You are on page 1of 14

Насоки за поадекватна практична примена на новиот

Закон за општа управна постапка

Во управното право кое согласно се почестата присатност на европската


терминологија се нарекува и административно право, централно место има
Законот за општа управна постапка, кој претставува sui generis, затоа што со
истиот се определуваат процесните правила на постапување во управните
работи.

Законот за општа управна постапка1 по кого се уште се постапува и е во сила,


во нашиот правен поредок ги влече корените од Австрискиот закон за управна
постапка од 1925 година, усвоен од Кралството Југославија во 1930 година,
изменет во 1956 и 1986 година. Во Република Македонија, во 2005 година е
донесен Законот за општа управна постапка, со скратен назив ЗОУП,изменет
во 2008 и 2011 година. Правните тееоретичари и експерти го делеа мислењето
дека законот е одржлив со измени и дополнувања а ние пак практичарите го
сметаме за докажан и многу употреблив од причина што одредбите се
експлоатираа во целокупната државна администрација. Но во време на добра
управна пракса орентирана кон граѓаните и нови техниката средства и методи
за комуникација неизбежна е новата правна рамка во која тежиштето нема да
биде формалноста туку резултат од процесот на одлучување. Физички и
правни лица секојдневно се обидуваат да ги решаат своите сложени
административно управни работи, па затоа целта на законот не е само
зајакнување на капацитетите на работата на државните органи, туку
неопходност од ефикасноста и економичноста на постапките. Законот за општа
управна постапка се применува за сите управни дејствија на јавните органи и
на давателите на услуги –сите правни лица кои врз основа на закон се
овластени да дават јавни услуги или услуги од општ интерес. Интенцијата на
законодавецот е нова концепција во управните одредби и тоа во секоја
материја детално ќе се регулираат односите помеѓу странките од определена
материја со посебни закони па за тоа и ќе се донесат измени во многу закони.
Со Законот за општа управна постапка се уредува важниот дел од составот на
правната дражава а тоа е заштитата на граѓаните, иако не е единствен закон
1
Службен весник
од кој зависи квалитетот на правниот систем , па затоа треба да се познаваат и
другите прописи. Општата управна постапка служи за остварување на заштита
на правата на граѓаните но и утврдува и методи за работа во органите на
управата, управната технологија. Потребно е таа технологија да биде полезнa,
а управата која ја применува да биде рационална , ефикасна и економична
Последната проверака од гледиште на европските стандарди на национално
општо управно процесно законодавство оди пред европските судови. Мора да
нагласиме дека евpопcките судови и тела не одат толку во детали на правната
регулатива на општата управна постапка, туку испитуваат каков е крајниот
исход на постапките со примената на законот.Процесот на eвропеизација и
нужноста од прифакање на начела на eвропскиот управен простор доведоа до
промена во сваќање на улогата на модерната управа и нејзините перцепции во
јавност. Темеланата цел модернизација односно европоеизација на јавна
управа и интерес на граѓаните е овозможување на подобра примена на
домашното право и подобра заштита и остварување на правата на граѓаните
за потикнување на развој на општеството во целина и овозможување на
квалитетни јавни услуги .

Како се врши проверка на ефикасноста на законите. Неспорно е дека законите


се барометар на демократските состојби. Правната сигурност и заштита се
обезбедува преку безпристрасно применување на правата на правата и
интересите на физичките и правните лица без оглед на положбата и својствата
на странките. Па затоа и има промена во основните начелата

Што третира Дефиницијата на управна постапка Управна постапка е збир на


систематски правни норми за преземените активности на јавните органи на
управата кои авторитативно и еднострано одлучува за правата и обврските на
поединецот во оваа управна работа. Новиот Закон за општа управна постапка
за прв пат го дефинира институтот управна работа. Административни работи
е секое нешто во кое државните органи во управна постапка одлучуваат за
правата, обврските или правните интереси физички или правни лица или други
лица, директно примена на законите, регулативите и акти за регулирање на
соодветна административна област. Управна постапка ќе се смета и секоја
работа што е законски определена како управна работа.
Нови поими- институти

