примена на правните норми опфаќа неколку елементи. Првиот елемент
претставува утврдување на важечка правна норма. Во однос на
утврдувањето на важечката правна норма треба да се има во предвид 2
подпрашања. Прво пронаоѓање на правната норма што го регулира
конкретниот правен однос. Вториот елемент е интерпретација на
правната норма. Интерпретација или токување на правната норма е
карактеристично за сите видови на правни нормикои го регулираат
целокупниот живот на луѓето. Третиот елемент е верификација на
правниот случај.
Дискреционото овластување во практиката се манифестира на 2 начина.
Самата норма му дава овластување на субјектот кој треба неа да ја
примени, дали воопшто ќе ја примени или нема. Второ, она што е
покарактеристично е тоа што во рамките на нормите кај санкцијата се
дава еден распон од пример: од 500 – 5000 ден. Дискреционите норми се
повеќе треба да се избегнуваат или намалуваат поради што и една од
најсериозните забелешки на европската унија по однос на
законодавството на Р.М се однесува токму на овие дискрециони норми.
Нормите од било кој вид мора да бидат јасни, прецизни и да го
избефжгнуваат распонот на казнувањето кое би се јавувало при
евентуалната нивна примена. И после третиот елемент квалификација
на случајот, што претставува најтешкоит дел од примена на соодветната
правна норма заради тоа што таа квалификација селектира во себе 2
прашања: прво потполно и правилно утвредување на фактичката
состојба и второ врз така утврдената фактичка состојба правилна
примена на правната норма. Утврдувањето на фактичката состојба
претставува обврска на службеното лице заради тоа што тој носи
одговорност од тоа дали успеал правилно или неправилно да ја утврди
сообраќајната несерќа. Врз така утвредната фактичка состојба следи
примената на правото – кое може да биде: ослободување на
одговорност и тоа потполно, делумно и казнета одговорност.
ПРЕДМЕТ И СОДРЖИНА НА СТП
Она што во последно време е најактуелно за Р.М, како и за другите екс
Ју републики, едно од најсложените прашања кое што политиката на
европската заедница во разговотите со политичките претставници на
нашата земја се поставува прашањето на сообраќајното поврзување на
Р.М со државните членки на европската заедница. Во врска со тоа
европската заедница, главно наметнува 3 прашања поврзани со
сообр.тоа се прашањата од техничка, економска и правна природа.
Прашања од тех.природа се поврзани со видот и квалитетот на
моторните возила што ги поседува Р.М и посебно колку на каков степен
инфраструктурна патничка мрежа е доволно оспособена да го прифати
она што го наметнува развиената патничка структура на европа. Што се
однесува до економските прашања тоа се прашања поврзани со
финансиските можности кои што буџетот на државата ги одвојува за
изградба или модернизирање на својата патна мрежа. Прашањата по
правна природа воглавно се двојат на три групи: 1. прашања поврзани со
правилата кои го регулираат сообраќајното право на една земја и токму
на тоа е сконцентриран овој предмет. 2. прашањето од билатерална
природа со склучување на билатерални конвенции што го регулираат
режимот на сообраќајот или две земји. 3. прашањето на
мултилатерални конвенции што го регулираат сообр.во повеќе од две
земји.
Предметот и содржината на СТП претставува самиот сообраќајот се
манифестира и изразува на превоз на лица и добра од едно место на
производство до место на потрошувачка. Поаѓајќи од таквата суштина на
сообраќајните современи услови на живот не може да се замислат без
користење на сообраќајот – превозот и примената на СТП. Во оваа
насока се поставува прашањето во што и како се изразува сообр. Право.
Сообраќајното право претставува збир на правни правила и норми со
кои се регулираат целокупниот систем на односи кој што егзистира и е
поврзан со самиот сообраќај. Тргнувајќи од ваквата дефиниција на
поимот посебно место во него заземаат субјектите на сообраќајното
право и техничката инфраструктура што тој ја користи кога ги користи
сообр.превозни средства. Субјектите на сообр.право може да се појават
како физички и правни лица. Како физички се индивидуалните лица како
поединци, а како правни лица компаниите. Без објект на тоа дали
физичките се јавуваат како правни лица, во областа на сообраќајот се
јавуваат во улога на носители на превозната дејност или стрикно
кажано, физичките лица се јавуваат како патници во сообраќајот.
Наспроти нив превозните претпријатија се јавуваат како носители на
дејноста на превозот како примачи на стока, транспорт, отпремувачи,
даватели на складишни центри и други услуги. Во сите современи земји
СТП се диференцира според тоа каков вид на сообраќај треба да биде
регулиран со правните правила на сообраќајното право. Од тука и
самата поделба на: сообраќајно патно право, сообр.железничко,
сообр.воздухопловно, сообр.поморско, сообр.речно, и сообр.поштенско
право. Ваквата поделба е интересна од аспект на тоа што различните
гранки на сообр.имаат и свои специфични карактеристики што се
оправдува автономното опстојување на сите горенаведени гранки на
правото.
