Professional Documents
Culture Documents
Поим за криминалитет
Класификација на криминалитетот
Видови криминалитет
Криминалитет во осигурувањето
Потешка осигурителна измама се случува кога некој намерно планира или измислува
загуба, како што се судар, авто кражба или пожар која е покриена од страна на нивната
полиса за осигурување со цел да се добие исплата на штетата. Криминалните кругови
се понекогаш вклучени во тешки измамнички шеми кои може да украдат милиони
долари.
Полесната осигурителна измама е онаа каде од осигурениците не постои лажирање на
осигурениот случај, туку со "мали лаги" се зголемува вредноста на настанатата штета,
што е обичај скоро кај сите осигуреници. Таа уште се нарекува и опортунистичка
измама.
Овој вид на измами се состои од голем број на полиси на легитимни барања. На пример,
кога во случај на судир на осигуреното лице може да бара повеќе штета отколку што е
направено во неговата / нејзината кола. Лесна измама може исто така да се случи при
добивање на нова полиса за осигурување, осигуреникот да пропушти изјава за
претходните или постојните услови со цел да се добие пониска премија на осигурување.
Видови измами:
Поморски измами
Измами со надосигурување
- Во осигурителната компанија "АД Вардар" велат дека многу често измами се прават
при осигурувањето стока од транспортни штети.
Неодамна тие имале случај кога неколку Македонци се обиделе да извлечат голема сума
од осигурувањето на транспортираната стока. Измамниците регистрирале фирма во
Бугарија, потоа купиле седум фотокопирни апарати што со фалсификувани документи
ги осигуриле на повеќе од 250.000 долари. При транспортот на апаратите измамниците
во Србија инсценирале грабеж и побарале од осигурителната компанија обесштетување.
Во АД Вардар утврдиле дека доставените документи се лажни и дека се работи за
измама. Во моментов се уште се води судскиот спор за делото.
- Пример со надосигурување кој го изнесува Меѓународната трговска комора од Париз,
а кој е случаен во Нигерија: Нигерскиот увозник обично бира мала фирма од Хонг Конг
или Тајван од која купува ефтина стока. Извозникот му составува два видови
документи, документи со вистинска и документи со зголемена цена. Потоа купувачот ја
осигурува стоката на повисоката цена во Нигерија. Стоката се превезува, стигнува во
нигерското пристаниште, увозникот организира кражба во пристаничниот склад.
Увозникот документите со вистинска цена ги приложува за царинење на стоката
(украдена целосно или делумно), а документите со повисока цена ги презентира пред
осигурувачот за надомест или штета и штетата ја наплатува.
- Група од десетина луѓе во која, покрај главните актери, имало и лекари и полицајци,
неколкупати извлече по десетина илјади евра каконадомест на штета за наместени
сообраќајни незгоди. Се смета дека мозокот на целата операција се вработени во една
осигурителна компанија.
Како функционира добро разработената шема? Едно лице, на улица на која нема многу
сообраќај, доаѓа со автомобил и причинува сообраќајна незгода удирајќи во друг
автомобил или во мотор-веспа. Сопственикот на оштетеното возило најчесто отстрана
набљудува како течат однапред режираните дејства. Откако ќе се направи доволно
уверлива сообраќајна незгода, оштетениот се обидува малку да се самоповреди, за
дополнителен ефект. На местото на несреќата „случајно" поминува трето лице, кое
подоцна се јавува како сведок пред полицијата. Во целиот тим учествува и еден
полицаец, нормално, за работите полесно да поминат во истражната постапка. Пред
полицијата "оштетениот" се жали на болки во градите, вртоглавица, мали физички
повреди, стрес... Сведокот ја потврдува трагичноста на случката, полицаецот ја внесува
во извештајот, а работата се завршува со лекарско уверение издадено од медицинско
лице замешано во организираната шема. Останува само да се почекаат парите од
осигурителната компанија на име надомест на штета.
- На патот Гостивар - Тетово (стариот пат) доаѓа до сообраќајна незгода меѓу две
возила. Едното од возилата било каско осигурано, а другото а штета од трето лице. Од
увидот на лице место, записникот на сообраќајната полиција, увидот на возилата на
стручни лица на осигурителната компанија е утврдено дека првото возило има штета од
220 000 денари, а второто (каско) штета од 8 000 денари, а виновен за причинетата
штета е возачот кој го управувач возилото на кое му била причинета штета е возачот кој
го управувал возилото на кое му била причинета помала штета.
Осигурителната компанија му исплаќа 8 000 ден. на оштетениот по основ на каско
осигурување.
Повеќе оштетената страна во договор со другата оштетена страна заведува судски спор
во кој помалку оштетената страна признава вина и судот донесува одлука да му се
исплатат 220 000 денари на другиот оштетен.
Осигурителната компанија согласно веќе утврдената состојба од увидот и
материјалните докази со кои располага поведува своја интерна истрага. Истрагата
докажува дека поомалку оштетениот е поткупен кој во судската постапка дал
лажнаизјава и дека е сторено кривично дело злоупотреба на службената положба на
вработени во судот.
- Во осигурителната компанија е пријавена штета причинета на територијата на Р.
Грција. Кон пријавата за ликвидирање на штетата приложен е и записник од увидот на
сообраќајната незгода од страна на грчката полиција. Предметот е ликвидиран, а
штетата му е исплатена на оштетениот.
При повторниот увид во предметот, а и од други дополнителни, сопствени оперативни
сознанија, е утврдено дека од страна на овластениот преведувач, кој го преведувал
записникот од сообраќајната незгода од грчки на македонски јазик е направена
злоупотреба , со тоа што записникот не е веродостојно преведен, односно е внесена
содржина во интерес на оштетениот и е променета утврдената фактичка состојба од
страна на полицијата.
Постојат два главни типа алатки кои се користат при статистичка анализа: со надзор и
без надзор. Во двата случаи, сомнителните побарувања се утврдени со споредување на
податоците за да се утврдат очекуваните вредности.
Лажните побарувања може да бидат само еден од двата вида. Тие може да бидат
легитимни побарувања кои се претерани или "изградени", или можат да бидат лажни
побарувања за штети кои всушност никогаш не се случиле.
Кога е идентификувано зголемено побарување, осигурителните компании обично се
обидуваат барањето да се сведе на соодветниот
износ.
Сомнителните побарувања, исто така, можат да се достават до "специјални истражни
единици" за понатамошна истрага. Овие единици генерално се состојат од искусни
проценители на побарувања со специјална обука во истрагата на лажни побарувања.
Овие истражувачи бараат одредени симптоми поврзани со лажните побарувања, или на
друг начин, бараат докази за фалсификување на некој вид. Овие докази, може да се
користат да се избегне од плаќање на побарувањата или да се бараат измамниците, ако
повредата е доволно сериозена.
Превенција кај измамите во осигурувањето
Кога станува збор за настанување на ризикот, осигурувачот треба да има предвид два
видови на ризик:
- објективен ризик (кој реално настапил) и
- субјективен ризик (кој е осигурителна измама).
Заклучок
Наша константација е дека криминалитетот е вечен, тој лежи во човековата природа. Тој
може да се менува по форма и содржина, да добива во "нежност" или "виолентност", но
тој останува. Наше е да најдеме форми и начини да го контролираме.
Користена литература: