You are on page 1of 5

​ ​ Сара Илковска II4

РЕЗИМЕ

ЕЛЕКТРОСТАТИКА

Закон за запазување на електричниот полнеж : во затворен изолиран систем


вкупното количество електричество останува константно.. ​q1+q2+q3+...qn =
constant

Електричниот полнеж е физичка величина која во SI систем има единица мерка


Кулони (C). Елементарниот полнеж во природата (полнежот на еден електрон) е
еднаков на​ e= -1,6*10-19C

МЕТАЛИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ НАЕЛЕКТРИЗИРАНИ ПО ПАТ


НА ИНФЛУЕНЦИЈА, ВО СЛУЧАЈ КОГА СЕ ЗАЗЕМЈЕНИ.
Изолатори: во атомите и молекулите кои се електронеутрални, центрите на
позитивното и негативното количество електричество, се совпаѓаат. Кога
наелектизиран објект се донесе близу до неутралните атоми, центрите се
оддалечуваат. Како резултат на поголемо позитивно количество електичен полнеж
на една страна, а негативно количество на другата, се случува појавата
поларизација.
Maтеријалите можат да бидат наелектризирани со три начини: со триење, со
допир-контакт и со индукција.

Јонизација
кога еден или повеќе електрони ќе се преместат
од еден кај друг атом, се формираат јони.

При триење на стаклена чаша со свилена крпа, чашата станува ​позитивно


наелектризирана.
При триење на пластична чаша со волнена крпа чашата станува ​негативно
наелектризирана.
Важни карактеристики на полнежите:
- Полнежот не може да се создаде или уништи
- Полнежот се појавува само во дискретни порции (квантизација)
Q=N·e
- Елементарнот полнеж е основната единица на секое количеств
електричество

Големината на електростатската сила помеѓу два


елементарни точкасти полнежи поставени во вакуум е дадена со законот на Кулон:
f=k*q1*q2/r2
Константата на пропорционалност k
се нарекува електростатска константа.
Електростатската сила е правопропорционална на полнежите, а
обратнопропорционална на квадратот на нивното меѓусебно растојание.

Карактеристиките на електричните силови линии се:


-Силовите линии излеваат од позитивниот, а навлегуваат во негативниот полнеж.
-Бројот на електричните силови линии во една
област е пропорционален со големината на
јачината на електричното поле во тој регион.
-Векторот на јачината на електричното поле секогаш започнува во точка на
силовата линија и продолжува по тангентата во таа точка.

Проводници во електрично поле


Проводниците се материјали во чии атоми има слободни електрони.
Во внатрешноста на проводникот електричното поле има вредност нула.

Јачината на електричното поле се дефинира како големина на силата која делува


врз пробен позитивен полнеж во дадена точка на полето, каде е поставен пробниот
полнеж.

ЕЛЕКТРИЧЕН ПОТЕНЦИЈАЛ

Полнежот q е во дадена точка на просторот (фиксиран). Кога пробниот полнеж q0 е


во близина на полнежот q, под влијание на електрична потенцијална енергија.
Дефиниција на физичката величина електричен потенцијал V, претставува
електричната потенцијална енергија која
полнежот q го донесува од дадената точка на полето во бескрај.

Електричниотпотенцијал во точка а каде е поставен пробен


eлектричен полнеж има електричен потенцијал Va.
Електричниот потенцијал на полнежот q во дадена точка е
независен од пробниот полнеж. Електричниот потенцијал е
скаларна величина. Во SI системот електричниот потенцијал има
единица мерка Џул на Кулон на кој однос му се дава посебно име
Волт V (во чест на Александро Волта кој е иноватор за батеријата).

ЕЛЕКТРИЧНА ПОТЕНЦИЈАЛНА РАЗЛИКА- НАПОН U


Електричната потенцијална енергија како и другите типови
потенцијални енергии , зависи од референтната точка која се
избира со нула потенцијал. Мерлива величина помеѓу две точки во
електричното поле е напонот- тоа е разликата на електричните
потенцијали во тие две точки. Бидејќи позитивниот полнеж +q се
наоѓа во точка а и е под влијание на електричното поле со јачина Е,
ќе се премести во точката b, со што надворешната сила извршува позитивна работа
наспроти електричната сила.

ЕКВИПОТЕНЦИЈАЛНИ ПОВРШИНИ

Се добиваат од силови линии кои се паралелни


и на исто растојани на целата површина,
односно во било која точка потенцијалот е еднаков.

Електричната потенцијална енергија на полнеж поставен во електрично поле е


дадена со равенката Еp=qEd

Електричната потенцијална енергија на системот од точкасти полнежи е дадена со


равенката Ep=kq1q2/r

Електричната потенцијална енергија е еднаква на работата од


страна на електричните сили за до го преместат полнежот однекоја точка во
бескрај, а тоа е U=Vb-Va-Wab/q
Во меѓународниот систем на единици мерки ВОЛТ е име дадено за единицата
мерка Џул на Кулон 1V=1J/C

Врска помеѓу потенцијалната разлика и јачината на електричното поле е дадена со


равенката E=U/d

KAПАЦИТЕТ И ДИЕЛЕКТРИЦИ
q/U=constant=C

Константата С на пропорционалниот однос меѓу полнеж q и напон


U (потенцијал V), се нарекува капацитет на проводникот.
Eлектричниот капацитет зависи и од формата и од големината на проводникот, a не
зависи од природата на материјалот.
Дефиниција: Систем од два проводника од кој едниот е наелектризиран,а другиот
поврзан со Земјата претставува кондензатор.
Во SI- системот единица мерка за електричен капацитет е фарад F.
Во практиката се користат многу помали единици мерки од еден фарад
μF, nF,pF
1μF=10-6F 1nF= 10-9F 1pF= 10-12 F

Дефиниција: Kaпацитет од еден фарад има проводник на кој


донесено количество електричество од еден кулон, создава еквипотенцијална
површина од еден волт.

Еквивалентниот капацитет е збир од поединечните капацитети на избраните


кондензатори
Ce=C1+C2+C3+...+Cn
Сериоското врзување се користи за добивање за Ce помал и од најмалиот C од
сврзаните кондензатори.
Три кондензатори со капацитети C1=1μF, C2=2μF и C3=6μF се
поврзани како на сликата и се полнат со 100V батерија.

You might also like