You are on page 1of 7

7.

СОВЕТУВАЊЕ
Охрид, 2 − 4 октомври 2011

Никола Панговски
Ненад Јовановски
АД МЕПСО – Скопје

ПРОБЛЕМИТЕ ВО РАБОТАТА НА АД МЕПСО ПО РАЗДВОЈУВАЊЕТО НА


ПОРАНЕШНОТО ЕСМ

КУСА СОДРЖИНА
Трудот ја опишува моменталната состоjба во електроенергетскиот сектор на РМ со
посебен осврт на функционирањето и проблемите со кои се соочува преносниот систем
оператор како посебен правен субјект после раздвојувањето на поранешното ЕСМ, кој работи
според лиценците одобрени од РКЕ. Проблемите кои се изнесени во трудот се поради одредени
недоречености во законските акти и правилата од времен карактер според кои МЕПСО ги
извршува своите основни дејности, а истите се одобрени од регулаторна комисија, како и
стремежот истите да се прилагодуваат во склад со прописите и нормативите на европската
унија.
Клучни зборови: ЕСМ, МЕПСО, ЕВН, ЕЛЕМ, регулаторна комисија за енергетика, пазарни
правила, мрежни правила, производство, пренос, дистрибуција на електрична
енергија,Репубулика Македонија.

1 ВОВЕД
До 2005 година во електроенергетскиот сектор на Република Македонија централна и
доминантна улога има Електростопанство на Македонија (ЕСМ) , компанијата беше вертикално
интегриран монопол кој произведува, пренесува и дистрибуира електрична енергија. Во 2004
година, сеопфатниот процес на реформи влијае и на електроенергетскиот сектор во нашата
земја, и почнува процесот на нејзино реструктуирање. ЕСМ се подели и реорганизира во
согласност со директивите и препораките на Европската унија, што беше предуслов за
либерализација на електроенергетскиот сектор и создавање услови за приватизација на некои
делови на компанијата. Реструктуирањето се спроведува преку поделбата на ЕСМ на нови
компании (законско и финансиско раздвојување), кои треба да работат независно една од друга.
Ова беше направено за да се овозможи создавање:
- Конкуренција во производството на електрична енергија,
- Регулирани услови за работа во секторот на пренос на електрична енергија, кој е
природен монопол,
- Конкурентност во секторот дистрибуција на електрична енергија т.е. снабдување со
електрична енергија.

2 РЕСТРУКТУИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ


После реструктуирањето, стопанисувањето со електроенергетскиот систем на Република
Македонија го вршат четири субјекти и тоа:
1. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), акционерско друштво во државна сопственост за
производство и снабдување со електрична енергија,

C2-165R 1/7
MAKO CIGRE 2011 C2-165R 2/7

2. Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), акционерско друштво во


државна сопственост за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот
систем на Македонија,
3 ЕСМ Македонија, компанијата за дистрибуција на електрична енергија и снабдување
на тарифни потрошувачи (уште од 2006 година приватизирана и во сопственост на ЕВН
Австрија со името ЕВН Македонија) и
4 ТЕЦ Неготино, акционерско друштво во државна сопственост за производство на
електрична енергија (која, по неуспешниот обиди за приватизација во 2007 година, повторно е
во системот на ЕЛЕМ).
За жал, фокусот на реформите наместо да се насочи кон структурални и технолошки
промени, во многу рана фаза се насочи кон приватизациски активности. Како последица од
прерано спроведената приватизација останаа нецелосно регулирани односите помеѓу
новоформираните компании, лоша меѓусебна координираност на секојдневните активности,
како и неусогласеност на развојните планови.

Раздвојување на ЕСМ

Старо ТЕ
МЕПСО ЕСМ Неготино

Управување со
систем ЕВН
Оператор на мрежа
ЕЛЕМ
Оператор на пазар Мали ХЕ
Оператор на
ХЕ ТЕ дистрибутивна мрежа
Снабдување на тарифни
Регулиран производител
потрошувачи

Слика 1 Раздвојување на поранешното ЕСМ


Производственото портфолио на македонскиот електроенергетски систем се состои
од хидроелектрични и термоелектрични централи. Инсталираната моќност во 2010 изнесува
1885 MW, од кои 543 MW се хидроелектрични централи (29%), а 1342 MW е инсталирана
моќност на термоелектричните централи (71%).
Табела1 Инсталирана моќност на електроенергетскиот систем на Македонија
MW %
ТЕЦ 1342 71
ХЕЦ 543 29
Вкупно 1885 100

