You are on page 1of 5

1

Лабораториска вежба број 4


Определување на работните карактеристики
на еднофазен асинхрон мотор по директен метод

ВНИМАНИЕ!

При работа со оваа опрема може да се воспостави контакт со високи вредности


на напонот. Од тие причини, никогаш немојте да поврзувате кога
напојувањето е вклучено! По завршувањето на секоја мерна постапка,
напојувањето треба да се исклучи!

 Цел на вежбата
Целта на оваа лабораториска вежба е експериментално да се добијат работните
карактеристики на еднофазниот асинхрон мотор. Работните карактеристики на еднофазен
асинхрон мотор претставуваат зависности на доведената електрична моќност P1, струјата I1,
факторот на моќност cos, полезниот механички момент Mmeh=M2, коефициентот на полезно
дејство , и брзината на вртење n, од полезната механичка моќност Pmeh=P2, којашто моторот
преку осовината ја предава на работната машина. Работните карактеристики на моторот се
определуваат при константни влезни големини, т.е. при константен напон U1 = const. и при
константна фреквенција f1 = const., кои воедно, претставувааат и параметри на мрежата на која
моторот е приклучен.

Податоци за испитуваниот објект


Податоците за испитуваниот еднофазен асинхрон мотор коишто се отчитани од
натписната плочка на истиот, се внесуваат во следнава табела:

Тип Un Pn In nn cosn
/ [V] [W] [A] [врт./мин.] [/]
EMpsK 220 750 4,4 1420 0,68

Брзината на вртење на моторот се мери со механички тахометар или, пак, со употреба на


стробоскопскиот метод, додека механичката моќност, односно механичкиот момент може да се
измерат со содветна кочница.

 Шема на обидот и постапка при испитувањето


Во оваа вежба се употребува механичка кочница со лента, како што е прикажано на сл.1.
Кочницата се состои од ременик R, изработен од легура на алуминиум, кој е механички
прицврстен на осовината на моторот. Преку ременикот се поставува ремен, кој преку два
динамотетри F1 и F2, е прицврстен на метална рамка. За да се оствари подобро триење, на делот
2

од ременот кој налегнува на ременикот, се поставува термички отпорна азбестна лента, која, пак,
е прицврстена за ременот.

При константна брзина на вртење на роторот, силата на триење Ft помеѓу ременот и


ременикот е еднаква по големина, но спротивна по насока на механичката сила Fmeh, која моторот
ја создава на ременикот. Корисниот механички момент кој моторот го развива изнесува:

M2 
D
 Ft kpm ,
2

каде што

D=0.24 [m] - дијаметар на ременикот и

Ft [kp] - сила на триење.

F2 F1

Ft R Fmeh

sl .асинхрон
Слика 4.1 Оптоварување на еднофазниот 1. мотор со помош на механичка
сопирачка

Силата на триење помеѓу ременикот и ременот се определува со помош на два


динамометри, и истата е еднаква на: Ft = F1 - F2 [kp] . Силата F2 со којашто, во принцип, се мери
дел од тежината на ременот има многу помала вредност од вредноста што ја има силата F1 кога
моторот ќе се оптовари. Оптоварувањето на моторот, односно механичката сила, е приближно
еднаква на силата, F1. Притоа, оптоварувањето на моторот, односно моментот, М2, се регулира
со затегнување на ременот, а тоа, пак, се остварува со помош на завртката со којашто ременот
може помалку или повеќе да се затегне, при што триењето може да се зголеми или намали.

