You are on page 1of 8

У Н И В Е Р З И Т Е Т Св.

К И Р И Л И М Е Т О Д И Ј - С К О П Ј Е

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ


СКОПЈЕ

Лабораторија за електромоторни погони

ЛАБОРАТОРИСКИ ВЕЖБИ ПО ЕЛЕКТРОМОТОРНИ ПОГОНИ

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 4

ПРЕОДНИ ПОЈАВИ КАЈ ЕЛЕКТРОМОТОРНИТЕ ПОГОНИ СО ЕДНОНАСОЧНИ


МОТОРИ

Студент

Наставник: Проф. д-р Слободан Мирчевски _____________________________


(Име и Презиме)

_____________________________
(бр. индекс и модул)

_________________
(оценка)

Скопје, 2009
Preodni pojavi kaj elektromotornite pogoni so ednonaso~ni motori

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 4

ПРЕОДНИ ПОЈАВИ КАЈ ЕЛЕКТРОМОТОРНИТЕ ПОГОНИ СО


ЕДНОНАСОЧНИ МОТОРИ

1. ВОВЕД

Преодните и нестационарните режими на работа на електромоторните погони


претставуваат сложена појава која ја опфаќа взаемната зависност на
електромагнетските, механичките и топлинските процеси условени со нивните
инерции. Нестационарните појави според тоа како се одвиваат можат да се поделат во
две основни групи. Во првата група спаѓаат премините од една во друга стационарна
положба, тие се релативно краткотрајни и се нарекуваат преодни процеси. Во втората
група спаѓаат непрекинато нестационарните режими на работа кои се карактеристични
за автоматизираните електромоторни погони или пак за оние погони каде статичкиот
момент е променлив со времето.
Причините за настанување на нестационарните режими се најразлични и можат
да бидат механички (промена на статичкиот момент, моментот на инерција) или
електрични (промена на доведениот напон, фреквенција и сл.). Промените поради
механички појави се условени од технолошкиот процес, додека пак најчесто свесно се
вршат промените на електричните големини, сем во исклучоци промените настануваат
поради различни хавариски состојби.
Преодните појави се проучуваат со цел да се утврдат законитости и променити
на големините поради правилен избор на системите за автоматско управување, а и за
правилен избор на моќноста на електромоторот.
На карактерот на преодните појави големо влијание имаат својствата на
моторот, неговата механичка карактеристика, режимот на работа, начинот на
управување и т.н. Работата на електромоторниот погон во преодните појави може да се
изрази со една или повеќе диференцијални равенки од повисок ред кои се доста тешки
за решавање. Решавањето на равенките уште повеќе се усложнува со учеството на
нелинеарни елементи така да практично во тој случај, не е можно да се дојде до
аналитички израз за промените, па решавањето се изведува со воведување на
упростувања и претпоставки.
Кога машината не би имала никаква инерција промените на состојбите би се
случувале моментално, но во праксата, се разбира тоа не е можно. Секој
електромоторен погон се карактеризира со:
- механичка инерција, поради постоењето на механичко движење на работниот
механизам и моторот;
- електромагнетна инерција, поради присуството на индуктивност на
намотките и
- топлинска инерција, поради загревање на намотките.
Механичката инерција е претставена со механичката временска константа:
mD 2 nn
Tm = (1)
38, 2 M n
Таа всушност го определува времето за кое електромоторниот погон би ја
постигнал номиналната брзина на вртење при момент на забрзување еднаков на
номиналниот момент на моторот.
Взаемното влијание на погонот и моторот може да се претстави со т.н.
електромеханичка временска константа:

1
Preodni pojavi kaj elektromotornite pogoni so ednonaso~ni motori

mD 2 R mD 2 n o
T em = = (2)
38 ,2 c e c m 38 ,2 M k
каде Mk е моментот на моторот во кува врска.
Треба да се напомене дека иако изразите за механичката и електромеханичката
временска константа се многу слични тие се разликуваат при што електромеханичката
временска константа е многу помала во споредба со механичката.
Влијанието на електромагнетните појави во моторот може да се претстави со
електромагнетната временска константа:
L
Tel = (3)
R
Бидејќи загревањето како процес е многу поспор во однос на другите појави
најчесто тоа во разгледувањата се занемарува.
Преодните појави кај еднонасочните мотори се од посебен интерес, бидејќи тие
најчесто се користат во електромоторните погони со променлива брзина и воопшто во
регулираните електромоторни погони, многу се поосетливи на појава на недозволено
големи струи поради проблемите со комутација и т.н. При анализата на преодните
појави кај еднонасочните машини се поаѓа од основната равенка за рамнотежа на
моментите:
Mm = Ms + Md (4)
и од напонската равенка за арматурното коло:
di
U = E + Ri + L (5)
dt
При механичката преодна појава електромагнетната инерција се занемарва. Со
претпоставка дека Мѕ=0 (празен од на погонот) се добиваат следните равенки за
промена на брзината и струјата:
( )
n = no 1 − e − t / Tem (6)
− t / T em
i = Ike (7)
каде no брзината и струјата во празен од а Iк е струјата на куса врска.
Во случај на електромеханичката појава свое влијание има и електромагнетната
временска константа и во зависност на односот на временските константи Tem и Tel се
добиваат различни изрази за промената на брзината и струјата (при Мѕ = 0).
Ако Tem < 4Tel се добиваат следните равенки за брзината и струјата:
  sinν t 
n = n0 1 − e − t / 2Tel  + cosν t   (8)
  2ν Tel  
I
i = k e −t / 2Tel sinν t (9)
Telν
при што:
1  1 1 
ν=  −  (10)
T el  T em 4 T el 
Ако Tem = 4Tel се добиваат следните равенки:
  t  −t / 2Tel 
n = n0 1 − 1 + e  (11)
  2Tel  
I
i = k te −t / 2Tel (12)
Tel

2
Preodni pojavi kaj elektromotornite pogoni so ednonaso~ni motori

а за случај Tem > 4Tel се добиваат изразите:


  shν t 
n = n0 1 − e −t / 2Tel  + chν t   (13)
  2ν Tel 
I
i = k e− t / 2Tel shν t (14)
Telν

2. ЦЕЛ НА ВЕЖБАТА

Познавањето на преодните појави на еднонасочните машини е од големо


значење за определување на системот за автоматско управување, но и за изборот на
електромоторот поради големата осетливост на струјно преоптоварување. Затоа
студентите треба да се запознаат со механичката и електромеханичката преодна појава
кај моторите за еднонасочна струја. Исто така треба да се запознаат со текот на
промената на брзината и струјата при различни вредности на електромеханичката и
електромагнетната константа.

3. ОПИС НА ПРОГРАМОТ

3.1. Намена на програмот


Програмот е наменет за пресметка на преодните појави кај еднонасочните
мотори со независна возбуда. Можна е пресметка на механичките и
електромеханичките преодни појави. За да работи потребно е да се внесат каталошките
податоци за моторот и замавниот момент на работниот механизам сведен кон оската на
моторот, преку тастатура или пак да се повикаат веќе снимени податоци од диск.
Програмот сам ја избира преодната појава во случај да не е дадена вредноста на L или
L = 0 (разгледува механичка преодна појава) или пак е можно корисникот сам да ја
избере преодната појава. Резултатите од програмот можно е да се добијат табеларно
или пак графички по избор на корисникот. Табеларните податоци можат по потреба да
се снимат на диск и подоцна да се користат.
Програмот е наменет за работа на персонален компјутер со минимална
конфигурација.

3.2. Работа со програмот


Стартувањето на програмот се врши со куцање на името на програмот
PREODNI и со притискање на ENTER. Со стартувањето на програмот се појавуваат
потребните влезни податоци со кои работи програмот со нивните мерни големини, како
и начинот за внесување на податоци, од тастатура од диск или пак на вчитување на
вредности за преодна појава кои веќе се снимени на диск. Ако се избере последната
можност Изборот се врши со внесување на редниот број пред понудените можности.
Ако се избере да се внесат податоците од диск, потребно е да се внесе и името на
датотеката во која се наоѓаат потребните податоци.
Откако ќе се внесат потребните податоци програмот бара да се внесе
временскиот интервал за кој ќе се врши пресметувањето. По избраниот временски
интервал се оди на следното мени кое нуди можност за избор на механичка или

3
Preodni pojavi kaj elektromotornite pogoni so ednonaso~ni motori

електромеханичка преодна појава. Доколку L=0 овој избор автоматски се прескокнува


и се оди на следниот избор. Изборот се состои од начинот на кој ќе бидат презентирани
податоци табеларно или графички. Ако се избере табеларен приказ на вредностите по
нивното прикажување повторно ни се нуди можност за графичко прикажување на
податоците и можност за снимање на вредностите на диск. По завршувањето со
работата со изборот на опцијата крај, која се наоѓа на секое мени се завршува работата.