Во сопственост на ЕЛЕМ се хидроелектрани и термоелекртрани, со вкупен инсталиран


капацитет од 1526 мегавати. Потоа, со работа започна новата комбинирана термоелектрана-
топланата (ТЕ-ТО) во приватно партнерство на локални и странски инвеститори (IPP) со
инсталиран капацитет од 257 MW и термоелектранатa KOGEL (IPP) со инсталиран капацитет
од 30 MW лоцирана во кругот на Скопска железара.
MAKO CIGRE 2011 C2-165R 3/7

Во сопственост на МЕПСО е преносната мрежа која се состои од далноводи,


трафостаници и целокупната придружна примарна и секундарна високонапонска опрема. Во
Табела 2 се дадени должините на преносната мрежа по напонски нивоа и во Табела 3 е
прикажан бројот на трансформатори по напонски нивоа.
Табела 2 Должината на преносната мрежа по напонски нивоа
Напонско ниво [kV] 110KV 220KV 400KV
Должина [км] 1587 103 529

Слика 2 Електроенергетска мапа на Република Македонија


Табела 3 Број на трансформатори во електроенергетскиот систем на РМ
Напонско ниво 110/x kV 220/110 kV 400/110 kV
Број на ТС 136 2 9

Структурата на потрошувачката во Република Македонија генерално се дели на:


-потрошувачи директно приклучени на преносната мрежа и тоа се квалификувани
потрошувачи (купуваат енергија од производителите, трговците и снабдувачите по нивни
избор)
-потрошувачи приклучени на дистрибутивна мрежа во кои спаѓаат домаќинствата,
малата индустрија, комерцијалниот и услужниот сектор.

3 РЕЛАЦИИТЕ ПОМЕЃУ МЕПСО И ДРУГИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО


ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА
3.1 МЕПСО
Двете основни функции на МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со
електроенергетскиот системи. МЕПСО е одговорен за пренос на електричната енергија од
македонската граница и производителите до дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија и
MAKO CIGRE 2011 C2-165R 4/7

квалификуваните потрошувачи. МЕПСО го организира и диспечира транзитот на електрична


