You are on page 1of 23

Универзитет во Тетово “Фадил Сулејмани”

Факултет за Природно-математички науки

Студиска програма: Биологија

Насока: Биохемија

ДНК ,ТРАНСКРИПЦИЈА ,ТРАНСЛАЦИЈА ,РНК

Ментор: Изработил:

Проф.д-р Неџбедин Беадини Јадранка Лазеска

Тетово, 2023

1
СОДРЖИНА

1.ВОВЕД................................................................................................................................3
2.ДЕЗОКСИРИБОНУКЛЕИНСКА КИСЕЛИНА............................................................................4
2.1 СТРУКТУРА НА
ДНК...........................................................................................................6
2.2 ПРОСТОРНА СТРУКТУРА НА ДНК......................................................................................7
2.3 ВИДОВИ НА ДНК ВО ХУМАНИОТ ГЕНОМ.........................................................................8
2.4 РИБОНУКЛЕИНСКА
КИСЕЛИНА.......................................................................................10
2.5 РЕПЛИКАЦИЈА................................................................................................................12
2.6 ТРАНСКРИПЦИЈА............................................................................................................14
2.7
ТРАНСЛАЦИЈА.................................................................................................................17
2.8 ГЕНЕТСКИ КОД................................................................................................................18
2.9 СТРУКТУРА НА ПРОТЕИНИТЕ..........................................................................................20
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.....................................................................................................22

2
1.ВОВЕД

Терминот молекуларна биологоја за прв пат бил употребен 1945 година од авторот
William Astbury и се однесувал на истражувањата на хемиската и физичката структура на
биолошките макромолекули. Ерата на молекуларната биологија започна во 1953 година
кога James Watson и Francis Krick ја открија двојно спиралната структура на ДНК. На ова
откритие претходеа две клучни сознанија. Првото е на научникот Chargaff кој со
сепарирање на ДНК молекули од најразлични видови на организми и со мерење на
процентната застапеност на четирите бази:тимин,цитозин,аденин,и гуанин,пронајде дека
количината на аденинот е секогаш еднаква на количината на тиминот и количината на
гуанинот е секогаш еднаква на количината на цитозинот односно А=Т и G=C.
Биолошките процеси во сите живи организми се засноваат на неколку заеднички
едноставни принципи. Централна улога во живите системи имаат нуклеинските киселини
и протеините и нивната меѓусебна корелација. Протеините се егзекутори на сите хемиски
трансформации катализирајќи ги скоро сите неопходни хемиски реакции. DNA
молекулите се носители на целокупната генетска информација на сите клетки. RNA
молекулите посредуваат во протокот на генетската информација од ДНК до
протеините,преку процесите на транскрипција и транслација. Генетскиот код кој ја
одредува релацијата помеѓу редоследот на базите во нуклеинските киселини и
редоследот на аминокиселините во протеинските молекули е универзален и заеднички за
сите живи организми. Три бази во нуклеинската киселина сочинуваат кодон,единица која
одредува една аминокиселина.
Молекуларната биологија и генетиката имаат големо значење во животот на човекот како
во биолошка така и во медицинска, во прехранбената, фармацевтската и во еколошка
смисла. Денес со право може да се реце дека генетиката и молекуларната биологија се во
основата на сите процеси што го сочинуваат животот. Филозовски гледано, од најстарите
времиња, основното прашање било одржувањето на животот и неговото постојано
возобновување.
Молекуларната биологија со генетиката може да даде одговор нљ поголемиот дел од
прашањата поврзани со овие процеси.

3
2.ДЕЗОКСИРИБОНУКЛЕИНСКА КИСЕЛИНА
Од самиот почеток на генетските истражувања било јасно дека наследната супстанција
треба да задоволува неколку основни својства и тоа:
1. Да постои во неограничен број различни форми,од кои секоја контролира
одредено својство. Така би се објаснил огромниот број различни особини на
живите суштества.
2. Да носи стабилна,биолошки корисна информација.
3. Да има способност за саморепродукција, односно да се создава самата себеси и
верно да се пренесува од клетка на клетка и од генерација на генерација.
4. Да има способност да ја носи и да ја контролира генетската информација,односно
да ги држи под контрола сите процеси што се во основата на одделни својства на
организмот. Во таа смисла,наследната супстанција мора да поседува својство за
“препишување“на својата информација преку синтеза на друг вид биолошки
молекули.
5. Да има способност за промена на својата структура и функција,со што се
овозможува:
-варијабилноста на живиот свет во природата,
-негова еволуција преку ретки измени и
-адаптација на изменетите надворешни услови.
Експериментите извршени кон половината на минатиот век покажаа дека и ДНК е долг
полимер со бројни варијанти. Индиректни докази дека ДНК е генетскиот материјал се
следниве:
1. Молекулите на ДНК се наоѓаат во јадрото на сите клетки:растителни,животински и
бактериски.
2. Соматските клетки на кој било специес секогаш секогаш содржат еднакво
количество на ДНК,без оглед на функцијата што ја вршат.
3. Количеството ДНК во половите клетки (гамети) е за половина помало од
количеството ДНК во соматските клетки.
4. Мутагеното дејство на ултравиолетовото зрачење е најсилно во оној дел од
спектарот (254 нанометри), којшто нуклеинските киселини најдобро го
апсорбираат.

