You are on page 1of 15

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ: СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

ТЕМА: ТАКТИКИ ВО ОДБРАНА ВО ФУДБАЛ

Ментор: Изработил:
Проф. Кети Зероска Цветанчо Андоновски
Прилеп, 2020

СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД.....................................................................................................................................3

2. ТАКТИКИ ВО ОДБРАНА ВО ФУДБАЛ.............................................................................4


3. ЗАКЛУЧОК...........................................................................................................................14

4. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:............................................................................................15

1. ВОВЕД
Фудбал е игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски
натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на
играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне

2
повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако
топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да свирни ЕНЦ. Само голманот може да ја
допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден
во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат
маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со
крампони или да се ребрасти.
Историјата на фудбалот е релативно долга , а корените на фудбалот може да се
најдат и во античка Грција, независно од постоењето во старовековната Кина , па се до
почетокот на модерниот период на Италија. Сепак, 26 октомври 1863 година е веројатно
најважниот датум во историјата на модерниот фудбал . Во раните вечерните часови на 26-
ти октомври во 1863 година , главно претставници на различни англиски универзитетски
фудбалски тимови се собраа во Лондон. Тоа денес се смета за основачкото собрание на
Фудбалската асоцијација, односно англиската фудбалска асоцијација. Тоа е најстарата
спортска федерација во светот и првото официјалено тело на фудбалот воопшто.
Најважниот потег на новоформираниот Сојуз беше стандардизација на фудбалските
правила кои дотогаш значително се разликува од клуб до клуб,од универзитет до
универзитет и од град до град, а и договорите пред натпреварите по кои правила да се
игра . Создавањето на првите официјални правила на фудбалската игра се создадени
основните услови за натамошен развој на најпопуларната и најпопуларната светска
спортска игра. ФА воведува правила и одредба во фудбалот, дека од тој момент јасно се
одделени две спортски дисциплини фудбал и рагби – всушност, забрането е играње со
рака – се губи ракување со топката. Во текот на на 1871 год., се организирани и првите
официјани фудбалски натпревар – ФА Купот , каде се вклучени 15 тимови. За најстар
фудбалски клуб се смета Шефилд фудбалскиот клуб (Sheffield Football Club) , кој е
основан во 1857 год. Интересно , името на фудбалот (soccer) потекнува како кратенки од
поимите кои означуваат ” нов ” тип на фудбал во фудбалската асоцијација.

2. ТАКТИКИ ВО ОДБРАНА ВО ФУДБАЛ


Општи обранбени тактики
Сите единаесетмина на теренот имаат одбранбена улога.Нивната улога зависи од
тактикте. Во принцип постојат два вида на бранење,зонска одбрана и одбрана човек на

3
човек. Во зонска одбрана,одбранбените играчи главно се движат во заеднички
сооднос,кадешто во одбраната човек на човек одбраната се движи во однос на
противничките играчи.Во случаи кога на дефанзивците им се дава или сами си даваат
поголема слобода,тогаш може да се забележат хибриди составени од двајца.

