You are on page 1of 20

1.

Определување на општи одлики на еднофазен ТR


Омски и активен отпор – отпорот на намотките на ТР може да биде измерен со помош
на мерен мост ( Томсонов, Витстонов) и со U-I метода. Начинот на мерење на отпорот со
U-I метода е следен: на краевите на намотката чиј што отпор сакаме да го измериме, се
приклучува извор на еднонасочен напон. Ro=U/I каде што U e напон на намотката на ТР
измерен со волтметар, I е струја која тече низ намотката која ја отчитуваме на амперметар
и Ro омски отпор при температура на околината.
Се прават неколку мерења за вредностите на напонот и струјата а потоа се пресметува
средната аритметичка вредност на отпорот: Rsr = ∑ Ri/n
Rθm = Rθ0 * ( θm + 235̊ ) / ( θo + 235 ̊ ) каде што θo е температура на намотките при која се
мери отпорот која е еднаква со температурата на околината, θm e максимално дозволена
температура на намотката, Rθ0 е средна вредност на омскиот отпор при температура θo,
Rθm е омски отпор при температура θm.
Rθm̰ ̰ = kf * Rθm , каде што Rθm е активен отпор на намотката а kf е Филдов сочинител.

Коефициент на трансформација на ТР е однос на бројот на навивки во примарната и


секундарната намотка k12 = N1 / N2 = E1 / E2, N1 број на навивки во примарна намотка, N2
број на навивки во секундарна намотка, E1, E2 индуцирани напони во примарна и
секундарна намотка. Коефициентот на трансформација може да се определи преку обид на
празен од и преку потенциометарска метода.
- преку празен од : Е1 ≈ Е2 , E2 = U2, k12 = E1 / E20 = N1 / N2 ≈ U1 / U20

1
- преку потенциометарска метода: , k12 = U1 / U2 = R / r

Определување на бројот на навивки на примарната и секундарната намотка може да


биде изведено со помош на една помошна намотка чиј број на навивки Nd е познат.
Примарната намотка се приклучува на напон U1 се напонот U1 на краевите на таа намотка
и напонот Ud на краевите на помошната намотка.
k1d = U1 / Ud = N1 / Nd , N1 = Nd * (U1 / Ud )
k2d = U2 / Ud = N2 / Nd , N2 = Nd * (U2 / Ud )

Определување на магнетен флукс и магнетна индукција во јадрото на ТР


Е1 = 4,44 *f * Фm * N1 = U10 , Е2= 4,44 *f * Фm * N2 = U20 ,
Фm = U10 / ( 4,44 * f * N1 ) = U20 / ( 4,44 * f * N2 ) , Фm = Вm * SFe , Вm = Фm / SFe
Определување на истоимените (хомологни) краеви на намотките
Може да се врши:
- со помош на ТР чии што ознаки на краевите се познати – примарните намотки од двата
ТР се приклучуваат паралелно на мрежа, два изводи од нивните секундарни намотки се
соединуваат накусо, а двата останати краеви се поврзуваат на волтметар. Ако напоните се
во фаза, волтметарот не покажува отклон, а тоа значи дека истоимените краеви се
приклучени на волтметар.

2
- со помош на еднонасочна струја - постапката за определување на хомологните краеви е
следна: се затвора прекинувачот k во примарното коло и се прати покажувањето на двата
волтметри, ако отклонувањето на двата волтметри е во иста насока тогаш истоимените
напони на волтметрите се врзани за хомологните краеви, ако пак на истоимените изводи
на волтметрите се сврзани различни краеви на намотките тогаш сказалките на двата
волтметри ќе се отклонат на различни насоки.

2. Приближно цртање на кружен дијаграм


При цртање на кружниот дијаграм потребно е да се знае струјата на куса врска I1kn и
факторот на снага cosфkn при номинален напон U1n на машината. Бидејќи обидот на куса
врска се изведува со значително помал напон од номиналниот U1k<<U1n, тогаш
резултатите од обидот на куса врска треба да се сведат кон номиналниот напон на
машината.
I1kn = I1k (U1n/U1k)
P1kn = P1k (U1n/U2n)2
cosфk = P1kn / √3*U1k*I1kn
Mkn = Mp = Mk (U1n/U1k)2 = Mk (I1n/I1k)2

