You are on page 1of 6

Органи за движење кај

животните
Марко Сандев 1-1
• Животните се приспособиле да се движат со посебни
органи и на посебен начин во сите животни средини: во
водата на копното и во воздухот. Органи за движење кај
животните се: нозе, крила, перки и друго. Движењата се
должат на коските и на мускулите. Коските им даваат
цврстина и потпора на телото. За нив се прицврстени
мускулите, како меки и еластични делови. Тие имаат
особина да се стегаат и отпуштаат, со што ги движат коските
и целото тело. Коските на нозете кај животните се поврзани
со зглобови - подвижно. Мускулите за својата работа трошат
енергија која ја добиваат со согорување на органските
материи во клетките. Во водната средина живеат и се
движат преставници од најпростите едноклеточни животни
до најсложените ’рбетници - цицачите.
• Камшикарите се едноклеточни животни кои
се движат со помош на камшичето.
• Трепкарите - парамециумот плива со
помош на ситни трепки што се наоѓаат на
површината на клеточната ципа.
• Копривкарите - хидрата може да си го
промени своето место на живеење со
превртување и лазење по дното на водата.
• Плочести црви - планаријата ползи по
подлогата со помош на мускулите што и се
наоѓаат под кожата. Со помош на трепките
планаријата плива во водата.

You might also like