Прв, втор и трет дефанзивец


Првиот дефанзивец ја има главната одговорност за тоа што прави противничкиот
играч во посед на топка,настојувајќи да спречи опасни додавања. Првите секунди откако
тимот ке ја загуби топката се битни,бидејќи во тој период тимот што се брани ќе биде
слабо организиран во дефанзива. Со тоа примарното бранење ке му придонесе на тимот
што се брани да се организира пред противникот да нападне. Првиот одбранбен играч
треба обично да биде играчот најблиску до противникот што ја има топката,но треба да
биде на неговата одбранбена страна за да изврши ефективна работа. Тој треба да одржи
растојание од околу два метра,иако идеалнато растојание се менува со секоја ситуација
посебно. Поентата е да се притисне противникот колку што е можно повеќе без да му се
даде прилика да дрибла. Со оглед на тоа што дриблањето не е многу опасно кога
одбранбениот тим е добро организиран,растојанието може да биде и помало во овие
случаи. Аналогно на тоа,растојанието треба да се зголеми доколку одбраната е слабо
организирана. Во посебни случаи,првиот дефанзивец треба да изврши соборување или да
стартува. Сепак најчесто со ова се зголемува можноста да биде издриблан или поминат.
Насоката во која треба да се движи кон противникот што ја поседува топката може да
биде најкратката насока. Сепак, може да биде значајно да се искриви одбранбеното
трчање со цел противникот да се насочи во одредена насока. Ако тимот што се брани е
добро организиран, тој треба да се насочи кон центарот на игралиштето. Во случај на
привремена лоша организација на одбраната,тој треба да се насочи кон линијата. Вториот
дефанзивец служи како сигурност доколку го поминат првиот. Во тој случај тој презема
место на прв дефанзивец и најчесто еден од третите дефанзивци презема место на втор
дефанзивец. Тимот треба да биде организиран со цел да се извршат овие промени најбрзо
што може. Својствено идеално растојание помеѓу вториот и првиот дефанзивец е околу
шест метри, но ова цврсто се менува од ситуација во ситуација. Најважен фактор е
брзината на противникот. Ако тој се движи брзо,растојанието треба да биде подолго.Ако

4
тој стои статично, првиот и вториот дефанзивец во некои случаи можат да ги здружат
силите и да дејствуваат како двајца први дефанзивци. Работата на третиот дефанзивец е да
овозможи длабока покриеност. Тој генерално е во неодредена позиција во однос на првиот
и вториот дефанзивец и се обидува да забележи се,пратејќи каде се движат новите
противници и покривајќи ги опасните празнини доколку ги заобиколат првиот и вториот
дефанзивец. Улогата на чистач понекогаш се сфаќа како таа на третиот дефанзивец,но
секој дефанзивец кој веднаш не ја презема топката нема обврска да го прилагоди своето
поставување да се одбрани од опасни ситуации или да пополни ранливи простори. Додека
улогите на првиот и вториот дефанзивец се скоро слични,улогата на третиот дефанзивец е
многу различна во зонското и бранењето човек на човек. Исто така, нивнота организација
ќе трпи промени сразмерно со формацијата.

Зонска одбрана
Во зонската одбрана, вториот, третиот дефанзивец и играчите од средниот ред се
организирани во два реда, во попречна насока на теренот, со што организираат
одбранбена и линија на играчи од среден ред,со што средишната фунцкионира како
надворешен штит за дефанзивците. Редовите треба да видат колку што е можно по прави,
макар што првиот и во некои случаи вториот дефанзивец може да излезат од нив за да
извршат притисок на противникот што ја има топката. Правата линија на дефанзивците
може да спречи создавање простори позади некои од нив поради правилото на офсајд.
Исто така дури и во зонска одбрана некои противници, на пример оние кои што се движат
во опасниот простор, може привремено да треба да се чуваат. Одбранбената идеологија
човек на човек констатира дека речиси сите противници треба да се чуваат во секое време,
иако ќе треба да се внимава и на зонски ситуации и најчесто на чистачот ќе му се додели
слободна одбранбена улога. Сепак во практиката секоја одбрана ќе биде микс на зонска
одбрана и одбрана човек на човек, иако често ќе има силна наклонетост кон една од овие
две. Бројот на играчи во дефанзивната и линијата од средината од теренот се одредува од
бројот на фудбалски формации. Некои формации користат прицврстиувачи од средината
на теренот да спречат напади помеѓу двата реда. Напаѓачите исто така обично играат
улога на притиснувачи на одбранбените играчи, со цел да им го намалат времето за
пронаоѓање опција за добро додавање. Редовите треба да се менуваат странично зависно

5
од тоа каде се наоѓа топката. Третите дефанзивци треба да држат разумно растојание меѓу
себе, зависно од широчината на распореденост на противничките напаѓачи.

Марлонова одбрана
Секој играч во одбрана и од дефанзивен среден ред треба да штити одредена зона
на игралиштето. Кога напаѓа противникот, било каде и да ја води топката кон напад,
чистачот се удвојува со играчот што ја штити таа област. Чистачот обично е доволно
стабилен централен бек кој поседува многу енергија.

