You are on page 1of 3

• Атомот е најситен дел на даден хемиски елемент.

Тој е граден од атомско јадро и


електрони кои ја сочинуваат атомската обвивка. Електроните се негативно
наелектризирани честици.
• Во атомското јадро постојат неутрални и позитивни честици-протони чиј број е
еднаков на бројот на електроните. Атомот како целина е неутрален.
• Ако од атомот на кој и да било начин се издвои еден или повеќе електрони, тој ќе
стане позитивно наелектризиран јон.
• Телата може да се наелектризираат со триење.
• Наелектризираните тела си заемнодејствуваат. Разноимено наелектризираните се
привлекуваат, а истоимените се обиваат.
• Силата на заемнодејството се намалува со зголемување на растојанието меѓу телата

•Во просторот околу наелектризирано тело постои електрично поле. Полето


дејствува врз наелектризираните тела во него.
• Електричното поле се опишува со помош на силови линии. Силова линија е
замислена линија што ја покажува насоката по која од мирување би се движело
мало позитивно наелектризирано тело под дејство на електричното поле.
• Со помош на електроскоп може да се покаже дали некое тело е наелектризирано.
Електрометар е заземјен електроскоп со скала.
• Носител на електричните полнежи е електронот. Тој има најмало можно коли-
чество електричество кое се вика елементарен електричен полнеж и се
бележи со е. Единица за количество електричество (Q) е кулон (1С).
1 С = 6 240 000 000 000 000 000 е.
• Тело може да се наелектризира со триење, допир или преку инфлуенција
(електрична индукција)

• Насоченото движење на електричните полнежи се нарекува електрична


струја.
• Материјалите што ја спроведуваат струјата се спроводници, а оние што не ја
спроведуваат се изолатори. Полуспроводници се материјали чија
спроводливост многу зависи од надворешните услови. Постојат и
суперспроводници чија спроводливост е многу голема.
• Основна карактеристика на струјата е јачина на струјата (I), искажана со
релацијата I=Q/t , каде што Q е полнежот, а t времето. Се мери со единицата
ампер (А).

• Уредите кои на краевите од половите создаваат и натрупуваат електрични


полнежи со спротивен знак се нарекуваат извори на струја. Таму се
претвора некој друг вид енергија (механичка, светлосна, хемиска) во
електрична.
• Систем од извор на струја, потрошувач и прекинувач е струјно коло.
• Најпознати извори се хемиските, познати и како галвански елементи. Тие
претставуваат два различни метала поставени во раствор на електролит.
• Капацитетот на една хемиска ќелија се мери преку способноста да создаде
течење на постојана струја за некој период и се мери во ампер-часови (Аh).
• Електричниот потенцијал (V) во некоја точка од полето е величина еднаква со
работата што треба да се изврши за пренесување на единичен позитивен полнеж
од таа точка во бескрајност.
• Разликата на потенцијалите меѓу две точки е еднаква на напонот (У) меѓу нив:
U = V1 – V2 .
• Електричниот напон меѓу две точки од полето е еднаков на работата што треба
да се изврши за да се пренесе позитивен единичен електричен полнеж од
едната во другата точка.
• Напонот се мери со единицата волт (ознака V).
• Напонот на еден извор или потрошувач се мери со волтметар кој се врзува
паралелно со потрошувачот. Јачината на струјата се мери со амперметар кој се
поврзува во серија со потрошувачот.
• Изворите на електрична струја се врзуваат сериски за да се зголеми нивниот
напон. При паралелно врзување на изворите, напонот не се менува.

• Јачината на струјата (I) што поминува низ некој дел од струјно коло е
еднаква на количникот од напонот (U) на краевите од тој дел и отпорот
(R), или : I=U/R Тоа е Омов закон .
• Отпорот на некој спроводник може да се пресмета според Омовиот
закон. Се мери во оми (Ω).
• Отпорот на даден спроводник (R) е правопропорционален со неговата
должина (l), а обратнопропорционален со напречниот пресек (S). Контанта
на пропорционалноста е специфичен електричен отпор (ρ).
• Реципрочна вредност на отпорот е спроводливост (Y)

• Во електричните кола кои не се разгранети за определување на јачината


на струјата или напонот се користи, главно, Омовиот закон.
• Во разгранети струјни кола важат Кирхофовите правила.
• Првиото Кирхофово правило зборува за јачините на струите во точките
во кои доаѓа до разгранување. Тој гласи: јачината на струјата во
неразгранетиот дел е еднаква на збирот од јачините на струите на
одделните гранки. Ако станува збор за две гранки, овој закон се
испишува: I=I1+I2
• Второто Кирхофово правило зборува за напоните во затворено струјно
коло. Во затворено струјно коло збирот од електромоторните сили на
изворите е еднаков на збирот од падовите на напоните во колото. Ако во
колото постои само еден извор и два потрошувача (отпорника), тогаш ова
правило гласи: Е = U1 + U2.

• Отпорниците (потрошувачите) може да се врзуваат сериски или паралелно.


• При сериското врзување на отпорниците, вкупниот отпор на врската е еднаков
на збирот од одделните отпори на сериски врзаните потрошувачи или:
R = R1+ R3 + R4 +....
• Со паралелно поврзување на отпорниците секогаш се добива отпор кој е
помал од отпорот на кој и да било отпорник поврзан во паралелната врска.
• Реципрочната вредност на отпорот на целата паралелна врска е еднаква на
збирот од реципрочните вредности на одделните отпорници кои се поврзани
паралелно, или 1/R=1/R1+1/R2+1/R3+…
• Вкупниот отпор на 2 паралелно врзани отпорника е R= R1R2/(R1+R2)
• Електричниот капацитет е својство на дадено тело кое се определува со
количеството електричество што треба да му се донесе на телото за
неговиот напон во однос на Земјата да се зголеми за еден волт. Се
пресметуава со реалацијата: C=Q/U.
• Капацитетот се мери со единицата фарад (F). Фарад е многу голема
единица. Обично се користат помали единици mF, μF, nF и др.
• Електричниот капацитет на едно осамено тело зависи од неговата форма
и најмногу од неговите димензии.
• Две спроводнички тела со изолатор меѓу нив градат кондензатор кој
служи за складирање на полнежи.
• Електричната струја врши работа А дадена со: А =I ⋅ U ⋅ t.
• Способноста на електричната струја да врши работа е електрична
енергија. Таа и работата се мерат со единицата џул (Ј).
• Моќност на електричната струја е извршената табота во единица време.
Таа се мери во вати (W). Моќноста се искажува со релациите P = I ⋅U .
• Потрошената електрична енергија се мери со електрични броила.
• Кога тече струја низ спроводник со голем отпор тогаш доаѓа до негово
загревање.Ослободеното количество топлина (W) се определува според
релацијата : W=I2 R⋅t.
• Топлинското дејство на електричната струја е искористено и кај осигурувачите

You might also like