You are on page 1of 3

1. Каде накратко се содржани основните вистини на Православната црква?

- Основните вистини врз кои се темели Православната вера накратко се содржани


во Символот на верата, кој е формулиран во првите векови на
христијанството.Секој човек, кој сака да ја прими православната вера, за време на
своето крштевање, задолжително треба да го исповеда Символот на верата. Него
верниците го исповедаат јавно и во црквата за време на Божествената литургија.
2. Напиши нешто за постот?
Постот е еден од основните белези на православното христијанство. Тоа е
воздржување од храна, која е од животинско потекло(месо, јајца, млеко и млечни
производи). Таква е телесната страна на постот, но, постот има и духовна страна:
воздржување од лоши мисли, желби и дела, умножување на молитвите и правење
на добри дела. Целта на постот е да го очистиме нашето тело и да ја зајакнеме
нашата добра волја. Постот е востановен во чест на Бога, на Пресвета Богородица
или на светителите.
3. Што е молитва,начин и видови на молитва?
Молитва е разговор на човекот со Бога. На Бога да Му се молиме насекаде, и дома,
и во црква и на пат, затоа што Бог се наоѓа насекаде. Секој христијанин треба да се
моли секојдневно, наутро, навечер, пред и после јадење, пред започнување и по
завршување со учење или работа... Оваа молитва се вика домашна или лична
молитва. Но, кога одиме во црква, таму ние се молиме сите заедно (соборно), затоа
оваа молитва се нарекува уште и соборна или Црковна.
4. Храм(опширно- поделба, објасни)
Храмот е место во кое христијанските верници се собираат на заедничка молитва
или богослужба. Покривот на храмот е заоблен свод, со куполи. На врвот од
куполата има крст. Во близина има камбанарија во која висат ѕвона кои повикуваат
на молитва. Храмот од внатре е поделен на 3 дела – припрата, среден дел од
храмот и олтар во кој свешенослужителите ги вршат најсветите работи од
богослужбите и каде е најсветото место во храмот Светиот Престол. Олтарот е
одделен од средниот дел од храмот со иконостас, кој се состои од неколку реда
икони и од 3 врати. Средната врата на иконостасот се нарекува царски двери,
посветенс на самиот Господ Исус Христос – царот на славата и низ нив освен на
свештенослужителите, не му е дозволено никому друг да влегува. А двете споредни
врати во олтарот водат: левата кон жртвеникот, а десната кон ѓаконикот во олтарот.
5. Што значи зборот црква?
Зборот црква значи собир на повиканите. Оттаму може да кажеме дека Црквата е
собир на верниците на едно место за да Му се молат и да Го прославуваат Бога.
Затоа Црквата се нарекува уште Христово тело, чија глава е самиот Христос.
6. Што се тоа свештенослужители и на колку чинови се делат?
Свештенослужители се оние луѓе кои се посветени од Бога за извршување на
светите богослужби и светите тајни. Свештените лица се од машки пол. Во
свештенството постојат 3 степени: ѓаконски, свештенички или презвитерски и
епископски или архиерејски (владика).
7. Наведи нешто што е карактеристично за православната вера?
Православната вера се карактеризира со икони, фрески, резби и мозаици.Светите
икони имаат определено место во домовите и храмовите. Икона или образ се
нарекува сликата на која е се нацртани светители, Мајката Божја или Господ Исус
Христос и пред која се молиме. Иконите се цртаат на дрвена плоча или се
насликани по ѕидовите на храмовите -фрески. Мозаиците и резбите се среќаваат
во црквите и манастирите.
8. Која е првата земја во Европа која го примила христијанството, кој ја посетил
и што им напишал?
Македонија е првата земја во Европа која го примила христијанството. Во 51 година
светиот апостол Павле, ја посетил Македонија и го започнал ширењето на
христијанството, најпрвин кај нас, а потоа и кај другите народи во Европа. Тој на