Размислување за длабочината
Растојанието помеѓу одбранбената линија и линијата на средината на теренот треба
да се одржува постојано на околу петнаесет метри. Сепак, одбранбената линија треба да се
повлече и да го зголеми растојанието, да отстапи кога нема притисок на противникот што
е во посед на топката, бидејќи така ќе се зголеми можноста да се протне некоја топка. Со
силен притисок врз противникот растојанието може да се намали и да биде под петнаесет
метри. Освен тоа, како што противникот се движи блиску до казнетиот простор, тимот во
одбрана ќе биде принуден да ги придвижи своите играчи од среден ред уште поблиску до
своите дефанзивци. Кога е добро организиран одбранбениот тим, тој не пружа отпор се
додека тимот што напаѓа не се доближи до одредена висина во игралиштето. Висината на
притисокот, или длабочината од која играчите од средината треба да дејствуваат како
први или втори дефанзивци, зависи од повеќе фактори. На пример,силниот притисок бара
играчи со голема кондиција поради тоа што е мнгоу напорен. Во глобала, дефанзивно
ориентираниот тим настојува да остане повлечен со што ги намалува ризиците во одбрана,
а со тоа противникот има мал простор за игра. Оваа ситуација исто така го одолговлекува
патот кон голот во случај прекин или против напад, правејќи ја долгата топка попреку
карактеристичен избор.

Одбраната човек на човек


Во овој систем на одбрана, секој одбранбен играч поединечно го следи својот
противник насекаде. На овој начин може да се постигне екстремно цврсто чување и
играчите ѕвезди често се неутрализираат во натпревар со користење на посветена "сенка".

6
Бидејќи системот на одбрана човек на човек ги носи дефанзивците на било која страна од
теренот,прекини или разбиени акции често ќе доведуваат до можности за брзи против
напади. Италијанските тимови од седумдесетите и осумдесетите често го користеле овој
пристап и тоа со импресивни резултати. Слабата страна на овој начин на одбрана е
длабочината кога свежите напаѓачи се движат нанапред. Системов на одбрана им
дозволува на дефанзивците да бидат исфрлени од позиција, отварајќи пукнатини за
другите напаѓачи во опасните зони. Според некои аналитичари, ова беше кобната слабост
на Италија во финалето 1970тата година. Да се надмине овој длабински проблем,
одбранбениот систем човек на човек може да користи 'чистач' кој е централен дефанзивец
и има слободна улога то ест не бил назначен за чување на играч. Тој понекогаш зазема
незначајни позиции позади другите дефанзивци поради тоа што неговата одбранбена
улога е да ги "исчисти"сите напади што проаѓаат кај одбраната и тој како таков додава
битна средишна подршка на одбранбената единица. Најчесто чистачот раководи со
одбраната. Тој во секое време одредува каде ќе биде задната линија. Зонската одбрана не
захтева улога на чистач, и бидејќи голем дел од тимовите ги сменија тактиките на тој
начин,чистачите во денешно време се ретки.

Бранење при прекини


Слободни удари од мала одалеченост
Во ваквите слободни удари пореден е ѕид од играчи од одбраната. Зависи од аголот
и растојанието од голот колку играчи ке учествуваат во ѕидот, исто така и од
предвидените шутирачки способности на противникот. Ѕидот обично покрива еден крај од
голот. Голманот ќе се постави блиску до другиот крај на голот, како поради гледање на
топката кога ке биде шутната, така и поради самата тешкотија на напаѓачите да упатат
силен удар кон страната што ја покрива ѕидот. Удари од аголот и други центаршутеви Кај
корнерите, дирекните и индиректни удари или изведување на аути што веројатно ќе
станат нафрлување, повеќе од тимовите користат чување човек на човек, дури и тие кои
обично преферираат зонска одбрана. На секој играч му се одредува противник за чување,
а во понапредниот фудбал обично тоа се врши пред почеток на натпреварот. Правење
замена на играч за време кога тимот се брани од прекин се смета за неразумно, бидејќии
грата може да продолжи пред замената да ја зафати својата позиција. Мал број тимови ја

7
користат тактиката на собирање на дефанзивците на една линија при удари од аголот или
други слични ситуации, со цел да им се даде одговорност на одредена зона отколку на
посебни противници.

