You are on page 1of 8

Трговско право

Јавно трговско друштво


Дефиниција за Јавно трговско друштво

 Јавното трговско друштво (ЈТД) е трговско друштво


во кое се здружуваат две или повеќе физички и
правни лица кои на доверителите за обврските на
друштвото им одговараат неограничено и
солидарно (ЗТД член 110).
Карактеристики на Јавно трговско
друштво

 Друштвото се основа со Договор за друштвото во кој што


прецизно се определуваат односите помеѓу содружниците.
 Фирмата на јавното друштво ги содржи и зборовите „јавно
трговско друштво“ или ознаката „ЈТД“
 Уписот на ЈТД во трговскиот регистар има конститутивно
дејство.
 ЈТД може да врши дејност поврзана со занимање за кое е
потребна соодветна квалификација ако некој од
содружниците или вработените има соодветна
квалификација.
Карактеристики на Јавно трговско
друштво

 Членовите на друштвото се нарекуваат содружници.


 ЗТД го утврдува минималниот број на лица кои се потребни
за сновање на ЈТД - најмалку 2 или повеќе физички или
правни лица.
 ЗТД не предвидува максимален број на содружници.
 Кај ЈТД не постои законски утврден минимален износ на
основна главнина.
 Имотот на друштвото е поделен на удели.
 Секој содружник има право само на 1 удел.
Интерни односи во Јавното трговско
друштво
 Правните односи меѓу содружниците се определени со
Договорот на друштвото.
 Обврски на содружниците:
 внесување на влогови - пари, предмети, права, труд и услуги.
 забрана на конкуренција - содружник на јавно друштво не
смее, без согласност на другите содружници, да врши работи
што се во рамките на предметот на работење на јавното
друштво, ниту да биде содружник кој лично одговара, да биде
член на орган или вработен во друштво коешто на јавното
друштво му е конкурент или би можело да му биде конкурент.
 совесно постапување - секој содружник треба во работите што
ги врши друштвото да постапува со посебно внимание).
Интерни односи во Јавното трговско
друштво
Права на содружниците:
 право на управување и водење на работите на друштвото – со друштвото
управува секој содружник, содружниците можат да се договорат
управувањето да го доверат на еден или повеќе содружници, или пак на
трето лице.
 право на глас – секој содружник има право на глас на собирот на
содружници.
 право на награда – содружник кој учествува во управувањето и извршува
работи за друштвото има право на награда и надомест на трошоци.
 право на добивка и учество во загуба – добивката зависи од уделот на
содружникот.
 право на известување – содружниците кои не учествуваат во
управувањето имаат право да добијат извештај за работата на
друштвото.
Екстерни односи во Јавното трговско
друштво
 Застапување на друштвото – секој содружник е овластен да
го застапува друштвото, но со договорот може да се
определи еден или повеќе содружници да го застапуваат
друштвото (самостојно или колективно).
 Лична одговорност на содружниците – лична, солидарна и
неограничена одговорност за обврските на друштвото.
 Правна положба на доверителите кон содружниците –
доверителите на содружниците немаат права во однос на
имотот на друштвото, но можат да бараат заплена на уделот
на содружникот.
Престанок на Јавното трговско друштво

 ЈТД може да престане со:


 Истекот на времето за коешто е основано;
 Одлука донесена од сите содружници;
 Отворање на стечајна постапка над јавното друштво;
 Правосилна судска одлука;
 Одземање на дозвола за вршење на дејност, а друштвото не ја
промени дејноста;
 Отказ, стечај, смрт, губење деловна способност на било кој од
содружниците - физички лица, освен доколку со договорот не е
предвидено поинаку;
 Отказ, стечај, престанок на содружник правно лице; освен
доколку со договорот не е предвидено поинаку.

You might also like