4
Вистински доказ дека ДНК е наследната материја дадоа експериментите на Авери.О.,
МекЛеод Ц., и Мек Карти во 1940 година. Тие покаѓаа дека со внесување на
“трансформирачкиот принцип“,кој овозможува на бактеријата Diplococcus Pneumoniae да
синтетизира капсула, и со тоа да стане вирулентна,со состои од ДНК. Разорувањето на
ДНК со помош на ензимите деоксирибонуклеази доведува до изостанување на ова
својство. Ова беше првиот експеримент што покажа дека принципот што дава ново
својство не се протеините туку ДНК.
Дефинитивниот доказ дека ДНК е генетскиот материјал го изведоа Херши А. и Чејс М. Во
педесетите години на минатиот век. Испитуван е бактериофагот Т2,кој ја инфицира
бактеријата Esherichia coli, на тој начин што ДНК на фагот е обележана со радиоактивен
изотоп на фосфор а протеините на вирусната обвивка со радиоактивен сулфур. По
инфицирањето,бактериите се лизирани и е направено испитување на екстрахираната
супстанција од фагите,која покажала само фосфорна радиоактивност. Било заклучено
дека при инфекција во бактеријата влегува само ДНК на фагот,а не и неговата протеинска
обвивка.
Било покажано дека количеството ДНК во јадрата на сите клетки на еден ист биолошки
вид е постојано и дека не се менува ниту во услови на драстично гладување,со што ДНК
задоволува уште еден предуслов за материја која ги содржи и ги пренесува наследните
информации. Крајниот доказ дека ДНК е во основата на гените дојде неодамна со
вовдувањето на техниките на генетскиот инженеринг кај повисоки специеси-
габи,квасци,инсекти,растенија и животни.

5
2.1 СТРУКТУРА НА ДНК
Одговорот на прашањето “што е животот“веројатно лежи во структурата на ДНК.
Молекулот на ДНК е полимер што се состои од многу мономери поврзани заедно.
Мономерот на ДНК е претставен со нуклеотид.

Структура на нуклеотидот
Нуклеотидот се состои од шеќер, азотна база и фосфорна киселина: фосфат---шеќер---
база.
Шеќер. Шеќерот во ДНК е пентоза,таканаречена 2’-деоксирибоза којаможе да се јави во
циклична и во линеарна структура. Јаглеродните атоми во деоксирибозата се
обележуваат со знакот ’ (прим) за да не се помешаат со јаглеродните атоми во азотните
бази.
Азотни бази. Во ДНК се јавуваат 4 азотни бази од кои 2 се пурински (со двоен прстен во
структурата) и тоа: аденин и гванин, а две се пиримидински со еднопрстенеста структура:
цитозин и тимин. Базата поврзана со шеќерот се нарекува нуклеозид.
Фосфорна киселина. За јаглеродот 5’ се поврзува фосфорната киселина и тоа една,две
или три молекули ( монофосфат, дифосфат и трифосфат). Според тоа трите нуклеотиди
што влегуваат во составот на ДНК се: 2’-деоксиаденозин 5’-трифосфат ( dATP), 2’-
деоксигванозин 5’-трифосфат (dGTP), 2’-деоксицитидин 5’-трифосфат (dCTP) и 2’-
деокситимидин 5’-трифосфат (dTTP).