Изведување пенали
Во овој случај, на никој освен голманот не му е дозволено да биде во казнетиот
простор или девет метри од белата точка и шестнаесет метри од гол линијата. Сепак, треба
да се постави значаен дел на играчи надвор од казнетиот простор, спремни да влетаат во
просторот и да ја расчистат секоја одбиена топка. За оваа цел понекогаш тимот што напаѓа
назначува двајца играчи да втрчаат кон голот од обете страни на белата точка, темпирајќи
го влетувањето точно по изведувањето на ударот со надеж дека први ќе дојдат до шанса за
собирање на топката доколку голманот ја одбрани. Оваа тактика се гледа ретко,поради
тешката можност таа да биде одбранета и да заврши во посед на напаѓачите. Посебна
тактика која може да ја користи голманот е одвлекување на вниманието на изведувачот на
пеналот со што ќе му оневозможи прецизен удар. Таквата тактика нормално вклучува
движење на делови од телото или телото во целост,а во необични случаи преку вербални
коментари. Познати примери каде што ова било успешно се оној на Брус Гробелар во
финалето на Европскиот Куп во 1984тата година, и Јержи Дудек во финалето од Лигата на
шампиони 2005тата година.

Активна и летаргична одбрана


Некои тимови користат активна одбрана со агресивно предизвикување на топката
додека се во дефанзива на било кој дел од теренот. Други се потпираат на летаргичен
стил, кој што е повлечен длабоко назад во својата половина кога противникот е во посед
на топката. Активната политика може да нанесе огромем физички и психички притисок
врз противниците, и има за цел да ги успори или рано да ги разбие нападите. Меѓутоа има
повеќе физички побарувања и може потенко да ја рашири дефанзивната формација.
Летаргичниот пристап е по економичен во физичка смисла и овозможува комплетна задна
зона за спречување на нападите. Меѓутоа понекогаш отвара големи дупки во средината и
го примамува противникот да дрибла напред и да бие од далеку; ако противничкиот тим е
добар во двете гореспоменати способности тогаш лесно ке се постигнуваат голови.

8
Бранење со топка во посед
Расчистување е кога играчот што ја има топката е под тежок притисок најчесто
пред својот гол и одлучува да ја отстрани топката со низок процент на прецизност само
колку да се извлече од опасната ситуација. Кога притисокот на противникот е во голем
степен, обично топката се исфрла во корнер или во аут. Долго расчистување, иако дирекно
во противничките играчи, и дава на одбраната можност и време да се организира,
вклучувајќи и поставување на правилната формација и степен на притисок. Доколку
нападот бил длабоко на едната половина блиску до голот и казнетиот простор,
одбранбените играчи брзо ќе се преместат понапред а напаѓачите ке бидат принудени да
се повлечат за да избегнат офсајд во следниот напад. Расчистувањето може да се
комбинира со обид да се погоди долг пас или долга топка преку играчите. Играчите
длабоко во својата половина кои се силно притиснати и сакаат да избегнат против напад,
во некои случаи расчистувањето го комбинираат со шут. Тим составен од вешти додавачи
и подвижни играчи со одлични способности за поставување почесто се обидуваат да
избегнат расчистување, бидејќи нивните способности им овозможуваат да одиграат
кратки додавања и така да го задржат поседот додека излезат од тешката состојба.
Задржувањето на посед на овој начин може да се смета за долгорочен начин на бранење,
со тоа што противничкиот тим неможе да напаѓа кога ја нема топката во свои нозе. Со
топката во свој посед тимот што ја спроведува оваа тактика едноставно може да ја додава
од еден на друг играч-како што е во поседувачкиот фудбал, но со мала или немање намера
за градење напад туку намалување на ризик од губење на топката. Главната придобивка од
оваа тактика е тоа што тимот е во целосна контрола врз своите противници. Во меѓувреме,
со кружење на топката наоколу, противниците кои вршат притисок лесно се уморуваат. Со
тоа ненадејно се појавува можност за брза смена од одбрана во напад. Голем недостаток е
тоа што прецизноста на додавањата треба да биде висока, кратки пасови помеѓу играчите
се неопходни. Ова значително го намалува растојанието помеѓу нападот, средината и
одбраната (обично средноспоменатиот е приморан да оди нанапред). Доколку
противникот добие посед, долга топка може ефективно да ја отвори одбраната. Исто
така,ако нападот и одбраната треба да се повлечат назад, тимот ке има мали шанси за
против напад дури и ако го врати поседот на топката.