македонсците им напишал 3 посланија: Првото и Второто послание по Солунјаните
и Посланието до Филипјаните.
9. Која е првата христијанка во Европа и кој апостол и евангелист бил
Македонец и по што е познат?
Првата христијанка била Лидија, а апостол и евангелист Лука по народност бил
Македонец. Лука бил прв епископ во Македонија на црквата во Филипи. Го сметаме
за основач на христијанскиот иконопис. Од него има две книги: Светото евангелие
според Лука и Делата на светите апостоли.
10. Свети Кирил и Методиј?
Тие први им го доближиле Божјото Слово на словенските народи на нивниот мајчин
јазик. Составиле словенска азбука и ги преведувале црковните книги од грчки на
словенски јазик. Во богослужбата го внеле словенскиот јазик рамноправно со
грчкиот , еврејскиот и латинскиот јазик. Поради нивната дејност ги нарекуваме и
учители и просветители, како и рамноапостоли.
11. Свети Климент Охридски?
Тој е ученик на Св. Кирил и Методиј. Во 886 г. Во Рим се здобил со свештенички
чин. Се вратил во Охрид, каде развил гилема архипастирска и просветителска
дејност за цела околина. Тој бил учител и свештенослужител кој го поучувал
македоскиот народ. Ја создал кирилицата, која ја правел врз основа на грчката
азбука, но со модифицирани букви за приспособување кон словенските
гладовни карактеристики.
12. Наброј неколку Македонски светители ( без Св. Кирил и Методиј, Св.
Климент и Св. Наум Охридски)
Македонски светители: Св.Нектариј Битолски, Св. Аватангел Битолски, Св.
Еразмо Охридски, Св. Гаврил Лесновски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Ѓорги
Кратовски, Св. Злата Мегленска, Св. Прохор Пчински и др.
13. Кажи нешто општо за Библијата?
Најсвета книга за нас христијаните е Светото писмо. Тоа се нарекува свето
бидејќи го содржи Божјото откровение, кое е дар од Бога и е дадено за нас
луѓето. Тоа има поучителен карактер и е сигурен патоводител во животот. Во
него и преку него наоѓаме одговор на многу прашања што се однесуваат на
луѓето и светот. Библијата се нарекува уште и Книга на животот.
14. За колкав период е напишана Библијата и на која територија?
Библијата е пишувана во период од 1600 години(1500 пред Христос и 100 по
Христос) на теририторијата на денешен Израел, Палестина, Ирак, Иран и
Египет.
15. На кои јазици е пишувана Библијата и кои се авторите?
Библијата ја пишувале повеќе автори- пророци, цареви, судии, лекари,
апостоли, рибари, цариници...меѓутоа сите тие добивале инспирација или
вдахновение од Светиот Дух, што значи дека и самиот Бог е автор на Библијата.
Библијата е пишувана на 3 јазици: еврејски – Стариот Завет, арамејски – јазикот
на кој зборувал Господ Исус Христос (Евангелие по Матеј) старогрчки- Новиот
Завет.
16. Стар и Нов Завет?
Стар завет-50 книги, Нов Завет – 27 книги
Новиот Завет почнува со 4 Евангелија (според Матеј, Марко, Лука и Јован). Во
Евангелијата се зборува за животот и раѓањето на Господ Исус Христос, смртта
и воскресението. Евенгелие значи Радосна вест.
Стариот завет започнува со создавањето и завршува до раѓањето на Господ
Исус Христос, а Новиот со раѓањето на Господ Исус Христос, и пророштвата
(претскажувањето – второ доаѓање). Во стариот завет се прорекува
(претскажува, предвидува) за Новиот Завет, а Новиот е исполнување на Сариот
.
17. Наброј 5 од големите црковни празници (не Велигден, Божиќ, и Водици)
Св. Јован Крстител, Крстовден, Спасовден, Цветници, Благовештение
18. Кажи нешто за Пресвета Богородица?
Богородица значи онаа која го родила Бога. Се викала Марија. Нејзини родители се
Јоаким и Ана. Пресвета Богородица е утеха на тажните, заштитница на сираците,
лекар на болните, сила на слабите. Покрив на сите христијани, таа е мајка на
Господ Исус Христос, таа е и наша мајка.

You might also like