You are on page 1of 7

ФУТСАЛ ИГРА

Познавањето на спортските
правила претставува основа за
планирањето и
програмирањето во сите
спортски дисциплини.
Спортскиот резултат е во
директна зависност од
степенот на
физичката,техничката
подготвеност на спортистите
која се базира врз основа на
правилата на спортската игра.
Имајќи ја во предвид 
каузалната поврзаност на резултатот со тренингот и спортските правила, како и недостик
на информации за правила на спортските игри во училиштата. Потребата од спортски
правила долг период е актуелна,така што мислиме дека оваа статија ке биде во функција
на наставниците  – тренерите кои подготвуваат училишни екипи во футсал.

Димензии на игралиште за футсал: димензиите на футсал игралиште се должина 40


метри, а ширина 20 метри. Терените се воглавно во покриени простории, а подлогата
главно е дрвен паркет, иако денес се користат и материјали од тврда гума. Постојат
поинакви терени, главно од бетон и асфалт. но тие воглавно не се користат за такмичење
поради опасноста од повреди. На теренот се наоѓаат линии кои одредуваат одредени
делови на теренот. На
средина од теренот се наоѓа
линија која ги одвојува двете
половини. На спротивните
страни на теренот и тоа по
краевите се наоѓа по еден гол,
кој е висок 2м. и широк 3м. На
голот има мрежа. Пред секој
гол се наоѓа полукружен
простор, на просечна
оддалеченост од 6 м од голот,
означена со полна линија. Тој простор од 6м често е и обоен со друга боја, различна од
останатите бои на игралиштето.

Топка: Топката мора да биде тркалезна.


Нејзината надворешна обвивка мора да биде
од кожа или некој друг одобрен материјал. За
изработка на топките не смее да се
употребува никаков материјал кој може да
биде опасен за играчите . Топкаата која се
користи во футсал не скока како во големиот
фудбал туку се лепи на подлогата.

Број на играчи: Футсал натпреварувањето е екипен спорт во кој се натпреваруваат две


екипи по 5 играчи (4 играчи+1 голман ) на двете страни. Играта трае 40 минути (две
полувремиња по 20 минути), а цел е да се даде што повеќе голови од противниците.  Една

екипа е дозволено да има најмалку 5 играчи и 3 резервни играчи, а најмногу 12 вкупно


играчи ..
Опрема на играчите: Играчите не смеат да имаат на себе нешто што би било опасно за
другите играчи. Основа и задолжителна опрема на играчите се подразбира: маица,
гаќички, чорапи, штитници и патики. Штитниците во целина мора да бидат покриени со
високи чорапи (штуцни). Голманот мора да носи облека во боја која јасно ке се разликува
од другите играчи и од судиите. 

Носење на накит: Кога главниот судија ја


проверува опремата на играчите пред
почетокот на натпреварот, тој мора да ги
предупреди играчите дека секаков вид на
накит (ланче, обетки, прстени, рачни
часовници) мора да биде изваден.
Футсал игра: тоа е игра во која се игра во
затворен простор (спортска сала). Во
футсалот се игра  по 5 играчи 4+1 голман
исто така и од другата страна, целта на
противникот е да не изгуби. Исто така има два судии кој ја делат правдата на теренот исто
како во големиот фудбал, но тука има само двајца судии кој судат од страната на теренот,
во оваа игра нема офсајд како во големиот фудбал и исто така кога топката ке испадне во
аут се изведува со нога .

Судиски правила кој треба да ги знаат играчите:


-кога судијата свири почеток топката мора да го мине центарот.
-кога топката испаѓа во аут или корнер  топката мора да се изведе од позади линија или
да биде топката наместена на линија, ако биде внатре во теренот судијата ќе ја одзема
топката и доделува аут за другата екипа.
-кога топката ќе излезе во голаут мора да ја изведе голманот со рака .
-после изведувањето од голман топката не смее да биде вратена на голман доколку
голманот не го поминал центарот .
-играчите не смеат да играат со рака освен голманот во својот голмански простор.
-судијата доколку има груба игра или удирање свири за екипата која е фаулирана, да
изведува слободен удар ,играчите кој стојат пред топката како жив sид мора да бидат
оддалечени 5 метри од топката каде се изведува слободниот удар …
-времето на играта трае 40 минути 2 пати по 20 минути и 5 до 10 минути полувреме,
доколку има прекинување на играта
или свирен прекршок или
топката излегува во аут тогаш
времето се штопира.
Исто така како во големиот
фудбал што има изведување на
пенал и во футсалот е исто само што
пеналот се изведува од 6 метри. Ако
една екипа направи 5 прекршоци
после секој направен
прекшок се изведува пенал
но не од 6 метри како
пеналот туку од 10 метри …
Измените кој ги извршува тренерот можат да
бидат летечи не треба судијата да даде знак за
измена на играч само во случај на повреда…
Изведување корнер
Се чека судијата да свирне а потоа да биде изведен корнерот …
Футсал е еден од најгледаните спортови не само во светот но и во Македонија., исто така
преку ова заклучив дека секој што сака може да го спортува дали за релаксација или
профисонално сепак убаво е да се спортува.