9
Одбрана во 4-4-2

Обранбените може да бидат леви, десни или централни бекови. Левите и десните
бекови имаат за задача да ја користат брзината и агилноста кои се главни предиспозиции
за да ја рашират одбраната на протвникот и да го спабдат нападот со “муниција” преку
центаршути или долги топки. Исто така додека нивната екипа изведува корнер тие стојат
околу средината на теренот бидејки најчесто централните дефанзивци чија главна одлика
е висината се во шеснаесетникот чекајки нафрлување. Централните дефанзивци имаат
најтешка задача на натпреварот, да сопрат секаков продор по средината на противник.
Велам најтешка бидејки секоја нивна грешка многу лесно може да резултира со гол. Исто
така како што веќе напоменав речиси секогаш за време на корнери се во шеснаесетник,
без разлика дали корнерот е за нивната или противничката екипа. Најпознати дефанзивци
се: Џон Тери, Немања Видиќ, Карлос Пујол, Пике, Серхио Рамос, Бонучи, Келини… Една
од карактеристиките кои ги одликуваат дефанзивците: Пожртвиваноста.

Систем 3:1

10
Овој систем е дефанзивен. Распоредот на играчите на теренот е следен: три играчи
се во близина на сопствениот гол и тоа еден централно поставен, а останатите два се
наоѓаат бочно скоро во иста рамнина. Четвртиот играч се наога истурен пред
противничкиот гол. Смислата на овој систем е чување на топката во свој посед и нејзино
кружење со т.н. осмици помегу трите играчи. Со добра организација и молњевито
преминување во напад преку сигурно и добро поставеното сидро во протовничката
половина со завршница од 2 до 3 играчи. Овој систем се користи во периодот на чување
на резултатот или кога се посакува да се умртви играта што по далеку од противничкиот
гол со идеја молњевито да се тргне во напад или контра напад.

Систем 1:2:1
Овој систем на игра моментално е нај распространет и нај искористен. Распоредот
на играчите е таков што играчите исртуваат формација во форма на ромб. Еден играч е во
средината во близина на својот гол, два играчи се наоѓаат бочно по аут линиите од лева и
десна страна, а еден играч е високо поставен пред противничкиот гол. Овој систем го
краси потребата на постојана ротација, постојано движење и пасови со постојано
одржување на формацијата се до момент на завршен пас со идеја за оставање на т.н.
вишок, односно пагање на концентрацијата на екипата која се брани под голем притисок
на екипата која напага и тоа исклучиво со констатна измена на местата и пасови. Овој

11
систем на игра бара голема физичка подготвеност и голема стрпливост кај екипата која
напага. Се користи во развојната фаза на натпреварот и тоа кога се чува резултатот.

Систем 2:2
Системот 2:2 може да се каже дека е најстар систем во футсал играта.
Карактеристично за него е тоа што поставеноста на играчите на теренот е следна: двајца
од играчите се во близина на сопствениот гол, додека пак двајца играчи се во близина на
противничкиот гол и земено во целот сите четири играчи создаваат правоаголник.
Добрите особини на оваа формација се следните: големата раширеност на
просторот за напад и тоа подеднакво по бочните линии како и во средината на теренот.
Негативна карактеристика на оваа формација е што тежи кон долги и попречни пасови кои
се опасни за престигнување и прекнување. Исто така кај овој систем, одбраната од
противничкиот контранапад е тежок затоа што средината на теренот е доста празен. Овој
систем препорачувам да го користите за игра против екипа која е густа и организирано
брани пред голот или кога се стига резултатот.

