You are on page 1of 14

ЕЛЕКТРИЧНО ПОЛЕ

1.1 ЕЛЕКТРИЗИРАЊЕ НА ТЕЛАТА,


ЕЛЕКТРОСТАТИЧКИ СИЛИ
Телата може да се наелетризираат со триење (еболитната прачка со крзно, а
стаклена прачка со хартиена или свилена ткаенина. Електризирањето што
настанува после триење со стаклена прачка се нарекува позитивно, а со ебонитна
прачка се нарекува негативно. Ако телото нема електризирање велиме дека е
електронеутрално.

Ако телото е наелектризирано со негативен полнеж, тоа значи дека вкупниот број
на неговите електрони е поголем од вкупниот број на протони во јадрото на
атомите.
Телата се електризираат со тоа што електроните преминуваат од едно тело на
друго. Електричниот полнеж на еден електрон (е) е најмала количина на
еликтрицитет и таа не може да се дели. Се вика елементарна количина на
електрицитет.
Единица за мерење на количината на електрицитетот е кулон (C).
Елементарното електризирање е

Количината на електрицитет со која е телото наелектризирано изнесува


n е број кој покажува разлика меѓу бројот на протони и електрони во телото.

Закон за запазување на ел. полнежи:

При електризирање на телата не се создава електричен полнеж, туку истото се


раздвојува и пренесува од едно на друго тело. Вкупниот број на позитивни и
негативни елементарни електризирања останува непроменет. Телата кои го
спроведуваат електрицитетот се викаат проводници, а оние кои не спроведуваат
се нарекуваат изолатори. Бројот на слободни електрони ја условуваат
спроводливоста на материјалите. Сите тела кои поседуваат голема густина на
слободни електрони се проводници (метали, графит, водени раствори на бази,
киселини и соли.
Во материите кои се изолатори нема слободни електрони (или ги има во мали
количини). Изолатори се: гума, стакло, порцелан, дестилирана вода, сите гасови.

Меѓу спроводниците и изолаторите не постои остра граница, така да некои


супстанци (како што се германиум или силициум) се нарекуваат полупроводници.

1.2 Кулонов закон


Меѓу наелектризираните тела дејствуваат сили. Кога телата се наелектризирани
со спротивни полнежи силите се привлечни, а кога се наелектризирани со ист вид
електричен полнеж се одбивни.

Врз основа на резултатите од експерименти францускиот физичар Шарл Кулон


утврдил дека силата зависи од количината на електричниот полнеж и
растојанието меѓу телата.

k - константа на пропорционалност која има одредена вредност за некоја средина

q1,q2 - количина електричен полнеж

r - растојание меѓу наелектризираните тела

Силата на взаемно привлекување или одбивање на две наелектризирани тела е


правопропорционална на производот на количината на електрицитет и
обратнопропорционална на квадратот на меѓусебното растојание. 

Силите делуваат по должина на правецот кој ги спојува две точкасти полнежи, а


насоката зависи од знакот на електричниот полнеж:

-          електризирање со електричен полнеж со ист знак се одбиваат

-          електризирање со електричен полнеж со спротивен знак се


привлекуваат. 

Оваа сила се нарекува електростатичка сила.

Електростатиката је дел од физиката во која се проучува взаемното дејство на


неподвижни наелектризирани тела. 

Интензитетот на силата зависи од обликот и големината на телата, распоредот на


електричниот полнеж во нив и меѓусебното растојание. Затоа, не постои
единствена формула со која се одредува интензитетот на силата во произволен
случај.

Кулоновиот закон може да се примени само на меѓусебното дејство на точкастите


електрични полнежи.

Точкасти полнежи се тела чии димензии се многу помали во однос на нивното


меѓусебно растојание.

1.3 Електризирање под влијание


Ако во близина на наелектризирано тело се донесе друго тело спроводник, во
второто тело ќе дојде до раздвојување на електричниот полнеж така да делот од
текото кој е поблиску до првото тело ќе се наелектризира со разноимен полнеж, а
пооддалечениот со истоимен полнеж. Таа појава се вика електростатичка
инфлуенца (индукција)

Електризирање со поларизација

Изолаторите се тела во кои нема слободни наелектризирани честички. Кај нив не е


можно слободно движење на електроните, затоа кај нив доаѓа до прегрупирање на
наелектризираните честички во атомите односно молекулите. Самиот атом или
молекул се поларизира. Оваа појава ја нарекуваме електрична поларизација.

1.4 ЕЛЕКТРИЧНО ПОЛЕ ЕЛЕКТРИЧНИ СИЛОВИ ЛИНИИ


Околу наелектризираното тело постои електрично поле со кое телото дејствува на други
наелектризирани тела.

Векторска величина која го опишува електричното поле во дадена точка се вика јачина на
електричното поле. Интензитетот на јачината на електричното поле може да се пресмета
со помош на следната формула:
Јачината на електричното поле во дадена точка од полето е определена со
силата со која полето дејствува врз позитивен електричен полнеж донесен во таа
точка.
Единица мерка за јачина на електричното поле е Њутн по Кулон (1N/K)
Електричното поле графички се прикажува со линии на силата (линии на поле).
Тоа се замислени линии кои се поклопуваат со правецот на дејството на силите на
електричното поле.
Кај позитивно наелектризирано тело линиите на силите имаат насока на
оддалечување од телото, а кај негативно наелектризираното тело во насока кон
телото.
Полето кое не е создадено од еден, туку од повеќе точкести полнежи се нарекува
сложено електрично поле.

E~ = E~ 1 + E~ 2 + ... + E~ n

Електричното поле во некоја точка е еднакво на векторкиот збир на електричните полиња


кои потекнуваат од сите присутни наелектризирања. Ваквото собирање се нарекува
принцип на суперпозиција.

1.5 Работа и енергија во електростатичко поле


Секое наелектризирано тело но електрo-статичкото поле под дejствo на електростатичка
сила се движи, значи врши работа. Ако пробниот полнеж се поместува по затворена патна
линија, вкпуната работа е еднаква на нула. Во елекгростатичко поле вкупната работа по
затворена крива лиинија е еднаква па нула. Ова е многу важно својство
наелекртостатичкото поле.
Работата што ја врши силата на полето при пренос на полнежот +Qpr од точката A во
точката B по должина на правата AB=Δ d е дадена со:

Бидејки поместувањето се врши во правец и насока на силата. Ако полнежот се поместува


по должината на линиите A-M и M-B, работата ке биде дадена со:

Бидејки Δs1 cosα=Δd а вториот член е нула бидејки cos 90=0. Се гледа дека работата
извршена со A-M-B едналва на работата што се врши при директно помесување.Оваа
работа ја врши електростатичка сила на полето и таа е позитивна. Ако сакаме полнежот
+Qrp да го поместиме во спротивна насока, поместувањето ке биде со обратна насока во
однос на силата, значи работата треба да се врши однадвор и таа тогаш ке биде
негативна.

Работаат која се врши во електростатичко поле не зависи од тоа каква е


патната линија по која се поместуваат полнежот, таа зависи само од
почетната и крајната положба на полнежот. Ако работата ја вршат силите
на полето, таа е позитивна, додека ако насока спротивна од насоката на
силата на полето, таа е негативна.

Во електростатичко поле вкупната работа по затворена крива е еднаква на


нула.
Полето велиме дека е потенцијално, а силите што дејствуваат во ваквите полиња се
конзервативни. Работата што се врши при движење на полнеж од положба 1 во положба
2, во кое било електростатичко поле(не само во хомогено поле) не зависи од
траекторијата, така што релацијата важи универзално за електростатичкото поле
создадено од каков било извор.

Потеицијалната енергија на наелектризирано тело во дадено поле зависи од неговиот


полнеж. Меѓутоа, величината определена со односот помеѓу потенцијалиаrа енергија на
телото и пробннот полнеж донесен во дадена тoчка е величина која ќe зависи само од
местoлоложбата на таа точка и од изворот на полето се вика електричен потенцијал.

Најчесто во физиката се користи величината електричен напон u која се дефинира како


разлика на потенцијалот помеѓу почетната и крајната точка.

Електричен напон помеѓу две точки од дадено електростатичко поле е


мерка за работата што ја вршат електростатичките сили при движење на
единичен позитивен полнеж од почетната до крајната точка.
Единица за мерење на потенцијалниот и напонот е волт ако при поместување на
позитивен единичен полнеж од една точка во друга се врши работа од еден џул, тогаш
меѓу тие две точки постои напон од 1v. Само напонот, односно разликата на
попотенцијалните помеѓу 2 точки, има одредена физичка смисла, бидејќи работата
наполно е определан само ако се познава почетната и крајната точка на поместувањето
на полнежот.
Кога на било кој начин (механички, електричен, хемиски) дојде до надразнување на
клетката, се менува концентрацијата на јоните, доаѓа до пореметување на
биоелектричниот потенцијал.Поларноста се менува и шири по должината на мембраната
или нервното мускулно влакно.Тоа се манифестира како краткотраен импулс, преку кои
доаѓа до пренос на дразбата. Биопотенцијал без надразнување се вика биопотенцијал на
мирување, а со надразнување се нарекува биопотенцијал на побудување.

Во хомогено поле еквипотенцијалните површини се рамни, а во случај на точкест полнеж


тоа се концентрични сфери во чии центар е полнежот.

1.6 Спроводници и изолатори во електростатичко


поле
Само по себе се подразбира дека електростатичко поле може да постои не само во вакум
туку и во материјални средини. Во спроводниците постојат честици кои може слободно да
се свижат. Кај металите тоа се слободните елекрони. И ние веќе покажавме дека
електроните под влијание на надворешно поле предизвикуваат раздвојување на
полнежите, појава на електростатичката инфлуенца. Сега не интересира што станува со
полето во спроводникот.

Во сите опити на електризирање, по краткотрајно движење полнежите ке престанат да се


движат, велиме ќе се најдат во услови на рамнотежа.
За мерење на напонот помеѓу две тела се служиме со електрометарот. Притоа, првото
тело го поврзуваме со главата, а второто со телото на електрометарот. Ако се сака да се
измери потенцијалот на некое тело во однос на Земјата, телото на електрометарот се
заземјува.

Електричните силови линии секогаш се нормални на површината на спроводникот.


Површинската густина на полнежите е најголема таму каде што искривеноста на
површината на спроводникот е најголема.
Супстанците чии молекули се диполи, надвор од електричното поле се дезориентирани, а
кога ќе се најдат во полето доаѓа до нивна делувна ориентација, поради што и настанува
поларизација на диелектрикот.Таа ориентациона поларизација, исто така, предизвикува
создавање на внатрешно поле, поради што надворешното поле се намалува. Кога
диелектрикот ќе се најде во надворешно поле доаѓаат до израз и индуцираната и
ориентационата поларизација(ако станува збор за диполни молекули) и полето во
внатрешноста на диелектрикот се намалува.

Кулоновата сила помеѓу од кој било два полнежа во вакуум не се разликува многу од
силата во воздухот. Односот помеѓу големината на полето во вакуум и големината на
полето во даден диелектрична средина се вика релативна диелектрична константа за таа
средина.

Табела со вредности на релативна диелектрична константа на некој супстанции:

1.7 Електричен капацитет, кондензатори


Ако на еден електрометар постојано донесуваме со пробалка еднакво количество
електричество, ќе забележиме дека електричниот напон, во однос на земјата е толку
поголем колку што е поголем полнежот на главата на електрометарот. Како може
математички да го напишеме овој експериментален факт?

Ако пробалка на електрометарот се донесе полнеж Q, се добива одреден отклон на


електрометарот. Кога на истиот електрометар ќе се донесе уште еднаш полнеж Q, на
двапати поголемиот донесен полнеж одговара двапати поголем отклон.
Физичката величина С, којашто зборува за тоа колкаво е количеството електричество кое е
потребно да се донесе или одземе од спроводникот за да се промени неговиот
потенцијал за единица, се вика електричен капацитет на спроводникот. Електричниот
капацитет зависи од димензиите и формата на телото. Ако за полнежот се земе
едницитата еден кулон 1c а за потенцијалот еден волт 1v, се добива единицата која се
вика Фарад F. Единицата мерка Фарад е многу голема единица, затоа во праксата се
користат помали единици мерки како:

Кондензатори се уреди во кои може да се натрупуваат електрични полнежи, а со тоа и


електрична енергија, а кои се викаат кондензатори. Тие се состојат од две облоги (два
спроводника) помеѓу кои се создава електрично поле. Тие се поставуваат на мало
растојание, а помеѓу нив се поставува диелектрик. Облогите се електризираат
разноимено, така да заемното привлекување на нивните полнежи же овозможува
натрупување на полнежите.

Количеството електричество што се акумулира на двете облоги на кондензаторот се вика


полнеж на кондензаторот. Кога облогите на кондензаторот ќе се спојат, доаѓа до нивна
неутрализација. Овој процес го викаме празнење на кондензаторот. При тој процес
полнежот Q на едната од облогите се неутрализира со ист по големина, но спротивен по
знак полнеж на втората облога. Овој полнеж е пропорционален на напонот U помеѓу
облогите на кондензаторот.

За капацитетот на кондензаторот важи релацијата:

Q
C=
U

Секој кондензатор има определен граничен напон кој може да биде донесен до неговите
облоги – напон на пробив.

Капацитетот е определен со релацијата


За да се добие поголем капацитет на кондензаторот треба облогите да
имаат што поголема површина, растојанието помеѓу нив да биде што помало и
диелектричната константа на изолаторот меѓу облогите да биде поголем број.

При сериска врска на кондензатори реципрочната вредност на еквавилентниот капацитет


е еднаква на збирот од реципрочните вредности на капацитетите на оделните
кондензатори. Првиот кондензатор бил конструиран уште во 18 век. Во холандскиот град
Лајден и затоа се вика Лајденска боца. Надворешна облога е метална фолија со која е
обложена стаклена чаша и претставува изолатор, а внатрешната облога, обично се
поворзува со излезно топче. Формата на кондензаторите што денес може да се сретнат во
електронските уреди е многу различна. На секоја од нив е наведен капцитетот и
пробивниот напон. Еден од начините да се добие висок капацитет на кондензатор со
постојан капацитет е електролитички кондензатор со променлив капацитет.
При паралелна врска на повеќе кондензатори еквивалентниот капацитет е еднаков на
збир од капацитетите на секој од нив.

Изработил: Борис Чаушевски II-2

You might also like