You are on page 1of 18

Тема бр.

2 Основи на молекуларната биологија

Структура на нуклеинска киселина – ДНК

Секоја клетка без оглед дали е едноставно или сложено градена мора да ги
содржи и пренесува информациите што се потребни за создавање
протеини.Во ДНК се запишани (закодирани) информациите за синтеза на
протеини.РНК ги пренесува овие информации што се важни за создавање на
протеините.Проучувањата на физичко-хемиските својства на молекулите на
протеините и нуклеинските киселини и на процесот на за нивната синтеза во
прокариотските и еукариотските клетки,покажаа дека само живите биолошки
системи се способни да ги синтетизираат овие биополимери.Достигнувањата
во молекуларната биологија ,добиени со користење на современи техники и
методи,потврдуваат дека протеините и нуклеинските киселини претставуваат
наследен материјал.Сознанијат за структурата и функцијата на нуклеинските
киселини се добиени преку биохемиска анализа најнапред на генетички
материјал од прокариотски организми(бактерии),а подоцна и кај еукариотските
организми.Притоа се докажа дека нуклеински те киселини се одговорни за
пренесувањето на наследните својства на организмите и претставуваат
материјален носител на информации за синтеза на протеините.Тие го
регулираат одржувањето на видовите мниогу генерации,како и евентуалната
нивна менливост.Познато е дека наследниот материјал кај сите еукариотски
клетки главно доаѓа како јадрен и тоа како главна компонента на хромозомите
во облик на нуклеопротеиди(нуклео-хистонски комплекс).

Нуклеинските киселини(ДНК и РНК)првпат биле изоларина од клеточното


јадро.и името го добиле според латинскиот збор nucleus(јадро).Молекулите на
нуклеинските киселини се макро молекули што се одликуваат со голема
молекулска маса.

Основна структурна единица на молекулот од нуклеинската киселина


претставува нуклеотидот,кој е составен од три хемиски соединенија што се
ковалентно сврзани.

Првото соединение е пентозен шеќер,по кој се разликуваат ДНК и


РНК,поточно деоксирибоза,која влегува во состав на ДНК,или рибоза која
влегува во состав на РНК.Второ соединение претставува азотна база на
пуринот или пиримидинот која е ковалентно врзана за првиот јаглероден
атом на пентозата,при што се создава нуклеозид.Во молелулата на ДНК од
пуринските бази доаѓаат:аденин(А) и гванин(G),a од пиримидинските бази
се: цитозинот(С) и тиминот(Т).Во молекулот на РНК доаѓаат истите пурински
бази како кај ДНК,но кај пирмидинските бази наместо тиминот доаѓа
урацилот(U).Третото соединение во нуклеотидот претставува фосфорна
група .

Значи комбинацијата од шеќер и база се нарекува нуклеозид,со додавање


на фосфорна група се нарекува нуклеотид. Во полимерот на нуклеинската
киселина оваа група поврзува два нуклеотида преку фосфодиестерска врска
меѓу(5 С) атомот на една пентоза и(3 С) на друга пентоза.Од ова произлегува
дека структурно и функционално разликуваме два типа нуклеински
киселини:дезоксирибонуклеинска киселина(ДНК) и рибонуклеинска
киселина(РНК).

Сл.1 нуклеотид-градба

1.Деоксирибонуклеинска киселина (ДНК)

ДНК кај сите еукариотски клетки доаѓа како јадрена и тоа како главна
компонента на хромозомите во облик на ДНК-хистонски комплекс,но ја има и во
други клеточни структури пред се во хлоропластите и митохондриите,позната
како екстрануклеарна или органеларна ДНК.

Ватсон(Watson) и Крик(Crick) (1953) врз основа на претходните сознанија и


на резултатите од своите проучувања го предложиле моделот за структура
на молекулот на DNA. Двоен хеликс е името на молекуката на DNA.Таа е
изградена од две полинуклеотидни низи,спирално извиткани околу
централната оска,меѓусебно поврзани.Полинуклеотидните низи на DNA меѓу
себе се поврзани преку комплементарни азотни бази,меѓу кои се формираат
лабави водородни врски.Комплементарни азотни бази се аденин(А) со
тимин(Т) се сврзува преку две водородни врски ,и цитозин(С) со гванин(Г) се
сврзува преку три водородни врски.Редоследот на базите во низата ја
определува генетската информација сместена во таа низа.