12
Систем 2:1:1
Овој систем е изведен од системот 2 : 2. Кај овој систем повторно имаме двајца
играчи во близина на својот гол, кои се поставени широко, но распоредот на останатите
два играче е таков што, едниот стои во средината на слободниот простор, а другиот играч
е поставен високо кај притивничкиот гол. Целта на овој систем е да се искористи т.н
положба на високо сидро на средината на противничкото поле, а со идеја продор по
бочните страни и “дупли пас“ со завршница преку нај истурениот играч кои го покрива
просторот на т.н втора статива. Добра страна на овој систем се можностите за
комбинирање со кратки пасови по бочните страни или по средината и со завршеток со
добро покриената втора статива.
Негативна карактеристика на овој систем е примањето на гол, поради тешкото
бранење од контра напад каде покрај попречните топки имаме и ризични пасови во
средината на теренот. Овој систем го користат екипи кои бараат решение за
противничката одбрана по бочните страни со “мантинела“ или “дупли пас“.

13
3. ЗАКЛУЧОК
Формациите во фудбалот се метод за поставување на играчите на теренот со цел да
му се овозможи на тимот да игра во согласност со претходно договорени тактики.Може да
се употребат различни формации во зависност од тоа дали тимот сака да игра напаѓачки
или одбранбен фудбал.Обично ако тимот повеќе ја има топката и поентирал повеќе од
еднаш,продолжува со чување на топката и не ризикува правејќи додавања кои можат да
доведат до губење на топката.Формациите можат да се менуваат за време на натпревар,но
играчите треба да се прилагодат на новиот систем на игра.Формациите ги земаат предвид
бројот на играчи во секоја област,почнувајќи од одбранбената линија(со исклучок на
голманот). Фудбалот порано се потпирал на формации со повеќе напаѓачи,но постепено
формациите се смениле кон зголемена сигурност во одбраната.Старите формации
вклучуваа 2-3-5,2-2-6 и 4-2-4. Некои радикални фудбалски филозофии како што се тотален
фудбал и тики-така до одредена мера ја предизвикале идејата за формација.Во овие
системи играчите имаат толкава слобода на движење што често доведува до тешкотии да
се назначат на одредена позиција. Тие исто така се сметаат за необични формации:некои
коментатори тики-таката што шпанците ја употребија на Еуро 2012 ја опишуваат како
формација 4-6-0.
• Широчина во одбрана- дефанзивецот возвраќа со цел или да добие широчина или
да го стесни просторот.Напаѓачите се згужвани или насочени во потесни или по збиени
приоди • Длабочина во напад- напаѓачот ја користи длабочината движејќи се нанапред со
играчите по страна,но може да користи постојан напаѓач кој ке биде мета,или играч кој е
истурен во нападот за постојано да биде присутен длабоко во одбраната.
• Длабочина во одбрана- одбранбениот играч ја користи длабочината со чување на
играчите кои даваат подршка на противничкиот тим и чуваат уште еден играч позади во
одбрана како заштита за истурените играчи во нападот на противничкиот тим,и тоа
понекогаш во улога на "чистач" или "либеро".Поради тоа играчот со топка нема да има на
кого да ја додаде,но затоа може да ја напушти длабочината привремено за да постави
офсајд стапица.

14
• Рамнотежа во одбрана.Одбраната врши обиди за урамнотежено покривање на
опасниот простор.На пример,играчите не се насобираат на десната страна едноставно
само затоа што топката е на таа страна во тој момент.

4. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
http://kineziologija.mk/category/kolektivni-sportovi/fusalfudbal/
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D1%83%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D0%BB
%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%BA
%D0%B8_%D0%B8_%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8

15

You might also like