3
Oд обидот на празен од се добиени: струјата на празен од I10, моќноста на празен од P10,
загубите во железото и додатните маханички загуби (PFe+ Pmeh) и факторот на моќност
cosф10. Oд обидот на куса врска добиени се следните резултати: моќноста на куса врска
при номинален напон P1kn и факторот на моќност при куса врска при номинален напон
cosф1kn. Со овие податоци може приближно да се конструира кружниот дијаграм на
асинхрониот мотор.
Најнапред треба да се усвојат размери за потребните големини и тоа:
Размер за струјата ki( A/mm), потоа струјата на празен од се сведува со овој размер
I10n(A) * 1 / ki(A/mm) = OAo mm, a претставува вектор кој се нанесува под агол ф10n во
однос на векторот на напонот U1n, кој се поклопува со ординатната оска. Точката Ао
дефинира режим на празен од s ≈0. Номиналната струја на куса врска се нанаесува во
истиот размер I1kn (A) * 1/ki (A/mm) = Oak mm, под агол ф1kn во однос на напонот, а
точката Ак го дефинира режимот на куса врска кој настанува при номинален напон на
приклучниците на моторот, sk =1. Точките А0,Ак се две точки од кругот кој претставува
геометриско место на врвовите од векторите на струите во секој режим на работа.
Потоа се дефинира и размерот на моќноста kw(W/mm). Бидејќи при номинален напон,
моќноста на моторот е пропорционална со активната компонента на струјата, тој ќе
изнесува кw = √3U1n*ki = √3*380*ki (W/mm). Центарот на кругот (М) лежи во пресекот
на симетралата на отсечката АоАк = - I2︡︡ , која што се конструира и симетралата на
отсечката АоАо . Точката Ао се добива на следниот начин: под предпоставка дека
загубите во бакарот во статорот и роторот се еднакви, тогаш низ Ао се повлекува нормала
на апцисната оска, која го сечи векторот на струјата I1kn во точката Ао . Во пресекот на
овие две симетрали лежи М.
Ако загубите бакарот во статорот и роторот не се еднакви, треба дасе определи точката на
идеалниот празен од Аoi. Отсечката АоАоi= Pt,v (W) 1/ kw (W/mm) е пропорционална на
моќноста што се троши за триење и вентилација. Низ точката Аоi се повлекува права која
со апцисната оска зафаќа агол tgα = 2︡︡R1I10 / U1n. Пресекот на оваа права со симетралата
на отсечката АоАк= - I2︡︡ , го определува центарот на кругот М. Во примерот се
задржуваме на првиот случај. Понатаму треба да ја добиеме точката А∞, за бесконечно
големо лизгање. Низ таа точка минува линијата на електромагнетниот момент (Мем) и
линијата на електромагнетната моќност (Рем). Од точката Ак се спушта нормала на
апцисната оска Аkak. Таа ја покажува вкупната моќност што машината ја зема од мрежа.
Точката bk се добива во пресекот на таа права со правата повлечена од точката Ао
паралелно со апцисната оска. Оваа права е линија на загубите во железото во секој режим
на работа на моторот т.е должината аkbk = Po≈Pfe mm. Должината Аkbk ги дава вкупните
загуби во бакарот во статорот и роторот на машината. Ако сакаме поединечно да ги
определиме само загубите во статорот, тогаш должината Аkbk која е пропорционална со
вкупниот отпор на моторот Rk треба да ја поделиме со сооднос R1:R2︡︡ или Pcu1:Pcu2︡︡ ,
бидејќи предходно отпорот во намотката во статорот е измерен и познат. Ако загубите во
бакарот ги нанесиме во размер за моќноста Pcu1(W) * kw (W/mm) = bkck (mm), тогаш

4
должината ckAk≈Pcu2︡︡ ги дефинира загубите во бакар во роторот. Ако сакаме да ја
добиеме точката на бесонечното лизгање А∞ за sk±∞, потребно е точките Ао и ck да ги
поврзиме со права линија Аоck која го сечи кругот во точката А∞. Таа линија во соодветен
размер е линија на електромагнетниот момент Мem или на електромагнетната моќност
Pem. Размерот за електромагнетниот момент се определува на следниот начин:
kм= Pcum/Ω = [ kw*(W/mm) / Ω(min-1) = [ Nm/mm ] . Oвој размер неважи за отчитување на
корисниот момент на осовината, бидејќи бројот на вртежите на осовината нема константа
вредност.
-Определување на факторот на моќност cosф
За оваа цел на ординатната оска се црта помошниот круг со дијаметар Оh=100mm кој
поминува низ координатниот почеток. Тогаш должината Ohi=Оh*cosф, дирекно го
дефинира факторот на моќност. Следствено на тоа факторот на моќност за една
произволно одбрана работна точка Аi се определува на следниот начин: координатниот
почеток го поврзуваме со една права линија со точката Аi. Таа линија го сече помошниот
круг во точката hi. Должината Оhi го дефинира факторот на моќност.
-Енергетски биланс на моторот
Сега, ако сакаме да направиме енергетски биланс на моторот за една прозволно избрана
работна точка на моторот, следните должини во соодветен размер ги претставуваат
следните големини:
Aiei (mm)* kw (W/mm) = P2 (W) – корисна моќност на осовината на моторот,
eidi (mm)* kw (W/mm) = Pt,v (W) –загуби на моќноста од триење и вентилација,
dici (mm) * kw(W/mm) = Pcu2︡︡ (W) – загуби во бакарот во роторот,
cibi (mm) * kw (W/mm) = Pcu1 (W) – загуби во бакарот во статорот,
biai (mm) * kw (W/mm) = Pfe (W) – загуби во железото,
Аici (mm) * kw ( W/mm) = Pem (W) – вкупна електромагнетна моќност со која моторот
располага,
Аiai (mm) * kw (W/mm) = P1 (W) – вкупна активна моќност која моторот ја зема од мрежа.
-Определување на моментите на моторот
Електромагнетниот момент на моторот за произволно избраната точка Аi се определува на
следниот начин: Аici (mm) * км (Nm / mm ) = Mem (Nm)
Користениот момент на осовината на моторот се пресметува според равенството:
M2 = 9.56 (P2/n) , n (min-1) – број на вртежи на осовината на моторот.
-Определување на лизгањето на моторот
На кругот избираме произволна точка Q, во генераторскиот режим на работа на моторот.
Од таа точка повлекуваме права QAo, QAk, QA∞. На должината QA∞ нанесуваме осечка
QR=100mm. Oд точката R повлекуваме паралелна линија со QAo до пресекот QAk во
точката S. Потоа од точката S повлекуваме права SSo чија должина претставува лизгање
100%. За да го определиме лизгањето во точката Аi, повлекуваме права AiQ. Tаа ја сече
скалата на лизгање во точката si. Должината Sosi го дефинира лизгањето дирекно во %.

5
-Определување на коефициентот на полезно дејство Ƞ
Ако сакаме да ја конструираме скалата на коефициентот на полезно дејство, ја
продолжуваме линијата на струјата во роторот –I2︡︡ до пресекот на апцисната оска во
точката N и понатаму. Од точката N повлекуваме права паралелна со ординатната оска.
Измеѓу овие прави линии ја повлекуваме правата NoN100% = 100mm, која е скала на
коефициентот на полезно дејство и дефинира 100% коефициент на полезно дејство. Ако
сакаме да го определиме коефициентот на полезно дејствово произволно избраната точка
Ai, повлекуваме права линија АiN која ја сече скалата на лизгање во точката Ƞi.
Должината NoȠi% дирекно ни го покажува коефииентот на корисно дејство во
разгледуваната работна точка.
Карактеристики:
Надворешни карактеристики на трофазен асинхрон мотор

Карактеристика на лизгање

6
3. Мерење на температура
Температурата на поедини делови на трансформаторите и електричните машини може да
се мери за време на експлоатацијата или при испитување на загревањето. Има четири
методи на мерење на температурата и тоа: 1.термометри, 2︡︡. промена на отпорот на
намотките со температурата, 3.вграгени индикатори (термопарови и отпорнички
термометри), 4. термовизија .
1.Метод со термометри:
За мерење на температурата се применуваат алкохолните и живините термометри. Во
случај кога мерењето се изведува во променливо магнетно поле, треба да се употреби
алкохолен термометар. Употребата на живини термометар не е дозволена, бидејќи
променливото магнетно поле индуцира виорни струи во живата и термометарот ќе покаже
температура повисока од вистинската. За точно мерење потребен е добар термички
контакт со местото на мерење.
При мерење на температурата, термометарот треба да се постави така, за да може лесно
да се отчитува скалата. Ако при секое отчитување мора термометарот да се вади и пак да
се враќа на мерното место, тогаш нема гаранција дека не е променет термичкиот контакт,
па затоа поедини отчитувања може да отстапуваат. При мерењето треба да се имаат
предвид и евентуалните падови на температурата низ материјалите.
За трансформатори кои како средство за ладење користат воздух од околната средина, за
мерење на температура се употребуваат два или повеќе термометри. Термометрите се
распоредуваат околу трансформаторот на висина еднаква на половина од висината на
трансформаторот и на растојание од еден до два метри од трансформаторот.
Термометрите треба да бидат заштитени од топлотното зрачење и од дејството на
воздушното струење. За таа цел, секој термометар се поставува во метален сад наполнет
со трансформаторско или машинско масло.
2.Meтод со помош на промена на отпорот на намотките од температурата
Овој метод се користи за определвање на средната температура на загреаната намотка во
зависност од порастот на отпорот во однос на ладната намотка.
RƟ2 = RƟ1 [ 1 + (Ɵ2 – Ɵ1 / T + Ɵ1) ]
Ɵ2 = R Ɵ2 - R Ɵ1 / R Ɵ1 (T+ Ɵ1) + Ɵ1 oC
Δ Ɵ = Ɵ2 – Ɵ0 = R Ɵ2 - R Ɵ1 / R Ɵ1 (T+ Ɵ1) + Ɵ1 – Ɵ0 oC ,
Каде што Ɵ0 - температура на околната средина
Отпорите RƟ1 во ладна и RƟ2 во топла состојаба, треба даа се мерат со иста постапка и
по можност при исти вредности на струја. Температурата на намотката во ладна состојба
се мери со термометар или со вграден температурен индикатор. Ако не е можно
непосредно мерење, за температури на намотката се зема температурата на куќиштето на
трансформаторот или машината при услови кога практично се во ладна состојба.
Отпорот на намотките се мери најмалку 3 пати по можност во исти временски интервали,
а времето на мерење не смее да биде подолго од минута.

7
3.Метод на мерење со помош на вградени индикатори
Со овој метод може да се измери температурата на најтоплото место во трансформаторот
и електричните машини. Во текот на конструкција или во текот на репарирање на
трансформаторот се поставуваат определен број индикатори, кои се поставуваат на места
каде се очекува најголемо загревање. Како индикатори се употребуваат термопарови или
отпорнички термометри.
А) Термопарови - Мерењето на температурата со термопарови е врз основа на појавата на
термонапон на краевите на два проводници од различни метали, кога другите два краја се
споени и поставени на повисока температура. Добиениот термонапон обично се мери со
миливолтметар.

Шема за мерење температура со термопар


Во пракса најчесто се употребува термопар бакар-константан, а се употребуваат и железо-
константан, никел-хром-константан. Термопарот се изработува од изолиран проводник од
бакар или константан си дијаметар од 0,3-0,7 мм. Изолацијата на двата проводници се
отстранува во должина од 3-5мм, проводниците се усукуваат и се спојуваат со калајно-
оловен слој или заварување. Двата проводници по должина се обвиткани со заедничка
изолациона обвивка. Формата на термопаровите кои се употребуваат за мерење на
температурата е различна. Teрмопаровите треба да се баждарат со зголемување и
намалување на температурата, а за конечен резултат се зема средната вредност од
покажувњата. За директно мерење на термонапонот е неопходно да се има инструмент за
еднонасочна струја, со мерен опсег од 5-7 mV за 12︡︡0оC температура. Инструментот кој се
употребува за мерење на термонапонот треба да има голем внатрешен отпор. Точната
вредност на термонапонот се пресметува со: е= е1 (Re + R1 + Rv / Rv ) [V], каде што е:
e1- напон измерен со помош на миливолтметарот, е – точниот термонапон на местото на
мерење

Директно мерење на температура

8
При отворен прекинувач к: е1 = е (Rv / Re + R1 + Rv) [V]
При вклучување на прекинувачот к: e2 = e { [Rv*R / Rv+R] / [Re + R1+ (Rv*R / Rv+R)] }
Re+R1 = [ (α1/α2︡︡) – 1 ] * (Rv*R / Rv+R)
За да се измери температурната разлика помеѓу топлиот и ладниот крај на термопарот,
освен миливолтметарот може да се употреби компензационен метод.

Компензационен метод за мерење на температурата со помош на термопар

Во овој случај термонапонот се компезира со регулиран напон. Регулирањето на напонот


се констатира со чувствителен галванометар G. Компезацијата се постигнува со
регулирање на променливиот отпорник R. Темпернатурната разлика се определува со
покажување на милиамперметарот, при урамнотежен галванометар ( галванометарот треба
да има отклон 0).
Компензациониот метод има предност, затоа што измерената вредност на
темпернатурната разлика не зависи од должината на проводниците на термопарот, бидејќи
во моментот на мерењето низ нив не тече струја. Термопарот се поставува на површината
на местото каде треба да се мери температурата. Добар контакт на краевите на
термопарот може да се обзбеди со помош на спојници, но најдобро е кога тоа се прави со
електрично заварување.
Б) Отпорнички термометри
Мерењето на температурата со отпорнички термометри се базира врз особината на
промената на отпорот со температурата.
Тие се изработуваат од сплоснати или цилиндрични намотки, зависно од местото каде се
поставуваат. Намотките се изработени од проводници од чист бакар, никел или платина,
со дијаметар 0.15-0.2︡︡ мм, кои бифиларно се мотаат на цврст изолационен матрејал. Вака
изработени се залеваат во стакло или друг изолационен матрејал. За пониски температури
од 150оC, што е случај кај ел. машини, се употребува отпорнички термометар од никел.
Отпорничките термометри се употребуваат како за мерење температура на железното
јадро и средството за ладење, така и за мерење на температурата на намотките. За мерење
на температурата на намотките, термометрите се изработуваат со специјална форма.
Најчесто се изработуваат во сплосната лента, со должина еднаква на половина од
должината на каналот и со ширина еднаква на ширината на каналот. Дебелината на

9
лентата е околу 2︡︡мм. Како инструмент за мерење на температурата може да се употреби
инструмент со вкрстени клеми, кој го мери отпорот на отпорничкиот термометар, скалата
наместо во Ω е поделена во oC, така што температрата се мери директно. Отпорниките
термометри се поставуваат во каналите исто како и термопаровите, и даваат поточни
резултати. Како недостаток е што кај нив мерењето на температурата може да се изведува
само на поголема површина, но не и во определена точка.
4.Термовизиско мерење на температурата
Познато е дека ако телата се загреат на определана температура, тие емитираат
светлински и топлински бранови. При снимање на телата со термовизиска камера, таа го
прима нфрацрвениот дел од спектарот на светлинското зрачење на телата и врз основа на
тоа ја отсликува состојбата на прегреаност на телата. Термовизиската камера дава широк
спектар на можности за мерење на температурата -30 до 2︡︡000 0C. Мерењата може да се
вршат кога испитуваниот трансформатор или машина е во погон.

Принципиелна шема за мерење на температурата со термовизиска камера

Со термовизиското мерење се дефинира местото кое е прегреано т.е каде има лош спој.
Категориите дефинираат стадиуми на прегревање во однос на нормалната референтна
температура (надтемпература во однос на околината), во експлоатациони услови, тоа се :
I.t > 5 0C - прв стадиум на прегревање
II.5 0C < t < 30 0C –развојно прегревање
III.t >30 0C – критично прегревање
Каде што t е дозволена над температура.
Термовизиската метода за мерење и температурата се применуваат главно во три гранки:
-во производството на ел.енергија, кај хидро, термо и нуклеарни електрани, -во преносот и
дистрибуцијата на ел.енергија -во индустријата
При тоа најдобри резултати во испитувањето се добиваат при контрола на видливите
споеви на елементите во ел.мрежа. Термовизијата дава можност да се испитуваат
електричните постројки во погонските услови. Со тоа е овозможено откривање на топлите
места на електричната инсталација и споевите.

10
Ако се пресметува прегревањето при оптоварување кое е различно од 50% се применува
законот на Џул т.е за оптоварување различно од стандарното (50%), степенот на
прегревање се менува со квадратот на оптоварувањето:
A=R*I2*t [J] каде што А- [J] електрична енергија или џулови загуби, R- [Ω] отпор
(контактен отпор), I-[А] електрична струја (оптоварување).

4. Електродинамометар
Елекетродинамометар е практична машина за определување на полезната механичка
моќност за сите видови на електрични и други типови мотори.
Електродинамометарот е специфична машина во однос на другите по тоа што роторот се
потпира на два засебни неподвижни лежишта, а статорот заедно со половите и четкиците
се потпира на другите две лежишта и е овозможено вртење на статорот околу осовината
на роторот.
ЗА МОТОР:

11
Електродинамометарот може да работи како мотор кога се испитува некој генератор и во
улога на кочница(генератор) кога се испитува некој мотор. Кога електродинамометарот
работи како мотор со независна возбуда тогаш тој го задвижува генераторот за
еднонасочна струја.
Потрошената ел.моќност кај електродинамометарот е: P1М = U1М * I1М
Полезната ел.моќност е P2︡︡М и е еднаква потрошената моќност на генераторот P2︡︡М= P1G
P2︡︡М = P1М - ∑Pγ , ∑Pγ = Pcu + PFe + Pf1 + Pf2 + Pc + Pv, каде што Pcu се џулови загуби во
индуктот (роторот), PFe се загуби во железо во индуктот, Pf1 загуби поради триење во
неподвижните лежишта на роторот, Pf2 загуби поради триење во подвижните лежишта на
роторот, Pc загуи поради триење на контактите на комутаторот и Pv загуби во вентилација.
P2︡︡М = U1М I1М –( Pcu + PFe + Pf1 + Pf2 + Pc + Pv) , P2︡︡М = P1М – RaI1M2 = MΩ = Ω ∑ F*r
Поради законот на акција и реакција на статорот дејствува и спротивен момент: ∑ F’ * r’ =
∑ F * r.
Полезната моќност се премсетува: P2︡︡М = F * l * Ω - (Pf1 + Pv) = mM * g * l * Ω - (Pf1 + Pv).
За да се определи точната вредност на механичката моќност на електродинамометарот P2M
треба да се знае вредноста на загубите во секоја брзина на роторот. Тоа се прави кога
електродинамометарот работи во празен од а статорот повторно излегува од рамнотежна
состојба. За да се урамнотежи во тасот треба да се стави тег со маса mMО.
(Pf1 + Pv) = mMО * g * l * Ω = mMО * ( 2︡︡πn/60) * g * l.
Механичката моќност на електродинамометарот во режим на мотор е : P2︡︡М =(2︡︡πgl/60) *(
mM - mMО ) * n, P2︡︡М = P1G , P2G = U2G * I2G . Коефициентот на полезно дејство на
генераторот: ηG = P2G / P1G = U2G * I2G / P

ЗА ГЕНЕРАТОР:

12
Кога електродинамометарот работи како генератор со независна возбуда, тогаш тој е
приклучен на иста осовина со асинхрониот мотор кој што се испитува.
Полезната ел.моќност е: P2G = U2G * I2G
Потрошената ел.моќност е еднаква на полезната механичка моќност на моторот P1G = P2M.
P2M = P1М + ∑Pγ
Загубите на ел.моќност во електродинамометарот: P1G = U2G I2G + ∑Pγ = U2G I2G + Pcu + PFe +
Pf1 + Pf2 + Pc + Pv. Првите два члена од десната страна всушност ја претставуваат
внатрешната електромагнетна моќност на генераторот. U2G I2G + RG I2G2 = (U2G + RG IG) I2G =
E2G I2G која се јавувца како последица на моментот на електромагнетните сили. Ω ∑ ( F * r
) = Er Ir. Исто така овај момент може да се најде од условот за рамнотежа на статорот.
Коефициенто на полезно дејство на моторот изнесува: ηМ = P2M / P1M
Кај секој генератор моментот од електромоторните сили ∑ F * r , дејствува во спротивна
насока од насоката на вртење и се спротиставува на полезниот момент на испитуваниот
мотор. Од законот на еднаквост на акцијата и реакцијата која е изразена со равенката
∑ F ‘ r’ = ∑ F r, следи дека на статорот дејствува спротивен момент од оној на роторот.
За да се воспостави рамнотежа на статорот, мора во тасот да се стави тег со маса mМ,
односно тежина FM = mМ* g.
Потрошената ел.моќност на електродинамометарот кога е во режим на генератор е:
P1G = mМ * g * l * Ω + (Pf1 + Pv )
Моќноста што електродинамометарот ја зема кога е во режим на генератор е:
P1G = mМ * g * l * Ω + (mМ + mМО ) , односно P1G = 2︡︡πgl/ 60 * (mМ + mМО ) * n
Оваа потрошена моќност на електродинамометарот која работи како генератор еднаква е
на полезната моќност од испитуваниот мотор. P1G = P2M.
Коеф. на полезно дејство за секое оптоварување е : М2︡︡М = (mМ + mМО ) * g * l
Врз основа на добиентите резултати се цртаат надворешни карактеристики, за да се
олесни пресметувањето често должината на лостот l се избира така да константата 2︡︡πgl/ 60
= 1, затоа l = 0.973 * m, кога масата е изразена во kg, брзината во min-1 и ел.моќност во W.
Во таков случај полезната моќност на моторот се пресметува: P2M = (mМ + mМО ) * n

5. Определување на карактеристики на синхроната машина


- Карактеристика на празен од Ео ≈ Uo = f (iv) е зависност помеѓу индуцираниот напон
Ео или напонот Uo и возбудната струја iv или магнетниот напон Fv при синхрона брзина
на вртење на n=nn т.е f = fn и при отворена намотка на индуктот (статорот) т.е при
оптоварување еднакво на нула. Од карактеристиката може да се определи коефициентот
на заситување на магнетниот систем на машината. Кµ = ∆ iV0 / iV0n // ∆U/ Un = (∆ iV0 / ∆U) *
(Un / iV0n )

