You are on page 1of 32

 Се употребуваат при мерење наизменични

струи со голема јачина во електрични кола


со низок напон и при мерење на струи(без
разлика на јачина) во електрични кола со
висок напон
 Примарната намотка на струјниот мерен
трансформатор се поврзува сериски во
електричното коло во кое протекува
струјата што треба да се мери
 На краевите од секундарната намотка се
поврзува амперметар,струјна намотка на
ватметар,броило или cosϕ-метар
 Отпорноста(импендансите) на овие уреди
се со многу мала вредност што значи дека
секундарната намотка практично е во куса
врска
 Исто како и напонските мерни
трансформатори и струјните се изградени
од примарна и секундарна
намотка,магнетно коло и изолација
 Конструктивниот облик на струјните мерни
трансформатори зависи од тоа за колкава
номинална примарна струја е предвиден
трансформаторот,големината на напонот
на мрежата во која се приклучува,местото
на монтирање и др.
 Номинална струја на секундарната намотка
најчесто изнесува 5А, а поретко 1А
 Примарната намотка се состои од еден
проводник(фазниот проводник)
 Магнетното коло е изработено од ладно
валан трансформаторски лим познат како
хиперсил
 Трансформаторскиот лим прво се
изработува во форма на лента а потоа се
намотува и обликува во торусно јадро со
точно определени димензии
 Кај струјни мерни трансформатори за ниски
напони примарната намотка најчесто не е
составен дел од трансформаторот односно
таа е опфатена со самото јадро на
трансформаторот(вметната во празниот
централен простор на трансформаторот)
 Кај струјни мерни трансформатори за
повисоки напони примарната намотка е
составен дел на самиот трансформатор
 Постојат воглавно две групи на струјни
мерни трансформатори за високи напони:
- За приклучување на мрежи со напон од
3,6 KV – 38 KV

- За приклучување на мрежа со напон до


400 KV
 Изолацијата кај струјните мерни
трансформатори кои работат на мрежен
напон од 3,6 – 38 KV е изработена од
епоксидна смола(сува изолација)
 Димензионирање на изолацијата зависи од
напонот на мрежата во која треба да се
приклучи мерниот трансформатор
 Изолацијата кај струјните мерни
трансформатори кои работат на мрежен
напон до 400 KV е изработена од
трансформаторско масло.
 Струјните мерни трансформатори со
трансформаторско масло се наменети за
монтажа на отворено, а оние со сува
изолација се наменети за внатрешна
монтажа
 Во практика многу голема примена наоѓа
струјниот мерен трансформатор познат
како струјна клешта
 Оваа конструкција на струен мерен
трансформатор овозможува мерење на
јачина на струја без прекинување на
струјното коло
 Самиот проводник низ кој тече струјата
што се мери е примарната намотка на
струјната клешта.
 Секундарната намотка има повеќе навивки
околу магнетното коло
 На краевите од секундарната намотка е
поврзан амперметар
 Со цел да се добијат повеќе мерни
подрачја секундарната намотка се
изработува како повеќеделна
 На овој начин струјната клешта може да
мери струи од неколку ампери до неколку
илјади ампери
 Краевите на примарната намотка се
означуваат со големи букви K и L, при што
со К се означува почетокот а со L
завршетокот на примарната намотка
 Секундарната намотка се означува со мали
букви k и l соодветно
 Номинална примарна струја I1n
 Номинална секундарна струја I2n
 Номинален преносен однос kn
 Примарна струја I1
 Секундарна струја I2
 Класа на точност
 Номинално оптоварување
 Термичка струја
 Динамичка струја
 Номинална примарна струја: Јачина на
примарна струја за која е димензиониран
мерниот трансформатор(од неколку
ампери до неколку илјади ампери)
 Номинална секундарна струја: За која било
номинална примарна струја, номиналната
секундарна струја е стандардизирана и
изнесува 5А или 1А
 Номинален преносен однос: kn=I1n/I2n
- количник помеѓу номинална примарна
струја и номинална секундарна струја
 Примарна струја: струјата што тече низ
примарната намотка односно струјата што
се мери
 Секундарна струја: струјата што тече низ
секундарната намотка односно тоа е
струјата што реално се мери со
инструментот
 Класа на точност: покажува колкава е
релативната грешка што мерниот
трансформатор ја внесува при мерењето
Класите на точност важат во случај кога
оптоварувањето на мерниот
трансформатор е од 25 – 100% од
номиналното оптоварување и ако
оптоварувањето е со фактор на моќност
помеѓу 0,8 и 1
 Класи на точност кај струјните мерни
трансформатори:
0,1 0,2 0,5 1 3 5
 Номинално оптоварување: Привидна
моќност изразена во волт ампери(VA) што
трансформаторот може да ја даде на
инструментите приклучени на неговиот
секундар (5;10;15;30;45;60;90 VA)
 Термичка струја: се дефинира при кусо
врзана секундарна намотка и најчесто е со
вредност од 100 I1n
Термичка струја претставува ефективна
струја што може да протече низ
примарната намотка во траење од 1 сек а
притоа трансформаторот да се загрее
повеќе од дозволеното
 Динамичка струја: исто така се дефинира
при кусо врзана секундарна намотка и
претставува најголема амплитуда на
примарната струја што може да ја издржи
трансформаторот без да се оштети
 Како се поврзува примарната намотка на
струен мерен трансформатор во коло во
кое се мери струјата?
 Што се поврзува на секундарната намотка
кај струјни мерни трансформатори?
 Колку изнесува номиналната струја во
секундарната намотка кај струјни мерни
трансформатори?
 Нацртај слика со која се претставува
конструкцијата на струјни мерни
трансформатори за ниски напони
 Кои се двете групи на струјни мерни
трансформатори за високи напони во
зависност од напонот на мрежата на кој
работат овие мерни трансформатори?
 Кои струјни мерни трансформатори се
користат за внатрешна монтажа, а кои за
надворешна монтажа?
 Што е струјна клешта?
 Која е главната предност на струјна клешта
во однос на другите типови струјни мерни
трансформатори?
 На кој начин се реализираат повеќе мерни
подрачја кај струјната клешта?
 Нацртај шема за поврзување на струен
мерен трансформатор во електрична
мрежа?
 Со кои букви се означуваат краевите на
примарната и секундарната намотка кај
струјните мерни трансформатори?
 Кои величини се составен дел на
техничките карактеристики на струјни
мерни трансформатори?
 Што е номинална секундарна струја и колку
изнесува кај струјни мерни
трансформатори?
 Што е разлика помеѓу примарна струја и
номинална примарна струја кај струјни
мерни трансформатори?
 Што е класа на точност и наброј ги класите
на точност кај струјни мерни
трансформатори?
 Што претставува номинално оптоварување
кај струјни мерни трансформатори?
 Дефинирај термичка и динамичка струја кај
струјни мерни трансформатори?
Проф.Ставревски Ненад
13.02.2019

You might also like