You are on page 1of 11

Енергија на електронот во атомот

на водородот и неговиот линиски


спектар

Изработила: Јована Трифуноска IV-1


Енергија на електронот во атомот на
водород
 Енергијата на електронот во атомот на водородот и во
системи слични на него е еднаква на збирот од
неговата кинетичка енергија , и неговата потенцијална
енергија , во електростатското поле на атомското
јадро:
(4.20)
 Кога електронот се движи со брзина по стационарна кружна орбита со
радиус околу атомското јадро, тој има:

 Потенцијалната енергија по знак е негативна, бидејќи јадрото и електронот


си дејствуваат со привлечна, а не со одбивна сила. Доколку потенцијалната
енергија на електронот не би била негативна, атомот не би постоел како
таков.
 Од (4.21) имаме дека потенцијалната енергија е поголема доколку
електронот се наоѓа на поголемо растојание од атомското јадро, додека пак
кинетичката енергија од релацијата (4.22) на електронот се намалува со
неговото оддалечување од атомското јадро.
 Со замена во формулите за и се добива:

За енергијата на електронот што се движи по n-тата кружна орбита околу


атомското јадро со електричен полнеж Ze се добива:

За енергијата, пак, на електронот во атомот на водородот Z=1, се добива


 Според претходните релации, електронот во атомот на водородот може да
има определени, дискретни вредности за енергијата:

 Вкупната енергија на eлектронот во атомот е негативна, бидејќи електронот е


поврзан со привлечна сила кон јадрото.
 Неговата вкупна енергија значи, дека треба да се потроши енергија од за да
електронот од некоја n – та стационарна кружна орбита се оттргне од атомот
на водородот.
 Вредноста на вкупната енергија на електронот во секоја стационарна кружна орбита
претставува едно енергетско ниво (енергетска состојба) на атомот од водородот.
 Целиот број n, кој ги определува енергетските нивоа на атомот на водородот е наречен
главен квантен број.
 Енергетската состојба определена со вредноста на n = 1 е наречена основна или нормална
(невозбудена) состојба. Сите останати состојби за n > 1 се возбудени.
 При вредноста на енергијата на атомот на водородот е максимална . Вредноста на
одговара на јонизација на атомот на водородот, т.е. на „откинување" на електронот од
атомот. Енергијата на јонизација , на атомот на водородот е:

 Истата енергија од 13,6 еV атомот на водородот ја емитува во форма на електромагнетно


зрачење (фотон) кога поминува од јонска во нормална состојба. Оваа енергија уште се вика
енергија на сврзување на атомот на водородот.
 Севкупноста од сите тие енергетски нивоа го претставува енергет скиот спектар на атомот
на водородот по Боровата теорија.
o En – енергија на повисокото почетно енергетско
ниво
o Em - енергија на пониското конечно енергетско
ниво
o Ef – енергија на фотон
o f – фреквенција на емитуваните фотони

Ако Боровата теорија за атомите на водородот


е исправна, тогаш изразот пред заградата на
релацијата (4. 29), односно (4.30) мора да е
поврзан со Ридберговата константа. Во тоа се
уверуваме со замена на вредностите за
константите во изразите:
Борова релација овозможува едноставно да се прикаже графички настанувањето на
спектралните линии и закономерноста на спектралните серии кај атомот на водородот.

 На сликата шематски се претставени можните кружни орбити


на електронот кај атомот на водородот. Стрелките
покажуваат од која орбита на која прескокнува.
 Од сликата се гледа дека спектралните линии на
Лајмановата серија се добиваат кога електронот прескокнува
од која и да било орбита (n = 2, 3, 4,...) на првата (m = 1).
Балмеровата серија кога електронот прескокнува од која и
да било подалечна (n = 3, 4, 5,...) на втората (m = 2) орбита.
Аналогно и за останатите спектрални серии.
 Овде ќе забележиме дека она што важи за еден атом, важи и
за целото множество водородни атоми во определено
количество водород што е подложен на возбудување, на
пример, во Гајслерова цевка.
 На сликата со хоризонталните линии се претставени енергетските
нивоа на атомот на водородот, т.е. можните енергетски состојби
(квантни состојби на атомот на водородот).
 Најдолната хоризонтална линија, означена со бројот 1, ја претставува
најниската енергетска состојба на атомот. Најгорната линија, означена
со n = , ја претставува границата на дисконтинуираниот енергетски
спектар на атомот на водородот, односно највисоката енергетска
состојба. Секоја друга хоризонтална линија претставува по едно
енергетско меѓуниво.
 Секоја вертикална отсечка со стрелка симболизира по еден квантен
премин на атомот, а истовремено и по една спектрална линија што се
појавува при тој премин.
 Јасно е, дека спектралните линии од Лајмановата серија имаат
најголеми фреквенции (наjмали бранови должини), и се наоѓаат во
ултравиолетниот дел од спектарот, Балмеровата серија со средна
фреквенција на спектралните линии е во видливиот, а Пашеновата и
останатите серии - со најмала фреквенција (наj голема бранова
должина) на спектралните линии се во ифрацрвениот дел спектарот.
 Според Боровата теорија енергиите на соодветните енергетски нивоа при
даден премин се:

 а спектралните термови се поврзани со енергијата и енергетското ниво на


атомот преку изразите:
Ви благодарам на
вниманието!

You might also like