МЕТОД И ПРЕДМЕТ НА СООБРАЌАЈНОТО ПРАВО
Секоја наука која што претентира да завземе свое самостојно место во
групата на науките мора да исполнува два услова: - мора да има свој
метод, - свој предмет на проучување. Методот генерално во сите науки
независно од еден предмет претставува пат или начин со чија помош се
врши проучување на предметот кој е застапен на таа наука. Тргнувајќи
од тоа сообраќајното право има свој метод но тој за разлика од другите
науки се разликува по тоа што во сите видови на сообраќајот покрај
позитивната домашна анализа на сообраќајот, тој метод се повеќе се
служи со т.н контрактивна анализа поаѓајќи пред се од суштината на
сообраќајот кој се повеќе е рентиранво меѓународен сообраќај кој е
последица на т.н меѓународна поделба на трудот. Меѓународниот
сообраќај е тој кој врши поврзување на државоте преку купопродажба на
материјални добра. Според тоа заклучокот е ниту една совршена држава
не се доволни сами за себе туку напротив тие се упатени на соработка
на една со друга држава. Во тоа поврзување на државите најрелевантен
фактор е сообраќајот. Како предмет на СТП според тоа претставува
различните видови на сите видови на сообра. Покрај методот и
предметот важен сегмент за сообр. Право се и неговите извори. Кога се
поставува прашањето за изворите на сообр. Право пред се се мисли со
какви прописи се уредува режимот на сообр.од било кој вид споредбено
посматрано главно постојат 4 групи направила кој што го регулираат тој
режим на сообраќај: 1. устав на секоја земја во кој што се утврдени
општи начела во сите видови области. 2.Извор и најважен е закон во
една земја. 3.Извор е т.н. подзаконски прописи. 4.Извор од областа на
меѓународно право се меѓународни конвенции.
Различни земји прифатиле различен пристап или метод во
регулирањето на сообраќајот.
ВИДОВИ НА ПАТЕН СООБРАЌАЈ:
Патниот сообр.може да се разгледува во неколку становишта: според
предмет, подрачје, начини на негово вршење и негова намена. Според
предметот патниот сообраќај може да се појавува како превоз на
патници и како превоз на материјални добра. Според подрачјето на тој
што се обавува, патниот сообраќај може да се подели на внатрешен и
меќународен сообраќај. Внатрешниот е таков вид кога се врши превоз на
патници и стока во превозот на рамките на една држава. Според својата
оддалеченост тој може да се појавува како превоз на помала и поголема
оддалеченост. Како превоз на мала спроед сообраќајните прописи на
Р.М. се зема од 50-150км, а над тие км се смета за превоз на поголема
оддалеченост. Меѓународниот превоз се одликува со бројни
специфичности како негова организациона и функционална природа.
Суштината на овој превоз е тоа што се одвива меѓу 2 и повеќе држави и
тоа како билатерален и мултилатерален превоз. Овој вид на превоз го
опфаќа превозот на материјалните добра во кој што производното место
или т.н. отпремно место и место на потрошувачка или т.н. упатно место
припаѓаат на различни територии и држави. Освен овој т.н. стандарден
вид на превоз може да се обавува како транзитен превоз. Тоа е таков
вид напревоз кој ја поминува територијата на една земја без да се
извршуваат било какви материјални дејства. Пр. Утовар истовар на
стока, слегување и качување на патници. Според начинот на
организирање на превозот, тој може да биде редовен и пригоден превоз.
Редовниот превоз е таков вид кој е наменет за задоволување на јавни и
тековни потреби на граѓаните и други субјекти. Со оглед на неговото
траење може да се појавува како сезонски, повремен, постојан превоз.
Постојаниот превоз е таков вид кој се обавува на предутврдена и
објавена превозна линија со точно време на поаѓање и пристигање на
превоз и со прецизно утврдена цена. Тој може да се појавува како
директно експресен – таков вид каде што качувањето и симнувањето на
патници се врши на почетна и крајна станица, експресен – е таков вид
каде што качувањето и симнувањето се врши на поважни сообраќајни
центри и патнички превоз – е таков вид кој не е ниту еден од претходните
два вида. Пригодниот е таков вид на превоз што е наменет за
задоволување на т.н. пригодни потреби. Тој може да се појави во неколку
подвидови: како превоз со кружно возење – тоа е превоз на определена
група на патници од заедничка појдовна точка заради остварување на
заеднички цели; превоз со измена на учесниците на превозот се врши
што постојат повеќе групи на патувања една група се превезува а друга
се враќа и наизменично; превоз со посебен договор. Според намената
може да биде јавен превоз и режиски превоз. Јавниот превоз е таков вид
кога превозничкиот субјект ги става на располагање своите возила на
корисниците на превозот според однапред утврдена тарифа. Најчесто го
вршат превознички претпријатија но не се исклучува и можноста да се
врши од страна на физички лица. Режискиот превоз е превоз за
сопствени потреби и тој во зависност од својот карактер може да се
појавува како превоз кога претпријатијата вршат превоз на своите
патници од и до работа. Втор вид кога ги користиме сопствените возила.
Трет вид е кога хотелски, аеродромски претпријатија вршат превоз на
корисници на услуги од хотели или аеродроми.

You might also like