Дефиниција на управна работа член 4 поимник од ЗОУП

Начело на пропорционалност во заштита на правата на странките и


јавниот интерес член 6 од ЗОУП

Овластено службено лице член 24 од ЗОУП

Водење на постапка преку еден јавен орган член 28 од ЗОУП

Правна помош член 29 од ЗОУП

Решавање на управни работи- тек на постапка член 51-67 од ЗОУП

Писмена потврда на устен управен акт член 91 од ЗОУП

Молчење на управата член 111 од ЗОУП

Правни лекови

Приговор

Правна заштита од постапки на јавни органи

Правна заштита од постапки на давателите на јавни услуги од општ


интерес

Електорнска комуникација

Управен договор

Дефиниција на управна работа член 4 поимник од ЗОУП

Управни работи сите акти и дејствија со кои јавните органи решаваат или
влијаат на правата , обврските или правните интерси на граѓаните во постапка .

Управно дејствие донесување на управни акти, склучување на управни


договори заштита на корисниците на јавните услуги и услуги од општ интерес
како и преземање на други управни дејствија во управните работи.

Управен акт поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со
кој се решава за правата обврските и правните интереси на странките.
Управните акти можат даа бидат насловени како решение, одлука, наредба
лиценца дозвола, забрана одобрение или др.
Надлежност е право и должност на органот да се справи со специфични
прашања во управната постапка. Стварна надлежност е надлежност утврдена
со закон, а ако тоа не е можно, ниту, пак, може да се утврди, тогаш во
согласност со природата на управна работа. Постапка за остварување на
заштита на правата и интересите на физичките и правните лица како и заштита
на јавниот интерес по која се должни да постапуват министерствата, органите
на државната управа организациите утврдени со закон, другите државни
органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат
јавни овластувања, како и органите во општините на градот Скопје и општините
во градот Скопје, кога постапуваат решават и превземаат други управни
дејствија во управни работи. Новина е дека јавниот орган постапува преку
овластено службено лице, а пак функционерот кој раководи со органот е
должен со акт за организација да определи организациона единица надлежна
заа секој вид управна работа . Меѓусебната комуникација на органите да биде
во електронска форма. Оваа е пракса во земјите на Европската унија и
искуствата од таму укажуваат на големи економичност и ефикасност на
постапување, како и заштеда на буџетот на секоја единка буџетски корисник.
Пред се се намалува времето за постапување и се почитуваат законските
рокови.

Начело на законитост е наменето првенствено на раководителот на


управната постапка и бара од него административно да одлучува врз основа
на закони и други прописи и општи акти што ги донесува врз основа на
определено право утврдено од државен орган. На пример проценителите се
овластени со закон да вршат проценка на недвижен имот. Неговата одлука
треба да се движи во рамките на ограничувањата на добиеното овластување
во согласност со закон. Имено, наместо начелото на заштита на правата на
странките и заштита на јавниот интерес, е предефинирано како начело на
пропорционалност, односно потребата од секогаш да се цели кон баланс меѓу
интересот и правата на лицата и јавниот интерес од друга страна.

Начело на пропорционалност во заштита на правата на странките и


јавниот интерес член 6 од ЗОУП

. Овој принцип е надметнат во праксата како право на странката да оствари


право под одредени услови, но само ако тоа е пропишано со закон, и ако тоа е
потребно да се постигнување на закони една цел и пропорционални на целта
која требало да се постигне. Исто така, постои обврска на државниот орган да
им овозможи на странките да се заштитат и да ги остваруваат своите права,
под услов да не влијае на правата на трети лица, ниту во спротивност со
јавниот интерес. Странките при исполнување на обврските, треба да ги
применуваат оние мерки кои се сметаат за најдобри за нив. Најчесто
физичките и правните лица со право очекуваат да бидат известени итно
доколку има основа за остварување на определено право, или да добијат
предупредување за последиците од пропуштање да се превземе определено
дејствие. При одлучување, најважно е начелото на утврдување на
материјалната вистина и начелото на независност и слободна оцена на
доказите. Овие два принципи се од суштинско значење за правење на
соодветна и законита одлука. Тоа се случува преку релевантни факти, а
фактите утврдени од страна на докази.