Сл.2 DNA-двоен хеликс

Репликација на DNA

Кога Вотсон и Крик го предложиле нивниот модел за DNA со двојна


спирала,тие претпоставиле дека удвојувањето на DNA е директно ако нивниот
модел е точен.Односно ако се одвртат двете вериги од DNA и двете молекули
се одвојуваат една од друга,тогаш секоја молекула би требало да биде
матрица за удвојување на новите молекули.Овол модел се нарекува
полуконзервативен модел за удвојување,затоа што секоја молекула
настанува од родителот.

Репликацијата е семиконзервативна продукција на две нови DNA молекули кои


се идентични со оргиналната DNA.Ако двете низи се раздвојат,поради нивната
комплементарност секоја би можела да послужи како матрица за синтеза на
нова комплементарна полинуклеотидна низа.Новоформираните DNA молекули
содржат по една ,,стара,, и една ,,нова ,, низа.Така,генетската информација
што е кодирана во последователноста на базните парови може да биде точно
предадена на двете ќерки молекули.Овој сложен процес се одвива под дејство
на низа ензими,од кои позначајни се DNA-хеликаза и DNA-полимераза. Од
тогаш направени се многу експерименти,но сите го поддржуваат
двојноспиралниот модел,односно полуконзервативниот начин на
репликација.Процесот на репликација на молекулот на DNA има животна улога
во предавањето на наследната информација што е содржана во редоследот на
базните парови,од родителски на ќеркини молекули на DNA т.е од родители на
потомство.

Сл.3.репликација на DNA
Структура на РНК

Молекулот на рибонуклеинската киселина(РНК) претставува единечна


полинуклеотидна низа.Нулеотидите ,слично на тие од ДНК,содржат азотна
база,јаглехидрат-рибоза(според кој го добил и името) и фосфорна
киселина.Разлика постои во базите ,наместо тимин има
урацил(U).Урацилот,бидејќи има слична градба со тиминот,може да се сврзува
со аденинот.Во клетките таа е застапена во сите
делови(јадро,цитоплазма,некои органели),за разлика од ДНК ,која во клетката
е застапена само во јадрото.

Сл.1 Структура на DNA и RNA

Сличноста во градбата на РНК со ДНК е последица на тоа што молекулот на


РНК се синтетизира на калапот од една полинуклеотидна низа од молекулот на
ДНК.Според тоа,таа има комплементарен распоред на нуклеотидите во однос
на матричната низа на ДНК.

За разлика од ДНК која во сите клетки на еден организам е иста,молекулите на


РНК се многу разновидни.Во различни клетки,па дури и во една клетка има
различни видови РНК.Во зависност од некои структурни особености и нивната
специфична функција,разликуваме повеќе видови РНК,од кои поважни се:

Рибозомска RNA(r-RNA), транспортна RNA(t-RNA) и информациона (i-


RNA). Главно тие се застапени во цитоплазмата на сите клетки.

Сл.2 Структура на RNA и видови на RNA

-Рибозомската RNA(r-RNA) има топчеста форма на молекулата ии таа


претставува составен дел на рибозомите; претставува главната маса на
клеточната РНК,бидејќи е застапена со повеќе од 50% од вкупната РНК во
клетката.Влегува во составот на рибозомите,кои се важни клеточни
структури,каде се врши синтезата на протеините.

-Транспортната RNA(t-RNA) името го добила по функцијата,бидејќи учествува


во транспортот(пренесувањето) на аминокиселините од цитоплазмата до
рибозомите,местото на синтеза на протеините,За сите аминокиселини има t-
RNA,секоја аминокиселина има своја t-RNA.Со нив се обезбедува не само
пренесување,туку и правилно вградување на аминокиуселините на строго
определено место во полипептидната низа.Во клетката се застапени 20 и
повеќе видови t-RNA.
Сл.3 Транспортна RNA(t-RNA)

-Информационата RNA(i-RNA) изградена од линеарна полинуклеотидна низа


и е наречена така бидејќи ја прима генетската информација од ДНК,која
претставува упатство за одредување на редоследот на аминокиселините при
биосинтеза на протеините.За синтезата на секој протеин постои посебна i-
RNA.Бројот на i-RNA молекулите приближно е еднаков на бројот на
протеинските молекули што клетката ги синтетизира.

На крајот може да се заклучи дека сите нуклеински киселини функционираат


поврзано во пренесувањето на наследните својства и во процесот на синтеза
на протеините.
ТРАНСПОРТ НА МАТЕРИИ ВО КЛЕТКАТА

ПАСИВЕН ТРАНСПОРТ

Клетките,ткивата,органите,организмите за да опстанат во живот мораат да


одржуваат биолошка рамнотежа со животната средина (микросредина).