6
Полинуклеотиди. Индивидуалните нуклеотиди се поврзуваат и градат полимер
(полинуклеотид). Поврзувањето на полинуклеотидите се одвива преку фосфодиестерски
мостови. Двата краја на нуклеотидот не се еднакви. На едниот крај се присутни сите три
фосфорни молекули врзани за 5’ С атомот од деоксирибозата, тоа е 5’ крајот. На другиот
крај молекулот завршува со хидроксилната група на 3’ атомот од деоксирибозата и се
нарекува 3’ крај. Должината на полинуклеотидите може да биде најразлична. Така, на
пример,полинуклеотидот може да се состои од неколку стотици нуклеотиди, но може да
биде и многу подолг. Најчесто должината на полинуклеотидот одговара на должината на
протеинот што тој го кодира. Должината на ДНК што го сочинува еден хромозом се состои
од неколку милиони нуклеотиди. Практично, нема ограничување нљ бројот на
комбинации на нуклеотидите во секвенцата на ДНК.

22.ПРОСТОРНА СТРУКТУРА НА ДНК


Просторната структура на молекулата на ДНК ја разрешија Вотсон Џ. И Крик Ф. Според
нив, само структурата на двоен хеликс може да ги реши сите својства што ги има ДНК, а
што се неопходни за да биде носител на генетската информација:
1. Молекулот се состои од две нишки спирално завиткани едната околу другата.
2. Азотните бази се внатре во двојниот хеликс, а шеќерот и фосфатите го
градат“скелетот“ на молекулот.

7
3. Двете нишки ги држат заедно водородни мостови меѓу азотните бази. Азотните
бази секогаш се спаруваат по истиот редослед, аденин со тимин, а гванин со
цитозин-принцип на комплементарност.
4. Димензии-едно свртување на хеликсот содржи 10 базни парови и има должина 4
Å,што значи дека растојанието од едната до другата база е 3.4 Å. Напречниот
предек на хеликсот е 20 Å.
5. Двете нишки се антипаралелни, едната е во правец 3’-5’, а другата во правец 5’-3’.
Само така се овозможува стабилна структура.
6. Двојниот хеликс има две различни вдлабнатини на спиралата,што е важно за
процесите на репликација и експресија на генетската информација.
7. Хеликсот е свртен надесно, што значи дека навојот на костурот е на десна страна.

2.3 ВИДОВИ ДНК ВО ХУМАНИОТ ГЕНОМ


Единствени ДНК секвенци
Во категоријата на ДНК составена од низи на нуклеотиди што не се повторуваат,
припаѓаат најголем број од структурните гени. Се смета дека во хуманиот геном има
50.000-100.000 структурни гени,односно гени кои кодираат специфични протеини,
рибозомска и транспортна РНК. Но целото ова количество ДНК е само 5% од вкупната
ДНК во јадрото на една клетка. Тоа значи дека над 95% од ДНК во геномот не кодира
протеини. Од преостанатата ДНК дури 75% кодира гени во една копија, но нивната
функција не е докрај позната.
Сателитска ДНК
Во хуманиот геном, 10-15% од ДНк се состои од куси тандем повторувачки секвенци
кои кодираат рибозомска и транспортна РНК. Овие кратки низи од нуклеотиди се
повторуваат илјадници или милиони пати последователно. Голем дел од овие
секвенци се собрани околу центромерата на некои од хромозомите, односно се
наоѓаат во регионите на конститутивниот хроматин. Учествуваат во спарувањето на
хромозомите во текот на делбата, а се претпоставува дека имаат улога во
одржувањето на одредени структури и организацијата на јадрото на хромозомите.
Оваа ДНК се нарекува сателитска поради својството да се појавува како сателит на

8
главниот врв на ДНК добиен при центрифугирање според дензитометрискиот
градиент.
Репетитивни ДНК секвенци
Репетитивната ДНК се состои од одредена секвенца која се повторува во многубројни
копии. Репетитивната ДНК се среќава како:
Високорепетитивна-секвенци што се повторуваат неколку стотици до неколку
милиони пати во геномот.
Среднорепетитивна-секвенци што се повторуваат од 10 до неколку стотици пати.
Повторувачките секвенци се состојат од неколку базни парови,па се до неколку
килобази. Порано се сметаше дека репетитивната ДНК е случајно распределена низ
геномот. Денес се смета дека таа има специфично значење. Сеуште не се знае дали
овие репетитивни секвенци имаат улога во пакувањето на ДНК во хромоззомите. Во
хуманиот геном 50% од ДНК е репетитивна
Митохондријална ДНК
Митохондријалната ДНк е циркуларна и кодира за два типа рибозомска РНК, за некои
транспортни РНК и заа протеинските подединици на некои ензими,како што се
цитохром оксидазата и цитохромот В. Овие ензими се вмешани во процесите на
оксидативната фосфорилација.