енергија, а воедно се грижи за балансирање на електроенергетскиот систем.
За да ја извршува својата дејност АД МЕПСО од Регулаторната комисија за енергетика
(РКЕ) доби три лиценци со рок на важност од 35 години кои важат до 2040 година.
- Лиценца за вршење енергетска дејност пренос на електрична енергија
- Лиценца за вршење енергетска дејност организирање и управување со пазарот на
електрична енергија и
- Лиценца за вршење енергетска дејност управување со електроенергетскиот систем
За својата работа МЕПСО наплаќа тарифа за пренос на електрична енергија која ја
утврдува Регулаторната комисија за енергетика врз основа на трошоците на АД МЕПСО. Што
значи дека МЕПСО врши јавен сервис за граѓаните и за македонската економија.
Според мрежните правила сите елементи на 110, 220 и 400 kV ниво во трафостаниците
како и придружната опрема, без оглед во чија сопственост е трафостаницата му припаѓаат на
МЕПСО и истата управува со нив и врши нивно одржување. МЕПСО е должен за развивање и
одржување, делумно или целосно, на преносната мрежа кој е предмет на неговата лиценца за
работа.
3.2 Времени пазарни правила и опис на моделот
Пазарот на електрична енергија е организиран и воспоставен како единствен пазар на
електрична енергија во Македонија и претставува модел на регулиран пристап на трети страни.
Пазарот е организиран на тој начин што снабдувачите на мало, трговците и квалификуваните
потрошувачи купуваат електрична енергија од производителите, трговците и другите
добавувачи за препродажба или сопствена употреба со правење на билатерални договори.
Купување и продавање на електрична енергија и моќност се прави преку регулирани и
конкурентни билатерален договор.
Регулираните билатерални договори содржат регулирани цени и тарифи одобрени од
страна на Регулаторната комисија за енергетика врз основа на трошоците. Тарифни
потрошувачи се регулирани потрошувачи. Тука спаѓаат домаќинствата, комерцијалниот и
услужниот сектор, како и индустријата на 10 и 35 kV ниво. Тарифните потрошувачи ги
купуваат потребните количини од електрична енергија од снабдувачот на електрична енергија
на мало за тарифни потрошувачи, а тоа е ЕВН Македонија и АД ЕЛЕМ како носител на
лиценца за снабдување на тарифни потрошувачи на мало. ЕВН Македонија и ЕЛЕМ продаваат
електрична енергија по регулирана цена. Трошоците за загубата на електрична енергија во
дистрибутивната мрежа до 11 % се признаени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и
истите се купуваат по регулирани цени од ЕЛЕМ, а загубите над 11%, ги купуваат на отворен
пазар по пазарни цени. Според одредбите од новиот закон за енергетика, донесен во Февруари
2011 година, ЕЛЕМ како регулиран производител и снабдувач на големо е должен да ги покрие
потребите на тарифните потрошувачи преку сопствено производство по регулирани цени
одобрени од РКЕ. Доколку со сопственото производство на ЕЛЕМ , не се задоволат вкупните
потреби на тарифните потрошувачи, истите се должни потребните количини над оние
обезбедени од страна на ЕЛЕМ, да ги обезбедат од отворениот пазар по процедура одобрена од
страна на РКЕ. Евентуалниот вишок на електрична енергија (пред се во ноќните саати) ЕЛЕМ
може да ги понуди на пазарот, на јавен и транспарентен начин, односно по процедура одобрена
од РКЕ. Се до донесување на Правилата за пазар на електрична енергија ( крајниот законски
рок е 8 месеци од донесување на законот за енергетика), ЕВН Македонија не ги предвидува
потребните количини на електрична енергија за тарифни потрошувачи на ден, недела или
месец однапред. Прогнозите за потребите од електрична енергија кои се прават од страна на
ЕВН Македонија се дефинирани во билатералниот договор со ЕЛЕМ. ЕЛЕМ подготовува возен
ред (прогноза) за производство и потрошувачка на електрична енергија за наредниот ден врз
основа на диспечерскиот извештај за произведената и испорачана електрична енергија за
претходниот ден, подготвен од диспечерската служба на МЕПСО. Во возниот ред подготвен од
страна на ЕЛЕМ се внесуваат и потребните системски услуги, односно се прави план кои
MAKO CIGRE 2011 C2-165R 5/7

производни објекти ќе бидат ангажирани за примарна, секундарна и терциерна регулација, како


и за тоа кои производни објекти се спремни за black stаrt. Планот за производство и
потрошувачка доставен од страна на ЕЛЕМ е предмет на одобрување од страна на МЕПСО.
Конкурентни билатерални договори слободно се договараат помеѓу купувачите и
продавачите. Само квалификувани потрошувачи (потрошувачи директно приклучени на
преносната мрежа) склучуваат конкурентни билатерални договори за купување електрична
енергија од производителите, трговците и снабдувачи по нивен избор и по пазарни цени.

Пазарен модел
РЕГИОНАЛЕН ПАЗАР
Пазарен Регулиран
НА ЕНЕРГИЈА
Систем Регулиран
Операто трговец
оператор производител
р според РКЕ

МЕПСО ЕЛЕМ
1) Нотификација на
билатерални
договори/
договори/физичка
номинација(
номинација(распоред)
распоред)
2) Едноставен регулиран
пазар на балансна енергија Квалификувани Трговци
потрошувачи
Производство
на Јавен снабдувач на
дистрибутивно тарифни
потрошувачи Независни
ниво производители
ЕВН Македонија (отворен пазар)
Тарифни Дистрибуција
потрошувачи Загуби >11% Според
новиот закон
за енегетика

