You are on page 1of 10

Реално осцилаторно коло

Опишаната појава во претходните лекции има повеќе


теоретско значење, бидејќи не може да се направи калем и
кондензатор без загуби. Во анализата на реалното
осцилаторно коло мора да бидат земени предвид и
неповратните загуби на енергија во калемот, кондезаторот и
проводниците. Во ова коло, за разлика од идеалното, нема да
постојат осцилации на енергијата само помеѓу
електростатичкото поле на кондензаторот и магнетното поле
на калемот, туку и загуба на енергијата во активната отпорност
на колото. За разлика од идеалното осцилаторно коло, каде
што осцилациите на енергијата беа непригушени, со постојано
иста амплитуда во ова коло осцилациите се пригушени, а
амплитудата на напонот и струјата постепено се намалува.
Фреквенцијата на осцилациите се намалува со зголемување
на активната отпорност, бидејќи се зголемува потребното
време за полнење и празнење на кондензаторот.
Влијанието на активната отпорност на колото врз сопствената
фреквенција на осцилаторното коло е мала, но сепак мора да
се земе предввд. Со математичка анализа на физичките
процеси во вакво коло може да се дојде до изразот:

  2
1 1 𝑅
𝑓=
√ − 2
2 𝜋 𝐿 ∙𝐶 4 𝐿
Ако овој израз се спореди со Томсоновата формула за
фреквенцијата на идеалното коло, може да се забележи дека
фреквенцијата на реалното осцилаторно коло секогаш е
помала од фреквенцијата на идеалното осцилаторно коло
 Ако во горниот израз за фреквенцијата се замени R = 0, кога
активната отпорност во колото е занемарлива, ќе се добие,
всушност, формулата за фреквенцијата на идеалното
осцилаторно коло. Со анализа на изразот за фреквенцијата на
слободните осцилации во реално осцилаторно коло, може да
се заклучи дека се можни три различни случаи:

1. Апериодично празнење - ако загубите во колото се


големи, односно:

тогаш изразот под коренот е негативен, квадратниот корен е


имагинарен, па поимот фреквенција на осцилациите ја губи
смислата. Во колото не се јавуваат осцилации, бидејќи веќе
во текот на првото празнење целата енергија на
кондензаторот се претвора во топлина.
 2.
Граничен случај- ако тогаш изразот под коренот е едкаков
на нула, па и фреквенцијата е еднаква на нула. Ова е
граничен случај на апериодично празнење на
кондензаторот, а активната отпорност во овој случај се
нарекува критична.
 3.
Пригушени осцилации - ако , тогаш и изразот под коренот
е позитивен, фреквенцијата на слободните осцилации е
реален број, а празнењето на кондензаторот низ калемот е со
пригушено осцилаторен карактер.
За да се појават осцилации потребно е загубите на
енергијата во колото да не се поголеми од една гранична
вредност. Затоа за осцилаторно коло не можеме да го
сметаме секое коло со редна врска на калем и
кондензатор, туку само она коло чија активна отпорност е
помала од критичната вредност.
Во електронските уреди ретко се користат пригушените
осцилации. Во нив главно се користат непригушени
принудни осциладии кои настануваат кога осцилаторното
коло ќе се приклучи на извор на наизменичен напон.
Изворот во овој случај ја надополнува загубата на енер-
гија во реалното осцилаторно коло, па осцилациите на
напонот и струјата се постојани со текот на времето. Во
стационарна состојба фреквенцијата на принудните осци-
лации е еднаква на фреквенцијата на електричниот извор
и не зависи од елементите L и С на колото.
За практиката посебно е интересен случајот кога
фреквенцијта на принудните осцилации е еднаква со
фреквенцијата на слободните осцилации на реалното
осцилаторно коло.
Ваквиот режим во осцилаторното коло се вика резонанса, а
името потекнува од латинскиот збор „resonantia" и значи
одзив. Во режимот на резонансата реактивната моќност на
осцилаторното коло е еднаква на нула, па струјата и напонот
се во фаза.
Ако осцилаторното коло е редно резонансата е напонска,
A ако осцилаторното коло е паралелно, резонансата е струјна.

You might also like