Биолошката рамнотежа(хомеостазата),клетките ја одржуваат со


контролирање и со регулирање на материите кои влегуваат и излегуваат во
неа.Тоа се остварува преку клеточната мембрана(цитомембрана).

Пренесување на растворените материи низ клеточната мембрана

Клеточната мембрана не е еднакво пропустлива за сите материи, а тоа


зборува за нејзината селективна пропустливост.За селективната
пропустливост значење имаат и својствата на материите што преминуваат(како
што се големината и градбата на молекулите,нивната растворливост во вода
или во липиди,електролитната дисоцираност и др.) и сосотојбата и својствата
на самата клетка.Поради селективната пропустливост на клеточната мембрана
концентрацијата на материите во клетката и во околната средина е
различна.Таков е примерот со концентрацијата на калиум(К),на анјоните на
органските соединенија,на аминокиселините и др.која е многу поголема во
клетката отколку во околната средина.Обратна е сосотојбата со
концентрацијата на натриумот(Na) и хлорот( Cl).Од ова произлегува дека
двонасочното пренесување на материите низ клеточната мембрана може да
биде:пасивно пренесување и активно пренесување

-пасивно пренесување-според законите на дифузија,без потрошувачка на


енергија од АТP и тоа со:

-дифузија

-олеснета дифузија

-осмоза
-активно пренесување(на мали молекули и јони)-во овој процес се користат
ензимски системи и има потрошувачка на енергија од ATP

- со цитоза –посебен начин на транспорт

-ендоцитоза(фагоцитоза и пиноцитоза)

-егзоцитоза

Пасивно пренесување- движењето на молекулите и јоните има насока од


средина со поголема концентрација кон средина со помала концентрација.

Дифузија-процес на движење на молекули и јони од место со повисока


концентрацика кон место со пониска концентрација додека не се изедначи
нивната концентрација во просторот.Во тој случај дифундираат не само
молекулите нса растворените материи,туку и тие на растворувачот.По пат на
дифузија низ клеточната мембрана лесно поминуваат гасовите CO2 и О2на
пример:О2 кој во белите дробови го има во повисоки концентрации,дифундира
низ ѕидот на алвеолата и крвниот капилар каде што неговата концентрација е
пониска;обратно се случува со CO2.

Сл.1 Дифузија

Олеснета дифузија-претставува движење на поголеми молекули и


јони(шеќер,аминокиселини и др.) кои не можат да се пренесат со обична
дифузија,туку преминуваат низпосебни протеински канали на мембраната,или
со помош на протеински молекули како носачи.Тоа се таканаречени протеински
носачи(ензими-пермеази).Тие се врзуваат со материјата која треба брзо да ја
транспортираат и на тој начин го олеснуваат нејзиниот транспорт.Секој
протеински носач е специјализиран да овозможи транспорт само на еден тип
молекула преку мембраната,без трошење на енергија.На пример:При
интензивна контракција клетката има потреба од поголемо количество на
глукоза,како извор на енергија;тогаш глукозата ќе се транспортира по пат на
олеснета дифузија.
Сл.2 Олеснета дифузија

Осмоза- е процес во кој водата дифундира преку полупропустлива мембрана


од место со повисока концентрација кон место со пониска концентрација на
некоја супстанција.

Сл.3 осмоза

Нормалното извршување на животните процеси во клетката е во директна


зависност од составот на течноста во околната средина.Кога концентрацијата
на растворените во вода молекули и јони е еднаква од двете страни на
мембраната,осмотскиот притисок во клетката и околната средина е
еднаков,велиме дека клетката во тој случај се наоѓа во осмотска рамнотежа со
средината,односно средината е изотонична.

Притисокот што се создава со преминувањето на материите преку


полупропустливи мембрани до нивно израмнување во концентрациите се вика
осмотски притисок.