4. ЗАДАЧИ ЗА ВЕЖБАТА

За да можат успешно да ја извршат задачата студентите треба да ги извршат


следниве работи:

4.1. Да се повторат законитостите при преодните појави кај еднонасочни


електромоторни погони.

4.2. Со помош на програмот да се пресметаат промените на брзината и струјата и


истите да се нацртаат при механичка преодна појава за mD rm 2
= mDm2 и
mD rm2 = 10 mD m2 .

4.3. Со помош на програмот и промена на вкупниот отпор во арматурното


коло да се пресметаат и нацртаат промените на брзината и струјата при
електромеханичка појава за трите карактеристични случаи: Tem < 4 Tel, Tem = 4 Tel и
Tem > 4 Tel.

Забелешка: Времето на пресметка треба да биде избрано така да може се види


целиот преоден процес, а нестационарната рабата на погонот.

Треба да се очекува малите електромотори да се однесуваат апериодски, а големите


електромотори осцилаторно и во случаите кога не се оптоварени.

4
Preodni pojavi kaj elektromotornite pogoni so ednonaso~ni motori

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 4

ПРЕОДНИ ПОЈАВИ КАЈ ЕЛЕКТРОМОТОРНИТЕ ПОГОНИ СО


ЕДНОНАСО×НИ МОТОРИ

ПРАШАЊА ЗА ПОДГОТОВКА НА ВЕЖБАТА

1. Која е разликата помеѓу преодните процеси и нестационарните режими на


работа?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

2. Кои се причините за настанување на преодните процеси кај електромоторните


погони?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

3. Кои видови на инерција се присутни и какво е нивното влијание во преодните


процеси кај еднонасочните електромоторни погони?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

4. Која е разликата меѓу механичката и електромеханичката преодна појава?


___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

5. Каква може да биде електромеханичката преодна појава и што влијае врз


нејзиниот вид?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

Студент:____________________________________
инд. бр.__________

1
Preodni pojavi kaj elektromotornite pogoni so ednonaso~ni motori

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 4

ПРЕОДНИ ПОЈАВИ КАЈ ЕЛЕКТРОМОТОРНИТЕ ПОГОНИ СО


ЕДНОНАСОЧНИ МОТОРИ

Податоци за избраниот мотор

Тип мотор Pn Un In nn η Ra La Iv J mD2


[kW] [V] [A] [min-1] [%] [Ω] [mH] [A] [kgm2] [kgm2]

МЕХАНИЧКА ПРЕОДНА ПОЈАВА

a. 2
Rd=0; mD rm = mDm2 ; Тем=________

Промена на брзината при механичка преодна Промена на струјата при механичка преодна
појава појава
n Ms= 0 i Ms= 0

n0= I k=

t= t=

t t

б. Rd=0; mD rm2 = 10 mD m2 ; Тем=________

Промена на брзината при механичка преодна Промена на струјата при механичка преодна
појава појава
n Ms= 0 i Ms= 0

n0= I k=

t= t=

t t

2
Preodni pojavi kaj elektromotornite pogoni so ednonaso~ni motori

ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧКА ПРЕОДНА ПОЈАВА


а. Осцилаторна преодна појава
2
mD rm = mDm2 ; Rd=______; Тem=________; Теl=________; Теm/4Теl=________
Промена на брзината при осцилаторна Промена на струјата при осцилаторна
електромеханичка преодна појава електромеханичка преодна појава
n Ms= 0 i Ms= 0

n0= Ik=

t= t=

t t

б. Апериодска преодна појава


2
mD rm = mDm2 ; Rd=______; Тем=________ ; Тел=________; Тем/4Тел=________
Промена на брзината при апериодска Промена на струјата при апериодска
електромеханичка преодна појава електромеханичка преодна појава
n Ms= 0 i Ms= 0

n0= Ik=

t= t=

t t

в. Гранична апериодска преодна појава


2
mD rm = mDm2 ; Rd=______; Тем=________ ; Тел=________; Тем/4Тел=________
Промена на брзината при гранична Промена на струјата при гранична апериодска
апериодска електромеханичка преодна појава електромеханичка преодна појава
n Ms= 0 i Ms= 0

n0= Ik=

t= t=

t t

Студент:____________________________________

инд. бр.__________

You might also like