You are on page 1of 3

Во сите живи организми разликуваме два вида нуклеински киселини ДНК и

РНК. Во молекулата на ДНК е запишано генетското упатство со кое се


одредува со кои протеини ќе се изградува организмот. На тој начин
молекулот на ДНК ги одредува особините на организмите. Молекулот на
РНК учествува во процесот на синтезата на протеините од упатството
запишано во молекулот на ДНК.

За откривање на градбата на молекулот на ДНК се заслужни Розалинд


Френклин која направила снимка на молекулот на ДНК со дифракција на Х
зраци, а британските физичари Крик и Батсон направиле модел која ја
демонстрира градбата на ДНК молекулот за што добиле Нобелова награда.

Молекулот на ДНК е составен од два полинуклеотидни низи кои се спирално


завиткани една околу друга.

Секоја полинуклеотидна низа е составена од голем број нуклеотиди а секој


нуклеотид е составен од три дела: шеќерот дезоксирибоза, фосфатна група и
азотна база.
Во молекулот на ДНК разликуваме четири азотни бази: аденин, гуанин,
цитозин и тимин.

Азотните бази се прстенасти молекули кои во својот состав содржат атоми на


азот. Аденин и гуанин се пурински азотни бази, а цитозин и тимин се
пиримидински азотни бази. Составени од еден прстен.

Нуклеотидите меѓу себе се поврзани во полинуклеотидни низи со ковалентни


врски, така да фосфатната група од едниот нуклеотид се поврзува со
дезоксирибозата од соседниот нуклеотид.

Двете спирали на молекулот на ДНК меѓусебно се поврзани со водородни


врски. Водородните врски се остваруваат меѓу комплементарни парови на
базите. Аденинот и тиминот се комплементарен пар на бази кои меѓу себе се
поврзуваат со две водородни врски, и цитозин и гуанин кои меѓусебно се
поврзани со три водородни врски.

Молекулот на ДНК благодарение на својата градба има способност да врши


удвојување –репликација со шт врши пренесување на генетското упатство по
кое се врши синтеза на протеините. Репликацијата на молекулот на ДНК е
биолошки процес кога од еден молекул настануваат два идентични молекули.
Тоа е процес на размножување и одржување на животот на живите
организми. Со создавање на свои копии молекулот на ДНК го пренесува
своето генетско упатство во новите клетки створени со делба на една клетка
на две со што овој процес претставува основа на наследувањето Својството
на репликација на молекулот на ДНК произлегува од нејзината структура на
две спирали и од својството на комплементарност на полинуклеотидните
низи. Во секој низ на нуклеотиди на една низа на молекулот на ДНК е
запишано наследно упатство, а втората низа е нејзин негатив, т.е. калуп врз
база на кој е можно повторно да се додаде точна наследна низа.

Во еден молекул на ДНК двата низи се секогаш комплементарни. Низите во


една молекула на ДНК секогаш се антипаралелни. Тие се насочени во
спротивни насоки и затоа ДНк полимеразата ќе додава нови нуклеотиди во
една насока, а другата полимераза на комплеметрната низа во другата насока.

Репликацијата на молекулот на ДНК е таква што новиот молекул на ДНК е


составен од една стара, сочувана низа и една нова реплицирана низа.
Молекулите на ДНК и РНК се градени од голем број меѓусебно поврзани
нуклеотиди, но во нивната градба постојат три разлики: за разлика од
молекулот на ДНК кој се состои од две низи, молекулот на РНК е составен од
една низа. Во градбата на молекулот на РНК учествува шеќерот рибоза, а во
ДНК дезоксирибоза. Во составот на азотните бази наместо тимин учествува
урацил. За разлика од молекулите на ДНк кои во секоја клетка се исти,
молекулите на РНК се разликуваат во различни видови клетки, па дури и во
една клетка има различни видови РНК.

Рибозомска РНК влегува во составот на рибозомите каде се врши синтезата


на протеините. Оваа РНК сочинува 50% од вкупната маса на РНК во
клетката.

Транспортна РНКучествува во транспортот на аминокиселините до


рибозомите, местото каде се синтетизираат протеините. Таа обезбадува не
само транспорт туку и правилно вградување на аминокиселините на точно
место во полипептидната врска.

Информациона РНК ја прима генетската информација од ДНК. За синтезата


на секој протеин постои посебна информациона РНК. Бројот на
информациони РНК молекули е приближно еднаков на бројот на
протеинските молекули кои клетката ги синтетизира.

Понекогаш во вирусите постои посебна т.н. вирусна РНК

You might also like