При разлика во концентрацијата меѓу клетката и околната средина водата


секогаш се движи во насока што води до изедначување на осмотскиот притисок
на двете страни на мембраната.Ете зошто,ако клетка се стави во дестилирана
вода или во хипотоничен раствор,водата почнува да навлегува во клетката и
да предизвика разредување на клеточната содржина.Оваа појава кај
животинските клетки завршува со раскинување на клеточната мембрана,а со
тоа и на целата клетка.На пример:хемолиза на еритроцитите.
Целулозниот клеточен ѕид кај растителните клетки ја спречува ваквата
појава,односно ги штити клетките во таквите процеси.Поставени во
дестилирана вода или хипотоничен раствор,растителните клетки
набабруваат,односно живата содржина на клетката одвнатре врши притисок
(тургорен притисок) врз клеточниот ѕид,со цел да се спречи натамошно
навлегување на водата.Ваквата состојба ја условува сочната свежа состојба на
растенијата.Туроресцентноста на клетките најдобро се забележува на
листовите.Тие се цврсти и исправени кога клетките на мезофилот се
тургоресцентни,со опаѓање на тургорот тие овенуваат.

Тургорот е притисок што го врши живата содржина на клетката врз


цитоплазматичната мембрана и клеточниот ѕид.

Во хипертоничен раствор (со поголема концентрација на честичките отколку


во клетката)водата преминува од клетката во надворешната средина
(хипертоничен раствор),појава што води до свиткување и збрчкување на
животинската клетка.Кога живи растителни клетки ќе се стават во
хипертоничен раствор водата постепено излегува од клетката,тургорот во
клетката постепено се намалува,клеточната мембрана ја губи напнатоста,а
цитоплазмата се одлепува од клеточниот ѕид и во облик на топче се собира во
средината на клетката,Оваа појава се нарекува плазмолиза.

Сл.4 плазмолиза и деплазмолиза

Процесот на плазмолиза најчесто е реверзибилен.Ако ваквата клетка се


постави во разреден хипотоничен раствот или чиста вода,ќе почне обратен
процес-деплазмолиза,во кој протоплазмата постепено се враќа во првобитна
положба,вакуолата се исполнува со воден раствор,а клетката добива
првобитна тургоесцентност.Ако се полева растението со вода ,тоа повторно ќе
се освежи,во неговите клетки настанува деплазмолиза.Механичките
постабилни целулозни клеточни ѕидови,растителните клетки ги прават многу
поиздржливи на измените на осмотските својства на околната средина.
Градба и функција на еукариотска клетка
(ЕР,ГС,рибозоми,вакуоли,митохондрии)

Цитоплазматичните органели претставуваат структури со карактеристична


градба и специфична функција.Набљудувани со светлосен микроскоп се
гледаат како структури со доста едноставна градба,а некои органели поради
своите мали димензии воопшто не се забележуваат со светлосен
микроскоп.Според структурната и ултраструктурната организација,проучувана
со електронски микроскоп,органелите можат да бидат мембрански и
немембрански структури.

Во мембрански структури спаѓаат првите мембрански органели(митохондрии


и пластиди)кои се одвоени со двојна мембрана и
структурите:ЕР,ГС,сферозоми,лизозоми идр. карактеристични со единечна
мембрана.

Во немембрански структури спаѓаат.:микротубули,центриоли,рибозоми и


микрофиламенти.

Во некои органели се одвиваат основните биолошки функции,како биосинтеза


на протеини,клеточно дишење идр.Тие органели се наоѓаат во сите клетки и се
познати како универзални органели:ендоплазматичен ретикулум,Голџиев
систем,митохондрии и др.Други органели учествуваат во функции својствени
само за определен тип на клетки и тие се познати како специфични
органели:трепки,камшичиња идр.Органелите,како што се:центриолите-се
својствени само за животинските клетки,а пластидите,сферозомите и
вакуолите се своствени за растителните клетки.

Ендоплазматичен ретикулум

Во клетката е претставен со ситем на мембрански структури.Најчесто во


системот на мембрански структури(тубули,цистерни и везикули)се меѓусебно
поврзани и создаваат мрежа,од каде и го добива името
органелата.Површината на мембраната на ЕР може да биде со рибозоми или
без нив и според тоа разликуваме грануларен(зрнест) или
агрануларен(мазен) тип.ЕР претставува внатрешен циркулаторен систем,низ
кој се пренесуваат протеините,јаглехидратите и др. материи.Но тој учествува и
во синтеза на низа специфични соединенија,грануларниот(зрнестиот)учествува
во синтеза на протеини.Подобро е развиен ЕР во клетките кои покажуваат
поголема активност,пример во клетките на мускулите,а кај младите
недиференцирани

клетки(ембрионални) е слабо развиен.


