You are on page 1of 3

4. До кога мора да склучам договор за снабдување на либерализиран пазар?

Големите потрошувачи кои имаат повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход или
вкупна актива поголема од десет милиони евра и кои за првпат се стекнуваат со право за
самостоен настап на пазарот на електрична енергија имаат обврска да склучат договор со
снабдувач или трговец најдоцна 60 дена по денот на стекнувањето на правото за самостојно
учество на пазарот, согласно Правилата за пазар на електрична енергија.

За малите потрошувачи, Законот за енергетика на РМ предвидува 5 чекори на либерализација


на пазарот на електрична енергија во зависност од годишната потрошувачка на
корисниците. Според тоа, корисниците со годишна потрошувачка над 1000 MWh можат да
учествуваат на отворен пазар почнувајќи од 1 Јули 2016, корисниците со годишна
потрошувачка над 500 MWh од 1 Јули 2017, корисниците со годишна потрошувачка над 100
MWh од 1 Јули 2018, корисниците со годишна потрошувачка над 25 MWh од 1 Јули 2019, а
сите останати мали корисници и домаќинства почнувајќи од 1 Јули 2020.

7. По какви цени ќе биде снабдувана мојата компанија доколку се одлучам ЕВН Македонија
Електроснабдување да биде мој Снабдувач на либерализираниот пазар?
ЕВН Македонија Електроснабдување има подготвено специјални индивидуализирани ценовни
решенија коишто ги следат карактеристиките и специфичностите на потрошувачката на Вашиот
бизнис што значи дека можете да бидете уверени дека она што ќе Ви биде препорачано е
резултат на сериозни анализи на Вашиот потрошувачки профил.

12. Доколку се одлучам да бидам снабдуван на либерализираниот пазар, дали како и досега
ќе добивам една фактура за електрична енергија?
Не. Доколку се одлучите да склучите Договор за снабдување под пазарни услови, ќе добивате
две фактури: една за самата енергија по цена што ќе ја договорите со Вашиот Снабдувач (пр.
ЕВН Македонија Електроснабдување) и фактура што ќе ја добивате за надомест за користење
на дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД како Оператор на
дистрибутивниот систем по цени дефинирани од страна на Регулаторната Комисија за
енергетика.

15. Дали со преминувањето на либерализиран начин на набавка на електрична енергија за


мојата компанија се менува и броилото, отчитувачкиот период или можеби доводната
инсталација, мрежата и сл.?
Не. Броилото останува сопственост на ЕВН Македонија како Оператор на дистрибутивниот
систем, а со тоа и обврската на компанијата за отчитување на состојбите за потрошувачката.
Доводната инсталацијата и мрежата до местото на мерење остануваат исто така во
сопственост и надлежност на ЕВН Македонија АД

You might also like