You are on page 1of 22

Здраво деца!

Сигурно се сеќавате на палавиот Адис кој падна и го повреди коленото? Тоа беше
точно пред една недела кога пролетното сонце ги измами вредните пчелички да
излезат во блискиот детски парк. Нели наставничката го однесе во блиската
болница. А таму тој и неговите другарчиња се запознаа со Чича Костур и коските

во нашето тело.
Нели лекарот му ја исчисти раната, му стави вакцина против тетанус, а потоа ги
запозна со коските на нашето тело. Бидејќи пчелките беа многу љубопитни им
вети дека кога Адис ќе доаѓа на контрола по 7 дена ќе им раскаже се за нашите
мускули.

Вакцина против тетанус??? Што ли е тоа??? - се прашува Мелиса.

Вакцината е ослабен вирус од одредена болест кој преку убод со игла се внесува
во нашиот организам. Така нашиот организам е приморан да произведува војници-
АНТИТЕЛА - кои ќе го бранат нашето тело од таа болест. Адис беше вакциниран
за да се заштити од болеста тетанус која најлесно може да се добие кога ќе се
повредиме со некаков валкан, рѓосан предмет од околината. Сите повредени лица
секогаш се вакцинираат против оваа болест. За вакцините треба да му бидеме
најмногу благодарни на Едвард Џенер кој се смета за прв пронаоѓач на
вакцините. Треба да знаете дека постојат многу вакцини против различни болести
кои вие децата ги примате а ве штитат од сите тие тешки и заразни болести.
И ете така поминаа точно 7 дена, Адис повторно се најде во амбулантата
на лекарот и тоа не сам туку со сите свои другарчиња кои нестрпливо чекаа да се
запознаат со мускулите во нашето тело. Момчињата беа повеќе возбудени па
постојано си ги засукуваа ракавите и се фалеа со своите бицепси.

Тогаш пред нив една докторка извади една кукла костур и уште една кукла целата
црвена и покриена со мускули.

Даниел кој секогаш е спремен за досетки дофрли: Оваа кукла заборавила да си ја


облече кожата. Точно така - рече докторката- оваа кукла заборавила да си ја
облече кожата, но не ненамерно. Напротив таа намерно ја остави својата кожа за
да можете вие денес да ги видите сите мускули. Мускулите се наоѓаат под нашата
кожата и се прикрепени за коските, така помагаат да се движат истите. Заедно
мускулите и коските го прават системот за движење кој ние лекарите го викаме
ЛОКОМОТОРЕН АПАРАТ. А исто така на нашето тело му даваат убав облик.
Во нашето тело постојат мускули кои се разликуваат меѓу себе по изглед по
форма по својата градба но и според својата функција. Така постојат мускули од
кои се изградени само внатрешните органи тие мускули се мазни според градбата,
срцевиот мускул е посебен вид на мускул од кој е изградено нашето срце. Овие
два вида на мускули не работат по наша воља. Третиот вид на мускули се
скелетните мускули - познати како напречно - пругасти мускули за кои ние денес
ќе зборуваме и ќе се дружиме.
Зошто некои мускули се долги и тесни а некои се широки како лепези?

Затоа што се поврзани за различни коски и се наоѓаат на различни места,


и затоа што имаат различна улога. Како што нашиот скелет има 206 коски, исто
така нашето тело има 327 мускули кои секогаш се во пар - парни мускули и 2
непарни мускули.
Скелетните мускули работат по наша воља.Тие се многу еластични и
многу брзо ги спроведуваат дразбите од надвор. Тоа ни овозможува брзо да
реагираме кога ќе се изгориме или ако се доприме до ладен предмет. Размислете
што правите кога ќе допрете некој усвитен предмет со дланката?
Тие се еластични затоа што имаат еластични мускулни влакна.

Мускулни влакна??? Како нашата коса?


Хаха не се како вашата коса но можеме да ја земеме како пример косата.

Еве вака: секој мускул е изграден од многу мускулни влакна. Соединети повеќе
мускулни влакна прават еден мускулен сноп сличен на твоите репчиња. Повеќе
мускулни снопови соединети го прават мускулот, кој благодарение на мускулните
влакна може да се истегнува и да се собира. Секој мускул завршува со тетива
која е жилава и се поврзува со зглобот.

А како тоа работат во парови????


Скелетните мускули секогаш работат во парови и тоа кога едниот мускул
се истегнува другиот се собира и обратно, на таков начин тие ја движат коската
или дел од телото. Еве како овој пример:
За крај на нашата дружба убаво е да ги слушнете советите на лекарите за здрави и

силни мускули.

Секогаш внимавајте на исхраната. Таа треба да биде свежа и разновидна, богата со


овошје и зеленчук, млечни и месни производи. Избегнувајте ги газираните
пијалоци, сендвичите и пржените компирчиња кои вашето тело го претвораат во
вреќа со сало.Во текот на денот примајте што е можно поголемо количество на
вода и најважно од се редовно спортувајте. Спортувањето ги прави вашите мускули
цврсти, затегнати и силни.
Еве неколку практични вежби кои ќе ви помогнат да ги направите вашите мускули
силни и цврсти.

You might also like