Зоуп предвидува дека правото на странката може да се ограничи со управните


постапки од страна на државен или јавен орган кога изречено е предвидено во
закон и кога таквото дејствие е нужно за да се оставари определена цел и
пропорционално со истата. Имено кога на странка и се налага определена
обврска тогаш се постигнува со дејствија и мерките на претпазливост за да
биде поповолно за странката а да се постигне целта на законот.

Органи на управа се должни да овозможат на странките што полесна заштита и


остварување на своите права, но тоа да не биде на штета на трети лица , но не
и во спротивност со јавниот интерес.Тоа особено се потенцираа кај
извршување кое мора да се спроведе на начин и примена со средства за
извршување кои се најповолни за странката.

Начело на сервисна ориентација на јавните органи член 9 од ЗОУП

Ова начело претставува модернизација на законот, затоа што се применуваат


стекнатите придобивки на современите држави туку и некои веќе постоечки
закони , Закон за пристап до информации од јавен карактер , најчесто пристап
со електрониски средства, но од друга страна заштита на доверливи тајни и
лични податоци. Рамноправно органите се должни да им овозможат на
странките потребни податоци пропишани и обезбедени на интернетските
страни други известувања, совети и стручна помош. Но од друга страна на
секоја личност и се гарантира заштита на лични и тајни податоци согласно со
прописи за заштита на лични и тајни податоци . Со ова начело се акцентира
стандардна транспарентност, отвореност и јавност во работата на органите на
управа.
Управен договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на
јавни овластувања од надлежниот на јавниот орган кога тоа е утврдено со
посебен закон

Реален акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт што може да
има правно дејствие врз правата обврските или правните интерси на некое
лице како што се јавните информации примање на изјави, водење на
евиденција издавање увернија дејствијата на извршување и други фактички
дејствија.

Нема измена во рамките на странчката способност. Имено Странка во управна


постапка, е лицето по чие барање се поведува постапката и истото има
активна легиимација, а лицето против кое се води постапката има пасивна
легиитмација, но многу често во постапките има лице кое заради заштита на
свои права или правни интереси има право да учествува во постапка па затоа
добива својство на заинтересирано лице.

НАДЛЕЖНОСТ ЗА ВОДЕЊЕ НА ПОСТАПКАТА И РЕШАВАЊЕ

ВО ДОСЕГАШНА ПРАКСА ТОКМУ ФУНКЦИОНЕРОТ ОДЛУЧУВА ЗА


ОПРЕДЕЛЕНИ ПРАВА, ЈА ПРЕНЕСУВА И ДЕЛЕГИРА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА
ДА ОПРЕДЕЛИ ОРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА ЗА СЕКОЈ ВИД УПРАВНА
РАБОТА.

Овластено службено лице член 24 од ЗОУП

ДЕФИНИЦИЈА НА ОВЛАСТЕНО СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ -ПОТРЕБА ОД ПРАКСА


ЗА ПОЕФИКАСНО И ПОЕКОНОМИЧНО ОДЛУЧУВАЊЕ

ЗОУП на поинаков начин го дефинира поимот службено лице поврзувајќи го


со нејзиниот статус (за водење на управна постапка или решавање на
управните работи ) во внатрешната распоредување на органот на управа.
Опредлено е дека службеното лице мора да има соодветна стручна спрема ,
потребно работно искуство, положен стручен испит а ЗОУП пропишува да
водењето на управната постапка и решавање на управната работа е во
исклучива надлежност на службеното лице. Раководителот на органот ќе
донесе решение само во случај да во органот нема службено лице овластено
за решавање на управната работа.

Водење на постапка преку еден јавен орган член 28 од ЗОУП-единствено


управно место

ЗОУП отвара можност за единствено управно место со цел да се примаат сите


барања за почнување на постапка и да се спорведат сите потребни управни
дејствија кои треба да се водат за да може странката да оствари некое право,
таквите барања ќе се доставуваат до надлежниот орган, со цел да биде
економично и ефикасно одлучува.

