You are on page 1of 8

Фудбал

Никола Јошевски Page | 1


Фудбал

ШТО Е ФУДБАЛОТ?

Фудбалот е игра на отворен простор, одиграна меѓу две


екипи. Секоја екипа се обидува да пoстигне гол наспроти другата,
а тоа фудбалерите го постигнуваат шутирајќи со стапалата
сферична топка. Фудбалот се игра речиси во сите делови од
светот. Како резултат на тоа се создале разни варианти на игра.
Најпопуларен во светот е асоцијативниот фудбал, најчесто познат
како фудбал.

ПОТЕКЛО

Најраните записи на игра што личела на фудбал се


докуметирани во Кинескиот воен прирачник, кој датира од
вториот и од третиот век пред нашата ера. Во тоа време тоа било
еден вид вежба за кинеските војници, позната како куџу -,, шутни
ја топката,,

ИГРА

Во оваa игра на играчите не им е дозволено да ги


употребуваат рацете за да постигнат гол. Можат да ги
употребуваат стапалата или главата за да ја движат топката низ
стадионот. Сепак, само на голманот му е дозволено да ги
употреби рацете или дланките за да ја запре топката или да ја
врати во игра.

КОЈ Е ГОЛМАНОТ?

Вратарот , познат и како голман, е играчот што стои кај


просторот кај голот, меѓу стативите,за да спречи спротивната
екипа да постигне гол. Голманот е единствениот играч на кого му
е дозволено да ја допира топката со раце или со дланки за време
на играта, додека останува внатре во просторот на

Никола Јошевски Page | 2


Фудбал

шеснаесетникот. Потребно е секоја екипа на играличтето да има


свој голман за време на целиот натпреват.

ГОЛ

Во фудбалот, гол се постигнува со шутирање на топката меѓу


стативите од спротивната екипа. Голманските врати се
правоаголни рамки од греди, поставени исправено од земјата.
Тие се обично покриени со мрежа за во неа да може да се фати
топката. Победникот во натпреварот е екипата со максимален
број голови на крајот од натпреварот. Голманските врати се
високи 2,44м и широки 7,32м.

ТОПКА

Топката што се употребува во играта е сферична, полна со


воздух, со обем од 68,5 до 71 см. Тежи од 410 до 450 грама.
Првата официјална фудбалска топка била дизајнирана и
направена од Чарлс Гудијар во 1855 год. Таа била направена од
вулкаизирана гума.

Денес фудбалските топки се направени од парчиња


синтетичка кожа, сошиени едни со други. Топката со ваков дизајн

Никола Јошевски Page | 3


Фудбал

е наречена Бакминстерова топка, по името на нејзиниот


пронаоѓач – американскиот архитект Ричард Бакминстер Фулер.

,,Телстар,, е првата Бакминстерова топка употребена на


светски куп, односно на Светсксиот куп ФИФА во 1970 год ,
одржан во Мексико.

ИГРАЛИШТЕ

Фудбалот се игра на правоаголна парче земја, прекриено со


природна или со вештачка трева , со две голмански врати
поставени на средината од неговите крајни делови. Тоа е долго
105 метри и широко 68 метри.

Полето е обележано со различни видови линии, нацртани по


целото поле. Подолгите гранични линии се нарекуваат надолжни
линии. Пократките гранични линии на кои се наместени стативите
се наречени гол –линии. Средишната линија што ги пресекува
двете надолжни линии го дели полигонот на два еднакви дела.

Никола Јошевски Page | 4


Фудбал

На средината од средишната е лоциран централниот круг.


Неговиот радиус е 9,15 метри . Центарот на тој круг е наречен
централна топка. Просторот кај голот е обележан со две линии
што се протегаат во должина од 5,5 метри, од внатрешниот дел на
секоја статива на десните агли до гол–линијата. Овие линии ги
придвижуваат паралелно нацртани линии до гол-линијата.

Шеснаесетникот е правоаголник поставен околу голот со


димензии од 16,5 метри на секоја страна на голот и 16,5 метри
пред него . Знакот за пенал (или белата точка) е ставен на 11
метри од голот. Лоциран е во средината на гол-стативите.Оваа
точка се употребува за шутирање пенали.