9
Карактеристики на митохондријална ДНК:
• Циркуларна е
• Се наследува само од мајката
• Целата митохондријална ДНК кај една индивидуа е по потекло од мајката
• Не се менува низ процесот на репродукција
• Промени настануваат само од мутации при клеточна делба
• Мутациите што ќе се појават во контролните региони не се коригираат
• Само мутациите што се јавуваат во женските герминативни клетки се пренесуваат на
потомството
Денес се познати болести што се предизвикани од мутации во митохондријална ДНК и
се нарекуваат митохондријални болести.
2.4 РНК
Молекулот на РНК има сличности и разлики со молекулот на ДНК. РНК е изградена од
шеќер,азотна база и фосфатни групи. За разлика од ДНК, пентозата која учествува во
градбата на РНк е рибоза,додека азотните бази се пурини-аденин и гванин а
пиримидини-цитозин и урацил. РНК се наоѓа во цитоплазмата и јадрото,а особено е
концентрирана во јадренцето.
Кај човекот има три вида на РНК:
-информациона (месенџер РНК) (мРНК)
-рибозомска РНК (рРНк)
-трансфер или транспортна РНК (тРНК)
Сите овие видови РНК учествуваат во протеинската синтеза. Рибозомската и
транспортната РНК се крајните продукти на експресија на нивните гени, што значи
нивните гени кодираат само за овие молекули. Месенџер РНК поминува уште еден
стадиум на генска експресија,таканаречена транслација. рРНК и тРНК се многу
стабилни и имаат подолг живот. мРНК имаат многу кус живот. Брзо се разложуваат и
брзо се возобновуваат,за гените да можат да брзо да се преведуваат според
потребата. Кај бактериите полуживотот на мРНК е неколку минути а кај еукариотите е
нешто подолг. рНК всушност стои на услуга на ДНК за пренесување на релевантната
информација во дадениот момент кон цитоплазмата односно кон рибозомите. Кусиот

10
живот на мРНк е многу рационален. Значи ова својство на РНК овозможуваефикасна
контрола на нивото на транскрипција.

Информациона (месенџер РНК) е онаа РНК што ја носи информацијата на пептидната


секвенца до рибозомите. Слична е со ДНК само што е едноверижна. Се состои од
нуклеотидисоставени од шеќер,азотна база и фосфати. Оваа РНК бидејќи е
вистинскиот гласник ,може да се јави во толку формии големини колку што има
активни гени што се препишуваат.
Транспортна РНК е краток РНК синџир кој содржи меѓу 74 и 95 нуклеотиди. Служи за
транспорт на специфична аминокиселина кон растечкиот полипептиден синџир
прикрепен за рибозомот. Во организмот се создаваат повеќе различни молекули тРНК
и секоја е одговорна за една аминокиселина. Но бидејки генетскиот код е
дегенериран, повеќе молекули на тРНК со различна структура можат да служат за
транспорт на една иста аминокиселина. тРНК се синтетизира во повеќе копии. Сите
молекули на зрела тРНК имаат иста структура според синтезата,а тоа е формата на
детелина. Структурата на тРНК во форма на детелина се состои од: акцепторска
рака,Д-крак,антикодонска јамка,Т-крак,и варијабилен дел.

11
Рибозомна РНК (рРНК) е компонента на рибозомите кои се мултимолекуларни
структури на кои се врши протеинска синтеза. Рибозомите се состојат од рРНК
молекули и протеини и се многубројни во секоја клетка. Една активна бактерија може
да содржи над 20 000 рибозоми, што е околу 80% од целосната РНк и 10% од вкупните
протеини. Рибозомите се големи структури на клетката:32х22nm и над 4 милиони
далтони. Кај еукариотите овие структури се составени од 2 субединици од 60Ѕ и од 40Ѕ
субединици.

2.5 РЕПЛИКАЦИЈА
Секогаш кога се дели клетката, таа мора да обезбеди копија на сите гени, бидејќи двете
ќерки-клетки треба да имаат еднакви гени како мајката-клетк. Затоа мора да се случи
опсежна репликација на ДНК. Репликацијата се одвиваво Ѕ-фазата од клеточниот циклус.
Репликацијата се одвива во ткива што растат или се возобновуваат. Тоа значи дека таа се
одвива во сите органи кај човекот во текот на ембриогенезата и во текот на растењето на

12
детето. Репликацијата се одвива во јадрото на клетките,се одвива семиконзервативно што
значи дека секоја нишка од ДНК служи како матрица на која се врши репликација,односно
“печатење“на нова нишка по системот на комплементарност.
Репликацијата почнува во таканаречениот извор на репликацијата каде што двете нишки
на ДНК почнуваат да се раздвојуваат во двата правци. Базите имаат постојана тенденција
да се раздвојат, но веднаш настанува повторно спојување. За да дојде до конечно
раздвојување на нишките и репликација,неопходен е ензимот хеликаза. Овој ензим
овозможува поврзување на едноверижни протеини на местото на раздвојување на
нишките на ДНК и неможност за повторно спарување на нишките. На тој начин нишките
на ДНК се држат раздвоени и може да дојде до репликација. Местото каде што почнува
одвојувањето на базните парови се вика репликативна виљушка.

Целокупниот процес на репликација би бил невозможен без ензимот ДНК полимераза.


Тој дејствува само во правецот 5’-3’ и доведува до растење на новосинтетизираната
нишка на ДНК присоединувајќи само бази комплементарни на кодирачката секвенца. При
репликацијата се јавува уште еден проблем. Синтезата на ДНК може да оди само во
правец 5’-3’. Тоа значи дека репликацијата не може да се одвива подеднакво на двете
раздвоени нишки. Едната нишка наречена водечка овозможува континуирана
репликација на ДНК. Но другата нишка не може да се реплицира континуирано, туку во
сегменти кои се синтетизираат еден по друг во должина од 100 до 1000 нуклеотиди. Овие
сегменти се нарекуваат Оказакиеви фрагменти.

13
Синтезата на ДНК почнува под активноста на ензимот РНК полимераза која привлекува
неколку десетици,до 60 нуклеотиди (прајмозоми) и потоа почнува дејството на ДНК
полимеразата. Но кога ќе се синтетизираат неколку Оказакиеви фрагменти, потребно е да
се откинат двата прајмера. Ова се случува под дејство на ДНК полимеразата 1. Потоа со
создавање на фосфодиестерен мост,под дејство на ДНК лигаза се спојуваат двете нишки.
Многу е важно репликацијата да биде прецизна бидејки акумулирањето грешки во
спарувањето на базите може многу бргу да доведе до бесмислена информација. ДНК
мора да биде отпорна на различните ефекти од надворешната средина што можат да
предизвикаат грешки во репликацијата. Еден од најважните корективни механизми е
својството за сигурносно читање (proofreading) што го поседува ензимот ДНК полимераза.
Таа има својство да го “препознае“грешното спарување на азотната база и да го коригира.
Постојат протеини и ензими што се активираат ако дојде до грешка или оштетување на
ДНК и го закочуваат клеточниот циклус веднаш по грешката или водат кон апоптоза на таа
клетка. На овој начин е оневозможено умножување на грешките или нивно понатамошно
одржување.

2.6 ТРАНСКРИПЦИЈА
Процесот на транскрипција подразбира препишување на информацијата од ДНК на
информационата РНК. Процесот посразбира создавање молекул од компелемнтарни
нуклеотиди при што аденинот се препишува во урацил а цитозинот во гванин.
Кодирачката секвенца на генот е всушност матрицата на која се синтетизира мРНК врз
основа на комплементарност,што значи дека информацијата се пренесува верно. Ензимот
под чие дејство се случува транскрипцијата е ДНК зависната РНК полимераза, односно
РНК полимераза II. Процесот на транскрипција почнува со врзување на ензимот
полимераза II за промоторниот регион. Овој ензим го раздвојува двоверижниот синџир на

14
ДНК и ги изложува базите врз кои се врши препишување на информацијата. Поради
принципот на комплементарност, синтетизираниот молекул на РНК има идентична
структура со нишката на ДНК што не служи како матрица, освен што на местото на
тиминот има урацил. РНК се синтетизира со во правецот 5’-3’ , што значи дека читањето
на генот оди во правец 3’-5’. Кај еукариотите постојат три типа РНК полимерази, од кои
секоја учествува во транскрипцијата на различни групи гени. Тие се комплексни ензими со
голема молекулска тежина од над 500.000 далтони.