Правна помош член 29 од ЗОУП

Во согласност со ЗОУП , органите на управата се должни да пружат правна


помош во врска со својот делокруг на работа на сите други органи, но и може
да бараат од судовите правна помош во поглед на достава на списи, исправи и
податоци кои се потребни за водење на постапка. Секој замолен орган па и
суд може да ја одбие помошта само кога тоа е пропишано со закон, а во секој
случај мора да ги наведе причините поради кои се ускратува правната помош.

Решавање на управни работи- тек на постапка член 51-67 од ЗОУП

Управната постапка може да се води на два начина со непосредно решавање и


водење на испитна постапка. Во склад со материјалната вистина испитната
постапка се спроведува кога е нужно да се утврдуваат факти и околности кои
се битни за разрешување на правната состојба, како во постапка на соработка
на две странки или повеќе со спротивни интереси а се со цел да се овозможи
на странките остварување и заштита на нивните права и правни интереси.
Непосредно решавање може да се спроведе само во случаи пропишани со
закон ако во постапка не учествуваат странки со спротивни интереси и не е
потребно изјаснување од странката.

Во ЗОУП повеќе нема одредба за изготвување на заклучок, иако тоа


претставува процесно решение, со кое не се длучува за главната работа

Форма на управен акт

Писмен ,електронски усмен итни мерки но мора да го изготви во рок од 8 дена


од негово донесување. Управната постапка е единствената постапка за сите
државни органи, органите на локалната самоуправа, правни лица со јавни
овластувања и други владини тела кои дејствуваат и одлучува за
административните работи.

Постојат два методи за кои бараат вистината: а) слободна оцена на доказите –


службеното лице сам одлучува кои докази врши, како ќе се изврши и како ќе се
процени неговата полноважност, и сите со цел да се постигне т.н.. мислење
бесплатно судиите, односно службено лице во согласност со нивните
интелектуални способности, убеден дека одлуката е правилна и законита;
вистината е воспоставена, се нарекува материјалната вистина; б) двојно
(законски обврзани) оцена на доказите - законот предвидува дека докази мора
да бидат наведени да се утврди таков факт; вистината е воспоставена, ова
начин се нарекува формална вистина.

Законот јасно предвидува дека раководителот на постапката овластено


службени лице со слободна оцена да утврдува факти и да предвидат
околности кои треба да се докажани, па врз основа на темелна и внимателна
процена на секој доказ поединечно и сите докази заедно, како и врз основа на
резултатите на целиот процес. Во процесот мора да се утврди реалната
ситуација, и за таа цел треба да биде да се утврдат фактите и околности од
значење за правилно и законито решавање на управна постапка. Исто така,
раководителот на постапката треба да изврши независна проценка на фактите
и околностите и врз основа на тоа да ја решава управна работа. Начело на
ефикасност и економичност бара управни работи да се решат што е можно
поедноставно, без одлагање, и со малку, трошоци, но, исто така, да ги утврдат
фактите и околностите во врска со утврдувањето на определена управна
работа. Принцип на пристап до податоци и заштита на податоци е сосема нов
принцип кој постои во управна постапка. Тоа изречно пропишува дека јавните
административни органи им овозможи на странките пристап до сите потребни
информации, на пропишаните форми, и нивните веб-сајт, и да им обезбеди
други информации, совети и помош. Но, мора да бидат земени во предвид сите
законски прописи пропишани за оваа област, право на пристап до
информациите, заштита на личниот и доверливи податоци. Против
првостепената одлука, во принцип странката има право на жалба, освен ако
не е поинаку уредено со материјаното право.Првостепената одлука против која
не предвидена жалба може да се поднесе тужба до Управниот суд. На управен
договор или било која друга регулаторно тело однесување или давателите на
јавни услуги страна има право на приговор (Институт против проектот, а не
против решението).

Начело на заштита на правата на странките Овој принцип ги штити правата на


странката во процес за добивање на конечните управни чин, на тој начин,
исто така, заштита на правна сигурност. Сепак, како исклучок од ова правило
се јавува праведност, што значи дека постојат такви незаконитоста на управни
акти кои ги надминуваат потребата за правна сигурност, така што за нив не
постои важење не значи неповратноста на актот. Така, на регулаторното тело
конечна одлука (што не може да се поднесе жалба, ниту поведе управен спор)
дека определено право е регулирано со материјален закон има стекнато
фиксен закон, или дека нејзиниот наметнат одредени обврски може да бидат
откажани, отповикани или модифицирани само во оние случаи со статутот, и
дека мора да бидат специфицирани.

