You are on page 1of 3

Редна врска на отпорник и калем

Само идеалните калеми во теорија имаат само индуктивна отпорност,реалните калеми во


коло со наизменична струја, покрај индуктивната имаат и омска отпорност.Значи кај
реален калем неговиот приклучен напон се троши не само на совладување на емс на
самоиндукцијата(претварање во магнетна енергија) туку и на совладување на омската
отпорност(калемот се загрева, се создава топлинска енергија при течење на струја низ
калем).Со тоа за реален калем цртаме коло како сериска(редна) врска помегу отпорник и
калем.Овде не важи втор Кирхоф закон за нивните ефективни вредности но важи за
нивните фазори (Ū горната црта означува фазор) Ū=ŪR+ ŪL

Сл.триаголник на напони

Цртањето на фазоркиот дијаграм за RL коло се изведува на следниот начин:Во


редно коло струјата е иста за сите елементи(отпорник и калем во овој случај) па
таа се црта како референтна односно на х оската.Понатака ги споредуваме
напоните на елементите со струјата која е иста за нив од претходно ученото за
отпорник во коло со наизменична струја и калем во коло со наизменична
струја,така да:

1. напонот и струјата кај отпорникот се во фаза па ŪR го цртаме како да се


поклопува со струјата
2. напонот е за 90° пред струјата кај калемот па ŪL го цртаме под прав агол
спрема струјата
3. се прави векторски збир и формира агол т.е фазна разлика φ помегу
вкупниот напон во колото и струјата
Од сликата се гледа дека струјата фазно ке заостанува зад напонот во RL коло во
граници 0°<φ<90°

Преку Питагорова теорема може да го изведеме Омовиот закон за ова RL коло:

U2=U²R +U²L

UR=R*I, UL=XL*I

Со средување конечно добиваме:

I=U/Z

со I иU се дадени ефективните вредности(Оваа формула да ја запомнете)

каде Z е привидна отпорност или вкупна отпорност


(импеданса)

Ако триаголникот со напони го поделиме со струјата ке добиеме нов триаголник на


отпорности:

Сл.триаголник на отпорности
Од овој триаголник на отпорности можеме да определиме колку изнесува фазната
разлика помегу вкупниот напон и струјата во RL коло:

(Оваа формула да ја запомните)

Пример:Да се определи моментната вредност на струјата во редно RL коло кога


на неговите краеви е приклучен напон u(t)=100sin314t V, ако R=100Ω и L=70mH.

Решение:

i(t)=?

XL=w*L ; w=314 rad/s, L=0,07H

XL=314*0,07=21,98Ω

U=0,707*Um=0,707*100=70,7 V

I=0,69A

Im=I/0,707=0,69/0,707

Im=0,97A

φ=arc tg XL/R=arc tg 21,98/100

φ=12,4°

Значи фазната разлика помегу вкупниот напон и струјата е 12,4° притоа почетната
фаза на напонот Θ=0° (тоа се гледа кај моментната вредност на напонот) и
напонот е пред струјата кај RL коло , што значи дека почетната фаза на струјата
ке биде Ψ=-12,4°

i(t)=0,97sin(314t-12,4°) A

You might also like