Настани при транскрипццијата


А. Формирање на примарниот транскрипт
1.Иницијација на транскрипцијата е од клучно значење бидејки >90% од хуманата ДНК
всушност не содржи активни гени. Поради тоа, РНК полимеразата мора да се прикрепи
точно малку пред генот што треба да се препишува. Овие места каде што се прикрепува
РНК полимеразата се нарекуваат промотори. Тоа се куси нуклеотидни секвенци што ги
препознава РНК полимеразата и од каде што почнува транскрипцијата. Секвенцата на

15
овие прпмпторни региони е униформна. Мали промени на овие промоторни места можат
целосно да ја инхибираат транскрипцијата.
2. Елонгација се одвива со движење на РНК полимеразата по должината на молекулот на
ДНК, континуирано одвојување на нишките и синтеза на транскриптот. Обично
транскриптот е подолг од кодирачката секвенца и носи дел од лидерната секвенца од 20
до 600 нуклеотиди и таканаречената завршна или траилер-секвенца.
3. Терминирање на транскрипцијата се одвива со помош на палиндромски молекули, тоа
е секвенца на РНК трансскриптот или на ДНК кои можат меѓусебно да се спаруваат и да
создаваат структура која на некој начин ја терминира транскрипцијата. Кога ќе се случи
тоа, РНК полимеразата дисоцира од ДНК и е подготвена повторно да се асоцира со сигма
субединицата и даа почне нов циклус на транскрипција. Транскриптот може да биде мРНК
која нема функција,освен поврзување на генетската информација со цитоплазмата, или
тРНК или рРНК кои имаат ефекторна функција во синтезата на протеините.
Б. Зреење на мРНК – посттранскрипциона модификација
1. Capping. По транскрипцијата, мРНК кај еукариотите претрпува повеќе промени.
Најпрвин на 5’ крајот се додава гванин кој се метилира на седмиот азотен атом ( 7-метил
гванин). Фосфодиестерскиот мост е доста необичен бидејќи се создава меѓу 5’ атомот од
гванинот и 5’ атомот од рибозата. Оваа структура се нарекува 5’ капа. Во некои случаи
може да дојде до дополнителна метилација. Капата на 5’ крајот е многу важна за
врзување на рибозомите за мРНК во процесот на транслација и нејзиното отстранување
по правило оневозможува транслација in vitro, а може да доведе и до забрзана
деградацција на мРНК во цитоплазмата.
2. Полиаденилација. Втора модификација на РНК е додавање долга низа аденилни групи
на 3’ крајот од молекулот- полиаденилација со помош на ензимот полиаденил
полимераза која претставува сигнал за полиаденилација. Причината за
полиаденилацијата не е позната, особено што еден дел од мРНК молекулите не го
поминуваат овој процес. Се смета дека должината на полиаденилната опашка ја одредува
должината на преживувањето на одреден мРНК молекул. Вака создадениот препис на
информацијата се нарекува примарен транскрипт.
3.Сплајсинг. Секвенцата на мРНК е верна копија препишана од ДНК и претставува
комплементарен молекул. ДНК секвенците низ процесите на транскрипција и транслација
се преведуваат во протеини. Но секвенцата на гените на ДНК молекулот не е
континуирана. Така, делови од секвенцата се кодирачки ( егзони), значи се преведуваат
во аминокиселинската секвенца, а дел од секвенцата се некодираачки ( интрони), немаат
значење за формирање на крајниот продукт-протеинот.
Во процесот на транскрипцијата што се одвива во јадрото се препишуваат и интроните и
егзоните и се создава долг молекул пре-мРНК . Во јадрото доаѓа до отцепување на

16
интронските делови и до повторно составување на егзоните. На овој начин се формира
чиста кодирачка мРНК што се нарекува зрела мРНК. Процесот на отцепување на
интронските делови се нарекува сплајсинг . Најмало поместување на местото на
сплајсингот може да доведе до сосема поинаква и бесмислена информација. Познати се
бројни дефекти во сплајсингот кои водат до генетски условени болести. Еден таков
пример е неправилен сплајсинг на интронот 2 во генот за ензимот 21-хидроксилаза, кој
доведува до тешка форма на конгенитална адренална хиперплазија. Од друга страна
истиот ген, по пат на алтернативен сплајсинг може да кодира различни протеини коишто
ќе содржат различни егзони. Зрелата мРНК се пренесува во цитоплазмата и служи како
основа за синтеза на протеините.

2.7 ТРАНСЛАЦИЈА
Транслација значи преведување на информацијата содржана во мРНК молекулите во
полипептиди. Транслацијата е многу комплексен процес, но основно е да се зачува
верноста на пренесувањето на генетскиот код од јадрото кон цитоплазмата. За
одржување на оваа константност се задолжени молекулите на транспортната РНК (тРНК)
која служи како “адаптер“ кој ја чита нуклеотидната секвенца од мРНК транскриптот и ја
конвертира во секвенца на аминокиселини.

