You are on page 1of 5

Етика

Етика — филозофска дисциплина која се занимава со проучување на моралот.


Старогрчкиот философ Аристотел во своето дело Никомахова етика прв
укажува на потребата на засебен философски ангажман врз моралот. Зборот
„етика“ Аристотел го изведува од старогрчкиот збор етос со значење обичај
или навика. Латинскиот еквивалент морес е пак корен на зборот морал. Како и
повеќето поими во философијата, така и моралот е предмет на најразлични
дефинирања. Но земајќи го предвид местото на етиката во еден философски
систем, човечкото однесување е веројатно нејзиниот соодветен предмет на
проучување. Според многумина, прашањето за доброто и злото е централно во
етичките иследувања.
Поради проблемот на дефинирање, етиката честопати се преклопува со
својата сродна философска дисциплина философската антропологија, која ја
разгледува положбата на човекот во космосот. Теоријата на вредностите,
наречена аксиологија, исто така има точки на допир со етиката, но главното
разединување помеѓу двете се состои во тоа што етиката се занимава со
специфичен вид вредности, односно моралните, за разлика од општиот збир
вредности со кои се занимава аксиологијата.
Главната и пошироко прифатената поделба на етиката се состои од четири
различни дисциплини: нормативна етика (се занимава со практичните
последици и форми на морално делување), дескриптивна етика (уште позната
како компаративна етика, се занимава со опис на конкретни дела, постапки,
верувања), применета етика (градењето на соодветни системи на морално
однесување во рамките на одредена дисциплина е нејзин главен
интерес), мета-етика (мета-дисциплина која ги проучува етичките искази и
(не)можноста за одредување на нивната вредност на вистинитост). Иако
постојат мноштво мисловни текови повод клучните етички прашања, според
моралниот стремеж најчесто се издвојуваат неколку поглавни етички
текови: евдајмонизмот чиј главен стремеж е среќата; хедонизмот, кај кој
задоволството е краен плод на моралното делување; користа соодвествува
со утилитаризмот; и конечно прагматизмот, каде изнаоѓањето средства и
начини за постигнување на делото е крајниот стремеж. Според изворот на
моралот, а и притоа од двете главни сфаќања на моралот,
произлегуваат хетерономната и автономната етика.

Марко Сандев 7-б


Морал
Морал — збир на правила на определено општество или општествена класа за
содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките
заедници. Морал разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец
во философијата кој како предмет на изучување ја вклучува етиката, што
всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за
дисциплина. Добрите дела се нарекуваат морални и оние личности што така
постапуваат луѓето ги ценат како морални. Лошите дела се означуваат како
неморални и луѓето ги оценуваат како неморални личности кои така се
однесуваат. Моралот е една од најважните карактеристики на човекот.
Друга дефиција за морал гласи дека моралот е збирот од постапки со кој се
препознава што е добро и така да се однесува, а што е лошо и така да се
оценуваат постапките на другите.
Моралот има три извори:

 првиот извор е општеството (заедницата), што значи дека мнозинството


луѓе се сложиле што е добро и така ќе постапуваат.
 вториот извор е самиот човек (единката) кој го создава моралот според
сопствени идеи и постапки , но и овој морал се оценува во заедницата.
 третиот извор можат да бидат сознатијата од минатото и од целиот
свет,се мисли на мудростите и изкусувањата од минатото за прашањата на
доброто и злото.
Облици на изразување на моралот: моралните судови, правила, вредности,
однесување, совест,карактер и должностите.

Марко Сандев 7-б


Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните


сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и
првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени
евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и
евангелски дела.

Кратко житие

Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои


историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го
поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа
Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во
нивна близина).

Подоцна, тој учествувал и во преведувањето на светите богослужбени книги од


грчки на црквенословенски јазик. Заедно со светите браќа отпатувал во
Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска
богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на
младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и
ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по
Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј -
заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при
кнезот свети Борис Михаил и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи
својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал манастир во
Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во
Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за
целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од
град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени
проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници.
Често говорел за тоа дека нема добродетелен христијански живот без чисто
верско-догматско учење и дека најчистото догматско учење не е спасоносно
ако не е проследено со богоугоден добродетелен живот. Првото го споредувал
со слепец кој има раце и нозе, а второто со човек што има раце и нозе, а нема
очен вид. Во Охрид Свети Климент му подигнал црква на Свети Пантелејмон.

Бидејќи бил свесен за тоа оти со својот жив говор може да допре само до
своите слушатели, а не до целиот народ и генерациите што ќе дојдат по него,
тој основал универзитет во Охрид, прв од таков вид не само на Балканот, туку
и во целиот тогашен словенски свет. Низ оваа висока просветна богословска
институција, во текот на триесет години, поминале околу 3.500 ученици, на кои
им биле откриени длабоките вистини на Светото Писмо и на Светото
Предание. Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмора, туку напротив
- постојано бил зафатен со работа: на едни им ги покажувал буквите, на други
им ја држел раката при пишувањето, а на трети им ја објаснувал длабоката
смисла на напишаното. Честопати вршел и две работи одеднаш: и деца учел, и
книги пишувал. Поголемиот дел од своето време го употребувал за молитва и
богомислие. Тој знаел, а и другите постјано ги учел, дека мрзливоста е мајка и
учителка на секое зло. Особено настојувал да ја искорени мрзливоста, да ги
навикне луѓето на работа, да ги скроти и спитоми жестоките срца, да ги
приведе кон покајание и да ги исполни со вистинско знаење за Бога и за
блажениот живот на праведниците во царството небесно. Неговиот труд не
останал без плод: учениците негови напредувале и во знаење, и во
добродетелен живот.

Неговата слава сѐ повеќе растела и гласот за овој голем духовник и


проповедник се слушал на далеку. Затоа бил хиротонисан за
прв епископ словенски. Тогаш ги зголемил уште повеќе своите грижи и трудови
за доброто и душевното спасение на своите духовни чеда. Во неговото житие
се вели дека не им давал сон на своите очи, ниту дремка на своите веѓи. Учел
и дење и ноќе, утврдувајќи ги верните во вистините на христијанската вера и
богоугодие. Се грижел и за телесната храна на сиромашните, вдовиците и
сираците. Напишал беседи на сите неделни и празнични денови на прост и
јасен јазик, така што секој можел да ги разбере вистините кои ги учел.
Се трудел педесет години во извршувањето на Божјото дело и вршел чуда и за
време на земниот живот. После големиот труд и верната служба на Бога, се
упокоил мирно во Охрид, на 9 август 916 година. Господ го прославил со
светителски ореол. Неговите земни остатоци станале чудотворни мошти, од
кои по Божја благодат се лекуваат низ векови многу телесно и душевно болни
кои пристапуваат со вера и љубов. Неговите мошти се чуваат во охридската
црква „Свети Климент“ - „Света Богородица“ - Перивлептос во Охрид.

Свети Климент е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова


историја. Тој е патрон на Македонската Православна Црква, на Македонската
Православна Богословија и Богословскиот факултет, како и на голем број
просветни и научни институции во нашата земја. На него се посветени и голем
број новоизградени цркви и манастири во европските и прекуокеански земји.

Дела

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски,


Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и
похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот
Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во неговото
творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на
општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова
посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот
на Господ Исус Христос.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

 Похвала на Кирил Филозоф


 Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
 Од опширното житие на Кирил Филозоф
 Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
 Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
 Похвално слово за четиридневниот Лазар
 Беседа за блудниот син

Марко Сандев 7-б

You might also like