You are on page 1of 3

МИСЛЕЊЕ ЗА ЗАВРШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД ИНТЕРНИОТ МЕНТОР ЗА

КОНЕЧНАТА ВЕРЗИЈА НА ДОКТРОСКИОТ ТРУД

– задолжителна содржина –
(секоја рубрика мора да биде пополнета)

I. ПОДАТОЦИ ЗА ЕKСТЕРНИОТ МЕНТОР

Проф. Д-р Славјанка Оџаклиевска , редовен професор во пензија, област


Дентална патологија

II. ПОДАТОЦИ ЗА КАНДИДАТОТ

д-р Александар Андреевски

Запишан на трет циклус - докторски студии во учебната 2015/2016 година, на


студиската програма Базични и клинички истражувања во дентална медицина.

III. НАСЛОВ НА ДОКТОРСКАТА ДИСЕРТАЦИЈА:

Влијание на различните прехрамбени продукти врз колоритот на


композитните реставрации – in vitro евалуација
The effect of various nutritional drinks on color stability of composite resin
restorations – in vitro evaluation

Со важност од 8.5.2018 година


Верзија 01. Ознака: ОМДС.ОБ.32 Страница 1/3
IV. ПРЕГЛЕД НА ЗАВРШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА КОНЕЧНАТА ВЕРЗИЈА НА
ДОКТОРСКАТА ДИСЕРТАЦИЈА ОД ИНТЕРНИОТ МЕНТОР:

Докторската дисертација која е пријавена и изработена од кандидатот


д-р Александар Андреевски, напишана е на 100 страници, А4 формат, со вкупно
28 графикони, 27 табели, 13 слики, 1 технички цртеж и 104 литературни цитати.
Содржината во трудот опфаќа 8 поглавја, организирани по следниот редослед:
Вовед, Преглед на литература, Цел на истражувањето, Материјал и методи
на истражувачка работа, Резултати, Дискусија, Заклучок и Користена
литература.
Композитните дентални смоли, претставуваат најчесто користен материјал за
реставрирање на оштетените и изгубените забни тврди ткива, најчесто како
резултат на кариесот. од нивното пронаоѓање во шеесеттите години на минатиот
век, тое се повеќе секојдневно се усовршуваат, го истиснуваат денталниот
амалгам, односно, слободно може да се каже се материјал број еден за санирање
на кариозните дефекти.
Нивниот естетски капацитет, во релација со денталните атхезиви со кои
индиректно се врзуваат за забните ткива, ги прави дентални материјали од избор.
Но, секако нивната постојаност во специфичните услови на оралната средина,
како и постапката за апликација, хемискиот состав, и ред други особини, се дел од
нивните ограничувачки фактори.
Под влијание на различни прехрамбени продукти, можно е губење на
естетиката, промена на бојата во делот на рабното затварање, или на целата
реставрација.
Дисертацијата во in vitro услови ги испитува постојаноста, естетиката,
пребојувањето на различните композитни смоли, во релација не само со одредени
продукти, ами и во контекст на температурата, маргиналната адаптација и
површинската структура и обработка.
Според поставените цели и експерименталната реализација на истражувањето
се добива сознание за самостоен, оригинален труд, слободно може да се каже
единствен од ваков тип на ова поднебје. Исто така, продуктите кои ги избира
кандидатот за испитување се популарни секој на свој начин и секојдневно се
застапени независно на возраста на популацијата.
Од добиените вредности прикажани табеларно и графички се добива сознание
за однесувањето на различните типови композитни смоли во однос на нивната
постојаност по боја, естетика површна структура и друго. Ако се земе во предвид
фактот дека се работи за естетски реставративни материјали, со кои се
корегираат и надоместуваат сите естетски дефекти од една страна и
секојдневното консумирање на одредени напитоци, можеби и не како перманентна
изложеност, сепак, експерименталните сознанија на докторскиот труд кои со себе
даваат и научно толкување на сите овие појави и фактори, дава за право, иако
испитувањата се реализирани во in vitro услови, слободно може истите да се
земат како основа и премиса за однесувањето на терапевтите во клинички услови.
Секако треба да се пренесат и прошират ваквите сознанија и на хуманата
популација со цел правилна грижа за сопственото орално здравје.

V. МИСЛЕЊЕ:
Со внимателно прегледување и проценување на докторскиот труд со наслов:
“Влијание на различните прехрамбени продукти врз колоритот на
Со важност од 8.5.2018 година
Верзија 01. Ознака: ОМДС.ОБ.32 Страница 2/3
композитните реставрации – in vitro евалуација” изработен од кандидатот д-
р Александар Андреевски, под менторство на проф. д-р Ивона Ковачевска –
интерен ментор, според моја процена, претставува самостојна научна работа, со
оригинални експериментални вредности и истражувања, од кои се добиени
значајни резултати, заради кое, јас како екстерен ментор се согласувам и давам
препорака да се започне со постапката за оценка и одбрана на докторската
дисертација.

Напомена: Мислењето се доставува до ННС на кампусот

Потпис од екстерниот ментор: ______________________

Со важност од 8.5.2018 година


Верзија 01. Ознака: ОМДС.ОБ.32 Страница 3/3

You might also like