17
Во текот на транслацијата рибозомите се прикачуваат за мРНК молекулите и мигрираат по
нејзината должина, синтетизирајќи полипептиди како што се движат. Транслацијата е
процес во кој мРНК обезбедува матрица за синтеза на полипептиден синџир. мРНК
стапува во интеракција со тРНК, така што триплет бази на мРНК – кодонот се спојува со
триплет бази –антикодонот од тРНК. Рибозомната РНК ја игра улогата на поврзувач меѓу
мРНК и тРНК. Најпрвин, рибозомот иницијално се врзува за почетниот дел на мРНК кој се
нарекува иницирачки дел и е претставен од кодонот AUG, специфичен за метионинот.
Потоа рибозомот ја врзува соодветната тРНК за да овозможи создавање врска меѓу
кодонот и антикодонот. Притоа тРНК носи соодветна аминокиселина диктирана од
антикодонот. На тој начин редоследот од аминокиселини во синтентизираниот
полипептид е соодветен со генетскиот код диктиран од мРНК. При транслацијата
рибозомите се движат по молекулот на мРНК и ја читаат информацијата.
Истовремено,повеќе рибозоми се движат по истиот молекул на мРНК формирајќи повеќе
полипептидни вериги одеднаш, градејќи структура позната како полирибозом. Голем број
полипептидни вериги претрпуваат посттранслациони промени за да може да се
синтетизираат соодветни сложени протеини или за да ја добијат соодветната секундарна
и терциерна структура.

2.8 ГЕНЕТСКИ КОД


Централно правило: Секвенцата на нуклеотиди се преведува во секвенца од
аминокиселини. Правилата според кои се одредува која секвенца од нуклеотиди ќе се
преведе во која секвенца од аминокиселини се нарекуваат генетски код.

18
ДНК го содржи генетскиот код кој преку транскрипција се препишува на РНК, а со
нејзиното созревање се создава зрел транскрипт од кој со транслација се создава генски
продукт-протеин. Тоа е основното правило од кое нема отстапување во генетиката.
Во основа, структурата на полипептидите и на полинуклеотидите е подеднаква, двете
молекули се полимери составени од поврзани мономери при што во полипептидот
мономер се аминокиселините, а во полинуклеотидот нуклеотидите.
Централна догма на генетиката: секвенца или редослед на нуклеотиди се ппреведува во
секвенца или редослед од аминокиселини. Или, ДНК “препишува“ во РНК ,а оваа (РНК) во
протеини.
Генетски код= Шемата по која секвенца од нуклеотиди ќе се преведе во секвенца од
аминокиселини.
ТРИПЛЕТ ОД БАЗИ → АМИНОКИСЕЛИНА
ПОЛИНУКЛЕОТИД → ПОЛИПЕПТИД

Кодон
Ако е потребен еден нуклеотид за една ааминокиселина, тогаш, според бројот на
постојните нуклеотиди ќе беше можно да се кодира само за 4 аминокиселини, ако 2
нуклеотида можат да кодираат една аминокиселина, според бројот на нуклеотиди ќе
можеше да се синтетизираат 16 аминокиселини. Бидејќи бројот на аминокиселини што
учествуваат во градбата на протеините е поголем, изведена претпоставка беше дека се
потребни барем три нуклеотиди за една аминокиселина. Така гледано, би имало доволно
кодони за 64 аминокиселини,што е премногу. За да се докаже вистинскиот одговор на
прашањето, беше искористено сознанието од биохемијата дека протеините можат да
толерираат измени на една аминокиселина на некое помалку важно место, но на друго
место таква измена води кон губење на функцијата. Така, на пример , ако три нуклеотиди
кодираат за една аминокиселина, инсерција на еден нуклеотид ќе доведе до губење на
функцијата бидејќи ќе се наруши целата понатамошна секвенца. Две инсерции ќе го
имаат истиот ефект, а три измени ќе доведат до неутрализирање на измената и до
нормален протеин.
Ин витро синтеза на РНК со помош на ензимот полинуклеотидна фосфорилаза е
извршена во 1955 година од страна на Очоа С кој за овие експерименти добил Нобелова
награда. Подоцна беше дизајниран клеточен систем во кој оваа РНК можеше да биде
применета без присуство на домаќиновата РНК и беа синтетизирани полимери со позната
структура од по неколку триплети. Конечно, откривањето на триплет врзувачкиот есеј
овозможи да се одреди точно која аминокиселина со која РНК ќе се врзе. Со тоа, во 1966