13
- Карактеристиката на куса врска на синхрониот генератор претставува зависност на
струјата на оптоварување на генераторот (во статорот) I, од возбудната струја iV , т.е
I=f(iV). Оваа карактеристика покажува како се менува струјата на статорот при куса врска
во зависност од возбудната струја при константна брзина на вртење и при напон на
изводите U=0 т.е Ik = f(iV) при U=0.

- Карактеристика на реактивно оптоварување – тоа е крива која покажува јаји се


менува напонот на краевите на генераторот, во зависност од возбудната струја U = f(iV),
кога се одржува константна струја на оптоварување I=const. при постојна брзина на
вртење n=const и при чисто индуктивно оптоварување cosφi = 0. Карактеристиката на
оптоварување претставува зависност на напонот U од индуктот од возбудната струја iV т.е
U = f(iV) при константна струја на оптоварување I=const. , при константен фактор на
моќност cosφ = const и при константна брзина на вртење n=nn = const Карактеристиката на
оптоварување обично се снима за активно оптоварување cosφ = 1, активно индуктивно
cosφind = 0.8 и активно капацитивно оптоварување cosφcap = 0.8.

14
- Надворешна карактеристика на синхрониот генератор претставува зависност на
напонот на статорот од струјата на оптоварување U=f(I), кога се одржуваат константни
возбудната струја iV = const, бројот на вртежи n=const и факторот на моќност cosφ = const.
Се снимаат неколку карактеристики за неколку вредности на факторот на моќност cosφ =
const, обично за cosφ = 0.8 ( активно индуктивно и активно капацитивно оптоварување)
Изгледот и обликот на надворешните карактеристики се објаснува со дејството на
реакцијата на индуктот. При индуктивно оптоварување на генераторот, реакцијата на
индуктот е подолжна и ја магнетизира машината и за тоа со покачување на струјата на
оптоварувањето напонот се намалува. При капацитивно оптоварување реакцијата на
индуктот има магнетизирачко дејство и при покачување на струјата на оптоварувањето
напонот се покачува, а возбудната струја треба да се намали.

15
- Регулациона карактеристика претставува зависност на струјата на оптоварување на
генераторот I од возбудната струја iv, т.е I=f(iv), кога се одржуваат константни напонот на
генераторот U=const, факторот на ел.моќност cosφ = const и бројот на вртежи n=const
односно f=const.
Во овај случај на статорот се приклучуваат променливи активни, активно индуктивни и
активно капацитивни потрошувачи Zp. Обликот на регулационите карактеристики се
објаснува со дејството на реакцијата на индуктот. При активно индуктивно оптоварување
на генераторот рекацијата на индуктот е подолжна и ја ремагнетизира машината и за тоа
со зголемување на струјата напонот се намалува. За напонот да остане константен, мора да
се зголеми возбудната струја (крива 1). При активно капацитивно оптоварување
реакцијата на индуктот има магнетизирачко дејство и при зголемување на струјата
напонот се згоелмува. За напонот да остане константен мора да се намали возбудната
струја (крива 3) .

6. Реактанси:
Растурна реактанса: При контрола на произведената машина додека се уште не е
монтиран роторот се определува растурното магнетно поле на следниот начин: на
статорската намотка се доведува трифазен снижен напон кој потоа се зголемува се додека
низ статорската намотка не протече номинална струја.
Реактансата на намотката на статорот Xa за една фаза при трифазен доведен напон на
синхрониот генератор чиј ротор е изведен се состои од два дела: Х а = Хσ + ХVr
Хσ - растурна реактанса која е создадена од растурни флуксови во каналите меѓу главуте
на запците и околу челните врски на статорската намотка
ХVr – реактанса која е создадена од флуксот кој се затвора во слободниот простор на
статорот при изваден ротор.
Хσ = Ха - ХVr

16
а) Ха се определува на следниот начин: се отчитуваат покажувањата на инструментот при
овај обид и тоа линискиот напон Ul, струјата I и доведената мочност P и се пресметуваат:
Za = Ul/√3*I , ra = P/ 3*I2 , Xa = √Za2 – ra 2
б) За да се определи ХVr неопходно е врз активната површина на статорот да се постави
контролна намотка, должината на намотката треба да биде еднаква на статорските
железни лимови, а ширината да е еднаква на половиот чекор τ p. ХVr = (Uk/I) * ( (Kw * W) /
Wk) каде што Uk e индуциран напон во контролната намотка, Wk број на навивки на
контролната намотка и Wk Кw број на навивки и коеф. на намотување на една фаза од
синхрониот генератор.

