You are on page 1of 8

СОУ 

“Св. Кирил и Методиј” - Неготино 


Проект: Спорт и спортска активност 
Тема: Одбојка

Изработил:Блаже Ставров I 1 Ментор:Розалија Матоска


Содржина
1.Одбојка
2.Историја на одбојката
3.Развој на одбојката
4.Правила и прописи 
5.Користена литература
Одбојка
Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков
начин што две екипи од по 6 играчи, одвоени со висока
мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до
противничката екипа. По сервирањето од страна на
едната екипа, играчите од другата екипа имаат право
до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат
топката преку мрежата. Бод се добива кога топката ќе
падне во полето на противничката екипа, ако
противничката екипа не успее правилно да ја префрли
топката назад во полето на нивниот противник или ако
противничката екипа заработи фаул.Се игра до
добиени три сета при што во секој сет треба да се
освојат 25 бода, освен во евентуалниот петти сет кога
се игра до добиени 15 бода. При тоа, победничката
екипа мора да има два бода разлика во однос на
противничката екипа,при освојувањето на потребниот
број бодови за победа во тој сет. Во спротивен случај,
сетот продолжува сè додека некоја од екипите не
направи разлика од два бода.
Историја на одбојката
Вилијам Г. Морган (1870-1942), роден во државата Њујорк, останал
запишан во историјата како создавач на одбојката, којашто првично ја
нарекол “Mintonette”. Морган дипломирал на колеџот Спрингфилд каде
што се запознал со Џејмс Наисмит, којшто во 1891. година ја измислил
кошарката. Една година по дипломирањето, отишол во Холиоки,
Масачусетс, каде што добива место директор за физичко
воспитување. Тоа место му овозможило директно влијание на вежбите
за рекреација, т.е. развојот на спортот. Неговото водство било
одлично прифатено и неговите одделенија секојдневно се
зголемувале. Сфатил дека би било добро да измисли некоја игра за
рекреација со натпреварувачки карактер со што би ја направил
збогатил својата програма уште повеќе и би ја направил
поразновидна. Кошарката му се чинела како добар избор, но само за
помладите ученици, бидејќи за оние постарите му требала некоја
помалку насилна.Во тоа време, Морган никако не можел да најде игра
слична на одбојката, па ја создал од своите посебни методи на
тренирање и рекреација. Опишувајќи ги своите први експерименти,
Морган рекол: “Во потрага по соодветна игра, прво тенисот ми падна
на памет, ама за него ни се потребни топчиња, рекети, мрежа и друга
опрема, па се откажав, но идејата за мрежа ми чинеше погодна.
Подигнавме мрежа на висина од 1,98 m, над главата на еден просечен
маж. Ни требаше и топка. Прво ми падна на памет кошаркарската, но
таа е преголема и претешка.’’На крајот, Морган ја замолил фирмата
A.G. Spalding & Bros да направи соодветна топка, што и било
направено. Резултатот бил кожна топка со пречник од 65 cm и тежина
од 300 g. Потоа, Морган, со уште двајца пријатели, ги пишува првите
правила на одбојката. Во почетокот на 1896 г., во Спрингфилд на
Колеџот, била организирана конференција на која што се собрале
сите директори за физичко воспитување. На таа конференција,
Морган за првпат ја демонстрирал новосоздадената игра.Морган им
објаснил на присутните дека играта е предвидена за сала, но може да
се игра и на отворено. Во играта можело да учествуваат неограничен
број играчи,а главната цел била да се одржува топката во воздухот,
над мрежата, од едната страна на другата.Играта била одлично
прифатена уште на самата конференција освен што името ѝ било
променето во “одбојка“. Интересно е тоа што во текот на годините
името не се менувало, освен што во 1952. година почнало да се
пишува поинаку. Морган работел на правилата на игра и во 1897.
година бил издаден и првиот прирачник со главните податоци за
играта и како додаток биле издадени и првите правила на одбојката.
Развој на одбојката
Одбојката на почетокот се ширела низ САД во универзитетите за да во 1900. година се
појави и во Канада, со што Канада станала првата странска земја во која почнало да се
игра одбојка. Потоа, почнува да се шири на сите страни на светот: Филипини, Кина, Бурма
(Мјанмар), Индија, Јапонија, Мексико, Европа, Африка... До 1913. година одбојката во
Азија се развила толку многу што била вклучена во програмата на Далечно-Источните
игри огранизирани во Манила. Важно е да се спомене дека во Азија одбојката долго
време се играла со 16 играчи во поле со цел да се зголеми бројот на учесници. Во
Америка, веќе во 1916. година, овој спорт го играле 200 000 луѓе како на универзитетите,
така и во училиштата. Играле и мажи и жени.Во 1918. година, правилата биле сменети.
Бројот на играши бил ограничен на шест и било договорено дека дозволениот број на
одбивање на топката е трипати. Во 1957. година одбојката била сместена во
програмата на Олимписките игри, а првпат била заиграна на Олимписките игри во
1964. година, во Токио. Во 90-тите години на минатиот век расте популарноста и
влијанието на одбојката на песок, верзија на одбојката којашто главно се игра на
плажите на западните брегови на САД и Бразил. Растот на популарноста на оваа
верзија кулминира со сместувањето на одбојката на песок во програмата на
Олимписките игри во 1996. година. Во текот на последната деценија, одбојката
доживува сè поголем раст, а квалитетот и масовноста на меѓународните
натпревари постојано расте.
Правила и прописи
Полето за игра е правоаголник, со димензии 18 Х 9 м, окружен со слободна
зона, која од сите страни е широка најмалку три метри. Слободниот простор
за игра е просторот над теренот за игра кој е слободен без никакви пречки.
Слободниот простор за игра мора да биде висок најмалку седум метри
мерено од површината на теренот.Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две
екипи на терен поделен со мрежа.Постојат различни верзии, со што се нуди
разновидност на играта. Целта на играта е топката да се префрли преку
мрежата и да падне во противничкото поле, а воедно да се спречи таква
акција од страна на противничката екипа.Екипата има право на три контакти
за враќање на топката (со исклучок на блокот). Топката се уфрла во игра со
сервис преку мрежа во противничкото поле од страна на
опслужувачот.Надигрувањето продолжува додека топката не падне во
полето за замени, оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на
правилен начин. Во одбојката екипата победува во надигрувањето со
освојување на бод. Ако екипата која е на прием на сервисот победи во
надигрувањето, таа добива бод и да сервира, а играчите од таа екипа се
поместуваат за едно место во правец на движење на стрелките на
часовникот.
Користена литература:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E
%D0%B4%D0%B1%D0%BE%D1%98%D0%BA
%D0%B0

You might also like