19
година генетскиот код беше конечно дешифриран за многу кусо време по почетните
експерименти.
Карактеристики на кодот
1. Кодот е дегенериран. Тоа значи дека не секоја аминокиселина има свој код,туку дека
различни триплети може да кодираат иста аминокиселина,а и исти триплети да кодираат
различни аминокиселини. Сите аминокиселини, освен метионинот и триптофанот имаат
по повеќе од еден кодон, така што сите триплети од нуклеотиди имаат значење. Повеќето
синонимни кодони се групирани во фамилии и се слични, што има значење во
дешифрирањето во текот нс протеинската синтеза.
2. Кодот содржи кодони за интерпункција. Трите кодони UUA,UGA, и UAG не кодираат за
аминокиселини, но предизвикуваат крај на транслацијата. Затоа се нарекуваат
терминациски кодони и еден од нив секогаш се наоѓа на местото на генот каде што
запира синтезата. AUG е иницијациски кодон бидејќи се јавува на стартор од
транслацијата, и синтезата на секој протеин почнува од овој кодон.
3. Кодот не е универзален. Кога генетскиот код се откри во 1966, се сметаше дека тој е
универзален, бидејќи се покажа дека кодот за одредени аминокиселини е подеднаков
како за човекот така и за бактериите. Но во осумдесеттите години е покажано дека некои
митохондријални гени користат различен код, а за некои од кодоните на интерпункција е
покажано дека имаат и друго значење, кодираат некои специфични аминокиселини. Како
се разликува функцијата за интерпункција од функцијата за кодирање, се уште не е
познато.

2.9 СТРУКТУРА НА ПРОТЕИНИТЕ

20
Аминокиселините се поврзани со пептидни врски меѓу карбоксилната група на едната
аминокиселина и аминогрупата од следната аминокиселина. Двата краја на полипептидот
се секогаш различни, едниот е амино-крај, а другиот е карбоксил-крај.
Структурата на протеините се класифицира како:
а) Примарна структура. Таа е претставена од редоследот на аминокиселините.
б) секундарна структура. Низата на аминокиселини во еден протеин може да се извива
на различни начини поради секундарните врски што можат да се создаваат меѓу
радикалите на одделни аминокиселини градејќи хеликси или рамнини.
в) Терциерна структура. Секундарно извитканите нишки можат понатаму во просторот
да создаваат различни структури преку хидрогенски мостови меѓу одделни
аминокиселини и преку дисулфхидрилни врски меѓу цистеинските молекули.
г) Кватернерна структура. Тоа е начинот на којшто два или повеќе полипептиди се
поврзуваат меѓу себе градејќи комплексни протеини. Во кватернерната структура можат
да бидат вклучени повеќе подеднакви пептидни синџири или повеќе различни пептиди
кои градат многу комплексни структури. Најкомплексни структури се протеинските
обвивки на вирусите.

21
Примарната структура е клучот на протеинската структура и функција. Ако протеинот се
денатурира и ја заземе својата примарна структура,тој спонтано ќе се ренатурира во
подеднаква секундарна и терцијарна структура како почетната. Значи,зависно од
аминокиселинската секвенца ќе се создаваат секундарната и терцијарната, како и
кватернерната структура.
Функцијата на протеинот зависи од неговата секундарна, терцијарна и кватернерна
структура, која пак зависи од примарната структура, односно од аминокиселинската
секвенца. Најдобар пример за тоа се ДНК врзувачките протеини. Овие протеини имаат
многу важна функција за откочување на транскрипцијата на одредени гени и слично. Тие
имаат структура од два хеликса што се токму 34 Å оддалечени меѓу себе, што значи дека
комплетно се вклопуваат во две соседни вдлабнувања на ДНК хеликсот.
Само така е можна нивната функција. Ако дојде до поинакво завиткување на овие
молекули, нивната функција е оневозможена.
Значи: секвенцата на гените препишана во РНК и преведена во протеини ја остварува
функцијата на протеините. Односно, функцијата на протеините зависи во крајна инстанца
од генетскиот код.
Колинеарноста на аминокиселините и генетската информација ги претпоставил уште
Крик, но првите експерименти со кои е докажана ги направил Јанофски С. Имено,со
измена на база во генот, тој покажал промена во протеинскиот продукт.

22
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
Молекуларна биологија со генетика – Сашо Панов;
Молекуларна биологија со генетика – Дарко Бошнаковски;
Молекуларна биологија на генот - Џејмс Д. Ватсон и соработници;
Вовед во структура на протеини – Карл Бранден и Џон Туз;
Наука за ДНК – Дејвид А. Миклос;
Механика на клетката – Давид Боул;

23

You might also like