Сл.1 Ендоплазматичен ретикулум

Рибозоми

Тие се ситни органели во облик на зрна,што можат да се набљудуваат само со


електронски микроскоп.По создавањето во јадренцето на клеточното јадро тие
преминуваат во цитоплазмата.Главно рибозомите доаѓаат како
врзани(прикрепени) за мембраната на грануларниот(зрнестиот)ЕР,потоа во
јадрото и цитоплазмата како и во некои органели(хлоропласти и
митохондрии),тие можат да бидат и слободни распрскани честички.Секој
рибозом е изграден од две морфолошки субединици,што се разликуваат по
големина и тежина,наречени мала и голема субединица.Рибозомите се
органели во кои се остварува синтеза на протеини,со учестви на нуклеинските
киселини i-RNA и t-RNA.Нивната улога се остварува само ако се поврзани со
i-RNA,и во тој случај се создаваат функционални структири,наречени
полизоми или полирибозоми.

Голџиев систем

Изграден е од голем број нееднаво дебели и делумно свиткани мембрански


структури,сродни на ЕР,наречени диктиозоми,кои најчесто се наоѓаат околу
јадрото.Секој диктиозом е изграден од определен број плоскави торбички
наречени сакули,кои стојат една над друга поставени паралелно и најчесто
меѓусебно поврзани.Продуктите од синтетската активност на
клетката(протеини,липиди,јаглехидрати)преку ЕР се внесуваат во каналите на
сакулите на Голџиевиот систем.По соодветна обработка тие материи се
натрупуваат или се одлепуваат како крајни продукти во облик на секреторни
везикули или вакуоли со различна големина. Кај жлездените
клетки,секреторните везуикули се движат кон површината на клетката,при што
мембраната им се слева со клеточната мембрана и на тој начин содржината се
одделува во надворешната средина.
Сл.2 Голџиев систем

Лизозоми

Со електронски микроскоп се забележува нивниот облик на гранули или


меурчиња со единечна мембрана.Внатрешната содржина ја исполнуваат
хидролитички ензими,што можат да ги разградуваат сите видови
високомолекулски органски материи: протеини,нуклеински
киселини,јаглехидрати и липиди.Ензимите се синтетизираат во грануларниот
ендоплазматичен ретикулум,се сместуваат во структурите на Голџиевиот
систем,од каде се одделуваат како лизозомни меурчиња.Во лизозомите се
разградуваат материи што во клетката се наоѓаат како нерастворливи честички
или во облик на цели капки.Тоа станува кога примарните вакуоли што се
образуваат околу тие честички,ќе се слеат со лизозомите и создаваат
дигестивна вакуола.Во одредени услови, со лизозомите клетката ги разградува
и сопствените остарени или непотребни органели(пример
митохондрии,мембрани на ендоплазматичниот ретикулум идр.) или натрупани
резервни хранливи материи.

Митохондрии

Тоа се клеточни органели во облик на зрна,нишки или стапчиња што се наоѓаат


во сите еукариотски клетки.Нивниот облик е непостојан и се менува во
зависност од физиолошката состојба на клетката.Бројот,димензиите и
распоредот зависат од видот на клетката и нивната активност.Митохондриите
имаат сложена градба.На електронски микроскоп,јасно се гледа дека од
цитоплазмата се одвоени со двојна мембрана,на која ,структурно,а особено
биохемиски,се разликуваат надворешна и внатрешна мембрана и внатрешна
содржина наречена матрикс.

Внатрешната мембрана се карактеризира со тоа што создава внатрешни


набори,наречени кристи,што навлегуваат поплитко или подлабоко во
матриксот.Обично кристите се поставени нормално на надолжната оска на
митохондриите и претставуваат нецелосни прегради,што не го прекинуваат
континуитетот на внатрешниот простор на митохондриите.Наборите можат да
имаат облик на гребени(cristae) или на цевчиња(tubuli),се наведува и форма
со облик на ќесиња(saculi),што се својствени за митохондриите во
растителните клетки.На површината на кристите се забележуваат голем број
топчести структури кои со една куса дршка се поврзани за внатрешна
мембрана.Овие структури се наречени оксизоми или Ф-1 партикули. Ф1
партикулите содржат ензими кои учествуваат во процесите на клеточното
дишење. Во митохондриите се врши аеробно разградување на материите при
што се ослободува енергија.