Слика 3 Модел на привремени пазарни правила


3.3 Идентификација на реални проблеми во управувњето на системот во согласност со
прописите
3.3.1 Автоматизација на трафостаници
При поделбата на поранешното ЕСМ, беа дефинирани границите на сопственост помеѓу
МЕПСО, ЕВН Македонија и ЕЛЕМ. Принципот користен при дефинирањето на точката на
сопственост беше да целата опрема што е на и над 110 кв напонско ниво да е во сопственост на
МЕПСО. Значи трафостаницата иако е во сопственост на ЕВН Македонија или ЕЛЕМ,
МЕПСО има своја опрема во истата (прекинувачи, раставувачи, релејна заштита, собирници и
др). Поради реструктуирањето на ЕВН Македонија и нивните тенденциии за намалување на
персоналот со воведување на системите за далечинско управување со дистрибутивната мрежа
се јавуваат одредени проблеми при манипулации со елементи од постројките во сопственост на
МЕПСО, кога персоналот во тие постројки е од ЕЛЕМ или ЕВН Македонија. Исто така ЕВН
Mакедонија има тенденција за автоматизирање и далечинско контролирање на елементите од
постројките во нивна сопственост што значи дека тие постројки се или ќе бидат без посада.
Процесот на автоматизација на управувњето на трафостаниците е одпочнат и од страна на
МЕПСО, но има трафостаници каде ЕВН Македонија го имаат повлечено својот персонал, а
МЕПСО сеуште ги нема прилагодено истите за далечинско управување, односно постои
неусогласеност во динамиката на имплементирање на системот за далечинско управуваење на
ЕВН Македонија и МЕПСО.
3.3.2 Планирање на производство и потрошувачка
Поради тоа што ЕВН Македонија не ја предвидува потрошувачката на тарифните
потрошувачи (чија цена е регулирана), се јавуваат несогласувања помеѓу планираната и
MAKO CIGRE 2011 C2-165R 6/7

остварената потрошувачка, што доведува до проблеми во управувањето на системот поради


големите отстапувања, особено во зима кога сите достапни производствени капацитети и
планиранираниот увоз на енергија од страна на ЕЛЕМ не се доволни да ги задоволат потребите
на тарифните потрошувачи. Затоа, за отстапувањата кои се јавуваат, МЕПСО плаќа казни на
координаторот на блок СММ. Исто така, постојат случаи кога регулираниот производител
ЕЛЕМ отстапува од планираното производстово, во однос на планиранот возен ред кој го
доставува ден однапред, така што се јавуваат разлики меѓу планираното и оствареното
производството.Овие недоследности ќе бидат надминати со новите пазарни правила, кои треба
да стапат на сила во 2012 години. Според овие правила, ЕВН Македонија ќе има обврска да ја
предвидува потрошувачката на електрична енергија за еден ден однапред на саатно ниво и да
биде дел од балансна група, каде што балансно одговорната страна во секоја група ќе биде
одговорна за отстапувањето на групата према МЕПСО. Со новите правила, ЕЛЕМ како
регулиран производител ќе има обврска да го планира производството на саатно ниво за ден
однапред, како и предвидувањата за недела и месец однапред. ЕВН Македонија ќе има обврска
од ЕЛЕМ да го откупува целокупното производство по регулираните цени одобрени од РКЕ, а
недостатокот да го обезбеди со купување енергија на слободниот пазар.
3.3.3 Директни потрошувачи
Кога почнаа квалификуваните потрошувачите да купуваат електрична енергија на
отворениот пазар (по многу години користење на ефтина електрична енергија по бенефицирани
цени , а во некои случаи и бесплатно добиваа енергија од државниот монопол ЕСМ), цената на
електричната енергија беше многу висока. Имајќи го во предвид овој факт, како и
технологијата во процесот на производство на индустриските капацитети, со привремените
пазарни правила овозможено им е да вршат планирање на потрошувачката преку дневни
номинации на распореди на потрошувашка, при што дозволено им е корегирање на
одстапувањата на неделно ниво, така што операторот на пазар му пресметува и фактурира
кумулативното одстапување на неделно ниво. Ова значи дека 6 дена потрошувачот може да
отстапува од своите планови и номинации и на седмиот ден повторно да одстапува со цел
вкупната преземена електрична енергија на неделно ниво да се совпаѓа со вкупната номинарана
ел. енергија на неделно ниво. Со донесувањето на новите пазарни правила, секој квалификуван
потрошувач ќе биде дел од некоја балансна група која ќе мора да се придржува до планираните
номинации на саатно ниво. Балансно одговорната страна (ЕЛЕМ, IPP, или некој друг
снабдувач) на балансната група ќе има обврска да ја обезбеди разликата во рамките на самата
група. Ако во даден момент, балансно одговорната страна не е во можност да го направи тоа,
МЕПСО е должен да го стори тоа преку задолжителната резерва (регулирање на изнајмени
објекти) со цел да се постигне рамнотежа меѓу фактичката и планираната потрошувачка на
електрична енергија во реално време, а потоа МЕПСО ќе наплати за дебалансите од балансно
одговорната странана на групата.
Пазарот на балансна енергија во иднина ќе се користи да се усогласат разликите помеѓу
договореното и испорачаното количество на електрична енергија во согласност со договорите
на регулираните и квалификуваните потрошувачи.
Во однос на пазарот на системски услуги МЕПСО е одговорен за купување на
потребните системски услуги. Тие се потребни за безбедно и сигурно работење на
електроенергетскиот систем и управување со загушување во мрежата, што е дефинирано во
мрежните правила. Тоа се: оперативна резерва (резерва на примарна, секундарна и терциерна
регулација), регулација на напон и самостојно пуштање(black start). Оперативната резерва на
моќност која е потребна за примарна, секундарна и терциална регулација е утврдена во
мрежните правила во согласност со ENTSO-Е прирачник. Во сегашната фаза на пазарот,
регулираниот производител (ЕЛЕМ) е одговорен за обезбедување на сите системски услуги
дефинирани во планот за системски услуги на МЕПСО. За обезбедување на овие услуги ЕЛЕМ
ќе наплати по цена формирана врз основа на трошоците и одобрена од РКЕ. МЕПСО ќе ги
врати средствата потрошени за сите системски услуги преку преносната тарифа одобрена од
РКЕ и преку балансирање на одстапувањето во согласност со пазарните правила. Според
MAKO CIGRE 2011 C2-165R 7/7