Казнениот лак , исто така, наречен Де-лак (има форма на


буквата Д) се граничи со шеснаесетникот и го вклучува просторот
од 9,15 метри од белата точка.Казнениот лак не е дел од
шеснаесетникот. Знаменца на јарбот од 1,5 метар се поставени на
четири агли од игралиштето и околу нив се нацртани четвртини
од кругови во радиус од 1 метар.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Натпреварот е поделен на два временски периоди, секој од


нив 45 минути. Помеѓу нив има пауза во траење од 15 минути.
Крајот на времето е означен како испонето времетраење.
Часовникот не запира во она време кога топката е надвор од игра.
Запирање на времето се дозволува кога се прават промени на
играчите,кога се бара помош при повреда на играчите или при
други видови запирање. Ова додадено време е познато како
временски застој или продолжение дадено од судијата. Крајот на
тоа време го сигнализира само судијата играчите и гледачите
информирани за ваквото време преку лицето што држи табла на
која е испишано времето.Ако натпреварот е нерешен до самиот

Никола Јошевски Page | 5


Фудбал

крај, може да се оди на продолжено време,кое се содржи од две


продолженија,секое во траење од 15 минути. Головите
постигнати за време на овие продолженија се додаваат на
крајниот резултат од натпреварот.

ШТО Е КОРНЕР И ТОПКА НАДВОР ОД ИГРА?

Има две состојби на игра за време на натпреварот. Од почеток


на секое полувреме од натпреварот па се до неговото
завршување топката е во игра. Кога топката излегува од полето на
игра, или сеедно, кога играта е запрена од страна на судијата, таа
е надвор од игра. Кога топката еднаш ке излезе од игра, играта
повторно започнува откако ќе се утврди како топката излегла од
игралиштето:

 Почетен удар се употребува после гол или на почеток од секое


полувреме.
 Аут се употребува кога топката сосема ја премина границата
од игралиштето.Ударот го изведува спротивна екипа од онаа
која последна ја допре топката.
 Гол аут и се доделува на одбранбената екипа кога топката
сосема ја поминува гол – линијата без да постигне гол.
 Корнер – шутот и се доделува на напаѓачката екипа кога
топката последен пат била допрена од играч од одбраната.

Кога судијата ја запира играта од друга причина, како што е


сериозна повреда на играч или од некаква надворешна пречка
или од неисправност на топката, тоа се вика падната топка.

ИГРАЧИ

Никола Јошевски Page | 6


Фудбал

Во фудбалскиот натпревар се вклучени две екипи. Бројот на


играчи во секоја екипа е 11, вклучувајки го и голманот. Како
додаток на нив, на секоја екипа и се дозволени уште 3 резервни
играчи. Мора да има најмалку 7 играчи присутни на теренот за
целото време од натпреварот. Натпреварот не може да започне
ако секоја екипа не е во можност да го обезбеди овој минимум.
Играчите носат дрес спортски гаќички,чорапи и патики од своја
екипа. Сепак, гоманот мора да биде јасно издвоен од другите
играчи од екипата. Голманот мора да носи ракавици за да се
заштите од повреди на прстите. Играчите мора да носат штитници
за да се заштитат од посериозни повреди. Не им е дозволено да
носат никаков накит или часовници за да не ги повредат другите
играчи.

Фудбал
Број на екипи 2

Број на играчи во секоја екипа 11

Број на резервни играчи 3

Времетраење на игра 90 минути

ЗАКОНИ НА ИГРАТА

Законите на играта се правила што помагаат да се дефинира


фудбалот. Овие закони се издадени од највисокото управно
спортско тело ФИФА (Меѓународна фудбалска асоцијација), со
одобрение од Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација
(ИФАБ)-тело кое ги пишуа и ги одржува законите. Правилата
опфаќаат број на играчи, времетраење на натпреварот, големиа
на игралиштето и на топката итн.

Најпрво законите биле креирани од страна на Ибенезер Коб


Морли и одобрени на средбата на Фудбалската асоцијација
(Англија) на 8 декември 1863 година.

Никола Јошевски Page | 7


Фудбал

Во моментов има 17 закони што се однесуваат на теренот, на


униформите, на бројот на судиите, на методите на играње и на
други правила.

Никола Јошевски Page | 8

You might also like