Иницирање и УПРАВУВАЊЕ на административните процедури.

При стартување на процесот, на прашањето во чии раце иницијативата да


започне и водењето на постапките. Управна постапка се карактеризира со
фактот дека некои административни постапки се спроведуваат исклучиво со
барање на странката (на пример, издавањето на одобрение за градење), а
некои само по службена должност (Данок постапка пр.). Покренување на
постапка по барање на клиентите Ако постапката се поведува по барање на
странките, тоа се смета за правно и формално започната. Сега поднесување
на барање до владини агенции. Барање за поведување постапка странката
може директно да поднесе до државен орган, општина,агенција, комисија ,
писмено или усно, и да го испратите по пошта или по електронски пат преку.
Ако раководителот на постапката утврди дека не постојат законски услови за
спроведување на постапката, ќе го одбие барањето. Кога постапката се
поведува по службена должност формално правно се смета иницирана да ги
преземе сите работа заради водењето на постапките. Постапката се поведува
по службена должност кога тоа се бара со закон или е потребно за заштита на
јавниот интерес.

Поврзување и одвојување на управните работи.

Две или повеќе административни работи заклучок може да се приклучи во


една постапка ако на правата и обврските на страните врз основа на истиот
правен основ и со исти или слични факти и Јавната власт водење на
постапката навистина е и на локално ниво одговорни за одржување на сите
овие процедури. Со поделбата на административните работи ќе дојде ако се
изменат околностите кои ги прават нешта споени во еден процес. Менување на
барањата за времето на прекин. Ако постапката се води по барање на
странките, тоа има одредени можности за промени неговото барање. Барањето
за измена е поставување на нова апликација и проширување на постојните
барања, под услов нова апликација мора да биде врз основа на исти или
слични факти и органот мора да биде надлежен да се справи со барањето.
Кога станува збор за намалување на опсегот на барањето неформално се
смета промена на апликација но не е неопходно дозвола од раководителот на
постапката. Странката официјално мора да бараат дозвола за менување на
барањата а раководителот на постапката доколку смета дека не постојат
услови за тоа може да го одбие. Повлекување на барањето и прекинување на
постапката. Ако постапката се води по барање на странката, таа има право да
се откаже од своето барање. Ова може да се направи експлицитно, давајќи
пропишани изјава за намери да се откаже од барањата и може да се даде и
имплицитно, односно дека од нејзиното однесување дека тој се откажа од
барањето. Во случај на повлекување повеќе не постои потреба за водењето на
постапката, раководителот на постапката донесува решение за прекин на
постапката (процедурата завршува кога ќе се утврди дека веќе не постојат
предуслови за спроведување на постапки).

Фазите на постапката во кои едната страна може да се откаже од барањето: а)


пред првостепениот одлука, б) по првостепената одлука, но пред истекот на
рокот за поднесување на жалба со Одлуката за разрешување странката не ќе
се смести тој дел на првостепената одлука со која е поволна за странката в)
откако тој поднесе жалба против првостепената одлука, пред продложување
второстепената одлука (и одлуката за разрешување на постапка ќе се укинат
првостепената одлука во целост, вклучувајќи и во делот кој е за странката
позитивно решен. Имено постапката поведена по службена должност или по
барање на странката постапка може управна работа на два начина:

-директни решавање на управна постапка,

-спроведување на постапката за испитување. Управната работа без


спроведување на постапка за испитување може да се реши само случаите
предвидени со закон,ако во постапката не учествуваат странки со
спротивставени интереси. Директно решавање во постапка поведена по
службена должност, можно е само ако вистинската состојба на работите може
да се утврди врз основа на официјалните податоци кои ги имаат органите , и не
бара посебно молба од странката за заштита на своите права или правни
интереси. Но оправданоста на директно решавање е само ако е потребно да се
преземат итни мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето, и предмети
од поголема вредност, ако тоа е во интерес на јавноста, и овие дејствија мора
да се певземат без одлагање. Директно обраќајќи се во постапка поведува по
барање на странките е можно: Прво, кога странката во неговото барање е
наведено сите факти и доказите врз кои за да се утврди реалната состојба
работите, или ако може да се утврди врз основа на факти или официјални
податоци на располагање на органите со јавни овластувања, Второ, кога тој
предвидува дека ова прашање може да се реши врз основа на факти и
околности кои не се целосно докажани или направи само веројатно, но во овој
случај барање на странката мора да се усогласат.

Постапка за испитување е правозаштитна постапка во полна смисла на зборот,


и се врши кога е потребно заради утврдување на фактите и околностите што се
од суштинско значење за разјаснување на фактичката состојба на работите
кога се работи за две или повеќе странки со спротивставени интереси
(контрадикторни постапка), а кога тоа е неопходно за да се овозможи на
странките да ги заштитат своите права и правни интерес. Правата и обврските
на странките во текот на остварувањето и користењето има право да учествува
во постапка на истражување утврдување, во очекување на одлуката, да изјави
и дава објаснувања, да ги претстави сите правни факти и околности, и да ги
негира наводите на спротивната страни кои не се согласуваат со нејзините
наводи. Исто така, раководителот на постапката треба да овозможи странката
да се изјасни за сите факти и околности утврдени во постапката, учеството во
водење на докази, и поставуваат прашања на другите странки, сведоци и
експерти, како и запознавање на резултатите од изведувањето на доказите.
Должност на странката е да има право да учествува во одредувањето правно
релеванти факти. Всушност, во определени постапки се дава изјава лично
кога се бара од страна на раководителот на постапката, или кога тоа се бара со
закон. усна расправа се спроведува во оваа случаи:

- Кога се работи за две или повеќе странки со спротивставените интереси,

- кога ќе треба да се сослушаат сведоците и вештаци,

-во други случаи кога тоа е корисно за решавање на управна работа.

Усна расправа се одржа во јавноста. Меѓутоа, во некои случаи, , по службена


должност или по барање на странката, да ја исклучи јавноста од расправата,
ако е потребно. Причините за заштита на приватноста, јавниот морал или
јавната безбедност или кога постои сериозна и непосредна опасност од
нарушување дебата. Странките имаат право да учествуваат во усна расправа,
можноста за дополнување на наводите. Во текот на дискусијата, како и
соочување со спротивната странка и други релевантни факти и околности.

Правни лекови член 104-125 од ЗОУП

ЗОУП уредува редовни правни лекови жалби и приговор

Конечно решение нема право на жалба искористена или исклучена и


право на управен спор.Правосилно решение нема право на жалба ниту на
управен спор.

Вонредни правни лекови : повторување на постапка

Огласување на управен акт за ништовен

Менување и поништување на решение во врска со управен спор

Укинување и менување на правосилен управен акт со согласност или по


барање на странката

Вонредно укинување

Жалбата е пропишана првенствено како реформациска на второстепен орган


кои предвидуваат само мериторно да решава а само во опредлени случаи
може да ја врати постапката на првостпен орган.

Новина во жалбена постапка е право на странка во писмен облик или усмено


на записник да се одрече од право на жалба, кога ќе го прими првостепеното
решение до истек на рок за изјавување на жалба. Во постапки со повеќе
странки одрекувањето има правна сила само во случај ако сите странки се
одречат од право на жалба.
Странка може да одстапи од веќе изјавена жалба само до препраќање на
решението по жалба. Во случај на одрекување се донесува решение за
запирање на постапка по жалба. Откажување и одрекување од жалба не можат
да се отповика .

Приговор

Приговор како новововеден редовен правен лек е со основна цел заштита на


граѓаните од постапката на управа .

Приговор против реален акт или негово порпуштање странката може да изјави
управен приговор до јавниот орган кој го преземал или не го преземал
реалниот акт , ако странката трврди дека нејзините права или правни интереси
се овредени од тие дејствија или неизвршување на дејствија.