Сл 3. митохондрии

Пластиди

Пластидите се органели својствени за еукариотските растителни клетки.Нив ги


нема во клетките на животните,габите и прокариотите.Во зависност од тоа
дали содржат пигмент пластидите ги делиме на:

1.хлорофил(кои главно содржат хлорофилни пигменти)

2.хромопласти(кои содржат каротеноидни пигменти-каротини и ксантофили)

3.леукопласти(без пигментни пластиди)

Хлоропластите се обвиени со липопротеинска мембрана,која со електронски


микроскоп се гледа дека е двојна мембрана,на која разликуваме надворешна и
внатрешна мембрана.Внатре во хлоропластот се наоѓа матрикс или познат
како строма ,во која е сместен сложен ламеларен систем изграден од
мембрански структури.Внатрешната мембрана се извива кон
внатрешноста,создавајќи ги основните субединици на ламеларниот систем,кои
имаат облик на сплескани кесички наречени тилакоиди.На одредени места
кратките тилакоиди се поредени една на друга и создаваат структура наречена
грана.Граните меѓу себе се поврзани со долгите тилакоиди уште наречени
тилакоиди на стромата,така што сите мембрански структури функционираат
како единствен систем.Во тилакоидните мембрани,според строго определен
ред се распоредени молекулите на пигментите(хлорофил,каротин и ксантофил)
и голем број ензими.

Сл4.хлоропласти

Хромопласти

Хромопластите се фотосинтетски неактивни пластиди,по боја


жолти,портокалови и светлоцрвени.Тие се наоѓаат во цветовите,во зрелите
плодови и во многу вегетативни органи(корен на морков).Тие најчесто се
образуваат со преобразување на хлоропластите(при зреење на плодови,во
листовите пред отпаѓање),а поретко од леукопластите(во корен на морков).

Леукопласти

Тие се безбојни,имаат тркалезен или елипсовиден облик и имаат важна улога


во секундарната синтеза на органските соединенија.

Сферозоми

Тоа се цитоплазматични органели својствени за растителните клетки.Тие се


обвиени со липопротеинска мембрана,внатрешната содржина,наречена строма
има зрнест изглед,а содржи значително количество масни материи и
ензими.Сферозомите претставуваат претходници(прекурсори) на масните
капки.Во текот на развитокот,зрнестиот изглед на сферозомот постепено
исчезнува и на крај се добива хомогена строма,што претставува масна
капка.Може да се заклучи дека сферозомите се специјализирани органели н
арастителната клетка за синтеза на масни материи.

Вакуоли
Вакуолите се простори во клетката исполнети со содржина наречен
вакуоларен или клеточен сок.Во младите недиференцирани клетки тие се
ситни и многубројни.При диференцирање во трајни клетки,бројот на вакуолите
се намалува,бидејќи постојано се спојуваат една со друга и на крајот се добива
една или неколку големи вакуоли.Во тој случај цитоплазмата и јадрото се
потиснати до клеточниот ѕид.. Вакуолите се ограничени со мембрана наречена
тонопласт.

Вакуоларниот сок претставува воден раствор со висока концентрација на голем


број неоргански и органски материи,како на пример:минерални соли,органски
киселини,јаглехидрати,протеини,гликозиди идр.

Сл.5 вакуола

Микротубули

Една мукротубула на електронски микроскоп изгледа како долго и тенко


цевче,чиј ѕид е изграден од топчести (глобуларни) молекули на протеинот
тубулин,распоредени во 13 надолжни редови.Микротубулите се наоѓаат во
сите клетки,бидејќи го градат внатрешниот скелет на клетката,кој го држи
обликот на клетката.Тие учествуваат во различни клеточни
движењапример,при движење на хромозомите при делба на јадрото,при
движење на трепки и камшичиња(микротубулите учествуваат во градба на
центриолите,трепките и камшичињата) и во движењето на различни органели
што можат да го менуваат местотото(митохондрии и др,)

Центриоли

Овие структури се својствени за животинските клетки.Центриолите


претставуваат цилиндрични структури,чиј ѕид е изграден од 9 групи по три
микротубули кои делумно се споени,а срцевината е исполнета со еднородна
материја.Центриолите играат важна улога при делба на јадрото,бидејќи
учествуваат во создавањето на делбеното вретено.

Трепки и камшичиња

Трепките(cilii) и камшичињата (flagelumi) се специфични клеточни


органели,бидејќи се наоѓаат само кај одделни растителни и животински
клетки.Тие имаат сродна градба со центриолите,претставуваат цилиндрични
структури во чија внатрешност се наоѓаат 10 групи од по две
микротубули.Трепките и камшичињата служат за движење;со нив се движат
многу едноклеточни организми.

You might also like