17
Потиева реактанса: Потиевата реактанса Хσ се определува по графички пат. За нејзино
определување е потребно претходно да се снимаат карактеристиките на празен од Uo =
f(iV), карактеристиката на трифазна куса врска Ik3 = f(iV) и реактивната карактеристика на
оптоварување U= f( iV) при I = In и соsφi = 0.
Потиевата реактанса е: Хσ =( ̅̅̅̅̅̅
𝐵′ 𝐶′ / In ) * mu , mu е размер во кој се црта к-ката на празен од.

7. Определување на општи одлики на еднофазен ТR


1. Омски и активен отпор – отпорот на намотките на ТР може да биде измерен со помош
на мерен мост ( Томсонов, Витстонов) и со U-I метода. Начинот на мерење на отпорот со
U-I метода е следен: на краевите на намотката чиј што отпор сакаме да го измериме, се
приклучува извор на еднонасочен напон. Ro=U/I каде што U e напон на намотката на ТР
измерен со волтметар, I е струја која тече низ намотката која ја отчитуваме на амперметар
и Ro омски отпор при температура на околината.
Се прават неколку мерења за вредностите на напонот и струјата а потоа се пресметува
средната аритметичка вредност на отпорот: Rsr = ∑ Ri/n
Rθm = Rθ0 * ( θm + 235̊ ) / ( θo + 235 ̊ ) каде што θo е температура на намотките при која се
мери отпорот која е еднаква со температурата на околината, θm e максимално дозволена
температура на намотката, Rθ0 е средна вредност на омскиот отпор при температура θo,
Rθm е омски отпор при температура θm.
Rθm̰ ̰ = kf * Rθm , каде што Rθm е активен отпор на намотката а kf е Филдов сочинител.

18
2. Коефициент на трансформација на ТР е однос на бројот на навивки во примарната и
секундарната намотка k12 = N1 / N2 = E1 / E2, N1 број на навивки во примарна намотка, N2
број на навивки во секундарна намотка, E1, E2 индуцирани напони во примарна и
секундарна намотка. Коефициентот на трансформација може да се определи преку обид на
празен од и преку потенциометарска метода.
- преку празен од : Е1 ≈ Е2 , E2 = U2, k12 = E1 / E20 = N1 / N2 ≈ U1 / U20

- преку потенциометарска метода: , k12 = U1 / U2 = R / r

19
3. Определување на бројот на навивки на примарната и секундарната намотка може
да биде изведено со помош на една помошна намотка чиј број на навивки Nd е познат.
Примарната намотка се приклучува на напон U1 се напонот U1 на краевите на таа намотка
и напонот Ud на краевите на помошната намотка.
k1d = U1 / Ud = N1 / Nd , N1 = Nd * (U1 / Ud )
k2d = U2 / Ud = N2 / Nd , N2 = Nd * (U2 / Ud )

4. Определување на магнетен флукс и магнетна индукција во јадрото на ТР


Е1 = 4,44 *f * Фm * N1 = U10 , Е2= 4,44 *f * Фm * N2 = U20 ,
Фm = U10 / ( 4,44 * f * N1 ) = U20 / ( 4,44 * f * N2 ) , Фm = Вm * SFe , Вm = Фm / SFe
5. Определување на истоимените (хомологни) краеви на намотките
Може да се врши:
- со помош на ТР чии што ознаки на краевите се познати – примарните намотки од двата
ТР се приклучуваат паралелно на мрежа, два изводи од нивните секундарни намотки се
соединуваат накусо, а двата останати краеви се поврзуваат на волтметар. Ако напоните се
во фаза, волтметарот не покажува отклон, а тоа значи дека истоимените краеви се
приклучени на волтметар.

- со помош на еднонасочна струја - постапката за определување на хомологните краеви е


следна: се затвора прекинувачот k во примарното коло и се прати покажувањето на двата
волтметри, ако отклонувањето на двата волтметри е во иста насока тогаш истоимените
напони на волтметрите се врзани за хомологните краеви, ако пак на истоимените изводи
на волтметрите се сврзани различни краеви на намотките тогаш сказалките на двата
волтметри ќе се отклонат на различни насоки.

20

You might also like