новите правила (почеток на 2012 год.) МЕПСО ќе купува системски услуги по пазарни цени на
отворен пазар.
МЕПСО прави закуп на резервна моќност (сега и во иднина) на годишно ниво преку
меѓународен јавен тендер, која се активира во случај на загрозување на безбедноста на
снабдувањето со ел.енергија, дефекти на елементи во системот и големи отстапувања на
потрошувачката на електрична енергија од утврдената количина.

4 ЗАКЛУЧОК
Како што се зголемува искуството на учесниците на пазарот, РКЕ треба да биде во
можност да ги охрабри, преку тарифите или на друг начин, што повеќе потрошувачи да станат
квалификувани се до конечната либерализацијана на пазарот која е планирана за 2015 (во
најоптимистичка варијанта). Овој модел на пазар е во согласност со стратегијата на Владата на
Македонија за евентуална приватизација на овој сектор, како и со развојот на регионалниот
пазар.
Од исклучително значење е донесувањето на подзаконските акти каде прецизно ќе бидат
регулирани односите помеѓу електроенергетските субјекти во државата.
За таа цел АД МЕПСО секогаш врши оптимизација на своите капацитетите и ресурси со
цел исполнувње на јавниот интерес: стабилен и навремен пренос на електрична енергија преку
високонапонската мрежата, а исто така врши управување со сигурен и стабилен
електроенергетскиот систем. Врз основа на објективни, транспарентни и недискриминаторски
принципи, МЕПСО им овозможува на производителите, потрошувачите и дистрибутерите на
ел. енергија пристап на преносната мрежа, како и пристап на трети страни да го користат
системот за пренос на електрична енергија во согласност со законот за енергетика и мрежните
правила за пренос на ел. енергија.
За да се обезбеди оптимален проток на енергија и сигурен систем за напојување,
МЕПСО стратешки планира и спроведува инвестиции во мрежата и со тоа се зголемува и се
подобрува сигурноста и работата на системот, со цел да се подготви за целосна либерализација
на пазарот на електрична енергија .

5 ЛИТЕРАТУРА
[1] МЕПСО, "Студија за развој на преносната мрежа 2010 - 2020 ", Скопје, Македонија, декември
2010 година
[2] Регулаторната комисија за енергетика, "Закон за енергетика на Република Македонија", Скопје,
Македонија, Јануари 2011 година
[3] МЕПСО, "Привремени правила за пазар на електрична енергија", Скопје, Македонија, април 2009
година
[4] МЕПСО, "Мрежни правила за пренос на електрична енергија", Скопје, Македонија, август 2006
година

You might also like