На сл.2, прикажана e принципиелната шема на поврзување на еднофазниот асинхрон


мотор, оптоварен со механичка кочница со лента.
3

W W

R
1f
O
AM

St1 Sp1

Слика 4.2 Поврзување на асинхрониот мотор кој е оптоварен со механичка кочница со


лента

Откако ќе се направи проверка дека лентата е сосема опуштена, се притиска на старт-


тастерот, St1. Притоа, со притискањето на старт-тастерот, St1, т.е. по затворањето на
прекинувачот, K1, напонот од монофазниот регулационен трансформатор се доведува кон
испитуваниот еднофазен асинхрон мотор. Во тој момент се вклучуваат и универзалните
инструменти (тип: ISKRA), со што истите стануваат достапни за манипулација. Од главното
мени (Main menu) се селектира полето Мeasurements, а откако ќе се притисне OK, се отвора
можност да се пристапи до една од следниве опции: Present value, Alarms и Demo cycling. Се
избира Present value, а потоа се притиска OK, при што на екранот се прикажува листа од сите
големини коишто може да се измерат: напон (voltage), струја (current), моќност (power), фактор
на моќност и агол на моќност (PF & PA), фреквенција (frequency), средна вредност на одредена
големина за даден временски интервал (MD values), како и вкупна хармониска дисторзија (THD),
а овозможен е и целосен преглед на сите големини истовремено (overview). Асинхрониот мотор
се залетува и ја достигнува брзината на празен од, n0. Се отчитуваат вредностите од
инструментите и нивните вредности се внесуваат во табелата 1.

Моторот почнува да се оптоварува со постепено затегнување на лентата, и за различни


вредности на силата на триење, односно оптоварување, се отчитуваат вредностите од
универзалниот мерен инструмент, додека брзината на вртење на роторот се мери со тахометар.
Отчитаните вредности се внесуваат во табела 1. Се снимаат од 6 до 8 точки на работните
карактеристики, за вредности на оптоварувања: 0, 1/4, 1/2, 3/4, 1 и 5/4 од номиналното
оптоварување.

На крај, регулациониот трансформатор се доведува во својата нулта положба, при што


моторот постепено запира. Со притискање на стоп-тастерот, Sp1, се отвора прекинувачот К, со
што се оневозможува доведувањето напон кон статорската намотка на асинхрониот мотор.

Полезната моќност на моторот се пресметува според изразот:


2
P2    M 2   n  M 2 = 0.1047  n  M 2 W ,
60
4

ако M2 [kpm], а n [врт./мин.], или:

P2  9,81   M 2  1,027  n  M 2 W , ако M 2 [Nm], а n [врт/мин] .

Коефициентот на полезно дејство на моторот се пресметува како однос помеѓу полезната


и доведената моќност на моторот:


P2
 100 % .
P1

Измерено Пресметано
F1 F2 P1 I1 n α M2 P2  cos
[kp] [kp] [W] [A] [врт./мин.] [W/под.] [Nm] [W]  /

Табела 4.1 Измерени и пресметани вредности

Врз основа на измерените и пресметаните вредности може да се нацртаат работните


карактеристики на асинхрониот мотор. Општиот изглед на работните карактеристики на
еднофазен асинхрон мотор, прикажани е на сл.3.

P1 [W]
I1 [A] I1
M2 [Nm]
cos P1

M2

cos0 cos

I0

P0

P2

Слика 4.3 slОпшт


. 3. Op[изглед
t i zgl edна
naработните карактеристики
r abot ni t e kar наazen
akt er i st i ki na ednof еднофазен
asi nhr onасинхрон
mot or мотор
5

Забелешка:

На дијаграмот на работнитие карактеристики, величините можат да се прикажат во


апсолутни вредности (V, A, Nm) или во единични (релативни) вредности.

Како базни величини се земаат соодветните номинални величини.

Така на пример, за моќност: Pb =Pn [W]. Која било друга вредност на моќноста P[W]
изразена во единични(релативни) величини е:

P
Pb*  ,
Pb
или во проценти:

P
Pb*  100 % .
Pb
Претставувањето на величините во единични единици, односно во проценти е
попрактично, пред сè, поради цртањето на дијаграми. Во тој случај, податоците на
ординатната оска се исти за повеќе различни величини, па можно е да се нанесат на една орди-
натна оска.

You might also like