Ако корисник на јавна услуга од општ интерес смета дека давателот на


услугите ги повредил неговите права или правни интереси, корисникот може да
поднесе приговор до јавниот орган што издава дозволи , врши надзор или
контрола над давателот на услугите , освен ако за спорната работа постои
непосреден правен лек според управното право против давателот на јавните
услуги.

Правна заштита е осигурана од постапките на давателите на јавни услуги


од општ интерес

Европската унија наместо израз јавна служба користи служба од општ интерес,
овој институт е воведен под значаен притисок на нова еворпска регулатива. Во
состав на овие служби се органи кои даваат услуга во големи мрежни
индустрии, телекомуникација опоштенски услуги електична енергија плин,
различен вид на транспорт, и други стопанства како водостопанство,
комунални служби што управуваат со отпад.

Во другата група спаѓаат служби кои не се комерцијални како сто се


образование , здравство, социјална заштита,култура.

Во овие даватели на јавни услуги спаѓаат и приватните трговски друштва кои


во основа целта им е да остварат добивка , па затоа правилата за заштита на
потрошувачите и посебните мерки за заштита и надзор врз нивната работа
имаат регулаторните агенции комисии.

Правна заштита со приговор како што го регулира ЗОУП претставува додатен и


нужен чекор за опфаќање на јавните услуги без обзир на нивната сопственичка
структура.

Под постапување и давање на јавни услуги во ЗОУП се подразбира преземање


и пропуштање на работи кои имаат право, обврска или правен интерс на
физички и правни лица кои се решаваат во управна постапка. Ситуациите кои
спаѓаат во оваа одредба можат да бидат различни методологија на
пресметување на услуга , во телекомуникација, начин на изадавање на
фактура, или давање на техничка услуга, се до начин на отклонување на
дефект и преминување која друг оператор во електирчна енергија и плин.

Управен договор предвидува склучување помеѓу јавни органии странки


заради извршување на права и обврски утврдени во решение со кое е решена
управната работа. Тој договор може да се склучи само ако е изрично прописан
на посебен закон а не на општи одредби од ЗОУП.

Една од договорените страни мора да биде јавен орган кој донел решение па
како послдиница на решението за негово реализирање се склучува
договорот.Втората договорна страна може да биде физичко или правно лице ,
тело на државна управа или друг орган кое нема правна способност , туку е
подрачна единица или поврзана со аеднички интерси ако може да биде
носител на права односно обврски за кои се решава.

Предизвици

Потреба од утврдување и развој едукација на државните и јавни службеници


кои ја водат управната постапка

Развој на инситутит не единствен управно место концепт на личен службеник

Практично значење на управната постапка регулирано со закон како општ


закон

Почитување на инструктивните рокови за да во пракса се забрза постапката

Потикнување на електронска достава

Почитување на уставната положба на локалната самоуправа

Важноста да се избегне судската управна постапка и да се обезбеди брзо


стручно и ефикасно управно одлучување

Развој на механизмот на пратење и примена кој би осигурал преиспитување на


неговите предности

Цели и очекувани резулатити

Подигнување на стручни квалитети и професионализација при решавање на


управните работи

Ширење на права на заштита на управа и управа судска заштита кај


незаконити постапки на тела и постапки за давање на јавни услуги

Унапредување на демократски вредности, зајакнување на етичките начела и


владеење на право
Достигање на стандарди на отворена, транспарентна, економична, правична и
граѓанска орентирана државна и јавна управа.

Побрзо решавање на постапките од причина што второстепениот орган има


обврска да сам ја реши управната работа во жалбена постапка.

Очекувани резулатати од примена на новиот ЗОУП

Зголемен квалитет на јавни службеници и повеќе професионалност во


решавање на управните работи

Зголемен опсег на заштита на права на странките пред државни, јавни тела и


управните судски постапки

Државната управа ќе биде потранспарентна, доверлива , отворена,


економична, , праведна и отворена кон граѓаните.

Второстепените органи комисии сами ќе ги решаваат управните постапки по


жалба со исклучоци да повторно го вратат предметот во првостепена постапка
пред првостепен орган .

М-р Едита Насковска

Судија на Управен суд

You might also like