Техники на голманот
Противникот е добар и напаѓа кон противничкиот гол, а во мегудругото и упатува многу
топки кон голот. При тоа голманот е приморан да остварува контакт со топката. Тој ја фаќа
топката, ја одбива или ја боксува истата со пагање или без  пагање, потоа со фрлање или
без да се фрли кон неа. На тој начин ја спречува да биде постигнат гол, а истовремено го
започнува нападот на својата екипа, особено ако топката ја фати и изврши точно
додавање на својот играч со рака или нога.
За успешна одбрана на својот гол голманот ги врши следните дејства:
–    Фаќање на топка
–    Одбивање на топка
–    Избоксување на топка
–    Уфрлање на топка
Фаќањето на топката е основен и најсигурен начин на одбрана на својот гол во
спречување на противникот да постигне гол. Топката се фаќа со двете раце истовремено а
за поголема сигурност телото па и поедини делови се поставува позади дланките односно
рацете. Со оваа положба евентуално испуШтена топка од рацете на голманот наидува на
пречка, топката се одбива и не заврШува во целта. Фаќањето на топката може да биде
поделена на: фаќање на ниски топки, фаќање на полувисоки топки и фаќање на високи
топки.
Фаќање
на ниски
топки. За
ова
фаќање 
потребно
е голманот
да се
постави
помегу
голот и
топката.
Рацете се

испружени во зглобот на лактите и се движат во правец од каде доага топката. Двете раце
зафаќаат поголема површина преку прстите кои се раширени помеѓу себе. Веднаш по
фаќањето на топката, рацете заедно со топката се подигнуваат и топката се потпира на
градите од една страна по што и телото се исправува. Фаќањето на ниски топки може да
се изврши со претклон на телото во стоечки став и во клкечечки став.  

Фаќање на полувисоки топки. Тоа се топки кои се движат во висина на стомакот и


градите на голманот. Овие топки се најлесни за фаќање. Се фаќаат со две раце кои се
испружени во правец од каде доага топката, а со прстите завртени наоре. Горниот дел од
телото е малку наведнат напред во мал претклон, нозете свиткани во зглобот на колената.
Кога топката ке дојде до стомакот и градите, подлактиците од рацете се подигнуваат
нагоре, се поставуваат позади дланките, позади топката која се наога помеѓу градите и
дланките  и на тој начин е затворена и не може да побегне.Брзината и силата на топката
мода да се амортизира. Тоа се прави на тој начин што градите се повлекуваат наназад со
што рамениците автоматски одат напред.  Откако топката ќе биде фатена, телото треба да
го исправиме, лактите од рацете се подигнуваат и така топката останува под контрола на
голманот. Важно е да се знае дека при овој вид фаќање на топка,   телото на голманот
мора да се постави помеѓу топката и голот.
Фаќање на високи топки. Овие топки се топки кои се движат во висина на главата или
полувисоко од главата. Нив можеме да ги фаќаме од место и од движење и при тоа да
изведеме скок. Ова фаќање мора добро да се усоврши затоа што телото не може да се
постави како бариера кон топката, туку се е препуштено на рацете. А тоа се постигнува
така што палците од рацете го затвараат влезот на топката,  затоа што со нивно спојување
се формира триаголник. Останатите прсти се раширени.
Рацете се испружени и за ублажување на брзината и силината на топката, тие секогаш се
во пресрет на топката. Топката удира (влетува) во поставените раце со прстите при тоа се
врши и ублажување на брзината и силата на топката, се фаќа и се привлекува на градите,
па се доаѓа и до завршната фаза за фаќање на топката која се држи во висина на стомакот
и градите, односно дофаѓање на полувисоки топки.   На тој начин се заштитува подобро
топката. Ако топката има поголема брзина и силина тогаш при првиот нејзин допир со
рацете само се запира понатамошното нејзино движење, па кога таа ќе почне слободно
да паѓа кон земјата се врши и нејзино фаќање на начин на кој се фаќа полувисока топка
(одоздола), а  се осигурува со принесување кон градите и со затварање на рацете.

You might also like